Приказна за мравката

Не така одамна си живееше една мравка која секој ден прва доаѓаше на работа, а последна си одеше. Беше вредна, весела и среќна, сѐ додека одеше на работа. Пееше на работа, а резултатите од истата беа одлични.

Слушајќи ја песната на Мравката, г-динот Стршлен, директор на фабриката заклучи дека Мравката премногу се забавува, а премалку работи и дека нема права насока и надлежен кој ќе ја контролира, па ја вработи г-ѓата Буба Мара која имаше големо искуство со управувањето.

Прва задача на Буба Мара беше да ја организира евиденцијата на доаѓањето и одењето на Мравката од работа. За таа цел се воспостави цел систем на уреди и документација.

Со тек на времето бројот на документите се зголемил, како и трошоците за набавка на современи уреди за контрола, поради што морало да се вработи и друго лице за обработка на документите и потребните извештаи.

Го вработиле Пајакот кој воспоставил мрежа на архивирање како и повикување. А Мравката и понатаму работеше како и порано.

Извештаите кои ги правеше Буба Мара беа одлични. И директорот беше воодушевен од нив. Наскоро почна да бара паралелни студии со графикони, анализи и движења на развојот…

Да се задоволи барањето на директорот беше неопходно да се вработи и Мрмотот кој би бил директна помош на директорот. На него веднаш му купија нов компјутер со печатач.

Среќната и вредна Мравка работеше и понатаму како и порано, само што се пожали дека би ѝ било полесно ако добие компјутер. Но, нејзиното барање беше одбиено.

Ова беше прв пат Мравката нешто да се пожали и затоа директорот Стршлен сфати дека е потребно најитно да се реагира. Креираше ново работно место за пратење на психо-социјалното однесување на Мравката.

На новото работно место го вработија Штурецот кој веднаш на своето работно место го смени стариот мебел и на барање доби уште ергономски обликувана фотеља со нов компјутер со рамен LCD екран.

Бројката на компјутери растеше, па поради тоа мораше да се инсталира и мрежен сервер.

Нововработениот сфати дека итно му треба помошник кој и порано бил негов помошник во претходната фирма, па за тоа ја вработија Стеницата.

За сето тоа време Мравката стануваше сѐ помалку среќна, престана да пее, а продуктивноста ѝ се смалуваше сѐ повеќе. Пак бараше компјутер, но барањето ѝ го одбија.

Состојбата на Мравката го загрижи Штурецот и тој заклучи дека мора да нарача студија за задоволството на вработените во фирмата. Го запозна со тоа директорот и тој одобри да се ангажира за тоа кај специјална агенција за такви студии.

Скапата студија е направена и Штурецот веднаш почна да ги применува предложените мотивациони методи. Насекаде закачи мотивациони плакати. Ги водеше Буба Марата, Пајакот, Мрмотот и Стеницата на мотивациони тренинзи по најпознатите одмаралишта.

Мравката работеше понатаму, но сѐ повеќе безволно, а ефективноста на работата ѝ опаѓаше сѐ повеќе и повеќе. Ги читаше мотивационите пораки од плакатите и никако не можеше да ги најде надредените кога ќе ѝ затребаа. Едноставно беа на разни конгреси и семинари или немаа време за неа.

И така времето си течеше без промени.

Директорот и понатаму ги добиваше перфектните извештаи кои покажуваа дека фирмата не е рентабилна како порано и тоа многу го загрижуваше. Мораше да реагира. Го најми најелитното консалтинг-биро со кое раководеше господинот Був. Тие по три месеци изработија најпотполна анализа на организацијата на работата и заклучокот од неа беше дека во фирмата има премногу вработени.

Директорот со воодушевеност ја прифати стручната анализа и веднаш ја отпуштил МРАВКАТА.

Наравоучение 1:

-Никогаш немој да бидеш среќна и вредна мравка;

-Повеќе се исплаќа да си неспособен и да не работиш ништо.

-На неспособните не им требаат надзорници.

-Ако и покрај сѐ си продуктивен, никогаш не покажувај дека си среќен кога работиш бидејќи за тоа нема никакво оправдување.

-Ако, сепак, на секој начин сакаш да си мравка, направи си своја фирма и така не ќе мораш да работиш за разни стршлени, буба-мари, пајаци, стеници, штурци и бувови.

Но, тогаш нема да можеш да работиш како мравка бидејќи да ја одржиш фирмата ќе мора да се дружиш со разни бубамари,стршлени, оси , болви и вошки и ќе немаш време за работа.

Наравоучение 2:

-За жал, целата приказна се темели на универзитетските научни методи за истражување кои кажуваат дека поголем дел од луѓето тежнеат кон паразитски живот.11202592_136067776752825_4652787397426481133_n

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s