Одговорени 10-те прашања кои ДПМНовец не ги разбира

11330047_10204019540704631_6972202196019957074_n

1.Што е Демократија? Дали постојат разни видови демократија (на пример лидерска демократија, едноумна демократија, автократска демократија)?

Одговор: Постои само демократија и олигархија, два дијаметрално спротивставени политички поредоци. Демократија значи владеење од страна на народот. Олигархија значи владеење од страна на аристите, „најдобрите луѓе“, елитата. Демократијата не значи само владеење од страна на народот, но и владеење од страна на обичните луѓе или владеење од страна на сиромашните бидејќи тие се мнозинството. Олигархија постои кога контролата над државните институции е во рацете на богаташите и овие се малцинска група. Во демократија службените позиции се пополнуваат преку случајна селекција меѓу споменатото мнозинство додека во олигархија тие се пополнуваат преку избори на претставници од однапред испишани партиски списоци. Во демократија правото да се гласа значи и практикување на власта, додека во олигархија правото да се гласа останува бесгласно, односно обезвластено со изборот на споменатите претставници. Олигархијата од друга страна значи и плутократија т.е. владеење на богаташите бидејќи тие се малкумина а рековме дека олигархијата значи владеење од страна на малкумина.

2.Има ли потреба да постојат политичките партии? Која е нивната улога во повеќепартискиот систем? Што се партиски идеологии и за што служат?

Одговор: Во демократија според горенаведената дефиниција нема потреба да постојат политички партии, освен во олигархија/плутократија. Нивната улога во повеќепартискиот систем е според нивната класна положба. Оваа олигархија е составена од концентрични кругови сосредоточувајќи се како што тие се стеснуваат низ парламентот и министрите до премиерот или претседателот. Нивните партиски идеологии се практикуваат во името на капиталот, на целите на бизнисот, на плутократијата. Правото да се гласа во олигархија не ја укинува диктаторската природа на власта на плутократијата којашто произлегува од нејзината команда над наемниот труд преку доминација и ропство.

3.Врз основа на кој нивен квалитет треба да ги избираме политичарите? Постојат ли суперлуѓе односно идеални политичари-богови, на кои можеме да им го препуштиме сето размислување и решавање?

Одговор: Сепак олигархијата како владеење на малкумина барем привидно отстапува од аристократијата како владеење на професионални политичари. Изборот на членовите на аристократијата зависи од нивната заслуга, а не само од богатството. Но, она што е важно да се истакне е дека олигархијата секогаш поминува како аристократска бидејќи бидејќи скоро секаде богатите и високообразованите погорни класи имаат ист делокруг. Клучното прашање не е што некои поединци со прилично скромно потекло може да бидат регрутирани за јавна служба, туку кој ја држи власта. Сè останато е илузорно.

4.На кој начин, и кому, граѓаните го делегираат (пренесуваат) правото на одлучување, но и одговорноста за донесените одлуки? Чии пратеници го составуваат Собранието на Република Македонија, на граѓаните или на партиите? Дали со избор на свој претставник во законодавната власт граѓанинот се откажува од своето активно учество во општествените процеси?

Одговор: Како што рековме, изборите се главно механизам за селекција на поедини олигарси. Тој веднаш им дава овластување да владеат, и ги оспособува да бидат засилени од „најдобрите“ и најенергичните членови на пониските класи (аристите). Во најдобар случај, изборот ја преобразува олигархијата во аристократија од професионални политичари. Рековме дека злото на олигархијата се состои во тоа што власта е во рацете на професионални политичари и државни чиновници, а не обичниот народ. Правото да се гласа не е исто што и правото да се користи власта. Ќе треба многу години пред граѓаните да можат да ги отповикаат ненародните политичари како Груевски и Црвенковски кои ветуваа и реализираа амнестија за политичари инволвирани во најгрубо кршење на неприкосновеното право на живот на граѓани на Република Македонија. Македонските политичари заеднички одлучија да ги зголемат своите плати, платени од граѓаните, па кој ги спречи? Македонскиот парламент не го претставува населението во однос на возраст, пол и класа. Тоа е причина граѓаните да имаат ретко, ако не и воопшто, збор во одлуките на политичарите, коишто влијаат на нив и животите на нивните семејства. Главните спорни прашања како оданочување, војна и мир, се решаваат без да се повикува на јавното мислење. Тоа може да се случува само во парламентарен систем во којшто владеат професионални политичари, а не обичните луѓе.

5.На кој начин граѓаните имаат можност да дознаат дали власта води правилна фискална и монетарна политика?  Дали се доволни изјавите на политичарите на власт? Како граѓаните да се осигурат дека државата нема прекумерно да се задолжи?

