Марихуаната не лекува рак, го предизвикува

quotescover-JPG-93

Канабиноидите наспроти канцерот: суеверје наспроти наука

Првиот проблем на којшто некој наидува кога ги испитува доказите во однос на ефектот на канабиноидите врз канцерот е тоа што огромното мнозинство на истражувања рекламирани од бранителите кои тврдат дека „канабисот лекува канцер“ се или in vitro или истражувања врз животни. In vitro  и истражувањата врз животни се она што во професијата ние го нарекуваме „предклинички податоци“, што значи дека податоците се добиени пред да се направи обид за третман во клиника. Како што Американското друштво за канцерогени болести го опиша тоа:

„Понеодамна, научниците известија дека тетрахидроканабилот (ТХК) и другите канабиноиди како што е канабидиолот (КБД) го забавуваат растот и/или предизвикуваат смрт за одредени видови на канцерогени клетки кои растат во лабораториските чинии. Одредени истражувања врз животни исто така сугерираат дека одредени канабиноиди може да го забавуваат растот и да го намалат ширењето на одредени форми на канцер. Сепак, овие супстанции не биле тестирани кај луѓе за да се открие дали тие може да го снижат ризикот од канцер. Нема на располагање научни докази од контролирани истражувањa кај луѓе дека канабиноидите може да лечат или да третираат канцер.“

Лицето по име Арџун Валија кое ги собрало на едно место 20 медицински истражувања коишто докажуваат дека канабисот може да лекува канцер – претпоставувам – сакало да ги даде најдобрите докази кои може да се најдат, особено со оглед на забелешката дека „ова е краток список“. Ќе ја поделам мојата дискусија во типови на тумори, на начинот на којшто списокот тоа го прави. Прво, вие мора да разберете дека канабидиолот (КБД), еден од канабиноидите најдени во марихуаната, има особено ветувачки углед бидејќи не ги произведува истите психотропични ефекти како Δ9-тетрахидроканабинолот (ТХК), правејќи го особено привлечен за развивање третмани чии несакани последици не вклучуваат постојано „пијанство“.

Канцер на мозокот или глиома (вид на тумор кој започнува во мозокот или ‘рбетот. Наречен е глиома бидејќи се појавува од глијалните клетки. Најчестото место на глиомите е мозокот. Глиомите сочинуваат околу 30% од сите мозочни и централно нервни тумори и 80% од сите малигни (смртоносни) мозочни тумори.) Првото нешто кое ми остави впечаток е дека еден од овие трудови нема никаква врска со канцер, конкретно оваа студија којашто сугерира дека канабиноидите би можеле да го заштитат мозокот од невродегенерација во новородени стаорци предизвикана од уабајин (отровен срцев гликозид или г-строфантин). Огромното мнозинство на други студии биле за популација од човечки клетки, како што е оваа којашто го истражува ефектот на канабидиолот, непсихоактивен канабиноид, врз популација од глиома клетки. Како онколог, забележав дека IC50 (мерка за ефективност на супстанција да спречува одредена биолошка или биохемиска функција) била 25 μM, што е малку повисока отколку што ние посакуваме за анти-канцерогена состојка. Јас не бев особено импресиониран, иако инјектирањето на канабидиолот во хиподермисот (масното ткиво) можело да го спречи растот на глиомски ксеноклетки имплантирани поткожно во голо глувче без градна жлезда, иако не се покажало одговор на дозата, а доза од 0.5 mg на глувче е сосема дарежлива доза (25 mg/kg за типично глувче од 20 g). Па, додека изгледа дека ефектот против клеточната популација на глиомата го поминал тестот, во најдобар случај тоа било со скромна оценка. Една друга студија, којашто ги комбинирала тетрахидроканабилот (ТХК) и темозоломидот, дала поимпресивни резултати, не за тетрахидроканабилот (ТХК), којшто дал во најдобар случај скромен ефект против туморот, туку за комбинацијата, којашто изгледала малку поветувачка. Се разбира, исто така мора да се истакне дека ова не е масло од канабис или пушење канабис, туку прочистена компонента на тетрахидроканабилот (ТХК). Дека ТХК би можел да биде корисен против глиомата не ни докажува дека маслото од канабис или пушењето на канабис ќе бидат корисни против глиомата ништо повеќе од фактот дека делувањето на дигоксинот односно дигиталисот против срцев удар ни докажува дека би било добра идеја да јадеме лисја од црвен напрсток/бутин (Digitalis lanata).

