Берни Сандерс не е пријател на работничката класа

1382120_10151877301178459_111613655_n

Зошто Берни Сандерс нема да биде демократскиот кандидат за претседател на С.А.Д.

Ако мислете дека Берни Сандерс ќе биде демократскиот кандидат за претседател во 2016 година, вие сте луди.

Нема шанси демократската партија да допушти тоа да се случи поради две главни причини.

Прво, ова е редот на Хилари Клинтон да стане претседателски кандидат на демократската партија. И иако тоа е многу непријатно за мнозина поддржувачи на Берни, сепак тоа е вистината и за тоа било одлучено од луѓе кои всушност се важни во партиската хиерархија (читај: не вие).

Второ, едноставно е невозможно дека неолиберална, десничарска политичка партија како демократите во една земја со номинално десничарски наклонето изборно тело ќе допушти нивниот стандарден знаменосец да биде себедеклариран социјалист.

Ставајќи го настрана фактот дека Сандерс не е социјалист, и во најдобар случај незначително десничарско-центристички социјалдемократ, тој сѐ уште може да се идентификува како социјалист во американската политика. Демократската партија нема да дозволи да биде идентификувана како „социјалистичка“ за следната генерација. Луѓе, тоа нема да се случи.

Демократите, како републиканците, се соочени со бунтовничка кампања во 2016 година. За среќа за демократите, нивниот бунт е предводен од еден од најголемите политички кукавици во историјата (Сандерс).

Сандерс, во интервју од декември 2014 година за Њу Јорк Магазин, рече дека тој нема да се трка како независен и „политички профитер“ како што направи Ралф Недер.

На страна фактот што кандидатурата на Недер немаше никаква поврзаност со изборните резултати во Флорида, одбивањето на Сандерс да го земе предвид единствениот токен којшто можеше да го продаде за реална политичка моќ пред неговата кандидатура дури да отпочне, ви кажува сѐ што треба да знаете за него.

Се разбира, работите сега се различни. Сандерс има многу политичка поддршка на терен и може да извои неколку победи во првите прелиминарни држави. Поддршката на Клинтон изгледа пресилна за да тој направи пробив, но времето ќе покаже.

Можно е Сандерс да освои мнозинство од прелиминарните гласови. Но, тој сепак нема да биде демократскиот кандидат. Демократската партија никогаш нема да го дозволи тоа.

Гледате, демократската национална конвенција, каде што демократскиот кандидат ќе биде одлучен, нема обврска да распределува делегати за победниците од прелиминарните држави. Всушност, правилата дури не одредуваат дека прелиминарните резултати ќе бидат земени предвид кога се одлучува за кандидатот.

Вие може се сеќавате на ова од последниот пат кога Клинтон се натпреваруваше за претседател во 2008 година. Клинтонови кренаа галама за дуел борба за да му ја одземе номинацијата на непознатиот Барак Обама, кој имаше мнозинство од делегати.

Тимот на Клинтон истакна за мас-медиумите преку про-Клинтовите канали дека иако Обама освои повеќе прелиминарни гласови, тоа навистина не е важно на крајот. Хилари Клинтон сѐ уште можеше да биде номинирана без да победи.

Клинтон се одлучи против таа дуел борба. Обама продолжи како демократски кандидат за да стане претседател.

Оваа година, водството на Клинтон со суперделегати е веќе непоразливо. Сандерс нема шанси.

Имајте уживање кога ќе гласате за Клинтон за единаесет месеци, следбеници на Берни.

Извор

berniebuzz-510x340

Берни Сандерс не е пријател на работничката класа

Трката на Берни Сандерс за демократски кандидат собра голем интерес од либералното крило на демократската партија. Членовите на групата кои се против Клинтон и кои готово признаваат дека тие сепак ќе гласаат за неа кога ќе дојдат генералните избори, очајно бараат алтернатива. Баш како во 2008 година кога соперник се појави од нејзината наводна левица. Тогаш тоа беше младиот сенатор од Илиноис, Барак Обама. Овојпат тоа е независниот сенатор од Вермонт, Берни Сандерс.

