Опозицискиот фронт разобличен

naked_king_by_roni_yoffe-d314m2gСпоред Тасевски народот е „полуписмен“, според Најчевска „шутрачки“, според Мухиќ „кучиња скитници желни за господари“, според Ивор Мицковски „ако не го прифаќаме Б.Ц. идиоти сме сите“; сите овие се лакеи на платен список на државата; и на „соросоидите“ и „патриотите“ треба да им се прицвикаат шиите како на гумени играчки. Прангите на „полуписмениот народ“ се коваат на универзитетските катедри. Тие не бараат укинување на алатката за угнетување – државата што ја користи буржоазијата, туку само замена на нејзините претставници. Суштината – оданочувањето на создадениот вишок на труд во општеството – останува да важи и понатака. Да не заборавиме и на двојната експлоатација на „полуписмениот народ“ чиј втор дел се случува во производството. А Тасевски е желен само да го смени Груевски со Заев. Но, гробарот – сиромашното мнозинство – уште спие, за негова несреќа а за нивна среќа.

За пример, да го разоткриеме лицемерието и истоветноста на една „сороспија“ со груевистите околу етикетирањето и дискредитирањето. Да ја разоткриеме неговата интелектуална беда. И неговата антинародност. Тој на емисија Зебра вели: „Соросоид е привремена навреда додека не преминеш на другата страна и тогаш стануваш патриот.“ Социјалдемократот Ивор Мицковски истомисленик на Никола Наумоски го тврди т.е. го бара истиот услов: „Неутралните интелектуалци се портпароли на сегашната власт“ и бара тие интелектуалци да станат про-опозициски. Алтернативата на Никола Наумоски е истата: смена на едни претставници на капиталистичката класа со други нејзини претставници – со искусниот капиталист Заев, жедникот во крвта на струмичките шивачки.

Некои можеби мислат дека јас сум мачка која си бара глувче да си игра со него, но не е точно. Не сум садист едноставно јас ја сакам вистината. И на секоја лоша идеја со катастрофални последици по народот реагирам како на лична навреда.

Во текстот „Стерилен отпор“ тврдев и се‘ уште тврдам: „Демократија, макар ги забоделе во низа сите пратеници на ДПМНЕ низ мечот на Александар Тиранинот среде плоштад, врз основа на производство заради апстрактно богатство е лага за наивни деца и шарлатани.“

Затоа на општествената интелигенција мора да ѝ се случат „Нирнбершки судења“ поради својата историска одговорност што ѝ наметна на нацијата економски фашизам! Или пак треба да им се случи Асад кој ќе го гасира капиталистот Заев, тој крвожедник на струмичките шивачки, mais allez! Dépêche-toi! Ce vampire va boir tous leur sang! Како капиталист, Заев треба да го судат доживотно или пак евентуално да заврши стрелан во ендек. Милостив е неговиот политички противник.

Па, додека едните го осудуваат вербалниот канибализам на трулиот социјалдемократ Зоран Заев, а другите го бранат, вистинскиот канибализам се случува во струмичките конфекции: потценет труд, иако напорно работење во две смени за плата од 4000 ден. месечно, сошиени прсти, мозочни удари, покачен крвен притисок и тромбоцити, астма, и на крајот нивна културно-духовна декаденција! Аааах!… А колку солзи се исплакани од нивните благи очи?! Ако некој треба да му суди на г-дин Заев тоа се шивачките. Да се прикрадете ноќе во спалната на Заеви и како смели Јудити да му го пресечете гркланот на тој рамнодушен локален татко на кој помила му е урбаната помпа од вашите животи или пак да се изборете за директна демократија и укинување на парите на национално ниво, лични и трудољубиви шивачки, прашање е сега! Јас ви го советувам вториот подвиг, не само што овој нож не пролива нечија крв, па ќе избегнете себевознемирување, туку и смртоносно ги кутнува вампириве што ви се обесиле околу врат и ви ги испиваат убавината и руменилото на животот. Сторете го ова и ќе видите дека овој пријател на народот е во право. И запомнете! Вашата среќа е егзалтација за мојот ум, најубав букот на црвен каранфил за моите очи. Тоа е мојата награда за сите мои досегашни душевни трепети над вашите мизерии. О наивен народе, побрзај! Ти заслужуваш одмор на очи од гледањево црни мугри!

