Митот за демократски избори

1939407_10203460192656350_616259966_n

„Договорот од Пржино само ги исполнува најминималните услови. Секое кршење на тие минимални услови за демократски избори гарантира недемократски избори.“ – Здравко Савески

Изборите какви и да се легални или нелегални тие секогаш ќе бидат НЕЛЕГИТИМНИ затоа што на пратениците им даваат независност отуѓена од народот кој ги избира, затоа што да се гласа не е исто што и правото да се користи власта. Се’ спротивно на кажаново е злосторничка демагогија.

Постои само демократија и олигархија, два дијаметрално спротивставени политички поредоци. Демократија значи владеење од страна на народот. Олигархија значи владеење од страна на аристите, „најдобрите луѓе“, елитата. Демократијата не значи само владеење од страна на народот, но и владеење од страна на обичните луѓе или владеење од страна на сиромашните бидејќи тие се мнозинството. Олигархија постои кога контролата над државните институции е во рацете на богаташите и овие се малцинска група. Во демократија службените позиции се пополнуваат преку случајна селекција меѓу споменатото мнозинство додека во олигархија тие се пополнуваат преку избори на претставници од однапред испишани партиски списоци. Во демократија правото да се гласа значи и практикување на власта, додека во олигархија правото да се гласа останува бесгласно, односно обезвластено со изборот на споменатите претставници. Олигархијата од друга страна значи и плутократија т.е. владеење на богаташите бидејќи тие се малкумина а рековме дека олигархијата значи владеење од страна на малкумина.

Во демократија според горенаведената дефиниција нема потреба да постојат политички партии, освен во олигархија/плутократија. Нивната улога во повеќепартискиот систем е според нивната класна положба. Оваа олигархија е составена од концентрични кругови сосредоточувајќи се како што тие се стеснуваат низ парламентот и министрите до премиерот или претседателот. Нивните партиски идеологии се практикуваат во името на капиталот, на целите на бизнисот, на плутократијата. Правото да се гласа во олигархија не ја укинува диктаторската природа на власта на плутократијата којашто произлегува од нејзината команда над наемниот труд преку доминација и ропство.

Сепак олигархијата како владеење на малкумина барем привидно отстапува од аристократијата како владеење на професионални политичари. Изборот на членовите на аристократијата зависи од нивната заслуга, а не само од богатството. Но, она што е важно да се истакне е дека олигархијата секогаш поминува како аристократска бидејќи бидејќи скоро секаде богатите и високообразованите погорни класи имаат ист делокруг. Клучното прашање не е што некои поединци со прилично скромно потекло може да бидат регрутирани за јавна служба, туку кој ја држи власта. Сè останато е илузорно.

Како што рековме, изборите се главно механизам за селекција на поедини олигарси. Тој веднаш им дава овластување да владеат, и ги оспособува да бидат засилени од „најдобрите“ и најенергичните членови на пониските класи (аристите). Во најдобар случај, изборот ја преобразува олигархијата во аристократија од професионални политичари. Рековме дека злото на олигархијата се состои во тоа што власта е во рацете на професионални политичари и државни чиновници, а не обичниот народ. Правото да се гласа не е исто што и правото да се користи власта. Ќе треба многу години пред граѓаните да можат да ги отповикаат ненародните политичари како Груевски и Црвенковски кои ветуваа и реализираа амнестија за политичари инволвирани во најгрубо кршење на неприкосновеното право на живот на граѓани на Република Македонија. Оставките на Јанкуловска, Јанакиевски, Мијалков, Груевски, ништо нема да променат, ниту оставката на цела влада. На нивно место ќе дојде друга власт која ќе постави други министри кои ќе работат за интересите на олигархијата. „Извршната власт на современата држава е комитет за менаџирање на заедничките интереси на целата буржоазија.“ (Маркс и Енгелс во Манифестот на комунистичката партија). Македонските политичари заеднички одлучија да ги зголемат своите плати, платени од граѓаните, па кој ги спречи? Македонскиот парламент не го претставува населението во однос на возраст, пол и класа. Тоа е причина граѓаните да имаат ретко, ако не и воопшто, збор во одлуките на политичарите, коишто влијаат на нив и животите на нивните семејства. Главните спорни прашања како оданочување, војна и мир, се решаваат без да се повикува на јавното мислење. Тоа може да се случува само во парламентарен систем во којшто владеат професионални политичари, а не обичните луѓе.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s