Савески демагошкиот мегафон на Левица

Савески отсекогаш сакал да глуми модерен левичар, кој себе се именува како демократски социјалист, левичар кој не сака диктатура на пролетаријатот[1], туку како францускиот капиталистички апологет Фредерик Бастиат, сака да ја проповеда својата фатална заблуда за хармонија на класните интереси во капиталистичкото општество. Како таков површен социјалист, не е чудно што Савески е најпопуларен социјалист во кругот на амбициозните т.н. левичари, а всушност поборници за буржоаска демократија. Да го демаскираме демагошкиот лажго.

„И јас самиот критикувам анахрони левичарски партии, кои повеќе се во согласност со книгите од 19 век отколку со реалноста на 21 век. И би ја критикувал ЛЕВИЦА ако навистина беше таква партија.“ (Савески до анонимниот капиталист)

„Вие сакате да видите левица која е заглибена во минатото, која единствено знае да ги цитира Маркс, Енгелс и Ленин и која, по можност, го боготвори ликот и делото на Маршалот.“ (Савески до Боцевски)

Олош еден гаден кој ја боготвориш ГЛУПОСТА! Прво, Ленин не го поредувај до Маркс и Енгелс затоа што квази-третиот класик на марксизмот ги навредувал Маркс и Енгелс на Единаесеттиот конгрес на РКП(б), нарекувајќи ги „никаков Маркс и никакви марксисти“, „Германци“, нивните дела – „старите книги“, ги обвинува дека „Маркс не пишувал за Русија, туку за сиот капитализам во целина“ и сл. Второ! За нас Маркс е секогаш во право додека не се појави друг мислител кој ќе даде ставови и погледи кои ќе доведат побргу до укинување на класните антагонизми и стварање на бескласно општество. Трето! Немаш елементарно познавање од Марксовата критика на политичката економија а овде ја понижуваш мислата и делото на човекот кој е прогласен за мислител на милениумот во 1999 година, светски најголем филозоф во 2005 година и светски најдобар научник во 2013 година. Савески не само што е неуспешен критичар на „анахрони левичарства“ но е и дефинитивно затуцан во следењето на научно-истражувачките наоди на современите марксисти како Пол Кокшот, универзитетски професор по компјутерски науки, кој смета дека поради научни заслуги кои Маркс ги има во својата анализа на развојот на капитализмот, треба да се вброи меѓу природните научници како Њутн и Дарвин, додека Савески треба да се отфрли поради неговите очигледно ограничени интелектуални способности да резонира објективно наместо пристрастно. Сите негови порадо доверби отколку аналитични заклучоци во врска со боливарскиот социјализам и сиризиниот радикализам се покажаа промашени, чисти вообразби. За разлика од популистот Савески, Маркс тврдеше дека ги открил „законите на движењето“ на капиталистичкото општество. Оваа фраза не е случајна. Таа е директно позајмување од Њутновата механика, кралицата на науките. Тоа подразбира амбициозна цел, да се биде способен да се открива економскиот развој, процеси кои се регуларно владеани од закон што се споредува со законите кои Њутн ги открил за да го втемели планетарното движење. Марксовиот закон на вредноста е централен за аргументот на Маркс како што третиот закон беше за Њутн. Њутновите закони се здобија со неизмерен теоретски углед бидејќи тие се и елегантни и извонредно точни во предвидувањето на стварноста. Марксовиот закон на вредноста сигурно е елегантен, но за да постигне статус на „закон на движење“ мора да дава тестирачки предвидувања за стварноста. Всушност тој може да биде тестиран и да ги помине овие тестирања многу добро. Ако Марксовите закони на движење се точни, тој може да го заземе своето место заедно со Њутн и Дарвин како еден од најголемите научници во историјата. Отфрлете ги тестирачките закони на движење и тој станува само уште еден политички филозоф или моралист.