Иако е тешко да се сетиме сега дека ние сме седум години под неолибералната и неоконзервативна администрација на Обама, во прелиминарната битка меѓу Клинтон и Обама изгледаше дека има реална разлика меѓу двата кандидати. Додека Клинтон беше остаток од минатото, Обама беше иднината. Додека делувањето на Клинтон во Сенатот неповратно ја поврза за војните и политиките на администрацијата на Буш, малото делување на Обама во Сенатот и неговите страстни но сепак празни говори за време на кампањата ветија нов начин кон иднината. Надеж. Промена.

Не треба објаснување каква маскарада беше кампањата на Обама во 2008 година. Од помагањето на пропаднатите банки и неоправданото домашно прислушкување и следење до продолжување на војните во Авганистан и Ирак и екстра-државничките убиства, мноштво од најштетните политики на Буш беа продолжени и во многу случаи проширени под администрацијата на Обама. На пример, Обама веднаш го прекрши своето ветување дека ќе го затвори Гвантанамо.

Сепак, после седум долги години на нивното сѐ повеќе акробатско апологетство на Обама и премногу бавното сфаќање дека тие беа измамени што поддржија претседател кој е мошне десничар налик милиот светец Роналд Реган, членовите на либералното крило на демократската партија сакаат и се спремни уште еднаш да ја дадат својата поддршка за да потоа неминовно се разочарат.

Не се работи тука за тоа дека Берни Сандерс е десничар колку Барак Обама по однос на домашните прашања. Сандерс се поистоветуваше како демократски социјалист за време на поголемиот дел од својата политичка кариера и неговата реторика по однос на домашната стопанска политика е неверојатно доследна. Тој не е радикален или барем тој не би бил во нормално општество. Сандерс го отелотворува и илустрира традиционалното залагање на демократите да бидат незначително поприлагодливи за интересите на работничката класа под капитализмот, додека сѐ уште го задржуваат основното економско статус кво.

За илустративен пример на недостиг од радикална политика кај Сандерс, земете ја неговата страница на социјалната мрежа пред неколку недели којашто го фалеше Фејсбук затоа што ги плаќал своите вработени основна наемнина од 15 долари од час. Се разбира дека е подобро компанијата да ги плаќа своите работници 15 долари од час отколку да речеме 10 долари од час, сепак тука не се работи за вид на компанија како Фејсбук којашто кој било самодеклариран член на левицата во американската политика би требало да агитира за нејзино фалење. После сѐ, ова е компанија којашто пред неколку години беше засрамета до степен што се повлече од контролирање над човековите права на идентитет со слика на новородените деца.

„Добро“, би рекле вие, „јас може да увидам дека Берни можеби морал да ги приспособи дел од својата реторика и политики на стварноста на американскиот капитализам. Но, тој сѐ уште е наклонет кон работничката класа! Зарем не ги слушнавте неговите говори? Овојпат нема да биде како Обама, се колнам! Тој ќе биде различен!“

Жал ми е што ќе ја разбијам вашата заблуда, но Берни Сандерс не е пријател на работничката класа, во Америка или светот. Никако не е можно да бидеш пријател на работничката класа ако ја поддржуваш воената машина на Вашингтон и системот на западниот империјализам. А Берни Сандерс докажа, одново и одново, дека тој е пријател на тие кои доминираат, а не на доминираните, и пријател на тие кои убиваат, а не на нивните жртви.

