Критички осврт на филмот „Lilya 4-Ever“: против легализација на проституцијата

lilja-4-ever-2002

Лилја, 16 годишна девојка од транзициска Естонија, планира да се пресели во Соединетите Американски Држави со нејзината мајка. Во последен момент, нејзината мајка одлучува да ја напушти привремено и да ја земе за С.А.Д. подоцна. Лилја е уништена. Потоа Лилја е исфрлена од станот на мајка ‘и од страна на тетката и принудена да живее во еднособен скуден и нефункционален стан. Нејзините учители ја третираат како тотален неуспех. Момчињата од соседството ја третираат како „курва“ и дури ја силуваат. Подоцна, нејзината мајка се откажува од неа како старател. ‘И преостанува само еден вистински пријател, младото момче по име Володја. На крајот од тунелот како да се појавува зрак светлина кога се заљубува во едно момче кое сака да ја земе за Шведска, да живеат и работат. Кога таа пристигнува во Шведска (без момчето кој наводно морал да остане да ја види за последен пат својата болна баба за да подоцна ‘и се придружи), затворена е во апартманот од нејзиниот газда кој ќе ја принуди на сексуално ропство да спие со различни мажи секоја ноќ. Единственото време кога таа може да избега од овој пекол е кога сонува да го види повторно Володја овојпат во рајот кој испил шишенце со апчиња во Естонија откако Лилја го напушти. Таа сака овие сонови да продолжат кога само тогаш е среќна. На крајот, успева да избега од заклучениот апартман, истрчува до најблискиот мост и скокнува. Сега, таа може да игра баскет цел ден со Володја во „рајот“. Лилја била само уште едно сиромашно девојче од сиромашна земја за кое никој не се грижел.

Проституцијата е социјален феномен а не културен. „Дури во 12 век, толку прочуен со својата побожност, меѓу стоките често се појавувале и сосема деликатни нешта на пазарот Ланди покрај материјали за алишта, обувки, кожи, земјоделски алати, сурови кожи итн., како жени со пламено тело односно јавни жени“ (Маркс, Капиталот, том 1, стр.85). Лилја кога би била економски независна никогаш не би си го продавала телото, а тоа агитаторите за легализација на проституцијата не го гледаат и ја решаваат само последицата: нерегулираната проституција, а ја задржуваат причината: НАЕМНОТО РОПСТВО. Агитаторите за легализација на проституцијата според тоа се НЕПРИЈАТЕЛИ НА ЧОВЕШТВОТО. Кога би се укинало НАЕМНОТО РОПСТВО, ќе нема и економска принуда за појава на нова Лилја затоа што ќе нема на една страна економски моќници а на друга граѓани со недостиг на пари. Во тој случај социјалниот феномен – проституцијата – нема да има привид на културен феномен. Нема да има економска вредност – пари – која ќе претежнува над човечката вредност – слободата на изразување: Лилја ако беше економски независна ќе можеше да го заврши училиштето и ќе живееше во среќно семејство и од неа ќе станеше нормална индивидуа. Кога би се укинало НАЕМНОТО РОПСТВО (парите одн. приватната сопственост) тогаш ќе ги снема макроата и побарателите на економски обезмоќени девојки и момци и дури деца, нема да можат тогаш да ги остварат своите изопачени цели и желби! Која девојка или момче би спиело со постар маж или постара жена освен ако не е слободен да избира според своите лични сексуални преференции?! Ќе ја немаат помошта на парите со кои макроата и побарателите ќе може да ја надоместат својата неспособност да ја имаат најубавата девојка или најубавото момче. Парите прават јаз меѓу природната личност на невината Лилја и социјално-човечката позиција на ученичката Лилја. Тоа се парите поларизирани во рацете на една класа со кои оваа класа ги спречува неимателите да бидат суштина за себе – Лилја да биде ученичка и да стане економски независна.

,,Легална‘‘ или не – проституцијата постои откога постои и човечкото општество. Грешката не е во тоа што се прави во текот на сексуалниот чин. Грешката е во тоа што некој се присилува на нешто што е длабоко спротивно на неговата воља. Според тоа, решение не е ,,легализација‘‘ или не на проституцијата, туку сузбивање на појавите и општествените процеси кои доведуваат до тоа некој да биде присилуван на секс, а друг да собира пари од тоа. Кога парите би ги собирале и самите проститутки, значи да не се искористувани од макроа и други, ни тоа не е решение. Едноставно пак се доаѓа на она да се укинат сите оние општествени или, подобро речено, класни причини кои доведуваат до тоа да некој се проституира.