Без револуционерна теорија нема револуционерна партија, нели? Еве ја изопачената теорија на Савески во врска со работништвото – поради којашто ЛЕВИЦА не е модерна левичарска партија, туку уште една змијовидна (подмолна) партија на капитал-односот – а после цитатот следи контра-аргументацијата:

„Ама, кои се работниците? Да се каже дека работници се само физичките работници е претпоставка која едноставно не држи и ретко ќе се најде левичар (во Македонија и општо) што би ги свел работниците само на физичките работници. Секој што работи за плата, без разлика дали во јавен или приватен сектор, е работник. Може да нема развиено свест за самиот себе како работник, ама и покрај тоа е работник. И може некој работник во даден момент да биде без работа, но ако се стреми да се вработи, тој во дадениот момент претставува невработен работник („невработено лице“).“ (Савески до анонимниот капиталист)

Концепцијата за работничката класа дадена од Смит и Маркс нема врска со застареност, прашањето е дали трудот на културно-уметничките или интелектуалните работници е продуктивен или не е, дали нивниот труд произведува вишок вредност или не произведува. Твоето сврстување на културно-уметничките работници во работничка класа во политичка-економска смисла не е исправно и произлегува од твоето елементарно непознавање на Марксовиот прв том, глава 4 од „Теориите на вишок на вредност“. Твојата дефиниција дека „работник е секој оној што е принуден да го продава својот труд за да обезбеди парични средства за себе“ е анти-марксистичка, соодветно на ова, и анти-социјалистичка наспроти она што Маркс го пишува: „Производствениот труд, во смисла на капиталистичко производство, е наемен труд којшто во размена за променливиот дел од капиталот (делот од капиталот којшто е потрошен за плати), го препроизведува не само овој дел од капиталот (или вредноста на својата лична работна сила), но покрај тоа, произведува вишок вредност за капиталистот. Само на тој начин стоката или парите се претвораат во капитал, се произведени како капитал. Производствен е само оној наемен труд којшто произведува капитал. (А тоа значи дека тој труд препроизведува поголема сума на вредност отколку што е за него потрошено, или дека дава повеќе труд отколку што прима во облик на наемнина. Значи, производствена е само онаа работна сила којашто создава вредност поголема од нејзината сопствена вредност.)“ „Сите членови на општеството, кои не фигурираат непосредно во препроизводството, со труд или без него, можат својот дел од годишното стоковно производство – значи нивните средства за потрошувачка – во прва рака да ги добијат само од рацете на класите, на кои производот им иде од прва рака – од производните работници, индустриските капиталисти и земјосопствениците. До колку се нивните доходи материјално изведени од наемнината (на производните работници), од профитот и земјишната рента, и поради тоа се појавуваат спроти оние оригиналните како изведени. Сепак, од друга страна, оние што ги примаат овие доходи изведени во оваа смисла, ги примаат со својата општествена функција како крал, поп, професор, проститутка, наемен војник итн., и тие можат, значи, своите функции да ги сметаат како оригинален извор на своите доходи… Овие момци се појавуваат како купувачи спроти индустрискиот капиталист, и до толку како посребрувачи на неговата стока; и тие во соодветен размер ги фрлаат ,,парите“ во циркулацијата, а индустрискиот капиталист ги добива од нив. При што постојано се заборава, од кој извор тие првобитно ги добиле и постојано пак сè одново ги добиваат.“ (Капиталот, том 2, 1885 год.) Трудот на интелектуалните работници не може да биде продуктивен затоа што не додава никаква вредност на предметот на којшто интелектуалниот работник работи, вредноста за свое лично издржување и за профитот на неговиот газда. Значи, трудот на интелектуалните работници не е продуктивен затоа што не е вработуван од капитал и соодветно не произведува профит. Дефиницијата за продуктивен труд што ја дава Адам Смит е слична на Марксовата и дава одредени примери за непродуктивни работници: „На пример, владетелот со сите судски и воени службеници… и целокупната војска и морнарица… нивната служба, колку и да е чесна, колку и да е корисна, колку и да била потребна, не произведува ништо… Во ист ред се распоредуваат и свештениците, правниците, лекарите, луѓето од перо од кој било вид, комедијанти, музичари, оперски пејачи, играчи итн.“ Ако „здравјето е состојба на потполна психичка, физичка и социјална благосостојба“ (Андреј Штампар), тогаш не е можно здравството да се сврсти во категоријата на производствен труд којшто произведува вишок вредност односно профит. Но, здравствената политика во капитализмот е колку повеќе болни, толку повеќе пари има. Во услови на социјализам, здравството ја извршува својата превентивна функција, да ги лечи болните, да ги спречува болестите, и автоматски, другиот дел од здравството, оперативниот, се смалува, се намалуваат средствата потребни за тој процес, а со тоа и пациентите. Меѓутоа, по бесмислената логика на Савески, ние треба да ги сврстиме и здравствените односно интелектуалните работници во категоријата на продуктивни работници. За да бидат парадоксот и во исто време лицемерието уште поголеми околу Синдикалната повелба за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права, дел од нејзините потписници се во суштина тие кои им ги одземаат работничките права, поточно барајќи минимална плата за своите членови тие го кратат најсветото работничко право – правото на целата додадена вредност на работниците во материјалното производство! Тоа се Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС) и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ).