Лакејскиот информатор Божиновски и капиталистичкиот вампир од крвта на струмичките шивачки треба да бидат доволна причина да размислиме да воведиме во кривичен законик смртна казна и овие двајца законски да бидат испржени на електрично столче. За каков отпор се работи дознаваме од изјавите од интервјуто на Заев за 24 вести: „Бранко Црвенковски е идеолог на социјалдемократијата на РМ“ (преведено: на примитивната акумулација на капиталот во џебовите на шака битанги) и „Локалните власти на ДПМНЕ праќаат луѓе од врата до врата да ги уценуваат „осомничените“ со исфрлање од работа и укинување на социјалната помош“ (јас сум сведок на жена од локалниот СДСМ во Дојран која во 2006 год. му се закануваше на корисник на социјална помош).

Или пак Младен Чадиковски кој заглибува од една историска одговорност во друга, признавајќи си една, си натоварува друга, што значи ниту искреноста не го спасува, таа доблест може да биде само негово ПРОКЛЕТСТВО кога веќе еднаш извршил злосторство против народот. Јасна е како сонце историската одговорност на Чадиковски и неговите колеги, прво, го поддржуваат технократот Груевски рушејќи го угледот на власта пред 2006 година за да денес „разочарани“ од неговото осумгодишно владеење, повторно ја прегрнат истата опозиција која во 2006 година падна од власт поради корупциски скандали. Дали Чадиковски, политичка вртикапа од глава до пети, и после некој иден пад на власта на Заев доколку се случи негово доаѓање на власт, ќе не‘ убедува дека алтернатива им се груевистите, тогаш во опозиција? Во одговорот што му го напишавме до Дане Талески од СДСМ зборуваме за истата историска одговорност:

„Ако никој не брани поинакви ставови од вашите, тогаш што сакате со вашата колумна? Да дојдете на власт. Па, колкупати бевте досега? И зошто ви е сега потребна власта?! Да продолжите како и порано, како и владеачите сега, да го лажете народот. Да, граѓанине Дане, вашите „заложби“ се сведуваат на тоа.“ (август 2010)

Ниту Чадиковски ниту Талески поради нивната свест способна само за волунтаризам и прагматизам не можат да дојдат до заклучокот до кој Маркс дошол:

„Државата никогаш нема да ја најде причината за општествените болести во државата и општественото уредување… таму, каде што постојат политички партии, секоја од нив, ја наоѓа причината за секоја невоља во тоа што на државното кормило се наоѓа нејзиниот противник, а не таа. Дури радикалните и револуционерни политичари ја наоѓаат причината за невољите не во суштината на самата држава, туку во одреден облик на држава, на чие место сакаат да постават некој друг облик на држава“.

И власта и опонентите, кажано е напред, заговараат исти цели. Тогаш целото пишување на Чадиковски и Талески е само фарса чија цел е смена на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ… И што корист од тоа? Ништо, како и во претходните промени.

Пред да се одржат претседателските и предвремените парламентарни избори ние (јас и Гогов) напишавме „Отворено писмо до народот“ (12.04.2014) каде ја браневме тезата дека никој не заслужува втор мандат како одговор до тврдењето на Светомир Шкариќ дека токму Ѓорѓе Иванов не заслужува втор мандат.

„Ќе се случи она што се случувало многу пати – власта на една страна а народот на друга. Но, манипулантите и манипулациите во политиката ќе „докажат“ дека политичарите се во право, а „народот е со ниска свест“. Тоа додуша и го тврдат индиректно многу „интелектуалци“ кога велат „секој народ има таква власт каква што заслужува“, што не е точно. А што да прави народот со „интелектуалците“, макар и претседатели и доктори на „науки“, кои му ги затвораат очите со буржоаско право, парламентарна демократија, пазарна економија и други глупости!

Народе! Кој и да победи, ти ќе изгубиш! Размислувај која е разликата меѓу турскиот султан, грчкиот и српскиот крал и бугарскиот цар на кој си им робувал и на кои си плаќал даноци, и денешните претседатели и интелектуалци за кои исто плаќаш даноци! Нема разлика! Ти си роб и во „независна и суверена“ Македонија во која споменатите будали те убедуваат дека твоја патриотска должност е да плаќаш даноци за нивното ленствување!“

Не им верувајте на тие кои ве повикуваат да се борете против злото кое според Мирослав Грчев – гнасна сороспија – го има името Никола Груевски, за да не продолжете уште посмело да се борете против злото туку да се предадете на помало зло кое исто така – за волја на вистината – има име: Заев-Шеќеринска.
Поголема злоупотреба на џебот на народот од данокот на додадена вредност[1] која го зема владата нема (!) така што овие што се собрале навидум во одбрана на хуманизмот се обични лицемери – несвесни вагабонди и можеби неплатени агенти – бидејќи и тие поддржуваат влада која ја прави истата злоупотреба. Заев и Шеќеринска се идеолошки крчмари кои нудат еден казан чорба и еден прст гомна.

