Француската влада ја блокира вакцината против СИДА

-

Доктор Ерван Лоре, инвенторот на вакцината против СИДА

Потребна е општа мобилизација на сите оние кои се засегнати од СИДА-та, и на oние кои не се чувствуваат засегнати и кои во иднина би биле засегнати.. читајте !

Како што можеби вие 50 000 Македонци кои активно го познавате францускиот јазик дознавте преку мас-медиумите на Франција, Националниот Центар за научно истражување НЦНИ го спречи докторот Лоре да учествува на прес-конференцијата од Биосантех која се одржа на 28 февруари 2017 во Sophia-Antipolis во седиштето на Националниот центар.

Оваа пресконференција требаше да се однесува на изјавата на докторот Лоре претставена во Берлин.

Од септември 2016, Elvenn Loret, неговиот син беше вработен во Biosantech за да ги изучува биолошките примероци на серуми од повеќе пациенти кои учествувале во првата и втората фаза од клиничките испитувања кои требало да ја покажат ефикасноста на Tat Oyi како кандидат за тераписка вакцина против СИДА-та.

Овие резултати кои припаѓаат на Биосантех беа доверени на доктор Лоре за да даде изјава на конгресот во Берлин којашто ќе биде објавена, бидејќи конгресот го покани доктор Лоре да биде учесник откако го доби резимето на резултатите од следењето на клиничкиот развој на пациентите.

По објавувањето на клиничкиот експеримент во декември 2014, којшто како таков беше објавен во списанието Retrovirology во април 2016-тата, повеќе пациенти би можеле да го спречат враќањето на нивниот  вирусен товар за време од еден масец и 3 пациенти, две години после вакцинирањето немале повеќе инфицирани клетки со ХИВ во крвта.

На 20 февруари 2017, во Берлин, доктор Лоре покажа дека после 3 години од објавувањето на експериментот, 10 пациенти немале повеќе инфицирани клетки во крвта.

Пред голем број на интернационални научници специјалсти во вакцинација, изјавите на доктор Лоре беа ислушани со многу внимание во врска со резултатите како никогаш порано, поради тоа што вакцината Tat Oyi допринесе за два почетоци на ретросероконверзија, последната етапа според случајот на „берлинскиот пациент“  пред прекинувањето на тритерапијата за да се утврди дали овие случаи се функционално излекувани.

Местото на конференцијата беше мошне симболично за да се каже денес дека ние преземаме повеќе етапи во овој процес на излекување од истиот тип како кај оној пациент наречен „Берлински“, единствениот болен научно прогласен како излекуван од СИДА.

Првата етапа од неговото излекување беше поставена поради недетектибилноста на инфицираните клетки од ХИВ во крвта за време на повеќе години. Нормално е кај пациентите ставени под тритерапија да немаат вирусен товар РНК присутна во крвта, но во поголемиот случај тие ги чуваат инфицираните клетки со ХИВ или провирална ДНК.

Втората етапа кон излекувањето набљудувана кај „берлинскиот пациент“ беше намалувањето на антителата против ХИВ наречена ретросероконверзија.

Ретросероконверзијата всушност е поврзана со фактот што имунолошкиот систем повеќе не ја детектира присутноста на вирусот или инфицираните клетки од вирусот во организмот и ја намалува одбраната против болеста.

Всушност, за време од 3 месеци без тритерапија, ако нема повраток на инфицирани клетки со ХИВ, и ако нема одново покачување на вирусниот товар, можно е да се изјави дека сите пациенти одговориле на овие критериуми, кои се во функционално излекување и за време на две години, во истите услови, тие би биле целосно излечени.

Од 1996 година, доктор Лоре како истражувач во Националниот Центар за научно истражување CNRS, работи врз протеинот Тат. Доби многубројни награди за неговите истражувања од кои реномираната GlaxoSmithKline во 2001, онаа за иновација од l’INPI во 2003. Исто така добил медал на честа од универзитетот Aix-Marseille.

Спречувањето на работата на доктор Лоре со Biosantech е премногу неразумно!

Позцијата на CNRS е несфатлива, поради што доктор Лоре е автор на патентите за вакцината Tat Oyi кои лиценци беа доделени на Biosantech од истот тој CNRS!

Денес, со овие публикации и со овие резултати без конкуренција, Biosantech е водач во пронаоѓањето на тераписката вакцина против СИДА. Овој напредок можеби нема да трае, а ни изгледа премногу важен за да го одржува ритамот на истражување додека доктор Erwann Loret да биде одново авторизиран да соработува со нас.

Денес, веднаш по одлуката на Националниот центар за научно истражување, ние не би можеле лесно да ја започнеме фазата IIb, последната етапа за утврдување на целината на нашите истражувања: целта е да се стопира тритерапиското лекување кај повеќе пациенти за да се проучува фамозниот вирусен повраток.

По 7 години, Biosantech, го изнесе овој проект од документите на Националниот центар за научно истражување и не смее да биде заоставен по никоја цена.

Ние сме на последната одлучна фаза и сите ние треба да одиме до крај со нашата посветеност во докажувањето на ефикасноста на оваа вакцина.

Biosantech е мала компанија, без многу средства, без институционална поддршка го започна овој ветувачки проект на еден истражувач кој за жал не е водач во мејнстрим науката. Тоа е преголем хендикеп, бидејќи доктор Лоре не е единствениот од кој се очекува откривањето на вакцината против сидата, и тоа ја дестабилизира рамнотежата на силата којашто е поставена повеќе од 15 години.

Треба исто така за несреќа да земеме предвид дека ако Biosantech ја постави оваа вакцина, голем број на актери во овој систем ќе се запрашаат за квалитетот на нивните истражувања и за начините на нивните финансирања.

Biosantech, во поглед на резултатите од прелиминарното истражување за пациентите од следната фаза IIa, сака да ја верификува својата сè повеќе веродостојна претпоставка дека патот може да биде многу близу до развој на активна тераписка вакцина за мнозинството на видови на СИДА.

Следниот чекор е да Националниот центар прифати дека Biosantech ќе ги покрие трошоците на лабораторијата на доктор Лоре за да може да работи во неа на мира. Фаза IIb, под строга контрола на Агенцијата за лекови (ANSM), со протоколот предложен во октомври 2016, ќе има за цел да провери дали значаен број на пациенти кои учествувале во експериментот I/IIa може да ја прекинат својата тритерапија без да им се врати нивниот вирусен товар и да ја одржуваат вирусната ДНК немерлива.

Останува на сите нас да се мобилизираме и да ги предупредиме сите околу нас!

Биосантех, Националниот центар за научно истражување и болницата de la Conception, јавните и приватните болници треба да се обединат за општиот интерес во развојат на оваа вакцина, која на сите ќе им овозможи да ги контролираат резулатите и да ги прекинат сите полемики во однос на нивната содржина. Згора на тоа професорот J.D Lelièvre близок со професорот Levy и Националната агенција за истражување за СИДА во емисијата Франција 5 Здравје  ги квалификуваа резултатите на Биосантех како „интересни резултати“ отколку „прелиминарни“ и сугерираа како предлог до Биосантех да вакцинираните пациенти со недетектабилна ДНК и кои се во ретросероконверзија да ја прекинат тритерапијата со цел да се утврди ефикасноста на вакцинатата кандидат.

Важноста на нашите резултати може да го обнови сомневањето во научното објавување, бидејќи многу лажни надежи може да бидат дадени од оние кои работат на други писти. Изјавите на Биосантех никогаш не беа различни од недискутабилните резултати добиени во есента 2016.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s