Уапсен извршниот директор што ја покачи цената на витален лек за сида

12345516_529325970560691_5949479561853260790_n

Мартин Шкрели (32), озлогласениот фармаколошки извршен директор кој шпекулираше со цената на витален лек за СИДА, е уапсен од федералната полиција после истрага во неговиот поранешен инвестициски фонд т.н. хеџ фонд и фармаколошката компанија Тјуринг чиј поранешен извршен директор бил тој.

Во септември 2015 година американската фармаколошка компанија Тјуринг ја покачи цената на дарапримот, медикамент користен од пациентите заболени од СИДА, за 5000%.

Медикаментот, којшто чинеше 1 долар од доза за да се направи истиот, порасна од 13.50 долари од доза до 750 долари откако фармаколошката компанија Тјуринг ги купи правата над медикаментот во август истата година.

Извршниот директор на Тјуринг Мартин Шкрели ја бранеше одлуката велејќи дека производствената цена на медикаментот од 1 долар не одговара на пласманот и распределбата.

Лекарствата не треба да имаат пазарни цени! Ниту пак тие треба да бидат патентирани! Произведувањето, тестирањето и снабдувањето на витални или дури само помагачки лекарства треба да бидат за беспари, за јавна корист!

Повишувањата на цените на лекарства не се нова појава. И навистина фармаколошката индустрија е синоним за скандалозно однесување со натпреварувањата за патент и судски парници, угнетувањето на „непрофитабилното“ истражување, плафонските пазарни цени и лобирањето кај (или откупувањето на) здравствени институции и професии за да се фаворизира одреден лек.

Според Организацијата за економска соработка и развој, 70% од научното истражување (не само медицинско) е приватно поседувано, со 20% финансирани од универзитети и само 10% од владите. Во 2011 година, 60% од финансирањето за истражување во врска со канцерот спроведувано во Националниот истражувачки онколошки институт во Велика Британија дошло од добротворни извори, отколку да биде финансирано од страна на државата – и ова не го вбројува приватното истражување! Ние сме далеку од тоа да имаме јавно финансирано, одговорно, здравствено истражување коешто ќе им служи на сите граѓани.

Фармаколошките компании прават огромни профити. Според Светската здравствена организација, глобалната фармаколошка индустрија вреди 300 милијарди долари годишно, за чија вредност се очекува да порасне до 400 милијарди долари во рок од три години. Во Соединетите Американски Држави од 1998 до 2014, врвните пет фармаколошки компании потрошиле близу 2.9 милијарди долари за политичко лобирање – повеќе од која било друга индустрија. Оваа индустрија исто така раздала повеќе од 15 милиони долари во политички кампањи од 2013-14.

Фармаколошките компании треба да бидат поопштествени (заедно со сите други средства за производство вклучително и сиот земјен посед!) и да бидат управувани за јавен интерес и под демократска контрола од страна на нивните работници и научници.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s