Во една студија, научниците одредиле дека би требало концентрација од канабиноиди од околу 10 µmol/L за да се предизвика изумирање на градни канцерогени клетки во вештачка средина (отстранување на клетки од животно или растение и нивно идно растење во поволна вештачка средина). Ова се претвора до околу 3.14mg/L тетрахидроканабилот (ТХК). Според тоа, мора да се претпостави дека за да убиете било какви градни канцерогени клетки, би ви требало барем ниво во крвта од 3.14 mg/L за да постигнете изумирање на градните канцерогени клетки. Па, колку близу од ова ниво од 3.14 mg/L може да добиеме пушејќи само еден или два џојнта? Според истражувањето, пушењето еден џојнт ќе ви даде ниво на тетрахидроканабил (ТХК) во крвта од околу 1.3-6.4 ng/mL серум, или околу .00013-.00064 mg/L. Со други зборови, за да добиете ефект против канцер, треба да испушите околу 1000 џојнта дневно.

Вредностите на IC50 (мерка за ефективност на супстанција да спречува одредена биолошка или биохемиска функција) во овие студии биле повисоки од 10 μM.

На крајот, имаше една студија врз човек во списокот на трудови за глиома. Во основа, ова било обид во прва фаза којшто тестирал метод на примена на тетрахидроканабилот (ТХК). Ова било исто така некоја чудна наука така што кај девет пациенти со повторена глиома нивните тумори биле повторно оперирани, но било оставено катетар во празнината после операцијата, а тогаш:

„Секој ден примерок од тетрахидроканабилен раствор (100 mg ml−1 во етанол) беше растворуван во 30 ml физиолошки солен раствор дополнет со 0.5% (w v−1) човечки серум албумин, а произлезениот раствор беше филтриран и пренесен во непроѕирен шприц. Овој процес беше изведен во Одделот за фармакологија на Универзитетската болница во Канариас. Поради високата хидрофобија на тетрахидроканабилот (ТХК), со гасна хроматографија/масена спектрометрија ние ја контролиравме постоечката концентрација на тетрахидроканабилот (ТХК) во финалниот раствор. Растворот од тетрахидроканабил (ТХК) беше применет на пациенти во различни временски периоди почнувајќи со 3 до 6 дена после хируршкиот зафат при норма од 0.3 ml min−1 со медицинска пумпа поврзана со поткожниот резервоар. Во случајот на пациентите 1 и 2, кои примаа тетрахидроканабил во текот на 30 (за првиот пациент) и 26 дена (за вториот пациент), после третманскиот период со тетрахидроканабилот беа исто така извршени биопсии и беа евалуирани различни параметри на тумороидни клетки.“

Како што може да видите, ова е многу различно од пушењето марихуана или конзумирањето масло од канабис. Тоа вклучува непосредно инфузирање на раствор од тетрахидроканабил со висока концентрација директно во мозочната празнина каде што се наоѓал туморот со надеж дека ќе ги убие преостанатите тумороидни клетки кои ја опкружуваат празнината. Има објаснување зошто директното инјектирање во туморот на било каков медикамент е генерално неодобрувано, а тоа е бидејќи е инвазивно/болно и ретко делува. Покрај тоа, генерално никој не се занимава со инфузија на некој медикамент во туморот освен ако бара многу висока концентрација за да делува. Среднорочниот опстанок бил 24 седмици, а два пациенти преживеале околу една година. Авторите се обидуваат да аргументираат дека ова е подобро отколку што би се очекувало врз основа на други студии и контроли, и тврделе дека некои пациенти реагирале позитивно. Меѓутоа, јас не гледам убедувачки доказ за ова во студијата, а со група од девет пациенти, сепак, е проклето тешко да се заклучи ова. Овие резултати би можело да бидат конзистентни со ефект против туморот, но исто толку лесно би можело да бидат конзистентни со неделотворност. Полошо, ова не било конзумирање, пушење или инјектирање на канабиноиди. Студијата вклучила примена на катетари коишто стрчеле од главите на пациентите и примена на тетрахидроканабил којшто бил инфузиран директно во мозокот.

