До Бојан Богевски гомнорафинерот: Венецуела не е социјалистичка

10311716_947751888632016_5716984003554029743_n

Нема да ја реши „вистинскиот социјалист“ загатката затоа што мнозинството од тие „вистински социјалисти“ се пазарни манијаци[1] и секогаш за неуспех на емпирискиот „социјализам“ ги земаат надворешните влијанија (економски ембарга, саботажи на странски разузнавачки организации) освен фактот дека со капиталистичка база не може да се има социјалистичка надградба. Сегашната влада на Мадуро се служи точно со овие оправданија за нејзиниот неуспех во изградба на социјалистичко општество во Венецуела само како би владеала што подолго само како би експлоатирала што повеќе вишок труд од општеството, а не дека има добра волја да ја помогне неговата социјалистичка преобразба. А првиот услов за да профункционира социјализмот е токму отстранување на владата од патот на неговата изградба[2], т.е. што помалку да се меша во улогата на прераспределувач на општествениот вишок на труд.

Маова Кина најблиску до Маркс-Енгелсовиот научен социјализам

Секако, имало обиди за изградба на „вистинскиот“ социјализам односно научниот социјализам чии поставки ги испишале Маркс и Енгелс низ нивните трудови. За разлика од сите други реалсоцијалистички лидери (освен можеби Гадафи[3]), Мао беше доволно чесен да признае дека „Кина практикува наемен систем, распределба според работа и размена преку пари, а во сето ова се разликува многу малку од старото општество.“[4] Значи, Мао не беше задоволен со тоа што системот на сопственост беше изменет, бидејќи тоа според него не ја разликува Кина од старото општество, туку само укинувањето на наемното ропство радикално би ја дистанцирала. Постоењето на наемното ропство било доволна индикација за Мао да сфати дека револуцијата е сè уште незавршена: „Нашата земја денес практикува стоковен систем, наемниот систем е неегалитарен, исто така, како во осумстепениот наемен размер, итн. Под диктатурата на пролетаријатот таквите нешта можат само да бидат ограничени. Поради тоа, ако луѓето како Лин Пиао дојдат на власт, ќе биде многу лесно за нив да изградат капиталистички систем“.

Единствениот пример на марксистички принцип на распределба бил применуван во народните комуни на Кина во текот на 1960-тите и 1970-тите години. Таму, добрата биле распределувани според систем на норми за извршениот труд. Бројот на работни часови кои членовите ги придонесувале во годината бил запишуван и нивната жетва била заснована на тоа.

Тогаш Кина имала една од најегалитарните распределби на доходот во светот. Џини коефициентот на распределба на националниот доход бил .33[5]. Распределбата на доходот во народните комуни била исто така високо егалитарна.

Кинескиот народ имал низок, но сигурен стандард на живеење. Во руралните средини, земјоделците биле членови на нивните комуни кои им гарантирале можност да заработуваат доход. Здравствената нега била обезбедена преку комбинација на комунски и државни услуги на медицински персонал, обични клиники и хиерархија на болници кои буквално биле бесплатни. Образованието исто така било буквално бесплатно. Земјоделците поседувале свои домови. Оние чии доходи во работновременски единици не биле доволни да ги покријат трошоците, добивале од своите комуни храна, прибежиште, помош во вид на мали исплати за образование и здравствена нега и погреб. Иако немало пензиски систем за земјоделците, на старците често им се давале мали износи на работно-временски единици во возврат за домашни работи што тие би можеле да ги извршат во селото. Во градовите, на работниците и владините службеници им било загарантирано доживотно вработување. Претпријатијата и владините служби биле мали системи на социјална помош, обезбедувајќи вдомување, образование и здравствена нега по номинален трошок. Буквално немало невработеност.

Во Кина периодот на колективизација на земјоделството се совпаднал со сосема забележливо подобрување на животниот век на луѓето. Морталитетот во Кина опаднал драматично во текот на минатите 50 години, посебно во раните години на Народната Република. Официјалната стапка на морталитет во 1953 била 14 смртни случаи на 1000 луѓе. Животниот век се зголемил од 35 во 1949 до 65 во 1970-те години.