Одговор: Парите се кредит и ништо повеќе освен кредит! Парите на А се долг на Б спрема А, а кога Б го отплаќа својот долг, парите на А исчезнуваат! Ова е целата теорија на пари којашто мејнстрим економистите сакаат да ја скријат од сиромашниот народ. Парите на А се всушност пари на предаторска класа од капиталистички врколаци составена од еден процент од светската популација којашто украла половина од светското богатство. Еден нов извештај од Институтот за политички студии открива дека во Соединетите Американски Држави, „20 најбогати луѓе – група која би можела да ја собере удобно во еден раскошен џет Галфстрим Џи650 – сега украле повеќе богатство од пола американски народ, односно од 152 милиони народ или 57 милиони домаќинства.“ Парите на А кои ги позајмува на нашата влада се створени од геноцид, кражба на земја и ропство и сега 400-те најбогати врколаци – според Форбс – украле богатство колку цела афро-американска популација но и плус украле повеќе од третина од јужно-американската популација земени заедно! Мејнстрим економистите кои се само платени агенти на светската финансиска аристократија, нормално, не се доволно опозициски (сонародни) да предложат нашата влада уште поабнормално да троши од богатството на овие 1 проценташи, и дури ако може во соработка со други разузнавачки служби од регионот, да им ги симне главите од плеќи и да ги забоди нивните свежо отсечени глави на колци како предупредување кон секој кој ќе се осмели да глуми меѓународен/домашен лихвар. Народот може да почне да ги обезглавува сите – барем засега – домашни лихвари и да ги експроприра нивните капитали во пари или згради, земја или што и да се, бидејќи овие домашни и регионални врколаци од лихвари секогаш ќе сакаат да го задржат целото богатство кое себично го акумулирале на сметка на пауперизираните работнички маси. Според Адам Смит, ниту една влада во историјата не го отплатила својот јавен долг. Како извонреден пример во прилог на тврдењето на Адам Смит, Исланд се пробуди од смртоносниот сон и спроведоа мирољубива револуција против банкарската класа, ги затворија десничарските („неолиберални“) политичари и банкарите. Земјата иницира нова влада од народот за народот. И не само тоа, Исланд го отплати својот „долг“ одбивајќи да им се потчинува на банкарските гангстери и ги исфрли манипулативните банки од земјата. Јас сум сигурен дека богатството на сите македонски олигарси создавани во времето на Црвенковски го надминува јавниот долг на нацијата, тогаш, зошто ние да обврзуваме цела генерација да го отплаќа долгот на светските финансиски капиталисти, наместо државата чудовишно да ги троши нивните лихварски пари?! Меѓународните банки не се добротворни организации. Тие позајмуваат пари со знаење дека нивните пари ќе бидат оплодени, дека долговите ќе бидат отплатени по повеќе пати !!! Не, не и не ! Зошто мораат да бидат задолжени идните генерации? Ќе прогласиме општ јубилеј на долговите и ќе ве обесиме на барокните канделабри барем засега домашните банкари до моментот на експлозија на светската социјална револуција. Еве ги следните конкретни мерки кои добрите патриоти треба да ги преземат на своја иницијатива:

  1. Укинување на сите долгови, голем број од народот се тешко задолжени спрема банките и од ова укинување тие само би „профитирале“.
  2. Право на компензација за експлоатацијата во производствотопреку граѓански судови така што работните луѓе ќе можат заеднички да тужат (со помош на своите синдикати) ако им е исплатена помала вредност од таа што тие ја создаваат во текот на работната недела, но претходно мора да се изборат за закон кој признава дека само трудот создава вредност. Исходот ќе биде што работните луѓе ќе бидат подоходовно ситуирани и помалку приморани да се задолжуваат кај банкарите. Со обѕир на процентот на сиромаштија во Македонија овие две едноставни барања ќе му донесат бенефит на мнозинството од народот.
  3. Народната банка на Република Македонијаза да се оствари втората мерка ќе мора да го сврзе денарот со просечното општествено работно време и да емитира банкноти на кои ќе биде отпечатено ова просечно општествено работно време. Третата мерка има две улоги: а) Антиинфлациска мерка и б) обелоденување на експлоатацијата што се случува во производството односно станува јасно дека трудот ја создава вредноста и дека работните луѓе се експлоатирани.
  4. Закон против лихварство, т.е. забрана за давање пари на заем со камата.
  5. Воведување демократија и во индустријататака што во управните одбори на секое претпријатие мнозинството ќе припадне на работниците.

