Јапонија попрво во комунизам отколку Венецуела, Сиризина Грција, Кастрова Куба, Северна Кореја, НР Кина и др. земени заедно

u9c3AokУлогата на општото знаење и бирократијата се одамна кризирани и сега примарен ресурс за епохални промени е специјализираното знаење а тоа јапонските политичари го знаат и признаваат. Општото знаење треба и го отстапува местото на специјализираните знаења кои може да се докажат на дело како знаење со конкретни резултати, знаење да се користи знаење а не за знаење од општ карактер за какво се залагаат нвоистите за да лапаат хонорари. Не треба да се глорификува улогата на знаењето во областа на општествените науки затоа што може многу лесно да се западне во нова религија. Јапонците го сфатиле тоа очигледно, сфатиле дека човечкото општество е многу сложена творба, бидејќи тоа не е резултат ниту на еден поединечен ум туку е резултат на слободните напори на милиони индивидуи. Општествените т.н. науки секогаш имаат тенденција да го менуваат и управуваат општеството според своите шеми на знаења и затоа се уништувачи на тоа општество.

Наводните приврзаници на марксизмот се негови најголеми противници: На 17-ти ноември 2011 година во просториите на ГЕМ Клубот беше промовирано 32-от број на списанието „Филозофија“. Без многу филозофирања, на промоцијата се појавија истите „филозофи“ кои во периодот 1980-1990 доведоа до неоснована компромитација на марксизмот (Маркс-Енгелс), а сега му кадеа на тој марксизам. И во двата случаи се остваруваше Марксовото „филозофијата и изучувањето на предметниот свет се однесуваат едно спрема друго како онанијата и половата љубов“. Присутни беа Ѓунер Исмаил, Љубомир Цуцуловски, Мирко Ѓошевски, Јасна Котеска и видни бизнисмени кои од компромитацијата на марксизмот излегоа како успешни професори и деловни луѓе а денеска пак му кадат. Мораме да се запрашаме дали од ова кадење нема да излезе некоја повторна компромитација.

Основно учење на марксизмот е за класната борба и во врска со укинување на класите и укинување на старата општествена поделба на труд. Да појасниме со Марксови зборови „Како што буржоазијата доведе до афирмација на слободното творештво со укинување на сите сталешки привилегии исто така и укинување на старата општествена поделба на труд доведува до укинување на разни професии“. Ова требаше да го увидат службените „марксисти“ уште додека траеше квазисоцијализмот и да се укинат самите себе. Наместо тоа, тие доведоа до отфрлање на марксизмот од системот на науки. Молчеа тогаш, молчат и денес кога во цел свет се гледа дека на капитализмот не му оди иако нема организиран противник.

„Поборниците“ на марксизмот оставаат на диктаторската Влада која постои наспроти сите марксистички постулати, да таа го „остварува“ марксистичкото „укинување на разликата меѓу интелектуалниот и физичкиот труд“. (Како овие интелектуалците не сфаќаат дека за физичкиот труд е потребен повеќе интелект отколку за нивниот „интелектуален“?!) Владата го одби барањето за финансиска поддршка на списанието „Филозофија“ и неговите уредници-филозофи што е делумно во согласност со напред наведениот марксистички постулат. Навистина чудна работа! Оние кои го исфрлија марксизмот од системот на науки практично ги спроведуваат неговите постулати. Eppur si muove! Ако продолжат вака, владата ќе стигне во комунизам порано отколку „марксистите-филозофи“.

25751_1374721498947_1559120306_30940427_5597678_n

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s