Кина била исклучителна во тоа што прашањето за укинување на буржоаскиот систем на трудови диференцијали станало болно политичко прашање. Тоа било едно од клучните спорни прашања во Културната револуција. Со поразот на левицата таму и хегемонијата на редот на Денг Сјаопинг, понатамошен напредок кон остварувањето на марксистичката програма станал невозможен. Во повеќето други социјалистички земји прашањето на насочување кон плаќање врз основа на труд никогаш дури не било на дневен ред.

1922132_947830111957527_2439608466088761389_n

Нерешливите дефекти на пазарната економија

Маркс во „понудата и побарувачката“ не гледа инструменти за „избегнување на кусоци и вишоци“, туку категории кои „кога се изедначат не решаваат ништо“, а претходно ги „објаснуваат само промените во цените над или под некоја извесна големина“ и друго ништо. Понатаму, „понудата и побарувачката постојано се надополнуваат, но никогаш не се изедначуваат… што на крајот доведува до криза.“ Цените не постојат за да одредат колку поединецот може да потроши, туку да се провери дали е утрошено општествено потребното работно време на производство на соодветните стоки. Тоа капитализмот го проверува преку цените а комунизмот преку ВРЕМЕНСКИТЕ НОРМИ ПОТРЕБНИ за производство на одредени производи кои се потребни за општеството.

Пазарните цени се непрецизна проценка на трошокот во вид на труд за да се произведе одредена стока, додека точните трудови вредности во комунизмот овозможуваат поточна проценка на трошоците. Капиталистот систематски ги потценува трошоците во труд – бидејќи плаќа само за дел од работниот ден, споредено со машинеријата чиј трошок го плаќа во целост. Со ова, капиталистите охрабруваат расипничка употреба на трудот и несоодветна употреба на машинеријата.

Еве уште еден дефект на пазарите што ги разобличува барањата за приватизација и дерегулација на пазарите за вода, струја, гас, комуналии итн. како економски неразумни барања, односно претпоставката дека слободните пазари ја изедначуваат цената со граничниот трошок што е целосна глупост (читај: ПАЗАРНИТЕ ЦЕНИ СЕ ГЛУПОСТ). Ако основните стоки како електрична струја, вода итн. се вреднувани од пазар за непосредна испорака, тоа ќе ја покаже нестабилноста на принципиелно повеќепазарната економија. А присилувањето на вреднување од пазар за непосредна испорака врз големи дистрибутери на услуги води кон ценовни шокови. И не само тоа, непосредното пазарно вреднување може да доведе до банкроти на дистрибутерите како NSW & Victoria во доцните 1990-ти години и Калифорнија во 2000. Овие фирми правеле загуби и на крајот банкротирале бидејќи пазарните цени не ги покриле нивните фиксни трошоци, а граничните трошоци биле најниски па профитот морал да биде поголем од нив за да ги покрие фиксните трошоци. Значи, мнозинството на фирми банкротираат ако вреднуваат по граничен трошок. Над 89 отсто од австралиските фирми покажале дека граничните трошоци или им опаднале или им останале постојани со промените во производството. И само четири од 200 претпријатија имале и флексибилни криви на побарувачка и растечки гранични трошоци. Па, според ова, мора да заклучиме дека барем основните услуги како струја, гас, вода, комуналии… не смеат да бидат оставени на нивна дистрибуција мотивирана за профит и раководена од трошковни минимизирања туку да се ПООПШТЕСТВИ понудата на овие основни услуги и стоки.

Пазарот служи како алокативна машина така ли? Но цикличното време му е бавно! И може да трае со месеци па и години! А до решението се доаѓа со физичко прилагодување на производството минус или плус! И постојано тежнее да излезе од колосек, да ја промаши метата! И секогаш прилагодувањата на пазарот се на сметка на работниците. Додека компјутерите може да предвидуваат цел во однос на што пазарот прашање е и дали некогаш ќе ја погоди. А производството со помош на компјутери може директно да се прилагоди на оваа цел. Но, за ова нужно е ПООПШТЕСТВУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА ЗА ПРОИЗВОДСТВО за да се има транспарентност во однос на податоците за трудовите вредности во секоја производствена единица. И цикличното време за пресметка од страна на компјутерите трае неколку часа а не години или месеци како во случајот со пазарот. Сеопфатното компјутеризирано планирање во услови на комунизам (општествена сопственост над производствени постројки и земја) ги прави твојата „теорија“ за врамнотежена понуда и побарувачка и заедно со се‘ буржоаските потрчковци – претприемачката класа, фосили од минатото, додека во исто време покажува дека Маркс и Енгелс имале право што верувале дека нови машини ќе бидат измислени што ќе доведат до социјализам. Таа Маркс-Енгелсова „нова машина што ќе доведе до социјализам“, според марксистите Кокшот и Котрел, е употребата на модерната информациска технологија плус работно-временско сметководство и вреднување.