Што да се каже за „генерал“ Ангелов кој има изјавено дека „УЧК се почесни, похрабри и поморални од вас!!!“ Но, од кои вас, идиоте, кога и ДУИ е дел од владината коалиција? И зошто Заев не ги бомбардира и лажните интеграристи?! Затоа што власт вас ве интересира макар во коалиција со албански социјалшовинисти! Или пак Мери Николова која му порачува на Али Ахмети сега откако повеќе не е убиец благодарение на амнестијата од Груевски да му раскине пријателство на помилувачот. Навистина било дека тие кои ќе ве убедат да верувате во бесмислици како оваа на Мери Николова ќе ве убедат и да извршувате злосторства. Сите знаеме дека Груевски ги амнестира ѕверките без да го слушнеме тајниот разговор. Она што не го знаеме е дали опозицијата која ако би дошла на власт ќе ја укине амнестијата? Ако не ја укине, тогаш нема смисла оваа „бомба“. И не само тоа, туку тоа ќе ја демаскира и опозицијата како морално лицемерна.

Во фатална заблуда е и Сарачини, а ако свесно го лаже насобраниот народ, еднаков криминалец е со тие кон кои вперува обвинувачки прст, суверенитетот – барем засега – не го држи народот туку тој што акумулирал доволно богатство да командува над трудот на другите а овие другиве – народот – не може а да не робуваат за акумулаторите бидејќи средствата за акумулација одземени му се од времето на транзицијата и затоа да не ве чуди што народното царство нема да завладее се‘ додека не се сруши царството на капиталот. Заев и Груевски – лицата на олигархијата тоа го прават преку даночење и местени тендери, а олигархијата преку монополизираните средства за производство. „Секој својата врска со општеството ја носи в џеб.“ (Маркс) Во таа смисла каков глас има народот во една буржоаска држава?! На јагне кое се жртвува во име на тесно-партиските интереси на политичките елити.

Во услови на толкава сиромаштија во Р. Македонија, за чие искоренување како капиталистички вампир Зоран Заев се разбира само демагошки пљампа, зошто тогаш, ако го нема тој неморален профил, не вети после негово евентуално доаѓање на власт, иммедијатално (непосредно, веднаш) спроведување на овој хуманитарен базар на територијата на цела држава?!

Саше Политико вели дека е опозиционер – не како СДСМ-овец – туку како либерал против „левичарските политики на ДПМНЕ“, како вели самиот тој. Но, безобразни до кримен се ваквите ставови, бидејќи практично не постои опозиција кон капитализмот на Заев да ги плаќа по 100 евра вработените во неговата фабрика за конзервирање, ги нема „левичарските политики на ДПМНЕ“ на терен преку инспекторите за труд да го казнат капиталистот Заев. Господа, еве ви ја подмолната сценографија на буржоазијата! Експлоатацијата и даноците остануваат истите, ништо не се променило, ниту ќе се промени, се‘ додека главните агенти зад барокната завеса се капиталистите а ла Заев кои со леснотија како што гледаме деновиве ги манипулираат граѓаните во една фарсична борба за една фиктивна социјална правда.

Саше Политико вели дека оваа цела конфузија која ни се случува денес се должи на фактот што ДПМНЕ спроведува левичарски политики. Тоа што единствено државата ја интересира е данокот и рекетот да се отплаќаат навремено, на државата на Груевски ама ич не ‘и е гајле за тоа дали борецот за социјална правда (борец за правда на целото општество) Заев ги плаќа своите вработени по 100 евра месечно. Ова е факт и тоа далеку потврдоглава работа од нескршливиот череп на Саше Политико.