Савески си го открива одвратното левичарско демагоштво или порадо интелектуалната ретардираност за левичарење:

„ЛЕВИЦА не е ан блок против сите работодавачи.“ (Савески до анонимниот капиталист)

Левица сака бескласно општество што подразбира укинување на наемното ропство, така ли?! Ако тоа и е целта како може да поддржува дел од работодавачите а дел да не ги поддржува кога сите тие до последен го имаат статусот работодавач врз основа на наемното ропство!!!??? Сите до еден не би постоеле ако наемното ропство би се укинало, ако нема наемоприматели, бидејќи само неплатен труд може да се опредмети во вишок на вредност, или Савески успеал да ја побие Марксовата теорија на трудова вредност?!

„Во „фирмата“, покрај овие еден или двајца работници, работат сопругот/сопругата на газдата и/или неговите деца. Обично нивото на егзистенција на ваквиот газда е нешто над нивото на пристојна егзистенција, но не и на човек кој не знае колку пари има. Ние немаме ништо против него, само бараме и очекуваме од него да ги почитува работничките права на своите работници. Зашто, има вакви и такви газди на микро и мали претпријатија.“ (Савески до анонимниот капиталист)

Мажот не ги почитува правата на жената и соодветно на тоа ја експлоатира а камоли да ги почитува работничките права на своите наемни хелоти. Економската класна борба се манифестира преку кавги, морални притисоци, тепање на сопругата, напуштања и разводи. Економските класни борби, дури и оние помеѓу работодавците и вработените, изгледаат за учесниците како суштинско приватни расправии. Она што збирот приватни расправии го прави класен судир е кога тој вклучува класа поединци кои споделуваат заеднички особини и се спротивставени на друга класа поединци. Тоа е затоа што судирите на интереси помеѓу сопругот и сопругата или помеѓу работодавецот и работникот не се случуваат само еднаш или двапати во изолирани случаи, туку настануваат паралелно во текот на милиони пати, така што тие мора да бидат признаени како судири помеѓу класи луѓе. При отсуство на уставно право на работниците над целиот принос на нивниот труд, и при отсуство на законска присила со одење на народен суд, без предвидена отштета поради казнени штети за жртвите на експлоатација, ќе биде многу лесно за „жалните капиталисти“ на Савески да не вработуваат луѓе по експлоатациски наемни вредности. Савески исто така тука го превидува и моментот на прикриена експлоатација кога наводно самовработено лице би можело во пракса да го продава својот труд кај друго самовработено лице.

„ЛЕВИЦА е свесна за овој проблем и целосно ќе се заложи повеќе да нема „арач“ во Македонија штом ја паднеме (сите заедно) оваа ненародна власт.“ (Савески до анонимниот капиталист)