Берни беше гласен поддржувач на американскиот воен авантуризам за долг период од неговата кариера како конгресмен. Кога и да станувало збор за војни коишто треба да се војуваат, Берни на крајот гласа во нивен прилог и помага да се олесни нивното водење. Можеби тој гледа на тоа како американска програма за вработување што ќе ги испраќа бесперспективните млади Американци ширум светот да убиваат слично бесперспективни луѓе кои биле толку несреќни што се родиле во погрешна земја. Можеби едноставно не му е грижа за сиромашните во другите земји. Кој знае. Она што е сигурно, сепак, е дека независниот сенатор од Вермонт Берни Сандерс сака војна колку и неговите демократски и републикански противници.

Кога стварноста на лигавото левичарење и неоконзервативната надворешна политика на Сандерс на крајот ги има во вид американскиот либерал, рефренот ќе содржи вакви стихови:

„Па, тоа е он или Хилари“

„Каква алтернатива ти би избрал?“

„Тешко е да бидеш идеолошки чист и политички успешен“

Сите овие се бесмислени аргументи. Всушност, тие се антитезата на аргументите кои ги користат сојузниците на Сандерс да го поддржат неговиот обид да биде номиниран за демократски претседателски кандидат. Скоро секоја седмица, се објавува статија која покажува метафорички прст кон песимистите на Сандерс кои ја негираат можноста да Берни стане демократски кандидат. „Ако ти се залагаш за тоа и излезеш и гласаш“, велат тие, „тогаш Берни ќе ја победи Хилари и ќе ја добие номинацијата!“

Еве реална алтернатива: најди кандидат кој стварно ја претставува левицата и излези и гласај за него или неа на генералните избори. Поддршката за Берни Сандерс само ќе води кон повеќе разочарување без разлика на она што ќе се случи на прелиминарната борба и генералните избори.

Не кажувајте дека не ве предупредив.

Извор

971777_468337716594765_1510193267_n

Зошто следниот претседател на Америка нема да биде социјалист

Со најпоследните анкети кои покажуваат дека демократскиот претседателски кандидат на С.А.Д. Берни Сандерс води пред соперничката Хилари Клинтон само неколку седмици пред првите две прелиминарни избори во Ајова и Њу Хампшир, многу Американци се жалат од реалната можност да имаат социјалистички претседател во Белата Куќа. Но, дури ако Сандерс победи на изборите, Соединетите Американски Избори нема да имаат социјалистички претседател. Зошто не? Бидејќи Сандерс не е социјалист.

Сандерс често изјавуваше дека тој е „демократски социјалист“ а во ноември тој го дефинираше тој термин за американскиот народ. Кратко после тоа, Форбс Магазин објави статија којашто тврдеше: „Она за што тој зборува, што и да е тоа, тоа не е социјализам од кој било вид или форма.“ И, за првпат, Форбс беше во право. Сандерс не е социјалист во која било форма или вид. Барем не според содржината на неговите јавни изјави и кампањската платформа. Но, ако Сандерс не е социјалист, тогаш што е тој? Тој е социјалдемократ, што е радикално различно од тоа да бидеш демократски социјалист.

Вистина е дека Сандерс се залага против богаташките елити кои ја доминираат економијата преку зголемување на даноците, затворање на даночните дупки и поставување даночни оази надвор од границите додека во исто време сака да ја удвои минималната надница за да им помогне на ниско-платените работници. И точно е дека тој предлага исто така да се распредели тоа богатство во форма на финансирање на општо здравство, бесплатни универзитети и многу потребните инфраструктурни проекти. Но, ништо од ова не претставува социјализам.

Владините политики коишто го прераспределуваат богатството создадено од приватниот сектор во форма на социјални програми претставуваат социјалдемократија, којашто сепак е капитализам. Темелниот столб на капитализмот е правото на приватна сопственост, што значи право да се основа приватен бизнис или корпорација и да се произведува за пазарот за да се реализираат профити. Социјалдемократијата не го загрозува овој принцип на приватната сопственост, туку го остава темелниот столб на капитализмот нетангиран и само бара да прераспредели дел од богатството создадено од приватниот сектор. Накратко, тоа е регулиран капитализам.