Во општество каде нема приватна сопственост над средства за производство, нема потреба ни од цени, според тоа и на регулатор на цени (држава или пазар, сеедно). Кога се произведува доволно, според потребите, не постои разменска вредност туку само употребна вредност, па нема ни цени кои треба да се регулираат (од држава или пазар). Дури и Библијата го решила тоа прашање со едноставно „кој не работи, нека и не јаде“. А за производите на кого ќе се расподелат, одлучуваат „здружените производители“.

Цените не постојат за да одредат колку поединецот може да потроши, туку да се провери дали е потрошено општествено потребното работно време на производство на соодветните стоки. Тоа капитализмот го проверува преку пазарните цени а комунизмот преку работно временските единици во часови и минути потребни за производство на одредени производи кои се потребни за општеството. Значи, се произведува според потребите, според тоа потребите се претходно поставените граници на количини добра кои може да се присвојуваат.

И покрај цените, оној кој има многу пари, ако нема култура на исхрана, ако е психички пореметен и сл., тој и покрај цените ќе троши колку што ќе сака, како римскиот цар Ауло Вигелие (15-62 п.н.е.) или некој штипски директор кој го повраќал изеденото за „повторно да се фрли на ждерење и пијанчење“. Таквите се психијатриски случаи и соодветно медицински проблеми а не научни.

Првата фаза на Маркс-Енгелсовиот социјализам (види Критика на Готската програма) претпоставува НЕ поопштествување на парите туку укинување на парите и нивна замена со трудови ваучери. Трудовите ваучери се само средство за распределба на потрошувачките добра. Која е разликата меѓу парите и трудовите ваучери?

1.Ваучерите не циркулираат.

2.Тие не означуваат право над колективното производство.

3.Тие не се надници платени за да се купи работна сила.

4.Со трудовите ваучери економските односи се направени транспарентни и нефетишизирани.

5.Тие го спречуваат извлекувањето на вишокот на вредноста. Клучната разлика меѓу парите и трудовите ваучери е што трудовите ваучери не се пренесуваат и можат да бидат поседувани само од работниците, не од било кои други институции, и трудовите ваучери се поништуваат штом тие се разменети за добра од општествените складишта. Бидејќи трудовите ваучери не циркулираат тие не се пари и без да циркулираат пари не би имало стоковно производство.

Маркс-Енгелсовиот комунизам ја воспоставува приватната сопственост на квалитативно повисоко ниво од капитализмот со таа разлика што тој не ги поистоветува средствата за производство кои не може да се приватизираат, со средствата за живот (храна, облека, стан и др.) кои се приватизираат – присвојуваат со труд (а не со пари). Бесмислено е буржоаското поистоветување на средствата за производство со средствата за потрошувачка во општествен смисол како стока. Замисли го идентификувањето на индустриска пекара која произведува за 1 или 2 милиона луѓе леб со векната леб. И која ја ,,приватизира‘‘ некој полуидиот затоа што има пари. Затоа нема оправдување за приватизирањето на средствата за производство, затоа нема оправдување за постоењето на пари. Парите мора да бидат укинати, а тогаш ќе нема каде и за што да се собираат демагозите од политиката и вагабондите од бизнисот.

12049258_936892736384598_2864888612112621826_n

Венецуела е далеку од социјализмот на 21 век

Во социјализмот на 21 век стопанството би било втемелено на свесна примена на трудовата теорија каква ја развил Карл Маркс според којашто производите и услугите би се вреднувале во работни часа и минути потребни за нивна изработка и овозможување додека секој работник прима плата во трудови ваучери за секој одработен час. Откако ќе биде на овој начин укинат наемниот систем на плаќање т.е. економската експлоатација после тоа природно би следело транзиција на претпријатијата во општествена сопственост кои ќе работат според заеднички план а не пазарни цени. По прашањата од локален и национален интерес се одлучува демократски наместо централистички (како прашањата за прагот на оданочување и социјалната потрошувачка) и со ова би се спречило државата да се изроди во колективен капиталист. Кога ќе го споредиме ова со денешна Венецуела, сфаќаме дека сите овие клучни особини на социјализмот на 21 век отсуствуваат односно сè уште треба да бидат изградени.