Сите заложби за или против „легализацијата“ значи не го решаваат проблемот. Историјата дала докази дека и од најголемата проститутка имало поголеми курви. Познат е случајот на царицата Месалина која во еден „натпревар“ ја победила својата пријателка – проститутка. Сведоци бевме во скоро време кога – во експанзијата на американската „култура“ – на шоу беа покажувани девојки кои од „спортски“ побуди издржале околу 200-400 машки врз себе. Според тоа, луѓето ќе пронаоѓаат разни начини да ги задоволат своите сексуални потреби. Но, тоа треба да се прави со партнер рамен на себе или кој не е доведен во заблуда, односно е свесен за тоа што го работи. Во случајов не доаѓа во обѕир никаква можност за учество на малоумни или деца. Но денешните „фабриканти“ на секс нудат и такви „услуги“, па дури и со животни. Очигледно е дека некој го „легализира“ и она што ниту еден нормален човек не би го направил.

Во случајот на „легализацијата“ на проституцијата се вмешува само и државата, па и таа добива дел од парите што се вртат во „трговијата“ со секс. Проститутките, нажалост, пак си остануваат со кратки ракави. Се добива некоја форма на ,,пристојност‘‘ и се формираат „центри“ за секс, но на улиците ќе си остане секогаш по некоја пријателка на ноќта која не може или нема да сака да ги прифати условите кои ќе ги нудат „легалните“ центри за секс.

Во контекст на целокупната општествена состојба проблемот на проституцијата, иако е длабока деградација на жената, воопшто не е битен. Буржуазијата токму и тоа  го сака: бавете се вие со „борба“ против дрогата, алкохолизмот, пушењето, заштитата на животните, демократијата, животната средина, цените и уште многу други работи до бесконечност, а ние ќе го „уредуваме“ светот. Тоа буржуазијата отсекогаш го сакала. Затоа нејзините мас-медиуми се преполни со разни „борби“ против разни зла, за кои таа не сака ни да помисли дека сите се резултат на класната поделеност на општеството, односно капиталистичката поделба на труд. За неа овој свет е „најдобар од сите можни добри светови“, а за „злата“ кои постојат ќе се најде решение. „Не е можно се‘ преку ноќ“ – беше често и на устите на водечките „комунисти“ во 20-от век, па исто е и со сегашните „бизнисмени“ и политичари.

Ќе мораме да заклучиме, како и Мао за сиромаштијата, дека е „добро што се случува вака бидејќи тоа не‘ тера да размислуваме“. Да! А како размислуваме се гледа од заземените ставови со кои ништо не се решава. Впрочем да се заземат дури и такви ставови какви што сугерира овој напис, значи укинување на условите кои присилуваат некого да се проституира, тоа нема да придонесе ништо ако блогерите остануваат зад своите компјутери како во добро утврдени бункери и не превземаат никаква организирана акција. Вистина, стравот е голем и покрај „популарната“ буржуаска демократија. Во буржуаски систем изгледа „демократија“ постои само за оние кои имаат пари а другите од страв, од сиромаштво, апатија или преоптеретеност не сакаат ниту да мислат за проблемите кои го мачат светот.

Да не губиме многу време на пишување бидејќи, иако сме атеисти, го почитуваме Исусовото: „Ќе одговарате за секој залудно изговорен збор…“ Одамна е поминато времето за укинување на класното општество, но квази-социјализмот остави некои заблуди кај луѓето на кои тие се робови и денес. Тоа ‘и одговара на буржуазијата. Кај луѓето остана заблудата дека државата води грижа за сите. Квази-комунистите со митот за „социјалистичката држава“ го створија тоа верување. Тие не гледаа дека „државата е инструмент на класно владеење…“ И додека владеат тие заблуди со општеството ќе се случува она што Маркс го вели за пролетерските револуции – ќе го соборуваат противникот за да тој добие нови снаги и се исправи уште посилен пред нив. Или за вртењето на општеството во круг додека постојат буржуаски односи во него. Случајот со антимонополното законодавство во САД кое забранува постоење на монополи и пазарното стопанисување кое продуцира монополи. Се разбира тоа „вртење во круг“ ќе ги носи и неопходните жртви кои се резултат на постоечките антагонистички односи во општеството. Тие не се малку. Тоа се реки на повредени, болни, сиромашни и мртви кои непрекинето течат – со преполнети корита – кон болниците, погребните претпријатија, затворите и местата каде нема никакви услови за живеење. Проститутките се дел од нив. Нивниот проблем ќе биде решен само со укинување на класното општество. Дотогаш се добива само некој привид на решение кое ги остава сите општествено опасни последици.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s