Македонијо, не радувај се!!! Не го победивме режимот на богаташите!

„НА СЦЕНАТА НА НАШАТА НАЦИЈА НИШТО НЕ СЕ ПРОМЕНИ. Интригите и махинациите остануваат истите… денес, основните актери се кријат зад завесата каде тие ги манипулираат со леснотија оние кои ве претставуваат. Повеќето од овие актери веќе исчезнаа, но се појавија нови да ги играат истите улоги. Револуцијата никогаш нема да успее ако ниските класи се оставени сами да се борат против високите класи. Се разбира, во моментот на востание, народот ќе смачка се‘ пред себе, но бенефитите што ќе ги добие тој секогаш ќе ги губи на крајот, бидејќи му недостига интелигенција, култура, богатство, оружје, водачи и стратегии и нема средства за одбрана од заведувачите полни со итрина, лукавство и трикови. Иако едуцираните луѓе и богаташите се здружија со ниските класи против деспотот, сепак тие ќе се свртат против народот откако ќе му всадат доверба и ќе му ја искористат силата да се постават на местото на деспотот и привилегираните. Револуцијата беше изведена и одржана од ниските класи на општеството – работниците, занаетчиите, ситните трговци, земјоделците, од бедните кои бесрамните богаташи ги нарекуваат отпад и кои римските патриции дрско ги нарекуваа пролетери. Но, кој воопшто ќе се сетеше дека револуцијата ќе завршеше со устоличување на ситните земјосопственици, правници и бизнисмени. Денес, после три години бескрајни говори и потоп од памфлети народот сепак е се‘ уште далеку од осознавање на фактот дека треба да дава отпор на своите угнетувачи уште повеќе од првиот ден на револуцијата. Тогаш тој ги следеше своите инстинкти, сега, погледнете го, оковен во името на правната држава и тиранизиран во името на правдата, народот стана роб на уставот!“ (Јеаn-Paul Marat, L’Ami du Peuple, бр. 667, 7 јули 1792)

Гарантирал уставност, немало да има федерализација, а да гарантираше вака фактичка уставност, социјална држава, еднаков удел на трудот во поделбата на профитот со газдите?! Епа, драги мои, тоа е вистинската федерализација за која сите битанги молчат! Да само газдите го федерализираат кон себе општественото богатство!

ЈА ИСПОГАНИВТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИЈАТА !

Еве ги! Ви се заблагодаруваат на досегашната соработка. Точно! Вистина е дека без вас граѓаните немаше социјалдемократските елити да ги победат вмровските елити. Но не се надевајте дека ќе продолжат да соработуваат така непосредно како пред падот на режимот. Сега тие ќе ви диригираат како да работите. Сега, ќе игра клиентелистичкиот камшик!

За тврдокорните велат не требале да протестираат, дека Груевски-Мијалков ќе ги пуштат низ вода. Ама и вие кои вчера трчавте да славите во Скопје, не сте свесни дека се фрлате несвесно во уште поужасно наемно ропство! Не само што ќе трпите мобинг од газдите, ќе си трпите и од партијата!

Велат немало да има прошка за криминалци. Добро. Тогаш како ќе опстане владината коалиција? Или едни ѓаволи се поцрни од другите?!

Зошто и шарените револуционери не ја бранат Македонија до крај на улица? Значи, тие да ти биле лицемери. Нив само им сметаше што тие не беа на власт. Сега, откако се на власт, протестите се нелегитимни. А тоа што Македонија ќе остане неодбранета од бездушните газди не е важно, иако 500 000 Македонци живеат мизерно.

Просечната плата од 500 еура пак ќе ја зема администрацијата и интелигенцијата најсервилната класа на мизантропските газди а работниците ќе продолжат да мизеруваат.

Зарем не гледате колку ви е отуѓена политиката, 120 пратеници претставуваат скоро 2 милионски народ и тие ве убедуваат дека ова е демократија, владеење на народот?! Напротив, демократија би било кога идеално сразмерот на претставници и народот ќе биде 1:1 !!!