Бојан Богевски му одговара да ги преработува гомната на Корбин во својата идеолошка пресметка со социјализмот кога тој се сложува со Корбин, но залудно му е кога самиот идеолог на социјализмот на 21 век Хајнц Дитерих (чиј ментор е Пол Кокшот од Шкотската марксистичка школа) негира дека венецуелското општеството е пример за тоа како би требало да функционира социјализмот.

Германскиот интелектуалец му раскина пријателство на Чавез во 2012 година поради воочливиот недостиг на Венецуела од сериозност и разбирање на идејата за социјализмот на 21 век. „Економскиот модел спроведен во 2003 година од Чавез сега е исцрпен и сега Венецуела страда од растечка инфлација и можен мораториум на исплаќањата кон странство“, вели Дитерих.

Откако боливаризмот дојде на власт во 1999 година во Венецуела, никогаш немаше ниту една социјалистичка економска мерка: ни социјализам на 20 век ни социјализам на 21 век. Политичко-економскиот модел развиен од Уго Чавез по 2003 година, не беше ништо повеќе од либерален развоен експеримент, сличен на првата влада на генерал Перон. Веќе исцрпен во 2010 година влезе во втората фаза на Перон: зголемена ерозија и пат кон бездна. Социјалистичкиот план на Гвајана, работничкото самоуправување, комуните – најголемата грешка на социјалистичките Распутиновци од Мирафлорес (Марта Харнекер и другите) – се само химери (илузии) во капиталистичка пазарна економија[6]. Сега, цела оваа фантазија се уништува уривајќи се сама во себе. Придонесот на јавниот сектор опаднал од 34.8% во 1998 на 29.1% во 2008. Во 1998 година трудот изнесуваше 39.7% од новата додадена вредност, над 36.2% од износот на капиталот. Десет години подоцна, неговиот дел опадна на 31.69% додека тој на капиталистите порасна на 49.18%. Наместо „војна против капиталистите и приватниот сектор во комбинација со национализации“ (Бојан Богевски), националната гарда во август 2014 година пукаше во челичарските работници кои протестирале во челичарницата SIDOR во индустриската зона на Киудад Гвајана на југоистокот од Венецуела. Најмалку тројца работници (идентификувани како Вилијам Кастило, Хоан Перез и Хесус Верде) биле ранети од истрелите на националните гардисти во судирот, додека другите работници биле совладани од солзавци кои исто така биле испукани во обид да се загуши нивниот протест против неуспехот на владата на претседателот Николас Мадуро да издејствува работен договор којшто истекол пред повеќе од четири години. Националната гарда уапсила најмалку 14 работници откако ги протерала во фабриката, а безбедносните сили упаднале во домовите на најмалку два синдикални претставници. Како акт на сурово одмаздништво, вооружените трупи исто така влегле во паркинг местото на фабриката и ги смачкале шофершајбните, ги сплеснале гумите или со други зборови ги оштетиле возилата на работниците. Вооружениот судир со челичарските работници од SIDOR (Siderúrgica del Orinoco) го откри реалниот класен карактер на владата на Мадуро и програмата на таканаречениот „социјализам на 21 век“ воведена од неговиот претходник, Уго Чавез. Репресивната акција била подготвувана во текот на неколку недели со официјални навредувања и обвинувања кон работниците. Целта е да се загуши не само овој дел од работничката класа, но да се застрашат сите венецуелски работници во подготовка за воведувањето на реакционерен капиталистички план на „одново прилагодување“ со создавање на попрофитабилни услови, вклучително низ создавање на слободни претприемачки зони во кинески стил. Насилното замолчување на работниците од SIDOR може само да го докажува почетокот на експлозивен судир меѓу владата на Мадуро и венецуелската работничка класа.