Во потполна разлика, во услови на социјализам, не постои приватен сектор. Ова е поради тоа што не постои право на приватна сопственост. Карл Маркс аргументирал дека правото на приватна сопственост осигурува дека едно мало привилегирано малцинство ќе ја доминира економијата и дека економијата неминовно би им служела на интересите на тоа мало малцинство отколку да осигурува благосостојба на сите. Марксовиот повик да се укине приватната сопственост не се однесуваше на личната сопственост или лични работи, туку на забрана за поединец да поседува бизнис заради негова или нејзина лична добивка додека сведувањето на работниците на ништо повеќе од буквални (наемни) робови присилени да работат под авторитарен корпорациски поредок.

Во услови на социјализам, работниците – преовладувачкото мнозинство на граѓани – сите тие би имале значаен демократски глас за тоа како нивните работни места функционираат. Со други зборови, демократијата би постоела и во економските и во политичките сфери на општеството отколку само во политичката сфера, што е стварноста во услови на капитализам. Покрај тоа, во услови на демократска контрола, стопанството веројатно би било управувано на начин што осигурува дека основните потреби на секој граѓанин се задоволени отколку да ги става во првенство создавањето на профит за едно мало малцинство.

Ова е зошто Советскиот Сојуз не беше социјалистички, ниту пак ја рефлектираше филозофијата на Маркс на кој било важен начин. Тоа претставуваше некоја форма на авторитарен државен капитализам во којшто една група на елити кои ја контролираат економијата (капиталистичките елити) се заменети со друга група на елити кои ја контролираат економијата (политички елити). И во двата системи, работниците практично се сведени на работници кои им служат на интересите на елитите. За споредба, во „демократскиот социјализам“, работниците би имале значаен демократски глас во економската сфера на нивните животи. Ова не е случај со „социјалдемократијата“, каде што власта и привилегиите на капиталистичките елити остануваат цврсто сигурни, а работниците остануваат обезвластени и отуѓени како наемни работници.

Описот на демократскиот социјализам даден од Сандерс поблиску ја рефлектира социјалдемократијата којашто беше уважувана во Соединетите Американски Држави под про-кејнзијанистичкиот Нов договор на претседателот Франклин Делано Рузвелт отколку било што поддржано од Маркс. На пример, како што Сандерс изјави: „Демократскиот социјализам значи дека во едно демократско, цивилизирано општество најбогатите луѓе и најголемите корпорации мора да го плаќаат својот правичен дел од даноците“. Всушност, во демократски социјализам тие приватни корпорации не би постоеле. Тие би биле експроприрани во рацете на работниците за да ги управуваат или како работнички задруги или како работнички претпријатија управувани заедно со државата. И во двата случаи работниците би имале демократски глас на работното место, којшто не само што би го распределувал создаденото богатство на поправичен начин туку и би ја распределувал моќта.

Покрај тоа, според Сандерс: „Демократскиот социјализам, за мене, значи дека ние мора да создаваме гласна демократија заснована на принципот на еден граѓанин еден глас.“ Но, едно такво тесноградо гледиште на демократијата којашто постои само во политичката сфера исто така не би постоела во демократски социјализам. „Демократскиот“ составен дел од „демократскиот социјализам“ се однесува и на политичките и на економските сфери на општеството. Како што претходно спомнав, работниците би имале значаен демократски глас во сите погледи на своите животи – нивната влада и нивното работно место.

Постои мало сомневање дека социјалдемократските политики застапувани од Сандерс ќе распределат одредено богатство кое ќе им користи на посиромашните Американци, но тие исто така ќе го остават капитализмот нетангиран. И од своето раѓање, капитализмот имал потреба од империјалистички светски поредок којшто ќе осигури дека корпорациите од богатите нации ќе може да ги експлоатираат природните ресурси на Третиот свет за да го осигурат нашиот „развој“ на сметка на мнозинството од светското население. Од геноцидот на домородните народи во двете Америки до поробувањето на повеќе од 12 милиони Африканци до империјалистичките војни ширум Третиот свет до таканаречената војна против тероризмот ние користевме насилство за да дојдеме до ресурсите на други народи за да ги осигуриме нашите привилегирани начини на живеење.