Лажните патриоти од ДПМНЕ и лажните социјалдемократи ќе се фатат за коси прочитувајќи ги овие мерки и ќе вриснат на сиот глас: „Па ова е типична експропријација што ја правеа комунистите кога државата ги преземаше средствата за производство !“ Нема поголема лага изречена од овие демагози кои ни врвката од својот чевел не се волни да ја жртвуваат за народот кој го претставуваат. Целта е да се уништи стоковно-паричното работење што ќе доведе до синдикалистичка економија како транзициска етапа спрема целосно безпарично стопанство. Сите горенаведени 5 мерки ќе го мобилизираат македонскиот народ да делува во конфликт со најреакционерниот дел од класата на газдите: банкарите.

Мејнстрим економистите се неплатени агенти на светската финансиска аристократија токму поради тоа што се однесуваат како демагози и не му нудат вистинско долгорочно решение на сиромашното мнозинство во Македонија туку тие попрво сакаат да го дискредитираат работењето на сегашната влада само за да го дискредитираат односно да ја одработат поточно да помогнат во агендата на опозицијата составена од мрзоволни социјалдемократи едноставно да ја сменат власта со друга власт која исто така ги претставува интересите на профитерите од долгот на сиромашните Македонци – БАНКАРИТЕ.

6.Зошто стандардот на живеење е различен во разни држави? Дури и држави кои порано му припаѓале на источниот блок, како на пример Чешка, Словачка, Словенија; се доближуваат до западно европскиот стандард. Дали во наведените држави се менуваат политичките гарнитури на избори, или една „правилна„ политичка гарнитура е постојано на власт?

Одговор: Нерелевантно прашање со оглед на сега смалениот животен стандард во наброените земји од поранешниот источен блок и фактот дека сега 500 000 Швајцарци не може да си ги подмират долговите и со оглед на тоа дека ова е економско прашање а не прашање на политиката, но сепак ќе кажеме следното: „При споредувањето на националните плати треба да се имаат предвид сите моменти што ја определуваат измената во големината на вредноста на работната сила; цената и опсегот на природно и историски развиените први животни потреби, трошоците за образувањето на работната сила, улогата на женскиот и детскиот труд, производноста на трудот и неговата екстензивна и интензивна големина. Дури и површното споредување сака пред сѐ да се сведе средната дневна наемнина за истата гранка во различни земји на работни дни од еднаква големина. По тоа изедначување на дневните наемнини, пак наемнината од време мора да биде преведена во наемнина од парче, зашто само последнава е мера како за производноста, така и за интензивната големина на трудот. (Карл Маркс, Капиталот, том први, стр.489) Со оглед на тоа дека во секоја од земјите коишто го сочинуваат светскиот пазар добива одреден просечен интензитет на труд, ние може да распознаеме размер – чија мерна единица е просечна единица на општ труд – според којшто националните просечни интензитети на труд се споредуваат. Поинтензивниот национален труд спореден со помалку интензивниот произведува во исто време повеќе вредност што се изразува во повеќе пари. Како додаток кон ова, меѓународната примена на законот на вредноста е понатаму изменета од фактот што, сѐ додека попроизводствената земја не е принудена од конкуренцијата да ги продава своите производи под нивната вредност, попроизводствениот национален труд исто така се смета како поинтензивен труд. Националниот интензитет и продуктивност на трудот се зголемуваат во функција на нивото на националниот развој на капиталистичкото производство. Различните количества на стоки од ист вид произведени во различни земји во истото работно време имаат различни вредности изразени во различни суми на пари. Следи дека вредноста на парите ќе биде помала во земја со високо ниво на развој на капиталистичкото производство. Исто така следи дека номиналните плати, односно еквивалентот на работната сила изразен во пари (макар што не неопходно реална плата, односно средства за живот коишто се на располагање на работникот) ќе биде повисок во поразвиената земја. Плус, превидувајќи ги разликите кои произлегуваат од вредноста на парите, дневната или неделната наемнина е повисока во поразвиените земји, додека релативната цена на трудот – релативна во однос на вишокот на вредност и на вредноста на производот, ќе биде повисока во помалку развиената земја.

7.До кога треба да владее Груевски? Дали е тој незаменлив?

Одговор: Оставките на Јанкуловска, Јанакиевски, Мијалков, Груевски, ништо нема да променат, ниту оставката на цела влада. На нивно место ќе дојде друга власт која ќе постави други министри кои ќе работат за интересите на олигархијата.
„Извршната власт на современата држава е комитет за менаџирање на заедничките интереси на целата буржоазија.“ (Маркс и Енгелс во Манифестот на комунистичката партија)

8.На кој начин би требало да биде проверен и санкциониран евентуалниот криминал на политичарите на власт (на пример Груевски со провизиите, со плацевите…), и кој би требало да го истражи тоа?