12112158_947830265290845_1490746431598767114_n

Пазарно-расчистувачки цени за рамнотежа меѓу понудата и побарувачката во социјализмот

Основниот принцип на еден социјалистички пазар на потрошувачки добра може да биде изјасен сосема едноставно. Сите потрошувачки добра се обележани со нивните трудови вредности, односно вкупниот износ на општествен труд којшто е потребен да се произведат. Но, на страна од ова, реалните цени (во трудови ваучери) на потрошувачките добра ќе бидат поставени, колку што е можно, на пазарно-расчистувачки нивоа. Пазарно-расчистувачките цени се цени кои ги врамнотежуваат понудата на добра (претходно одредена кога планот е формулиран) и побарувачката. По дефиниција, овие цени избегнуваат да се појават кусоци и вишоци. Појавата на кусок (вишок на побарувачка) ќе резултира со пораст на цената што ќе предизвика потрошувачите да ја намалат својата потрошувачка на доброто за кое станува збор. Понудата која е на располагање потоа ќе замине кај оние кои сакаат да платат најмногу. Појавата на вишок ќе резултира со пад на цената, охрабрувајќи ги потрошувачите да ги зголемат своите побарувања за доброто.

Да претпоставиме радио кое бара труд од 10 часа. Потоа тоа ќе биде обележано со трудова вредност од 10 часа, но ако се појави вишок на побарувачка, цената ќе биде повишена за да се отстрани вишокот на побарувачка. Да претпоставиме дека оваа цена е 12 трудови ваучери. Радиото тогаш има цена до трудово-вредносен размер од , или 1.2. Планерите (или нивните компјутери) го запишуваат овој размер за секое потрошувачко добро. Размерот ќе варира од производ до производ, понекогаш околу 1.0, понекогаш над (ако за производот постои голема побарувачка), а понекогаш под (ако производот е релативно непопуларен). Планерите потоа го следат ова правило: Зголеми го планираниот аутпут на добра со размер над 1.0, и намали го за оние со размер помалку од 1.0.

Поентата е дека овие размери даваат мерка на ефективноста на општествениот труд во задоволување на потребите на потрошувачите (производство на „употребна вредност“, според Марксовата терминологија) ширум различните индустрии. Ако еден производ има размер на пазарно-расчистувачка цена спрема трудова вредност над 1.0, ова покажува дека луѓето сакаат да трошат повеќе трудови ваучери за доброто (односно работат повеќе часа за да го присвојат) од работното време потребно да се произведе. Но, ова во возврат покажува дека трудот посветен на производство на овој производ е од надпросечна „општествена ефективност“. Обратно, ако пазарно-расчистувачката цена опаѓа под трудовата вредност, тоа нѝ кажува дека потрошувачите не го „вреднуваат“ производот по неговата целосна вредност: трудот посветен на ова добро е од подпросечна ефективност. Размер од 1.0 е состојба на еквилибриум (врамнотеженост): во овој случај, потрошувачите го „вреднуваат“ производот, во однос на неговото работно време, по точно она колку го чини општеството да го произведе. Ова значи дека целта на социјалистичките малопродажни пазари треба да биде да функционираат така што ќе добиваат само доволно трудови пари за да ги покријат трошоците, правејќи ниту профит ниту загуба; добрата кои се продаваат евтино ги компензираат оние ретко продадени добра.

Поради тоа, постојат два механизми по кои граѓаните на еден социјалистички комонвелт можат да ја определат распределбата на нивното колективно работно време. Во еден момент, тие гласаат периодично за распределба на својот труд помеѓу широко дефинирани употреби како што се потрошувачки добра, инвестиции во средства за производство и здравство. Во друг момент, тие „гласаат“ за распределбата на трудот во рамките на секторот на потрошувачки добра преку трошењето на своите трудови ваучери.

12107911_946749242065614_657672893573793783_n

Наравоучение

Кога едно општество тежнее кон социјализам, има одлуки што мора да бидат донесени, дилеми на патот што мора да се изберат. Ако се избере лош правец на движење, може да се заврши, движејќи се во круг. Започнувајќи да се оди кон социјализам, може да завршите на пат што на крајот води назад кон капитализам како што ова се случи со неколку обиди во 20-тиот век да се оди кон социјализам како и на обидот на венецуелската влада да го гради социјализмот на 21 век. Најлошото нешто е што последиците од одлуките не се веднаш видливи во време кога тие се донесени. Ова значи дека, скоро до последен момент, луѓето може да мислат дека сè уште се движат во вистинскиот правец, како што Бојан Богевски се лаже себеси и другите дека се служи со вистински аргументи во критиката на социјализмот.

