Бескорисноста на „медицинската“ марихуана (прв дел)

quotescover-JPG-93

Канабисот се користи рекреациски и медицински низ векови. И покрај долгото искуство, релативно малку се знае за ризиците и бенефициите од неговата употреба како медикамент. Значаен дел од нашето незнаење може да се препише на владиното обезхрабрување за истражување околу канабисот. Прегледот на веб страницата на Националниот институт за здравје покажува многу студии и за злоупотреба на канабисот и за канабисот како терапевтски агенс, но најголемиот дел од општите информации коишто се на располагање се во врска со канабисот како злоупотребена дрога.
И не постои сомневање околу потенцијалот за злоупотреба и потенцијалот за одвикнување на марихуана освен меѓу тврдокорните негирачи. Податоците се јасни: прекинувањето со марихуана се поврзува со синдром на одвикнување кај многу корисници, што некои експерти го споредуваат тоа со симптоми и сериозност при откажување од никотин.
Што се однесува до било која фармаколошки активна супстанција, не постојат „несакани последици“, само последици коишто ние ги посакуваме и оние коишто не ги посакуваме. Со оглед на тоа што канабисот е јасно моќен фармаколошки агенс, што постои многу анегдотски докази коишто ја поддржуваат неговата употреба и што постои научна веројатност за овие тврдења, неговата потенцијална употреба како терапевтски медикамент треба сериозно да се истражи.
Како што марихуаната станува сè повеќе расположлива за медицинска употреба, практичарите на научно заснована медицина треба да ги преиспитаат доказите за употребата на оваа дрога. Испитувајќи нова дрога, ние мора да поставиме бројни прашања, вклучително тие за безбедност, ефикасност и можеби излишност. Тврдењата за ефикасност на марихуаната тежнеат да бидат преувеличени, без притоа да бидат игнорирани нејзините бенефиции. Сојузната држава Мичиген изгласа закон допуштајќи употреба на медицинска марихуана. Статутот бара од докторот да го докаже следното:
„Моето професионално мислење е дека барателот беше дијагностициран со ослабувачка медицинска состојба како што е индицирана горе. Медицинската употреба на марихуана има веројатност да биде палијатив или да даде терапевтски бенефиции за симптомите или последиците од состојбата на барателот.“
Штом пациентот го има овој сертификат, тој може да одгледува мало количество на марихуана за своја употреба.
На кои здравствени состојби ова се применува?
-Канцер
-Глаукома
-ХИВ/СИДА
-Хепатитис Ц
-Амиотрофична латерална склероза
-Кронова болест
-Вознемиреност во Алцхајмерова болест
-Нејл-Патела синдром
ИЛИ здравствена состојба или терапија којашто предизвикува, за овој пациент, една или повеќе од следните последици и коишто, според професионалното мислење на докторот, може да бидат ублажени од медицинска употреба на марихуана.
-Кахексија или синдром на слабеење
-Сериозна хронична болка
-Сериозна мачнина
-Напади (вклучително но не ограничено на тие карактеристични на епилепсија)
-Сериозни и постојани мускулни грчеви (вклучително но не ограничено на тие карактеристични на мултиплекс склероза)
„Канцер“ значи толку многу различни нешта што e исто како да е без значење. Што ако според моето професионално мислење базалиомата на пациентот би можела да се подобри со еден дим од цигара со марихуана?
Оставајќи го ова настрана, каков доказ имаме ние дека марихуаната е безбедна и ефикасна во наброените здравствени состојби, и дека таа има подобар ризичен/бенефициски профил од постоечките терапии?
На пример, една неодамнешна студија за марихуаната во врска со нејзината употреба за мускулна спастичност кај мултиплекс склероза нашла малку објективни доказ за нејзината корисност.
Глаукомата, една од оригиналните „индикации“ за медицинска марихуана, е состојба за којашто постојат многу софистицирани и ефикасни интервенции, но литературата за употребата на канабис за ова нарушување е анемична.
Употребата на марихуаната за многу од овие индикации едвај го поминува тестот на привидна вистинитост.
Од каква можна корист би можела да биде марихуаната во терапијата на хепатитис Ц или Кронова болест?
Вознемиреноста во Алцхајмеровата болест веројатно би можела да биде влошена од марихуаната исто колку што би можела палијативно да помогне, а една неодамнешна студија не нашла корисност.
Одредени подрачја со подобра привидна вистинитост вклучуваат кахексија (губиток на тежина поради хронична болест) и мачнина, иако развојот на медикаменти како што е ондансетрон, со своите минимални несакани последици и одлична активност против повраќање, во најдобар случај ја прави марихуаната да изгледа излишна.
Дронабинол, синтетичка и легална дрога заснована на марихуана бројни години се користеше за мачнина и губиток на апетит, но податоците не се охрабрувачки.
Марихуаната нуди многу ветувачки насоки за истражување, иако ќе има малку успех без промена во владината политика на С.А.Д. Но, за еден доктор, причината за недостиг на податоци не е ниту близу важно колку самиот недостиг на податоци. Како доктори, ние не можеме етички да препишуваме или препорачуваме силни медикаменти чии ефекти не се и тоа со причина барем познати. Всушност, тешко е да се замисли ситуација во којашто препишувањето на марихуана би било етичко. Ако имаше состојба со многу анегдотски податоци и без друга ефикасна терапија, а ризиците од состојбата беа такви што тие би ги надминале здравствените ризици и потенцијалната зависност од марихуана, ние можеби ама можеби би имале нешто со што би работеле. Но, засега, луѓето кои сакаат да земат канабис не треба да сметаат на доктор кој би им одобрил.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s