Одговор: Oпозицијата лаже дека е загрижена за загрозената демократија во земјава со тоа што 20 000 граѓани биле прислушкувани. Да беше опозицијата навистина загрижена во врска со тоа – како што порано нагласив – ќе предложеше идната влада да биде прислушкувана од граѓани кои случајно ќе бидат избрани во тој иден надзорен контролен комитет и чиј состав може на секои 6 месеци да се менува или дури месечно повторно преку случајна селекција од полнолетната популација во земјата. Но, во тој случај, ќе бидат уништени плановите на опозициската бизнис елита со идната влада и затоа треба на сите да ни биде јасно дека капиталистите без разлика дали се тоа тие кои стојат зад ДПМНЕ или зад СДСМ секогаш ќе настојуваат во една земја да има што помалку демократија, колку помалку демократија – мешање од мнозинството народ – толку повеќе протекции за нивните бизниси.

9.Дали прашањето со името има решение? Дали се оди кон тоа решение?

Одговор: Сите големи земји во светот ја признаа Македонија под уставното име. Па тоа го направија дури и Србија, Бугарија и Албанија. Тоа не го прави само Грција. И сега македонското раководство бара од сите оние кои нè признале да ја фатат Грција за уши и да ‘и кажат: „Не правете им така на Македонците!“. Во меѓународната „политика“ не се постапува така. Тоа што Грција не нè признава е проблем на Грција а не на Македонија. Таа инсистира да го менуваме името! Значи да им кажеме на сите кои нè признале дека погрешиле, да им плукнеме во образ и да им удриме уште шлаканица, затоа што така барала Грција. Грција, ако најде глупаци, може да бара што сака. Поради грчко вето не нè примаат во ЕУ! Тоа е процедурален проблем на функционирањето на ЕУ а не на Македонија. Што помогна приемот на Бугарија во ЕУ? Ништо. Според тоа, ништо нема да помогне ни на Македонија. Македонското раководство треба да се сврти кон себе а не кон „преговори“ со Грција, ЕУ, НАТО и не знам кој сè не уште кои не расчистиле ниту со основните процедурални проблеми. Една мала Грција да наметнува на ЕУ или ООН кого и под кое име ќе го прими! Дали некој размислува тука за каква „демократија“ се работи. Тука не се работи за демократија туку за простаклак каков не смее ни да се помисли а не да се манифестира како политика на една светска или европска организација.

10.Зошто „петардите„ на Заев поседуваат толку силна моќ?

Одговор: „Два радикално спротивни системи на вредности и верувања“ (А.Вангели) меѓу опозицијата и власта е мит. И „безбедносните“ сили на СДСМ додека оваа партија била на власт и тие на денешните властодршци ги надгледуваат, шпионираат, затвораат, контролираат и ги цензурираат граѓаните. Зоран Заев објави снимка како тоа Јанкуловска и Котевски кроеле план да го затскријат убиениот Нешковски но злонамерно заборави да ја потсети јавноста кој ги создал овие полициски единици. „Алфите е полициска единица формирана од владата на СДСМ и Џанго во чиј состав влегоа илјадници улични насилници, тепачи и криминалци кои со 3 месеци курс од државата добија огромни овластувања и одврзани раце. Малтене пара-војска која ја користеа, ја користат и ќе ја користат во иднина (доколку ние не се избориме за спротивното) за валкани игри, претепувања, убиства и малтретирања на граѓаните. Низ блогосферата постоеја многу сведоштва за дивјачкото однесување на алфите, сепак најтрагичен беше случајот на Трајан Беќиров.“ (Ирена Цветковиќ) Државата отсекогаш била отуѓено тело од општеството кое ги регулира општествените работи според интересите на посебната, економски најсилната, владеачка класа (плутократијата), а нејзините функционери, професионалните политичари (олигархијата), како сила над општеството. Ниту социо-економските вредности и уверувања радикално им се разликуваат. Ако мајка ми некогаш земала плата од 13 000 денари во ЕСМ а денес зема плата од 7000 денари во приватниот сектор тоа е обострана последица на историската одговорност (која се казнува со смрт!) на идеолошкиот промотор на приватизацијата на ЕСМ Радмила Шеќеринска и на владата на ДПМНЕ-в‘ците кои на терен не праќаат трудови инспектори да го увидат ускратувањето на нејзиното право на минимум плата од 8000 денари. Каде тука се релативизира злото на владата на Груевски?!

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s