Канцер на гради. Јас сум хирург за канцер на гради според тоа би требало да се поразам овде. Има наброено четири студии на канцер на гради. Првата студија ја испитува активноста на канабидиолот (КБД) против популација на канцерогени градни клетки кај глувче наречена 4T1 (уште една популација на клетки со којашто сум многу добро запознаен, сум ја користел во мојата лабораторија и бидејќи тоа е популација на клетки развиена од страна на сега пензиониран истражувач кого го знам лично), и против популација на канцерогени градни клетки наречена MDA-MB-231 (со којашто сум повеќе запознаен отколку што би сакал да бидам). Во основа, студијата покажала скромен ефект против овие две популации на канцерогени клетки in vitro и во примероци на глувчиња со користење на 1 mg/kg и 5 mg/kg канабидиол (КБД). Втората студија испитувала пет различни канабиноиди и открила дека канабидиолот бил најпотентниот спречител на раст на градни канцерогени клетки in vitro (IC50 помеѓу 6.0 и 10.5 μM) и дека канабидиолот и „маслото збогатено со канабидиол“ можеле да го спречат растот на тумороидните ксенотрансплантирани клетки MDA-MB-231. Во оваа студија, ефектите на тетрахидроканабилот врз растот на канцерогени клетки биле слаби (IC50 помеѓу 14.2 и над 25 μM, во зависност од популацијата на клетки). Третата студија покажала слични резултати за популации на тумороидни клетки HER2/neu(+) користејќи тетрахидроканабил и специфични синтетички активатори на канабиноидните рецептори CB1 и CB2 (Win55,212-2 и JWH-015, коишто ги активираат CB1 и CB2, соодветно) освен што тетрахидроканабилот не бил така слаб. Четвртата студија воопшто не ги испитувала канабиноидите на марихуаната, туку поточно ендогениот канабиноиден анандамид, со слични резултати.

Канцер на бели дробови. Следната група на три студии го испитуваат канцерот на бели дробови. Првата студија користела популација на клетки со којашто јас сум сосема запознаен, белодробни канцерогени клетки A549, користејќи и популација на клетки и ксенотрансплантирани клетки на глувче. Морам да кажам дека бев неверојатно рамнодушен за нивото на ефектот, барем во in vitro студиите, кои исто така барале сосема високи концентрации (15 μM) на тетрахидроканабил. Во примерок на белодробни метастази инјектирани во вена на глувчешка опашка, 5 mg/kg тетрахидроканабил намалиле метастази до 50%, што не е лошо, а во едноставен ксенотрансплантиран модел резултирало со 50%-тно одложување на растот на тумори, што исто така не е лошо. Следната студија добила слични резултати кога го тестирала канабидиолот против популации на белодробни канцерогени клетки и тумороидни клетки од пациент во вештачка средина и примероци на глувче. Третата студија покажала дека стимулацијата на канабиноидните рецептори (CB1 и CB2) со синтетички активатори, Win55,212-2 и JWH-015, коишто ги активираат CB1 и CB2, соодветно, го спречила растот и нападот на белодробни канцерогени клетки A549 in vitro и нивниот раст и метастази во примероци на глувче.

Скоро сите овие студии испитуваат прочистени канабиноиди, обично или тетрахидроканабил или канабидиол, но понекогаш ендогениот канабиноиден анандамид (којшто дури не се наоѓа во марихуаната), како со студијата за канцерот на гради горе и оваа студија за канцер на простата. Некои користат синтетички активатори, како што се горните студии за канцер на гради и бели дробови, или оваа студија на не-Хоџкинсова лимфома којашто тестирала R(+)-метаанандамид покрај Win55,212-2, или оваа студија на не-Хоџкинсова лимфома, којашто исто така користела R(+)-метаанандамид. Со исклучок на студијата за глиома, сите биле предклинички студии кои испитувале примероци на популации од канцерогени клетки и примероци на глувци. Една од нив е критичка статија. Една, како што истакнав горе, нема никаква врска со канцер, и мислам дека авторот ја вклучил за да го заокружи својот список на студии на 20.