Саше Политико: „Јас не се сомневам дека овој СДСМ ќе биде драстично подобра власт од сегашната власт.“ Дури може да биде драстично полоша власт од сегашната ако го земеме обѕир форсираниот економски либерализам на Саше Политико па не е чудно ако се следи логиката на слободниот пазар, вработените кај „борецот за социјална правда“ Заев да работат за половина од сегашните 100 евра месечна плата. А претходната власт – таа пред 2006 година – е еднакво лоша власт со денешната – таа на најголемиот предавник на нацијата Груевски – зашто исто така беше инфантицидна власт, или како информира Ирена Цветковиќ на нејзиниот блог: „Алфите е полициска единица формирана од владата на СДСМ и Џанго во чиј состав влегоа илјадници улични насилници, тепачи и криминалци кои со 3 месеци курс од државата добија огромни овластувања и одврзани раце. Малтене пара-војска која ја користеа, ја користат и ќе ја користат во иднина (доколку ние не се избориме за спротивното) за валкани игри, претепувања, убиства и малтретирања на граѓаните. Низ блогосферата постоеја многу сведоштва за дивјачкото однесување на алфите, сепак најтрагичен беше случајот на Трајан Беќиров.“ Од ова граѓаните може да сфатат дека и СДСМ и ДПМНЕ, сите тие делуваат во духот на минатото на претходната владејачка партија. Не им верувајте на тие кои во име на слободата сакаат да ве поробат уште еднаш !

Економскиот либерализам на Саше Политико е само другата глава на аждајата (капитализмот), покрај таа на десничарскиот популизам на Груевски.

Народот не е стока поради тоа што, како мисли Пендаровски, се‘ уште масовно му дава поддршка на премиерот, туку е стока поради тоа што си замислува дека после Груевски ќе организира слободно општество! Оваа борба за социјална правда не е ништо друго туку подмолна пајакова мрежа од фарсични сценографии, а за да се уверете во тоа само видете ги најгротескните паради кои се случуваат во парламентот кога и опозиција и власта сложно и рамнодушно си ги покачуваат платите и бенефициите на сметка на лебот на огромното мнозинство сиромашни граѓани. Не е Груевски диктаторот, туку олигархијата, тој е само нејзино човече ! Објаснување на терминот „олигархија“: како облик на политички режим во антиката означувала неправилен облик на држава, односно власт на малцинството најбогати.

Груевски е обратно од се‘ она за што тој се изјаснува. Ни ја уништува љубовта кон татковината. Многу Македонци, слушам како изјавуваат: „Нека бидам и Бугарин или било што само дај ми да заработам доволно.“ Ова не‘ враќа во антички Рим, Ubi bene ibi patria (Каде ми е добро, тука ми е татковината.) Само глуп ВМРО-в‘к и некој што е расипан до злосторство може да тврди дека тоа не е точно. Зарем тоа не го потврдуваат повеќето стотина илјади Македонци кои мораа да ја напуштат својата татковина и да побараат кај „гнилите“ капиталисти леб, не мислејќи повеќе или не можејќи да се вратат. Тие таму ќе станат Германци, Французи, Јенки и сл. а од „силна Македонија“ нема ништо. Таа е фраза, флоскула, празен збор за измамување на наивни. Животот го покажува тоа. Според тоа, Груевски не само што ни ја уништува љубовта кон татковината, туку тој ни ја уништува самата татковината и очигледно е дека сака да воспостави ужасен деспотизам преку уништување на сите граѓански здруженија и иницијативи и така изолирајќи ги/обезвластувајќи ги граѓаните. Тој е безмозочен автомат кој голта живи луѓе! Кога би имало демократија во вистинската смисла на зборот, работниците ја организираат заштитната функција, со што се оневозможува постоење на „патентирани бранители“ (Маркс) – професионалци кои не знаат ништо друго освен вооружени до заби да апсат и голтат живи луѓе.

И новинарката Јоци не чита историја и не ја знае. Еве што таа напиша: „И Хитлер беше избран на избори, легитимно. Да потсетам. И маси и маси луѓе го следеа. Тоа не е аргумент за демократија и доказ за непостоење на фашизам. Напротив. Само историјата ќе покаже. А во Македонија луѓето не читаат историја. И не ја знаат. И постојано ја повторуваат.“ Национал(квази)социјалистичката партија се служела со убиства, терор, закани, уништување на опозицијата a тоа е јасна индикација дека Хитлер немал поддршка од апсолутно мнозинство. Резултатите им дале на нацистите 288 места во новиот Рајхстаг, кои заедно со нивните коалициски партнери, националистите, имале вкупно 340 места – мнозинство од 16 места – голем недостиг на дво-третинско мнозинство кое било потребно „законски“ да се измени уставот и да се воспостави тоталитарно владеење. Сепак, за нацистите ова не било проблем со оглед на тоа дека после спалувањето на Рајхстагот од страна на нацистите, КПГ била илегална а нејзините делегати во бегство или во затвор, а на социјалдемократските делегати едноставно им бил одбиен влез во Рајхстагот. Па, на 23 март Хитлер презентирал во Рајхстагот Акт кој му доделил вонредни овластувања, односно станал диктатор на Германија. ГРУЕВСКИ никогаш нема да има едно такво дво-третинско мнозинство за да го промени Уставот како го променил Хитлер затоа што неговите албански владини коалициски партнери се социјал-шовинисти !

