Драган Тевдовски од СДСМ ги лаже штипските работници

Dragan-Tevdovski-minimalna-plata-860x680

Со повисоките плати гарантирани од партијата којашто претендира превласт не се живее подобро, туку се ПРЕЖИВУВА подобро.

Прангите на наемното ропство спречуваат мнозинството граѓани да живеат подобро, односно ги присилува на борба за преживување.

Зголемувањето на надниците доведува до исцрпеност на работниците. Доказ за тоа е експлоатациската метода на капиталистите да го интензивираат процесот на труд, со продолжување на работниот ден или работните смени, интензивирање на работата на самите машини, зголемување на нормата од парче, кратење на дневницата, и во најлош случај селење на капиталот и соодветно на тоа отпуштања.

„Насилното повишување на надницата би било само подобро плаќање на роб, но тоа нема да придонесе ни за работникот ни за трудот нивно човечко одредување и достоинство.“ (Маркс).

Патем твојот газда Заев на митингот во Штип убаво го слушнав како се повика на оживување на социјалистичките вредности, но повисоките плати гарантирани од партија воопшто не се социјалистичка вредност. Тоа може да биде само отстранување на робувањето на работниците за наемнина, т.е. отарасување на капиталот крлеж од нивниот грб.

Впрочем не може да се има социјалистички вредности без социјалистичка економија. Само социјалистичка економија може да продуцира социјалистички вредности а никако обратно што е чиста перверзија во сфаќањето на социјализмот. Не може да се негуваат социјалистички вредности кога во исто време работниците се сведени на наемни робови чија судбина зависи од милоста или немилоста на нивните газди кои може утредента да решат да го преселат капиталот, или пак од повисоките плати гарантирани од партијата на власт. Социјалистички вредности може да има само кога ќе има социјалистичка економија, кога Сојузот на стопански комори на МК ќе биде заменет со Сојуз на работнички совети.

Види поопширен одговор тука!

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s