За жал, тоа е високо интелектуално нечесен список на студии ако целта е да се даде доказ дека „канабисот“ (самото растение или екстракти од растението) може да лекува канцер. За жал, ова не е првпат Арџун Валија да конструира еден таков список. Во 2013 година, Лиз Диц го искара за конструирање на слично интелектуално нечесен список на студии коишто „покажуваат дека вакцините предизвикуваат аутизам“. Во 2013 година, Валија сѐ уште цитираше некои високо дискредитирани студии, како што се студиите од Марк и Дејвид Гајер.

Покрај интелектуалната нечесност во претставувањето на овој список на студии како доказ дека канабисот го убива канцерот, тоа е група на умерено интересни трудови коишто сугерираат дека прочистените активатори на канабиноидниот рецептор може да дадат разумни, иако никако спектакуларни, ефекти против тумор во предклинички примероци. Во целина тие сугерираат дека за некои од овие прочистени канабиноидни активатори, без оглед на тоа дали тие се случуваат природно, како што се тетрахидроканабилот, канабидиолот или синтетички, како што е  R(+)-метаанандамидот, или конкретно за CB1 или CB2, како што се Win55,212-2 и JWH-015, би можело да вреди да се испитуваат и во иднина. Повторно, ние зборуваме за фармакологија, којашто изолира активни супстанции и ги прочистува или хемиски ги изменува за да се подобри нивната активност и нивниот безбедносен профил, а не за пушење марихуана или конзумирање на масло од канабис. Канцер Рисрч Јунајтед Кингдом заклучува:

„Тврдењата дека оваа маса од предклинички истражувања е цврст „доказ“ дека канабисот или канабиноидите може да лекуваат канцер е мошне лажливо за пациентите и нивните семејства и гради лажна слика за состојбата на напредокот во оваа област.“

Исто така е истакнато дека најдобрите резултати во лабораторијата се добиле од користењето на комбинација од високо прочистени тетрахидроканабил и канабидиол, но дека исто така имало позитивни резултати со синтетичките канабиноиди, како што е молекулата наречена JWH-133, која само што ја опишав, низ механизми кои вклучуваат:

1.Забрзување на смртта на клетките, преку механизам наречен апоптоза;

2.Стопирање на клетките од нивно делење;

3.Спречување на нови крвни садови да растат во тумори;

4.Смалување на можностите за канцерогените клетки да се шират низ телото, стопирајќи ги клетките да се движат или да го напаѓаат соседното ткиво;

5.Забрзување на клеточната внатрешна „машина за складирање на отпадот“ – процес познат како автофагија – што може да води кон смрт на клетките.

За жал, колку тоа и да звучи добро, не е воопшто добро. Има исто така докази дека канабиноидите, под одредени околности, може да стимулираат раст на канцерогените клетки и може да придонесуваат за понатамошен развој на туморот. Тие може исто така да имаат различни ефекти во зависност од дозата и нивото на канабиноидните рецептори врз тумороидните клетки коишто се третираат. На пример, оваа студија сугерира дека канабиноидите само предизвикуваат апоптоза на клетките коишто изразуваат ниски нивоа на рецептори коишто се соединуваат на сигналирачки пат наречен ERK1/2, но не предизвикуваат апоптоза на клетките коишто имаат високи нивоа на рецептори бидејќи тие тогаш се соединуваат преку преживувачки пат познат како AKT. Она што е интересно е дека канабиноидите исто така изгледаат способни да предизвикуваат смрт на клетките преку патишта коишто не вклучуваат канабиноидни рецептори. Со други зборови, работата е комплицирана, бидејќи канцерот е комплициран, и медикаментите за канцер тежнеат да делуваат само против одредени канцери. Ако канабиноидите имаат ефекти против канцерот кај луѓето, веројатно тоа ќе биде само против одредени канцери, најверојатно комбинирани со постоечката хемотерапија и наменетите медикаменти. Ние исто така знаеме од предклиничката работа којашто била извршена дека ќе требаат прочистени тетрахидроканабил и/или канабидиол и/или синтетички канабиноидни рецепторни активатори за да се добијат дури најскромните ефекти коишто се досега добиени, ефекти коишто се премногу скромни за да се очекува дека канабиноидите по себе претставуваат било каков лек за канцер. Пушењето марихуана или користењето на масло од канабис најмалку ќе го спречат неговото метастизирање.

Автор: Дејвид Горски

Превел: Томислав Захов

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s