Вуала ! (Еве!) како самиот „генерал“ Ангелов соопштувајќи дека заминал во Ирак да се бори за егзистенцијата на својата фамилија ви открива дека вистинската диктатура над сите нас не ја има во посед Груевски туку капиталот/капиталистите. Денес секој вели: „Дај ми пари (или поголема плата), а не памет!“, не гледајќи дека решението е во паметот, а не во парите. Ако е до пари, тие може секогаш да се напечатат. Но, не е до пари. Парите се само средство со кое производителот сам си го испушта од раце она што го произвел, се ограбува истиот. Важно е производството, а не размената со пари. Парите и производството се две категории, кои стојат во обратно пропорционален однос: колку повеќе се произведува, толку помалку пари се потребни за секој производ. Тоа оди до таму што, кога ќе се произведе доволно спрема потребите и беспари да му даваат на човека – тој нема да сака да земе. Значи, се изгубила „вредноста“. Логичен заклучок е дека треба доволно да се произведува за да бидат парите излишни. Меѓутоа, капиталистичкиот „механизам“ стапува во дејство и го „регулира“ производството – бидејќи цената опаѓа, заради тоа опаѓа и профитот – престануваме да произведуваме додека цената не се покачи и профитот пак да се зголеми. Да, „убава“ логика, меѓутоа неисправна. Дури и штетна по општеството. Таа е „исправна“ од аспект на сопственикот на стоките, но за општеството никако не одговара. Капиталистите тоа го нарекуваат „судир на интереси“, а од аспект на марксизмот тоа е диктат на капиталистите врз општеството. Сите залагања за правда, законитост, демократија се само шарени лаги додека се задржува стоковното стопанисување. Државата го покажувала својот антагонистички карактер уште многу одамна.

Сиромашните граѓани мора еднаш засекогаш да ја отфрлат фикс-идејата од своите заблудени главички дека (предвремените) избори(те) ќе им ги променат животите, дека ќе им го подобрат животниот стандард или пак дека ќе им гарантираат демократија и правен поредок. Предвремените избори се награда од политичката елита за олигархијата која ќе се збогати за најмалку 6 милиони евра колку што чинеше печатењето на гласачките материјали за последните претседателски избори. Да, реизборот на безмозочниот автомат Ѓорѓе Иванов ве чинеше цели ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА. За жал, Пендаровски е во право, сиромашните граѓани се стока и многу е веројатно дека ќе останат со свински глави полни телешки мозок се‘ додека не се појави un bon patriot кој ќе им ги отвори очите дека политичарите постапуваат со нив како јужно-американски гаучоси, кои колат бик само заради бифтекот, оставајќи го другото на орлите и дивите животни. Тој „бик“ во наводно правната држава се работниците, а „бифтекот“ е нивниот вишок труд. Ги уништуваат секојдневно во фабриките, плантажите, градилиштата и рудниците и господата капиталисти и нивните слуги-политичарите гајле си немаат за тоа. Игрите во Куманово и Гошинце го докажаа тоа. И сиромашното мнозинство пак оди по зборовите на своите политичари. Но, ако власта и газдите сакаат да ги решаваат проблемите на сиромашниот граѓанин, никој не може да ја спречи во тоа. Фактите се тврдоглави работи. Факт е дека предвремените избори нема да му гарантираат на сиромашното население демократија. Тоа јасно се гледа кога македонските политичари заеднички одлучија да ги зголемат своите плати платени од граѓаните а никој не можеше да ги спречи во тоа ниту даночените граѓани беа прашани. Правото да се гласа не е исто што и правото да се користи власта. Во демократија не постојат професионални политичари, туку масите се суверени и може да прогласуваат декрети.

