Весна Ковачевска Трпчевска од СДСМ бега од дебата за работничките права

16684042_10211916357653280_2837543215219357926_n
Со повисоките плати гарантирани од партијата којашто претендира превласт не се живее подобро, туку се ПРЕЖИВУВА подобро.
Прангите на наемното ропство спречуваат мнозинството граѓани да живеат подобро, односно ги присилува на борба за преживување.
Зголемувањето на надниците доведува до исцрпеност на работниците. Доказ за тоа е експлоатациската метода на капиталистите да го интензивираат процесот на труд, со продолжување на работниот ден или работните смени, интензивирање на работата на самите машини, зголемување на нормата од парче, кратење на дневницата, и во најлош случај селење на капиталот и соодветно на тоа отпуштања.
„Насилното повишување на надницата би било само подобро плаќање на роб, но тоа нема да придонесе ни за работникот ни за трудот нивно човечко одредување и достоинство.“ (Маркс).
Патем твојот газда Заев на митингот во Штип убаво го слушнав како се повика на оживување на социјалистичките вредности, но повисоките плати гарантирани од партија воопшто не се социјалистичка вредност. Тоа може да биде само отстранување на робувањето на работниците за наемнина, т.е. отарасување на капиталот крлеж од нивниот грб.
Впрочем не може да се има социјалистички вредности без социјалистичка економија. Само социјалистичка економија може да продуцира социјалистички вредности а никако обратно што е чиста перверзија во сфаќањето на социјализмот. Не може да се негуваат социјалистички вредности кога во исто време работниците се сведени на наемни робови чија судбина зависи од милоста или немилоста на нивните газди кои може утредента да решат да го преселат капиталот, или пак од повисоките плати гарантирани од партијата на власт. Социјалистички вредности може да има само кога ќе има социјалистичка економија, кога Сојузот на стопански комори на МК ќе биде заменет со Сојуз на работнички совети.

 

Vesna Kovaceska Trpcevska
Vesna Kovaceska Trpcevska Poleka, dozvolete novata Vlada da pokazze kako se vodi grizza za rabotnicite, a pritoa se ovozmozzuvaat uslovi za razvoj na pretprijatijata koi kje bidat vo mozznost da gi pokacuvaat platite i da otvoraat novi rabotni mesta. Pretsedatelot Zaev ne e moj gazda tuku e pred se prekrasen drugar i prijatel koj veruva i raboti na vrednosti, od kogo i Vie kje se iznenadite. Fer e da se dade sansa na ona sto ne se poznava. Ve pozdravuvam.

 

Lazar Gogov
Напиши одговор…
Lazar Gogov
Lazar Gogov Се обратив на Драган Тевдовски кој нема култура за демократски форум па беше принуден да го блокира изворниот коментирач. Срамота! Политичкиот состав на новата евентуална влада не гледам дека е многу променет. Естаблишментот на таа партија останал истиот. Зошто ова го зборувам и зошто имам недоверба во новата евентуална влада по работничкото прашање? Бидејќи до 2006 година таа употребуваше антиработничка законска гилотина. Зарем сега кога законодавството на новата евентуална влада ќе се обиде да ги регулира споровите меѓу газдите и работниците, газдите нема да ‘и се советници?! Па постојат статистички докази дека духот на законот е сопственоста!

 

Lazar Gogov
Lazar Gogov Во истражувањето насловено „Обезвреднување на трудот“ (2010) има два биланси, биланс на владите предводени од СДСМ во однос на намалувања на работничките права и биланс на владите предводени од ДПМНЕ во однос на истите намалувања. Ние ќе се задржиме на намалувањата на работничките права кои удриле по џебот на граѓаните. Така во 1993, 1997, 2003, 2005 и 2006 се изгласа драстично намалување на времето за кое се исплатува паричниот надоместок за невработените лица (Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност); во 1997, 2003 и 2005 се изгласа намалување на износот на испратнината за лицата прогласени за технолошки вишок (Закон за работни односи); во 2004 се изгласа укинување на одредбите со кои се регулира правото на работниците на учество во управувањето со акционерските друштва. И друштвата во државна сопственост со што фактички е оневозможено остварувањето на ова право (Закон за трговските друштва); а во 2005 се изгласа намалување на средствата кои се издвојуваат за вработување на инвалидните лица (Закон за вработување на инвалидни лица) итн. Каде беа социјалдемократките како Астеруд и Шеќеринска во 2005 година да даваат отпор на одумирањето на социјалната демократија во Република Македонија кога значително се отежна остварувањето на правото на штрајк и се воведе можност за забрана на дејствување на синдикат!

 

Lazar Gogov
Lazar Gogov Од горе кажаното, работниците не треба да веруваат на ниту СДСМ ниту ДПМНЕ, туку треба да формираат Сојуз на работнички совети како политичкоекономска противтежа на Сојузот на стопански комори, и да се обидат да го скршат јаремот на наемнините така што ќе го укинат приватното производство за монетарна вредност.

 

Vesna Kovaceska Trpcevska
Vesna Kovaceska Trpcevska Bidejki gledam na Vasiot profil sakate da gledate mrtvi zakopani, tuka drasticno se raziduvame vo gledistata kako se resavaat rabotite, zatoa, prostete, ovde zavrsuva diskusijata so Vas.
Lazar Gogov
Lazar Gogov Што вие воопшто зборувате не може да ми стане јасно, некрофилија е кога упорно форсирате антиработничка законска гилотина, а ако имате образ и контрааргументи треба да не бидете политичка кукавица како Драган Тевдовски и да продолжите со дискусијата.
download
Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s