Во бескласно (за какво Левица наводно се залага) или научно организирано општество, даноци не се плаќаат. Тоа произлегува од самата суштина на истото, бидејќи не постојат антагонистички класи и нема потреба од сила која би држела во покорност одредени класи. Во историјата постоеле и време и простори кога не се плаќале даноци. Прв кој завел плаќање даноци од страна на сите, бил Дарие, заради што од народот бил наречен „ситен трговец“. Камбис го нарекувале „господин“, а Кир „татко“, бидејки во време на нивното владеење не се плаќале даноци. „Владата“ се издржувала „само од подароци“, вели Херодот. Затоа секое проповедање демократски форум, во услови кога некој мора да плаќа данок, иако нема доволно за егзистенција, претставува ординирана примена на лукавство за да биде противникот совладан. Савески сака да нѐ излаже дека државата може да биде демократска само ако го отстраниме Груевски. Но, Груевски е само персонификација на колективниот капиталист (државата). Овој капиталист постои да го штити самиот поредок на капитал-односот. Дали Груевски со апсењето на индивидуални капиталисти го ремети поредокот (стоковното парично производство)? – Се разбира дека не. „Државата постои само поради приватната сопственост“, вели Маркс. Со укинувањето на приватната сопственост а со тоа и стоковното производство, само не декларативно како што беше во квазисоцијализмот, туку и суштински, се укинува старата општествена поделба на труд: a) нема професионални судии, полиција и војска кои ќе ја „штитат“ приватната сопственост; б) се укинува трговијата со што се прават непотребни полицијата, војската и судството, кои се преместуваат во производството на производствена работа, со што уште повеќе се скратува работното време, се зголемува бројот на смените, се интензивира трудот, се „создаваат материјални услови кои ќе го оневозможат враќањето на буржоазијата“ (Маркс); в) работниците ја организираат заштитната функција, со што се оневозможува постоење на „патентирани бранители“ (Маркс) – професионалци кои не знаат ништо друго освен вооружени до заби да апсат и голтат живи луѓе. Ете како може да се укине државата, а општеството пак да остане. Ќе потсетиме на Марксовата метафора за тоа: „Оној кој го поистоветува укинувањето на државата со укинувањето на општеството личи на луд инжинер кој за да очисти куп смет на патот наместо лопата користи 10 килограми експлозив“. Монголите укинаа бројни држави во нивните освојувања, но ниту едно општество. Соседите на Македонија и денес не ги признаваат Македонците и Македонија, но македонското општество постои. 2) Савески исто така сака да го скрие и самоволието на индивидуалните приватни капиталисти кога ја одредуваат цената на трудот. Што е тоа ако не приватни полициски држави? Секојдневно работниците и нивните семејства се соочуваат со мобинг и физички терор на работно место со закана дека ќе се најдат меѓу резервната армија на невработени. Заклучок: Ако падне колективниот капиталист ќе паднат сите идни Груевци, и со падот на приватниот капитал ќе исчезнат приватните репресивни режими во работниот однос. Два вентили ќе го осигурат ова: директна електронска неокласична атинска демократија и укинување на наемниот систем на плаќање заменет со трудово ваучерско плаќање.

„Нашата прва цел е да придонесеме за борбата против груевизмот.“ (Савески до блогерот Киберкотле)

Груевизмот е само последица на олигархијата а груевистите се само минливи лица на олигархијата. Савески сака да не‘ излаже дека државата може да биде демократска само ако го отстраниме Груевски. Не им верувајте на тие кои ве повикуваат да се борете против злото кое според Мирослав Грчев го има името Никола Груевски, за да не продолжете уште посмело да се борете против злото туку да се предадете на помало зло кое исто така – за волја на вистината – има име: Заев-Шеќеринска. Заев објави снимка како тоа Јанкуловска и Котевски кроеле план да го затскријат убиениот Нешковски но злонамерно заборави да ја потсети јавноста кој ги создал овие полициски единици. Како информира Ирена Цветковиќ на нејзиниот блог: „Алфите е полициска единица формирана од владата на СДСМ и Џанго во чиј состав влегоа илјадници улични насилници, тепачи и криминалци кои со 3 месеци курс од државата добија огромни овластувања и одврзани раце. Малтене пара-војска која ја користеа, ја користат и ќе ја користат во иднина (доколку ние не се избориме за спротивното) за валкани игри, претепувања, убиства и малтретирања на граѓаните. Низ блогосферата постоеја многу сведоштва за дивјачкото однесување на алфите, сепак најтрагичен беше случајот на Трајан Беќиров.“ Од ова може да сфатиме дека и СДСМ и ДПМНЕ, сите тие делуваат во духот на минатото на претходната владејачка партија (!)

