Бојан Богевски и Томас Пикети се исти ситно-буржоаски гомна (1)

tumblr_mlejctYyxe1qai6rlo2_1280

„Пикети тврди дека во доцниот 20 век (како и во раниот 19), стапката на поврат на инвестиран капитал честопати ја надминува стапката на економски раст и, со текот на времето, поради ефектот на таложење (compounding), богатството на капиталистите релативно се зголемува во споредба со другите приходи.“ (Бојан Богевски, Критички осврт на делото „Капиталот во 21 век“ од Т. Пикети, стр. 82/83, Политичка Мисла, бр. 47, година 2014, Скопје)

Стапката на поврат на инвестиран капитал или поедноставно стапката на профит никогаш не закрепнала од падот којшто го имала во доцните 1970ти и раните 1980ти во најразвиената капиталистичка економија, С.А.Д. Што се однесува до тврдењето на Пикети дека богатството на капиталистите релативно се зголемувало во споредба со приходите на другите (посиромашни) класи е исто така статистички непокрепено бидејќи факт е дека реалната плата на работниците се зголемила и нивниот удел во националниот доход бил стабилен. А стапката на економски раст или стапката на акумулација на капитал паѓала не поради статистички непоткрепениот аргумент за зголемувачките нееднаквости или дека финансиските инвестиции се зголемиле на сметка на инвестициите во производствен капитал, туку таа паѓала бидејќи стапката на поврат на инвестиран капитал одн. стапката на профит паѓала! Според тоа, падот на профитната стапка е клучна индиректна причина за тромавиот економски раст, зголемениот долг и самата криза од 2007 год.

Марксистичката теза[1], која е единствено научно точна и докажлива, вели дека ние не можеме да спречиме повторување на кризата од 2007 година со помош на финансиска регулација à la Piketty, популистички фискални и монетарни политики à la Piketty и можеби дури национализација, туку мораме да го укинеме капиталистичкиот систем на производство на вредност (пари), значи, да го измениме самиот карактер на овој општествено-економски систем, бидејќи кризата од 2007 година е системска криза, која резултира од основната тенденција на профитната стапка да паѓа, и затоа реформите à la Piketty во најдобар случај само ќе ја одложат следната криза.

Се разбира, за време на популистичките регулативи à la Piketty до појавата на следната криза капиталистите може да преземат противречни мерки како против самиот политичко-економски популизам на Томас Пикети така и против Марксовиот закон за пад на цените и со тоа ја одложат следната криза односно уништувањето на вредноста на нивниот инвестиран капитал. На пример, за кратко време даночното обременување[2] за капиталистите ќе биде префрлено во цената на производство и низ механизмот на пазарното стопанисување пак пренесено на терет на широките народни маси. Докази дека приватната сопственост, а не државата ги регулира односите на производство и распределба, односно докази дека загубата на своите профити од данокот Робин Худ капиталистите на крајот ќе ја надоместат на сметка на сиромашните приложил Маркс во третиот том од својот магнум опус Капиталот и истите накратко ги опишавме овде.

Исто така, неолибералните политики под палката на Тачер и Реган од 1980-тите години се обидоа да го решат проблемот на ниските профитни норми:

1.Зголемувајќи го делот од населението потчинето на капиталистички односи на производство преку приватизирање на државните услуги. Ова овозможи период на проширена акумулација на капитал во активности со релативно низок размер на капиталот спрема трудот.

2.Општо ослабувајќи ги синдикатите за да ги држат надниците ниски.

3.Допуштајќи цели индустрии интензивни со капитал да се затворат.

4.Променувајќи ги меѓународните трговски правила за да се овозможи поголема меѓународна мобилност на капиталот.

5.Поставувајќи го соборувањето на социјализмот на истокот како главна политичка цел.

Точките 4 и 5 практично отвораат огромен опсег на проширена акумулација на капитал, повлекувајќи цели нови континентални населенија под експлоатацијата на капиталот со цел да се компензира падот на цените под Марксовиот закон за тенденциско паѓање на профитната норма.

Доколку не се случат научно-социјалистички револуции à la Marx&Engels (кои ќе го укинат производството за апстрактна вредност одн. пари) кои ќе отсечат континентални економии од капиталистичкиот светски систем, тогаш проширената акумулација на капитал може да продолжи за неколку повеќе децении во 21 век. Но, сепак, законот на растечкиот органски состав на капитал ќе се наметне како светско-историска препрека. Ова ќе се случи нерамномерно. Регионите на источна Европа, кои сега се вклучуваат во ЕУ, ќе бидат повредени долго време пред Индија, на пример, бидејќи тие се веќе релативно урбанизирани и индустријализирани. Но, дури во Кина степенот на кој капиталистичката зрелост ќе дојде е само неколку децении во 21-от век. Според тоа, неизбежно е дека ќе се случи нова преуредувачка криза. Но, овојпат тоа ќе се случи без опцијата за извоз на капитал. Објективната потреба од укинување на приватната сопственост повторно ќе се покаже!

[1] Маркс во третиот том од „Капиталот“ аргументира дека индивидуалните капиталисти можат да ги зголемат своите профитни норми усвојувајќи попродуктивни технологии, но бидејќи новите технологии се технологии кои штедат труд, тие ќе тежнеат да ги намалат вредностите на стоките и (доколку нема усложнувања од други фактори) ги намалуваат цените во стопанството. Падот на цените, аргументирал Маркс, ќе тежнее да ја намали просечната профитна норма и да ги активира економските кризи кои ја уништуваат вредноста на веќе инвестираниот капитал. Марксовиот закон, според тоа, сугерира дека економските кризи се природен, неминовен резултат на капиталистичкото производство. Тие ќе исчезнат само кога ќе се укине капиталистичкото производство за парична вредност.

[2] Единаесет европски земји се согласиле да го спроведат данокот Робин Худ на финансиските трансакции кои наводно ќе создадат милијарди евра секоја година кои би се искористиле за борба против сиромаштијата, https://www.rt.com/business/157088-eu-financial-transaction-tax/

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s