Асадова Сирија не е секуларна држава

1117112211330ozbvcxl4irj3s365

Меѓу аргументите изнесувани постојано од бранителите на Асадовата диктатура е претпоставениот „секуларизам“ на режимот на Асад. Вчудоневидува фактот дека „секуларизмот“ се поврзува со илузорната заштита на малцинствата (додека процентот на христијани во Сирија се преполови откако Хафез Асад дојде на власт во 1970 година) и поддршката за правата на жените.

Сепак, овие два концепти немаат ништо заедничко со секуларизмот, којшто претставува неутралност на државата кон сите вери, без разлика на тоа дали тие може да бидат сметани за религиозни или не може да бидат. Француската република го изгради својот секуларизам за време на кризата со католичката црква и настаните кои произлегоа отпосле.

Одделувањето на црквата и државата во 1905 година во Франција се случи 40 години пред озаконувањето на правото на жените да гласаат. А Француската револуција го призна воспоставувањето на правата на религиозните малцинства како права на граѓаните а не на една заедница.

Ова не ги спречило арапските диктатори да ја засилат идејата за нивната „посветеност“ на ослободувањето на жените (Бен Али во Тунис) или за заштитата на малцинствата (Коптите во Египет од Мубарак). Ова произведе патерналистичка стратегија за нивната пропаганда кон населението („без мене, кутри поединци, постои само најголемата опасност“) и нивното навидум „прогресивно“ појавување на меѓународната сцена („Јас сум единствениот бедем против силите на темнината, исламизмот или Ал-Каеда“).

Сепак, никогаш не било пропагирана поголема лага во врска со секуларизмот колку од режимот на Асад.

Хафез ал-Асад, основачот на династијата, ја презел власта во 1970 година против оние кои го составиле во 1969 година единствениот устав во историјата на Сирија којшто всушност можеше да биде опишан како „секуларен“. Хафез ал-Асад ја „прилагодил“ својата тактика со наместени избори во 1971 година припишувајќи си 99.2% од гласовите.

Го променил уставот во 1973 година за да гарантира јасна припадност на шефот на државата кон муслиманската вероисповест.

Во 1979 година, сириската баатистичка партија, официјално „арапска“ и „социјалистичка“, стапи во сојуз со Исламска република Иран против ирачката баатистичка партија. Овој сојуз, запечатен од војната започната од Техеран против Багдад во 1980 година, останува истиот до денешен ден.

Хафез и Башар ал-Асад поддржуваат министерство за религиозни работи (познато како „Вакф“) и муфтија на републиката за да воспостават исламска бирократија. Управувањето на институција за религиозни работи е токму спротивното нешто на секуларното одделување на религијата и државата. Во Сирија, од имамите се очекува секој петок да ја величат славата на шефот на државата и неговите успеси.

Покрај ова министерство интегрирано во политичката машинерија на диктатурата, Асад поставил на функции сунити, одговорни за консолидирање на легитимноста на претседателот во рамките на мнозинската заедница во Сирија. Треба да запомниме дека во отсуство на официјална статистика, процентот на сунити во Сирија е проценет на 45 (главно Арапи, со курдско малцинство) и 12% се Алавити (сите етнички Арапи).

Меѓу овие јавни личности, најпознати беа Кафтаро Шеик Ахмад кој умре во 2004 година и Шеик Рамадан ал-Бути, кој беше убиен во бомбашки напад во 2013 година. Обајцата беа познати како безусловни поддржувачи на режимот на Асад, и за нивните жолчни напади против принципот на секуларизам, којшто беше сметан како безбожништво.

Во февруари 2006 година тоа беше Дамаск каде што се случија најнасилните протести против објавувањето на карикатури на пророкот Мухамед во западните мас-медиуми: сириската тајна полиција ги организираше настаните кои доведоа до нападот на француската амбасада и уништувањето на амбасадите на Данска и Норвешка.

Сирискиот режим во 2011 година штом избувна Револуцијата ослободи 1500 затвореници поврзани со ал-Каеда, а во 2013 година иранскиот режим ослободи 200 затвореници поврзани со ал-Каеда. Сето тоа со намера овие два режими да ја демонизираат и дискредитираат Сириската револуција во очите на меѓународната заедница. Владата на Асад го има ослободено мастермајндот на бомбардирањето што се случи на 07.07.2005 година во Лондон: ал-Каеда терористот Абу Мусаб Ал-Сури.

Корените на вахабизам во Сирија биле засадени од самиот Асад. Во ТВ интервју овој тиран изјавил (17.04.2013): „Во Сирија почнувајќи од 1970 година до денес биле изградени 18 000 џамии и 220 исламиски школи за изучување на шеријатот…“ Од 1970 година до денес во Сирија биле изградени само 4 едукациски центри. Бројот на кината опаднал од 840 до 25. Бројот на театри опаднал од 220 до 15. Владата на семејството Асад забранила илјадници книги вклучително сите дела на Ричард Докинс. Владата го има ослободено мастермајндот на бомбардирањето што се случи на 07.07.2005 година во Лондон: ал-Каеда терористот Абу Мусаб Ал-Сури. Асад исто така е одговорен за религиозниот екстремизам во Сирија.

Тие кои се‘ уште веруваат во „секуларизмот“ на Башар ал-Асад би можеле, на пример, да го видат овој прес објавен од владин инфо центар (SANA) во однос на проповедта на крајот од Рамадан 2012 година (Еид ал-Фитр): „Шеикот кој ја водеше церемонијата ја пофали борбата на шефот на државата во служба на исламот против заговорниците и терористите.“ (http://sana.sy/fra/51/2012/08/19/437134.htm)

НО НИКОЈ НЕ Е ТОЛКУ ГЛУВ КОЛКУ ТОЈ ШТО НЕ САКА ДА СЛУШНЕ.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s