ДО ШИВАЧКИТЕ ОД ШТИП ВО ШТРАЈК: ОТФРЛЕТЕ ГИ ОКОВИТЕ НА РОПСТВОТО ЗА ДНЕВНИЦА – тоа ви е единствен спас

Тие што ви ветуваат фер дневница за фер работен ден ве лажат:

Праведна дневница е, под нормални услови, сумата потребна работникот да си осигура средства за опстанок, кои му се потребни, во склад со животниот стандард на луѓето од неговата положба и неговата земја, да ја одржи својата работна способност и продолжувањето на својот вид.

Праведен работен ден е она траење на работниот ден и оној интензитет на трудот при кој работникот може да ја троши сета работна сила еден ден, не загрозувајќи ја својата способност идниот ден и наредните денови да даде иста количина труд.

Ако капиталистот не може да се договори со работникот, тој може да си дозволи и да чека и живее од она што го има – од својот капитал. Работникот не го може тоа. Тој за живеење ја има само својата дневница и затоа мора да прифати работа во секое време, на секое место и под сите услови што му се поставуваат.

Но да испитаме од кој фонд капиталот ги плаќа тие толку премногу праведни дневници. Се разбира, од капиталот. Но капиталот не произведува никаква вредност. Трудот е, покрај земјата, единствен извор на богатство; самиот капитал не е ништо друго освен натрупан труд. Од тоа следува дека работничката дневница се плаќа од трудот и дека работникот добива надоместок од својот сопствен труд. Во склад со она што се нарекува праведност платата на работникот би морала да се состои од производите на неговиот труд. Меѓутоа, според капиталистите тоа не би било праведно. Спротивно, производот на трудот оди во џебот на капиталистот, а работникот од тоа не добива ништо освен мизерни средства за преживување. И резултат на оваа необична „праведна“ конкурентска борба испаѓа така да производот на трудот на оние кои работат се натрупува неизбежно во рацете на оние кои не работат и во нивни раце станува најмоќно средство за поробување точно на оние луѓе кои го создале.

Сопственик на средствата за производство – суровините, фабриките и машините – треба да биде самиот работен народ.

          Синдикатите не сакаат да ве спасат од ропството за дневница!

Сè додека општеството е поделено на две спротивставени класи, на една страна капиталисти, кои држат монопол над сите средства за производство – земја, суровини, машини; на друга страна работници, работно население, на кое му е одземена секоја сопственост над средствата за производство и кое не поседува ништо друго освен сопствената работна сила – сè додека постои таа општествена организација, ќе остане семоќен законот на надницата и секој ден ќе кова нови синџири, кои го претворуваат работникот во роб на неговиот сопствен производ, над којшто капиталистот држи монопол.

Синдикатите се борат против овој закон – со каков резултат? Дали им појде од рака да ја ослободат работничката класа од ропството во кое ја држи капиталот – производот на нејзините сопствени раце? Дали тие му овозможија на барем еден дел од работниците да се издигнат над положбата на робови за дневница, да станат сопственици на своите сопствени средства за производство, на суровините, алатките и машините потребни во нивните дејности, а со тоа да станат сопственици на производите на нивниот сопствен труд? Општо е познато дека тие не само што не го направија тоа, туку дури никогаш не се обиделе.

Нема никако да тврдиме дека синдикатите се бескорисни затоа што не го направиле тоа. Напротив, синдикатите за работничката класа се неопходност во нејзината борба против капиталот. Големата заслуга на синдикатите во нивната борба за зголемување на дневницата и смалување на работното време се состои во тоа што тие тежнеат кон одржување и подигнување на животниот стандард.

Дневниците во секој случај се утврдуваат со преговарање, а во случај на преговарање оној којшто пружи најдолг и најефикасен отпор има најголеми можности да добие повеќе отколку што му припаѓа. Ако изолираниот работник се обиде да преговара со капиталистот за цената, лесно ќе биде победен и ќе мора да се предаде на милост или немилост, но ако работниците од цела една гранка оформат моќна организација, соберат меѓу себе еден фонд да би можеле по потреба да се соочат со нивните работодавци и така да дојдат во положба како една сила да преговараат со работодавците, тогаш и само тогаш работниците имаат можности да ја добијат барем онаа маленкост која при економската структура на денешното општество може да се нарече фер надница за фер работен ден.

Борбата на синдикатите не го нарушува законот на дневниците; напротив, таа во целост го потврдува. Без средствата за отпор на синдикатите работникот не го добива дури ни она што што му припаѓа по правилата на ропството за дневница. Само стравот од синдикатите може да ги присили капиталистите да му ја исплатат на работникот целата пазарна вредност на неговата работна сила.

Според тоа, синдикатите не го повредуваат системот на дневници. Меѓутоа, не е високото или ниското ниво на дневниците она што ја прави економското понижување на работничката класа: ова понижување се состои во фактот дека работничката класа наместо за својот труд да го добива целиот производ од својот труд, мора да се задоволи со дел од својот сопствен производ кој се нарекува дневница. Капиталистот го присвојува сиот производ (и од тој производ ги плаќа работниците), затоа што е сопственик на средствата за работа. И затоа нема вистинско ослободување на работничката класа сè додека таа не стане сопственик на сите средства за работа – земја, суровини, машини итн. – и со тоа сопственик на сиот производ од својот сопствен труд.

          Отфрлете го ропството за дневница еднаш засекогаш!

Работничката класа долго време одела по погрешен пат; нејзината цел да се постигне поголема дневница и пократко работно време ја држат во магичен круг од кој нема излез; дека основното зло не лежи во ниските дневници туку во самиот наемен систем. Ова сознание, кога еднаш ќе биде проширено кај работничката класа, неизбежно значително ќе ја промени положбата на синдикатите. Тие повеќе нема да уживаат привилегија да бидат единствена организација на работничката класа. Покрај сојуз во индивидуални индустриски гранки или над нив, мора да настане еден општ сојуз, политичка организација на работничката класа како целина.

Според тоа, синдикатите добро би направиле ако земат предвид две работи: прво, дека брзо се приближува времето кога работничката класа на оваа земја ќе бара свое полно учество во претставувањето во парламентот; второ, дека исто така брзо се приближува времето кога работничката класа ќе сфати дека борбата за високи дневници и кратко работно време и целокупната активност на синдикатите во нејзината сегашна форма не се сами по себе цел, туку средство, многу неопходно и ефикасно средство, но сепак само едно од различните средства за постигнување на една повисока цел: укинување на ропството за дневница воопшто.

За целосното претставување на работништвото во парламентот, како и за подготовката на укинувањето на ропството за дневница ќе биде неопходна организација не на посебните индустриски гранки, туку на работничката класа во целина. И што порано таа се појави, дотолку подобро.

Без учењето на Маркс и Енгелс за економијата, работничката класа не може да состави своја доследна политичка програма. Во очигледно отсуство на замена за капитализмот (ропството за дневница), практичните борби на работниците се докажале како самоограничувачки.

10155106_10207952688205931_3490885256084974291_n

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s