Таа експлоатација – и империјализам – продолжува денес под неолибералната глобализација, којашто беше предводена од Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и Светската трговска организација и преку регионалните и билатералните слободни трговски спогодби. Дури за време на послевоената кејнзијанистичка доба, глобалната нееднаквост порасна, нападот на капитализмот против природата продолжи и секој народ што се дрзна да ја предизвика хегемонијата на капитализмот беше скршен безмилосно од страна на Соединетите Американски Држави. Само помислете на Иран, Гватемала, Индонезија, Виетнам, Чиле, Аргентина, Никарагва и Ел Салвадор, да не ги споменувам безбројните агресии против Куба.

Но, додека Сандерс никако не е социјалист, кејнзијанистичките политики коишто тој ги застапува се далеку најпрогресивните коишто биле изнесени од сериозен претседателски кандидат за време од многу децении. Покрај тоа, неговата кампања го извлече зборот „социјализам“ од кантата за смет, го реновира и поттикна здрава дебата и за капитализмот и за социјализмот во Соединетите Американски Држави. Можеби најважно, повеќе од една деценија во раниот 21 век, изгледа дека ние конечно почнуваме да препознаваме дека Советскиот Сојуз не беше правилна претстава за социјализам.

Политичките предлози на Сандерс претставуваат добредојден и долго време задоцнет предизвик за десничарската неолиберална реторика и политичка агенда коишто ја преовладуваа политиката на Соединетите Американски Држави од почетокот на годините на владеење на Реган. Но, не само што политиките на Сандерс не се социјалистички, тие всушност поставуваат закана за социјализмот. Ако биде избран, политиките на Сандерс веројатно би го ублажиле капиталистичкиот систем и дома и во светот, но тие би ги оставиле нетангирани темелните светски неправди неразделни од капиталистичкиот систем. И кога тие капиталистички политики спроведени од самоизјаснет социјалист на крајот ќе пропаднат да одговорат на овие светски неправди на било каков битен начин, единствено социјализмот ќе биде дискредитиран.

На крајот, не само што темелните нееднаквости во власта и богатството коишто се неразделни од капитализмот ќе останат нетангирани на светско ниво, тие ќе продолжат и во Соединетите Американски Држави. После сѐ, под претседателот Сандерс, корпорациските елити на Америка сѐ уште ќе живеат раскошно од стотици милионските доходи годишно наместо од милијарди долари. Во меѓувреме, работник со полно работно време кој ја заработува минималната надница предложена од Сандерс ќе мора да преживува со 30 000 долари годишно и ќе остане обезвластен и отуѓен на своето работно место. Таква нееднаквост во богатство и власт не претставува демократски социјализам според која било дефиниција на тој термин. Па се разбира, да го избереме Сандерс, но да гласаме за него како капиталист каков што и е: социјалдемократ.

Извор

shutterstock_342185006

ЗАКЛУЧОК: Левицата е во катастрофа од кога било порано!