Пратениците никогаш нема самоволно и доброволно да го предадат наемното ропство затоа што се лакеи на капиталот и затоа секое нивно и на експертите повикување на политичка коректност, на почитување на Уставот, на пратеничкиот имунитет, е лицемерен морализам.

Тоа што тие се претставници на народот, што Уставот ги брани со имунитет, не значи дека ние не треба да бираме средства за да изнудиме од нив укинување на најужасното ропство од кога било – НАЕМНОТО РОПСТВО – поради кое дури една жена мора да си го продава телото или сме сведоци на комерцијализирана педофилија.

Ако целта беше да се укине наемното ропство тогаш јас веднаш ќе застанев зад насилството во парламентот вперено против тие лакеи на капиталот.

Македонскиот устав во 2001 год. беше сменет откако беше употребено насилие. Кој вели дека не се бираа средства за таа цел? За да истите денес како спикерот на парламентот повикуваат на политичка коректност, ве молам?!

Целта ги оправдува средствата. За жал, насилството во парламентот не беше оправдано од целта, бидејќи каузата беше само да се интервенира во спас на еден квази-автократ.

Па кој ‘и к** бизнис на Астеруд да гласа против амнестија на овој албански националист и шовинист и сега да се жали од истиот што нема политички сенс дека ова е граѓанска држава?!

Не е проблем знамето проблем е самиот избор на Талат Џафери од толку пратеници од ДУИ. Талат Џафери бил офицер на АРМ за да дезертира од таму и да се приклучи на ОНА за да потоа со политичка волја (!) биде амнестиран а против чија амнестија гласаа тогаш пратениците на СДСМ за да стане и министер за одбрана и денес гледаме и претседател на собрание. Доста со тие небулози околу знамињата и национализмите! Нели се стремиме да се приклучиме на големото семејство на европски народи?! Ние имаме проблем со тоа што јавната политика ни ја водат криминалци, убијци и терористи. Ние ја губиме Македонија затоа што правната држава ни е out of order.

Одеднаш хушкачката реторика на Груевски повеќе го заслужува вниманието на Хашкиот трибунал отколку воените злосторства на ДУИ кои не му беа интересни на Трибуналот па ги вратија на мак.судство!Какво етичко самоубиство за шарлатанот од професорка Беса Арифи! Псевдоновинарката Биљана Секуловска ништо поразлична, исто така латентна албаносоцијалшовинистка!

Билјана Секуловска, шарлатанка од новинар, прашај си ја другарка ти Ирена Цветковиќ која пишува за безмозочните автомати Алфи спремни да јадат живи луѓе за секој следен режим а кои беа формирани како посебна единица за поддршка од улични криминалци и убијци, и за чие формирање од Бучко и Џанго невината Шеќеринска злосторнички ќутеше! Духот на Трајан Беќири ти посакувам некоја ноќ да ти приреди парализа на сонот!

Опозицијата нека ја каже вистината:

дека нема револуција туку само нагодба на една клика со друга клика – заради обострана амнестија;

дека нема борба за слобода и правна држава туку само продажба на народната слобода и смена на едни партиски судии со други;

дека нема борба за народно претставништво туку само има претставништво на богаташите кои досега беа во опозиција.

Укинувањето на радиодифузната такса во ништо не ја ублажува болката од камшикот на наемното ропство.

Амнестирани криминалци и терористи, подопашки на олигархијата и фикус, ете ги вашите трибуни кои ќе ве водат кон живот во земјичкава.

Груевизмот не е Груевски. Дури не е ни исклучиво ДПМНЕ. Moжеби ќе биде неопходно околу 50 000 вмровски медиокритети како Мирка Велиновска да бидат уапсени и затворени на подолго време додека не бидат рехабилитирани и не доживеат катарза на душата и разумот.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s