223 години од соборувањето на кралот Луј XVI: Мара до француските патриоти

Мара победник над аристократијата: Диоген со црвена капа на глава ја напушта својата бочва за да му даде рака на Мара кој излегува од подземје.  Диоген: „Другар санкилот! Те барам долго време.“ Мара: „Вистината беше прогонувана! Немав друго прибежиште.“

Мара излегува како победник над аристократијата: Диоген со црвена капа на глава ја напушта својата бочва за да му даде рака на Мара кој излегува од подземје.
Диоген: „Другар санкилот! Те барам долго време.“
Мара: „Вистината беше прогонувана! Немав друго прибежиште.“

Пријателот на Народот до француските патриоти

(10 август 1792)

Мои драги сопатриоти,

Овој човек кој долго време е анатемисан заради вас, денес излезе од своето подземно прибежиште за да се обиде да ја осигури слободата во ваши раце.

Ревен да ви докаже дека тој не ја изневери вашата доверба, дозволете му да ве потсети дека тој сè уште е под сабјата на тиранијата, затоа што ви ги обелоденува чудовишните махинации на вашите варварски непријатели.

Тој ви предвиде дека вашите војски ќе бидат предводени во кланица од нејзините подмолни генерали, и три срамни порази го најавија почетокот на кампањата; тој ви предвиде дека границите на Франција ќе бидат предадени на непријателот, а веќе непријателот по втор пат го освои градот Баве; тој ви предвиде дека подмитеното мнозинство на Народното собрание постојано вршеше предавство против татковината, и подмолноста на нивните два последни декрети, произведувајќи го зенитот на гневот на народот, најпосле ги предизвика суровите, но премногу потребни настани на денешниот ден.

Тој ви предвиде дека вие вечно ќе бидете продавани од страна на вашите неверни дејци, јавните службеници, додека вие не пролеавте крв за да ја спасите татковината, и дојдовте да ѝ ставите крај на оваа тажна вистина.

Мои драги сограѓани, верувајте му на овој човек кој ги познава сите интриги и заговори на сплеткарите, и кој, после три години, никогаш не прекина да испитува, да стражари и да бдее заради ваше добро.

Славниот ден 10-ти август 1792 може да биде дефинитивен за победа на слободата, ако вие знаете да ги искористете вашите успеси. Голем број сателити на деспотот станаа прашина, вашите сурови непријатели изгледаат очајни, но тие нема да чекаат да се вратат на своите занеси и да воскликнат поужасни како никогаш порано. Потсетете се на постапката на Шатле со настаните од 5 и 6 октомври. Ако се двоумете, ќе допуштете да одите по гласот на една лажна милосрдност; откако ви ја пролејаа крвта за да ја повлечат татковината во бездна, ако се двоумете, ќе станете жртви на нивните прикриени интриги, ако се двоумете, ќе ве разбудат среде ноќ со воена свирепост, и за да бидете фрлени во самици каде што вие ќе бидете напуштени на вашиот очај, сè додека тие не ве поведат на губилиште.

Заплашете ја реакцијата, ви повторувам, вашите непријатели нема да ве поштедат, ако тоа не ги искуши да се повратат. Вие ќе изгубите без поврат, ако не го забрзате паѓањето на подмитените членови на општината, на министерствата, сите антипатриотски судови, и членовите на најгнилото Народно собрание; јас зборувам за Националното собрание, и со која кобна предрасуда, со која фатална почит тие би требало да бидат поштедени? Не престануваат да ви кажуваат дека целата несреќа каква што е треба да ѝ се препуштете. Тие имаат намера да ви постават замка, да се препуштете на овие одлучни подлеци за да ве уништат; имајте на ум дека Собранието е вашиот најопасен непријател; штом тоа застане на нозе, ќе работи на тоа да ве уништи; и сè додека вие сте вооружени, тоа ќе ви ласка за да ве успие со лажни ветувања; тоа ќе делува тајно за да ги осуети вашите напори, и кога ќе успее, ќе ве предаде на сабјата на поткупените сателити: сетете се на масакрите над патриотите на Шамп-де-Марс.

Никој повеќе од мене не се ужаснува од крвопролевање; но за да го спречите нејзиното пролевање во реки, јас ве бодрам да жртвувате неколку капки. За да ги усогласите задачите на човештвото со одговорноста за јавна безбедност, јас ви предлагам да ги убиете контрареволуционерните членови на општината, на судовите, на министерствата, и на Народното собрание. Ако се повлечете, размислете дека пролеаната крв на овој ден ќе биде чиста загуба, и вие ништо не сте направиле за слободата.

Но, пред сè, држете го кралот, неговата жена и нивниот син како заложници, и до моментот додека неговата дефинитивна казна не биде изречена, покажувајте го барем четири пати дневно меѓу народот. И бидејќи од него зависи дали ќе се повлечат засекогаш нашите непријатели, заканете му се дека ако за петнаесет дена Австријците и Прусијците не се оддалечат дваесет кантони од фронтовите како гаранција дека повеќе нема да се вратат тука, главата ќе му се тркала пред нозе. Притиснете го да го признае ова страшно обвинување и да го присили на неговите главни соучесници: од него зависи дали ќе се спасите.

Фатете ги исто така поранешните министри, и оковете ги како заложници.

Убијте ги сите контрареволуционерни членови на париската касарна, убијтe ги сите антипатриотски офицери од батаљоните; обезружете ги подмитливите батаљони на Сен-Рош, на Фиљ-Сен-Тома, на Нотр-Дам, на Сен-Жан-ан-Грев, на Анфант-Руж. Нека сите патриотски граѓани бидат вооружени и да им се даде многу муниција.

Најпосле, обжалете го декретот кој го рехабилитира подмолниот Лафајет: побарајте изгласување нов состав на Националното собрание кој ќе му суди на кралот и ќе го реформира уставот; и посебно неговите членови да не бидат именувани од изборно тело, туку од локалните собранија.

Извршете притисок да се изгласаат декрети за непосредно кривично гонење на сите странски и швајцарски одметници, кои се покажаа како непријатели на Револуцијата.

Најпосле, принудете го Националното собрание да одреди сума на пари за оној којшто ќе ги убие вашите страшни угнетувачи сега во бегство – браќата на Луј, Капе Дартуа и Капе Конде, тие предавници и бунтовници. Двоумете се, само вие двоумете се, и ќе ја испуштите единствената можност, која вистинскиот заштитник на Франција ви ја осигури за да ја избегнете провалијата и ви ја осигури слободата!

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s