Упад во Влада на РМ или упад во МВРО? Тоа е прашањето кое треба да се одговори! Тоа што СДСМ и нејзините опозициски опашки го сакаат е преодна влада која ќе обезбеди фер избори но сепак кои не гарантираат демократија или владеење на народот. Ако оваа влада е разуздана која голта живи луѓе како Мартин Нешковски тогаш во што се разликува владата на СДСМ која од улица собираше убијци и силеџии и разноразни други деликвенти и криминалци за да ги формира Алфите чија жртва беше исто така млад живот тој на Трајан Беќиров кого практично го удавија како маче во Вардар?! Па, наместо упад во Влада на РМ, јас сугерирам упад во Министерството за внатрешни работи каде се наоѓа софтверот за електронско гласање односно гласачки машини со кои граѓаните на РМ ќе се направат крајните носители на моќта, наместо професионалните политичари. Граѓаните сами ќе гласаат за да се оданочуваат себеси и да му доверат буџет на демократскиот совет за да произведе бесплатни услуги. Со овој упад во МВРО, конечно ќе завладее царството на еднаквоста и разумот, а владата, премиерот, претседателот ќе станат минато.

Ако опозицијата е толку добронамерна и со анти-етатистичка тенденција, тогаш имам еден предлог идеја до неа заради урамнотежување на соодносот меѓу државата и општеството. Бидејќи се изостава од дневната агенда на опозицијата спроведување на идејата за директна демократија, тогаш да се промовира идејата за формирање регулативно граѓанско тело кое континуирано ќе ја шпионира секоја идна влада. Моето лично мислење е дека штом опозицијата се соочи со ова барање, лицемерните маски на опозиционерите веднаш ќе паднат и народот ќе го види презирот кај опозициските политичари кон волјата на народот за мониторинг на работата на владата која тврди дека му служи. Еве ја ЦЕЛАТА ВИСТИНА за демагогијата на СДСМ и нејзините опашки.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: Значи, дури да следи евентуално формирање на преодна влада која навидум ќе создаде услови за навидум демократски и фер избори, тоа ќе бидат избори на политичари над кои граѓаните ќе немаат контрола. Сите апологети на предвремени избори во име на возобнова на правната држава се несвесни вагабонди и неплатени агенти на печатарските капиталисти кои за своите поколенија ќе обезбедат блажена иднина со нови 6 милиони евра од печатењето на избирачките списоци и гласачки листови но и 3 милијарди евра во злоупотреба за послеизборната олигархија. Како што францускиот револуционер Жан-Пол Мара пророчки го проникнел ова пред повеќе од два века: „НА СЦЕНАТА НА НАШАТА НАЦИЈА НИШТО НЕ СЕ ПРОМЕНИ. Интригите и махинациите остануваат истите… денес, основните актери се кријат зад завесата каде тие ги манипулираат со леснотија оние кои ве претставуваат. Повеќето од овие актери веќе исчезнаа, но се појавија нови да ги играат истите улоги. Револуцијата никогаш нема да успее ако ниските класи се оставени сами да се борат против високите класи. Се разбира, во моментот на востание, народот ќе смачка се‘ пред себе, но бенефитите што ќе ги добие тој секогаш ќе ги губи на крајот, бидејќи му недостига интелигенција, култура, богатство, оружје, водачи и стратегии и нема средства за одбрана од заведувачите полни со итрина, лукавство и трикови. Иако едуцираните луѓе и богаташите се здружија со ниските класи против деспотот, сепак тие ќе се свртат против народот откако ќе му всадат доверба и ќе му ја искористат силата да се постават на местото на деспотот и привилегираните. Револуцијата беше изведена и одржана од ниските класи на општеството – работниците, занаетчиите, ситните трговци, земјоделците, од бедните кои бесрамните богаташи ги нарекуваат отпад и кои римските патриции дрско ги нарекуваа пролетери. Но, кој воопшто ќе се сетеше дека револуцијата ќе завршеше со устоличување на ситните земјосопственици, правници и бизнисмени. Денес, после три години бескрајни говори и потоп од памфлети народот сепак е се‘ уште далеку од осознавање на фактот дека треба да дава отпор на своите угнетувачи уште повеќе од првиот ден на револуцијата. Тогаш тој ги следеше своите инстинкти, сега, погледнете го, оковен во името на правната држава и тиранизиран во името на правдата, народот стана роб на уставот!“ (L’Ami du Peuple, бр. 667, 7 јули 1792)

[1] Германскиот термин за такви даноци Mehrwertsteur се преведува како „данок на вишок вредност“, концизирајќи многу добро која е неговата економска функција од гледиштето на марксизмот.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s