За жал, десницата денес секаде низ светот триумфира, барем нејзината идеологија (која ја делат и „радикалните левичари“ на СИРИЗА), макар што на пример, во Венецуела на власт се „демократските социјалисти“ на Мадуро, неговата влада мака мачи да се справи со црните пазари и штом веќе се создадени материјалните услови за политичкото враќање на буржоазијата на власт, готово е со проектот Социјализам на 21 век. (Што и се потврди на 6-7 декември: Голем пораз за Мадуро на парламентарните избори макар што Мадуро уште е претседател (тоа е доказ дека работничката класа е поразена а не Мадуро кој како професионален политичар ќе продолжи да си зема претседателска плата имуна на инфлацијата). Националното собрание се преобрати кај капиталистичката опозиција, 99 спрема 44. Мадуро ќе остане претседател до 2019, но капиталистите ќе ја имаат контролата во Националното собрание. Моето предвидување за овој пораз на социјалистичкото движење се потврди за веродостојно. Владата на Мадуро не го искористи своето време на владеење за создавање на материјални услови кои ќе го спречат капиталистичкиот начин на производство, а со тоа и политичкото владеење на капиталистичката класа, да му бидат на некого воопшто потребни.)

Ист е случајот со Берни Сандерс, дури да стане идниот претседател на С.А.Д., дури да му успее создавањето на моќно народно политичко движење кое ќе стои зад неговите радикални социјалдемократски палијативи за болестите на капитализмот а ако кризите на цени произлегуваат од самото нараснување на физичко производство, од самите производствени сили на системот, тогаш овие радикални социјалдемократски лекови се навистина палијативи и мора да бидат палијативи.

Проблемите со невработеноста, наемното ропство, платежната нееднаквост меѓу жените и мажите од иста професија не се апстрактни поими и цели туку егзистенцијални проблеми кои го дефинираат самото нивно битисување како луѓе. Таков е случајот и со културата на американската работничка класа (и нејзините деца, се разбира), наместо да се стреми да го укине наемното ропство, таа се стреми да има што повисоки надници за да би можела да конзумира уште повеќе но во заблуда е бидејќи кризата од 2007 год. нема карактер на недоволна потрошувачка. Оваа сила да бара американската работничка класа зголемување на нејзините надници како би конзумирала што повеќе ја црпи од недоволната платеност на работничката класа од т.н. Трет свет, кога ќе се исцрпат ресурсите на труд во Кина, Индија и другиве, тогаш ситуацијата ќе се промени и во Америка и борбата нема да биде да се повишат надниците туку да се спаси прагот или дури да се спаси што може од стандардот уживан дотогаш на сметка на мизерните плати на работничката класа од Третиот свет. И пак ќе дојдеме до реафирмација на заклучокот на Евреинот Маркс дека битието (економијата) ја дефинира свеста (на работникот). Евреинот Сандерс очигледно за жал може да полемизира само во овие материјалистички дефинирани рамки на класна борба!

„Американскиот сон“ изгледа непобедлива идеологија. Луѓето во С.А.Д. и Западна Европа до одредено ниво се свесни за експлоатациските односи меѓу работникот и капиталистот па поради овој однос бараат да го избегнат статусот на наемен работник, односно да го остварат својот „американски сон“ и да станат „свои газди“ преку самовработување. Америка и Западна Европа нудат големи можности за самовработување преку заеми за работничката класа. Имајќи ја предвид оваа можност за раскин со експлоатираната странка во капиталистичките односи, гледиштето на работникот за капитализмот се менува радикално во позитивно светло. Се разбира, работничката класа не може едноставно да го раскине својот наемен статус и да почне да работи за себе. Еден таков потег би го срушил целиот капиталистички систем, но постојат будали како Никола Маринов Николов кои веруваат во оваа илузија дека тоа е можно и која илузија кај мнозинството Американци и западни Европјани останува да постои.

