Вовед во Критика на Програмата на „Левица“

Овој критички осврт е мој одговор кон неуспешниот обид на Програмата на Левица да прокламира левичарски идеи во традиција на Маркс-Енгелсовиот научен социјализам. Очигледно е дека „левичарите“ од Левица сакаат да се изјаснат за различен вид на социјализам од претходно постоечкиот којшто го карактеризираат како недемократски, но не само што тој не беше демократски но исто така не беше ниту социјализам воопшто дури пред појавата на сталинизмот којшто само беше неминовен исход на советската поточно ленинистичката (квази)демократија. Предлозите коишто Левица ги изложува во Програмата се всушност социјалдемократски идеи коишто како такви не се доволно радикални за решение на болестите коишто ги создава капитализмот чиишто болести се системски a решенијата од Програмата реформистички. Во споредба со овие социјалдемократски предлози од Програмата на Левица, она што беше направено во Советскиот Сојуз беше во значителна мера социјалистички обид, се разбира, со многу несакани пропратни последици поради 3 главни причини: 1) обидот за социјализам во СССР беше направен под крајно тешки историски услови (Граѓанската војна и странски интервенционизам на 14 капиталистички држави во 1918-20); 2) биле направени важни политички грешки (Лениновата Нова економска политика) и 3) обидот за социјализам покажал сериозни слабости во ленинизмот.

Социјалдемократските односно кејнзијанистичките економски мерки на Бранимир Јовановиќ – идеолошкиот економист на Левица – никаде не ги отстраниле, ниту може да ги отстранат многу големите нееднаквости во доход, богатство и животни можности, што досега го аргументирав во трите посебни текстови Криза за сите: во одговор на Бранимир Јовановиќ, Криза на дистрибуција или криза на профитабилност: во одговор на Бранимир Јовановиќ, и Заблудата на Бранимир Јовановиќ за македонската економија. Кејнзијанистичките политики на Бранимир Јовановиќ коишто ги украсил со социјалистичка реторика се потчинети на капиталистичката економија и овие политики на Јовановиќ ќе бидат единствено допуштени ако капитализмот создава профити, но Марксовиот закон за тенденциско опаѓање на профитна стапка го парализира овој идеалистички сон на Јовановиќ. На крајот, кејнзијанистичките политики на Бранимир Јовановиќ се во самата нивна суштина не про-работнички, туку змиски отров од про-капиталистички политики, бидејќи во нив отсуствува наjблагородната идеја, идејата за промоција на вистинска демократија на работното место преку укинување на наемното ропство.

Наемното ропство е засновано на неплатениот труд на работниците од нивните газди[1], но со помош на паричните односи оваа експлоатација на работникот од страна на капиталистот е мистифицирана. Во трите посебни гореспоменати текстови во одговор на Бранимир Јовановиќ аргументирав дека неговиот кејнзијанистички феудализам во суштина ја обелоденува капиталистичката експлоатација сега од страна на државата, но во име на редистрибутивна политичка сила заради виша цел на социјална правда; сепак, ова не го избришува впечатокот дека експлоатацијата е доблестна работа и затоа треба да се толерира бидејќи во суштина редистрибутивната добра баќушка на Јовановиќ поради неукинатото наемно ропство ги остава темелите на извлекувањето на вишокот на труд нетангирани! Во политичка смисла, Јовановиќ воопшто не е социјалист бидејќи очебијно не сака да ја признае теоријата на трудова вредност дека трудот е единствениот легитимен но разбирливо не и озаконет извор на целото општествено богатство коешто во услови на приватизиран процес на производство се дели на профит, земјишна рента и наемнина.

Теоретската основа за еден нов социјализам би требало да биде радикална (непосредна) демократија и делотворно планирање на стопанството. Веќе во Критика на Статутот на Левица аргументирав дека „Левица не може да применува принципи на директна демократија во своето делување бидејќи самиот Статут е авторитарен и според него и самата внатрешна организациска поставеност е авторитарна…“ Очигледно постојат одредени сериозни и затоа дискредитирачки слабости во сфаќањето на Левица за она што всушност претставува демократски форум бидејќи Централниот комитет, Президиумот, Комесаријатот, Сенатот, Трибунатот и Конвенцијата се несоодветни и дури опасни за социјалистичката демократија.

[1] Фридрих Енгелс, Предговор кон третиот том на Марксовиот Капитал: „Од каде се покриваат тогаш сиве овие додавања над цената? Од „вкупниот производ“ на работникот. И тоа затоа што стоката „труд“, или, како што вели Маркс, работната сила, мора да се продава под нејзината вредност. Затоа што ако е општото својство на сите стоки да се продаваат поскапо од нивните трошоци за производство, и ако притоа само трудот е исклучен од тоа, та постојано да се продава само по трошоците за неговото производство, тогаш тоа исто значи дека се продава под цената, што е правило во овој вулгарно економски свет. Екстра профитот, кој поради тоа му се паѓа на капиталистот, односно на капиталистичката класа, се состои токму во тоа, и во последна инстанца може да настане само оттука, што работникот, по препроизводството на надоместокот за цената на неговиот труд, мора да произведе уште и производ, за кој ништо не му се плаќа – вишок на производ, производ од неплатен труд, вишок на вредност.“ (Карл Маркс, Капиталот, трети том, Мисла, Скопје, 1976, стр.14)

$_57

Advertisements

One thought on “Вовед во Критика на Програмата на „Левица“

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s