„Луѓето не треба да му робуваат на капиталот, туку капиталот треба да биде во служба на луѓето.“ (Савески во Платформата на Левица)

Дали француските селани кога го рушеа класниот поредок феудализам (кога буквално ги палеа замоците итн.) ги тераа аристократите со нив да ја обработуваат земјата? Не, туку им ги отсекуваа главите и ги парадираа јавно за да вдахнат страхотрепет кај секој што има амбиција да стане „аристократ“. Поентата е дека експлоатацискиот поредок треба да се укине а не да се шминка со хармонични договори меѓу работодавачот и работникот. Савески само ја препишал платформата на Солидарност така што мојот одговор е и за платформата на Левица: „Солидарност приоритет им дава на суштинските економски промени засновани на премисата дека луѓето не треба да му робуваат на капиталот, туку капиталот да биде во служба на граѓаните.“ Капиталот не е можно да биде во служба на граѓаните бидејќи капиталот може да постои само со помош на команда над трудот што значи не е можно постоење на капиталот без работниците да му робуваат нему.

„Внатре во процесот на производството, капиталот се разви во команда над трудот, т.е. над работната сила што се ставила во дејство или над самиот работник. Персонифицираниот капитал, капиталистот, гледа работникот да ја исполни својата работа како што прилега и со нужниот степен на интензивност.“ (Маркс, Капиталот)

„Капиталот се развил во заповедништвото над трудот и затоа се грижи да се работи добро и интензивно. Тој, понатаму, го присилува работникот да изврши повеќе работа отколку што е потребно за негово одржување – и во испумпувањето на вишокот на вредноста ги надминува сите поранешни производствени системи во кои постоеле директно присилна работа.“ (Маркс, Kапиталот)

„Капиталот е мртов труд, што оживува како вампир само со исцицување жив труд, и што толку повеќе живее, колку повеќе ќе исцица од него.“ (Маркс, Капиталот)

За крај, Савески во весникот „Слободен печат“ воопшто не зборуваше искрено во врска со делот за демократијата, тој рече дека со СДСМ рамо до рамо ќе се борат против автократијата на Груевски за спас на демократијата, наместо отворено да зборува за борба против автократијата со укинување на парламентарната демократија и нејзино заменување со партиципативна (директна) демократија. Проблемот е системски а Груевски автократот е само нус-производ на тој системски проблем. „Савески никогаш правилно не ја толкувал демократијата или пак дека се надева на смена на власта со друга (читај: СДСМ) која наводно ќе биде транспарентна и широкограда власт која ќе ги слуша и исполнува барањата на граѓаните.“ (13.02.2015) Напишаново ми се реализира со признавањето на Савески од минатонеделниот број на Слободен печат каде тој изјави дека ќе се бори рамо до рамо со СДСМ за враќање на демократијата, демократија во која на власт ќе биде СДСМ (бидејќи Савески нема шанси против СДСМ) која ќе ги слуша и исполнува барањата на граѓаните, нели, тоа е дефиницијата на Савески за демократија, а според него, СДСМ ја прифаќа оваа дефиниција и затоа рамо до рамо со нив ќе се бори против автократијата на Груевски. Нечесник!!!  Значи, (лажната) демократија според Савески и СДСМ е: „Ако власта ги слуша своите граѓани, тоа е дефиниција за демократија. Ако не ги слуша, ако е глува на нивните барања, тогаш таа власт не може да се нарекува демократска.“, додека (вистинската) демократија според марксистите е: „Дали навистина демократија е власт која ги слуша своите граѓани? Никако! Демократија по дефиниција е пополнување на јавните позиции преку случајна селекција, а изборот на претставници од однапред составени партиски списоци произведува олигархија. Владите од професионални политичари секогаш имаат тенденција да се изопачат во тиранија. Во демократијата со гласање од народот доколку постои сомневање за некој јавен службеник дека ја злоупотребува својата позиција истиот се прогонува привремено или засекогаш од државата.“

[1] Савески сака да се прикажува како демократски социјалист, но, абдалу, самиот апологет на диктатурата на пролетаријатот и тврдокорен комунист Карл Маркс те подучува во демократско-социјалистички дух: „Владата е алатка на угнетување; тоа се органите на авторитетот; тоа е војската; тоа е полицијата; тоа се службениците, судиите, министерите; тоа се свештениците.“

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s