На Никола Маринов Николов, „заговорник“ против „најголемиот заговорник“ Ротшилд да му се распредели богатството меѓу сите граѓани како решение за неволјите од Ротшилдовите заговори, му одговорил уште самиот Ротшилд (индиректно се разбира зашто овој бил роден во 19 век) потсмевајќи му се за наивноста од решение кое го предлага Николов. Значи првата глава од книгата на која случајно наидов почнува вака: „Речено е за Ротшилд дека, сфаќајќи дека неговото богатство е под закана од револуцијата во 1848 година, маневрирал вака: „Јас сум сосема спремен да признаам дека моето богатство беше собрано на сметка на другите, но ако тоа биде утре поделено меѓу милиони Европјани, делот на секој би бил само еднаков на четири шилинзи. Сосема во ред, тогаш, јас сум спремен да му доделам на секој по четири шилинзи ако ми ги побараат.“ За разлика од Маркс, Николов е непознавач на историјата на развојот на капитализмот и затоа нуди глупо, идеалистичко решение за проблемот на концентрација на богатството. Тој сака цел историски развој на капитализмот да го врати назад, па наместо поопштествување на веќе централизираните средства за производство, тој предлага секој да биде засебен производител-сопственик на земја или алатки пренебрегнувајќи ја неминовноста од различните ренти на земјата според нејзината плодност, географската положба, итн. Тој е глуп ко ноќ за да види дека не само што нема да престане поново да се роди „Ротшилд“ туку ниту класната борба меѓу родените браќа нема да се спречи да се одвива! Како Маркс го побил наивното гледиште на Николов? „Ако сите членови на општеството треба да поседуваат еднакви делови од капиталот, никој нема да има мотив за акумулирање повеќе капитал отколку што може да го користи со свои раце. Ова до одреден степен е случај со новите американски колонии, каде страста за поседување земја го спречила постоењето на класа на надничари.“ Се‘ додека работникот може да акумулира за себе – и ова тој може да го прави се‘ додека тој останува имател на свои средства за производство – капиталистичката акумулација и капиталистичкиот начин на производство се невозможни. А за да постојат овие потребна е класата на надничари…“ (Капиталот, том први, глава 33 Современата теорија на колонизација)

Од друга страна, екстремната експлоатација во така наречените sweat shops во брзо растечките економии од третиот свет овозможува големи вишоци вредност кои им овозможуваат на американските влади и другите од Западна Европа да допуштат економска независност за работничката класа од првиот свет. Тоа е буквално поткупување на западната работничка класа! Оваа економска независност којашто капиталистичката класа ја експлоатира во првиот свет не е можна во третиот свет. Наместо тоа, работниците од третиот свет го добиваат најлошото: насилството кое некогаш било применувано врз западната работничка класа во раниот 20-ти век.

Заблудата за спас од сиромаштијата со статус на „свој газда“ не постои во третиот свет. Очебијната сиромаштија, болестите за кои постојат третмани а се скапи за да бидат приуштиви, високите стапки на криминал, сето ова ја спречува заблудата па затоа работниците ги напуштаат своите земји и имигрираат на Запад. Одбивањето на американската и западно-европската работничка класа да се борат против капитализмот го продолжува страдањето на работничката класа од третиот свет. Тие не се сојузници на работниците од земјите во третиот свет. Меѓу нив постои класен судир бидејќи бенефициите за едната работничка класа значи осиромашување за другата работничка класа. Ние уште сме далеку од добата во која историјата повикува за промени! Коренитите транформации на геополитички, идеолошки, социјален план за кои зборува д-р Стојанов Трајче се НЕВОЗМОЖНИ во С.А.Д. и Западна Европа, и дури во посиромашниот дел од Европа како гледаме во случајот со Ципрасова Грција. Ситуацијата се искомплицирува кога во комбинацијата на лекови против капитализмот, покрај материјалните услови за револуција, недостасува програмска алтернатива на капитализмот бидејќи без тоа практичните борби секогаш се покажувале како импотентни, колку-годе сака нека левицата ни биде „отворена, умна, либерална, но и јасно идеолошки профилирана“. Отколку „мора да ја донесе транформацијата“ поточно е да се рече дали нејзината „историска самосвест“ може да ја донесе „радикалната општествена транформација“ поради идеолошката мантра на погрешно (неправедно) распределените пари во државата, во чија стапица запаѓа самата идеја за „радикална општествена транформација“, бидејќи едноставно пари нема!!

Мара

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s