[1] Лидерите на левичарските партии и синдикатите мораат да сфатат еднаш засекогаш дека тие не можат да го победат пазарниот хаос во рамките на самиот тој пазар, бидувајќи негови манијаци. Тоа е однапред осудена борба на пропаст а во полза на пазарот. Оваа фатална вообразба на сите овие полтрони на пазарот само предизвикува нови бремиња врз грбот на работничката класа: тотална конфузија околу тоа чија е нејзината (радикална) филозофија и инфлација која ги јаде нејзините плати, добро познат механизам за извлекување на дополнителен вишок на вредност од страна на капиталистите уште во времето на Големата француска капиталистичка револуција.

[2] Дури реалноста на улиците во Венецуела за време на владеењето на Чавез го негира оправдувањето дека делото на работничката класа треба да биде спроведувано од политички лидери. Целта на еден работнички марш во Каракас била да осигури дека Националното собрание ќе го одобри новиот закон за труд кој требал да придонесе за достоинствени односи во производството и да го предаде насочувањето на револуционерниот процес во рацете на венецуелските работници. Работничките маси извикувале во ноември 2010 година: „Пратениците ни го киднапираа законот за труд а обединетата работничка класа го сака спроведен.“ Многу синдикалисти биле разочарани и фрустрирани што наводно револуционерните сили во собранието со едно такво големо мнозинство во текот на пет години на владеење на Чавез не мрднале со прст да го изгласаат. Ако во Венецуела имало народна демократија за прашањата околу распределбата на националниот доход наместо работничка револуција предводена од политички лидери тогаш работниците немале да чекаат пет години за да нивните политички лидери гласаат за новиот закон за труд, туку работниците ќе го направеле тоа непосредно за свој интерес.

[3] „Односот на работниците со сопственикот или производствениот естаблишмент и со нивните сопствени интереси е сличен под сите актуелни услови во светот денес, без оглед на тоа дали сопственоста е приватна или државна. Во двата случаи, производителите се заработувачи на плати, наспроти разликата во сопственоста. Според тоа, оваа промена во сопственоста не го решила проблемот на правото на производителот да користи непосредно од она што тој го произведува. Крајното решение лежи во укинувањето на наемниот систем“ (Гадафи)

[4] http://www.marx2mao.com/Other/ARD75.html

[5] Keith Griffin and Zhao Renwei, The Distribution of Income in China, 1993.

[6] Моделите за пазарен „социјализам“ кои зборуваат за задруги поседувани од работници и координирани од пазарна размена јасно сфаќаат дека производството за збогатување на капиталистичката класа мора да биде отстрането ако ние мораме да го поразиме капитализмот. Сепак, секое општество координирано од пазарна размена е сè уште дисциплинирано од општественото потребно работно време (ОПРВ).

Ова значи дека работниците во едно такво општество сè уште би морале да ги дисциплинираат своите акции според општествениот просек. Задругите кои работат под ОПРВ би присвојувале вредност во размена. Задругите би се натпреварувале да ја модернизираат својата опрема како би го намалиле ОПРВ. А како задругите би ги добиле парите да инвестираат во подобра опрема која штеди труд? Тие би морале да се експлоатираат себе. Односно, колку повеќе пари работниците сакаат да реинвестираат во правењето на својот труд конкурентен, толку помалку тие можат да се платат себе. Не само што работниците би биле дисциплинирани од ОПРВ, тие исто така би се затекнале дисциплинирани од потребата да акумулираат вишок на вредност како би останале конкурентни. Што се случува со работниците во претпријатијата истерани од бизнисот од централизацијата на индустриите? Каде тие го добиваат капиталот за да отворат нови претпријатија? Дали тие мораат да го продаваат својот труд на пазарот?

Производството на вишок на вредност заради самото тоа производство, лутата конкуренција над екстра профитите, дисциплинирањето на процесот на труд под ќефот на неличните пазарни сили… звучи познато? Сега, можеби некој би можел да мисли дека невозможно е да се укине ОПРВ, со пазарна координација. Ако ова е случајот тогаш нашата најдобра опција е да се дебатира кој е видот на пазарен социјализам кој би бил најмалку експлоатациски, најмалку отуѓувачки. Но, зошто да не си го поставиме предизвикот да замислиме свет без овие нешта?

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s