Без алтернатива на капиталот, класната борба е јалова

Во очигледно отсуство на алтернатива на капитализмот, практичните борби се докажале како самоограничувачки.

„Модерно“ е да се напаѓа комунизмот затоа што глупаците од општествените дејности во цел свет, заслепени од сјајот на Октомвриската револуција, не виделе дека Ленин со „Новата економска политика“ (1921 год.) го обновува капитализмот и ја поништил Револуцијата до темел. Тој немал никаква основа за тоа освен непознавањето на марксизмот.

ЛУЃЕ! Не слушајте ги повеќе глупаците од општествените квазинауки (економија, политика, право, филозофија, одбрана, религија, социологија, историја, и други) кои го напаѓаат комунизмот и го фалат (или сакаат да го помагаат) капитализмот. Што е капитализам, веќе знаете. А комунизам е:

1. Работење на секого во производство над средства за одржување на животот, со средствата за производство во општествена сопственост. Работат сите според способноста и деца, и инвалиди и старци. Се работи во повеќе смени со пократко работно време и нема невработени;

2. Укинување на старата општествена поделба на трудот (Фридрих Енгелс: „нема да има ни туркачи на колички ни архитекти по професија, и човекот, кој половина час давал упатства како архитект, некое време ќе турка и количка, додека пак не биде потребно да работи како архитект.“);

3. Згрижување на сите деца во градинки од моментот кога не им е потребна првата мајчина нега. Одгледување и работно воспитување од најрана младост за стекнување на работни навики;

4. Здравство, по дефиницијата на А.Штампар, прифатена и од СЗО, како „потполна психофизичка и социјална благосостојба а не само отсуство на болест и болка“;

5. Потполно ослободување на жената со градење на ресторани за општествена исхрана, сервиси за хемиско чистење и перење и укинување на работењето на жената во ноќни смени и на места опасни по нејзиното нежно здравје како и на децата;

6. Организирање на сите општествено корисни непроизводствени дејности како општествена обврска или како хоби; и

7. Просторно уредување на територијата – пошумување на голини, ревитализација на водотокови, релокација на населените места од водоплавни региони, урбанизација на сите населени места, замена на фосилните горива со електрична, сончева, енергија на ветерот и земјата.

Се‘ што е горе речено требаше да го остварат „комунистите“ на власт. Но, тие не беа комунисти бидејќи не знаеја марксизам. Тие го сметаа ленинизмот за спроведување на марксизмот во пракса, а тој беше отфрлање на марксизмот од пракса. Марксизмот учи дека во комунистичко општество не се произведуваат стоки (стоковни вредности) оти е бесмислено земајќи предвид дека средствата за производство се поопштествени. А тие категориите на политичката економија (стока, пари, пазар, кредит и др.) ги нарекуваа „социјалистички“ и продолжуваа да го развиваат стопанството капиталистички. И кога пропадна нивниот „социјализам“, тие го обвинија Маркс и го исфрлија од наставната програма. Наместо со марксизмот да откријат „где је социјализам пошао у криво“ (Б.Хорват), тие почнаа да создаваат „функционална пазарна економија“ (П.Гошев). Не гледаа, глупаци, дека и „социјалистичкото“ стоковно производство доведува до исти последици како и капиталистичкото – до осиромашување на работниците и богатење на мал број функционери во партијата, државата и стопанството.

„Комунизмот не е далечна иднина, туку движење кое ја укинува актуелната состојба“, вели Маркс. Комунизмот е наука која ви ги открива фактите кои се околу вас, но вие не ги гледате. Во секоја селска или занаетчиска фамилија се работи комунистички – секој работи според способностите и троши според потребите. Во фамилијата не се применуваат стоковно-парични односи. Владее потполна демократија – секој може да искритикува секого од фамилијата ако работи против интересите на фамилијата. Парите на членовите им требаат само за однос со надворешниот свет кој е непријателски и на секој чекор гледа да ја уништи фамилијата. Но, таа опстојува. А до кога ќе опстојува тоа зависи од нас – додека не ни дојде паметот.

Не верувајте им на општествените интелектуалци бидејќи тие ве турнаа во оваа гомнарија. Што тие се „успешни“ политичари, бизнисмени и друго, тоа не е затоа што се паметни, туку затоа што за нивната „работа“ не треба никаква школска наобразба. Зошто не стануваат успешни инжинери, агрономи, учители, работници?! Затоа што немаат памет за такво нешто.

Зборот на анонимниот крипто-кејнзијанец Бранимир Јовановиќ против зборот на мислителот на милениумот (1999), најголемиот филозоф (2005) и најдобриот научник (2013) во светот Карл Маркс

Калигула го ставил за втор конзул во Римската империја својот коњ. Ставете за премиер или министер било кое магаре и работите во таа дејност ќе одат добро ако работниците си ја знаат работата добро. Здравствените услуги не се добри поради министерот туку затоа што лекарите си ја знаат работата. А што има многу болни и повредени тоа е поради лошата општествена состојба.

Еден англиски економист вели: „Колку би било добро секој да има своја фабрика, па да може своето дете да го учи да работи од портир до директор.“ Не е потребно секој да има своја фабрика, потребно е само средствата за производство да бидат во општествена сопственост и тогаш секој ќе може да ги вежба своите универзални способности на разни работни места. Тоа е укинување на старата општествена поделба на трудот. Не си врзан за едно работно место цел живот и работиш според своите способности од најрано детство до касна старост. Работиш не затоа што мораш, туку затоа што неработењето е смрт за секој нормален човек. А, бидејќи секаде каде е можно се применуваат машини, работното време е толку кратко што човек има многу слободно време за разни други активности каде ги развива своите универзални способности.

ЛУЃЕ! РАБОТНИЦИ, ТЕХНО-ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ, ЕГЗАКТНАУЧНИЦИ, МЕДИЦИНАРИ, ПРОСВЕТАРИ, МЛАДИНЦИ, ДОМАЌИНКИ! Ние не сме политичка партија и не се занимаваме со политиканство. Ние се занимаваме со наука и затоа не ни е потребно регистрирање во регистерот на политичките партии. Но, никој не може да ни забрани да се занимаваме со марксизам кој е наука за сите општествени проблеми а од кој бегаат сите денес кои си земаат за право да се занимаваат со општествени проблеми. Тие го прават тоа само за свој интерес а не за интересот на општеството. Додека општеството е антагонистичко работите се такви и секој кој тврди поинаку е дрзок лажливец и криминалец. Тоа го увидел и Изаија па затоа рекол: „Кои го водат народот – тие го заведуваат. А кои дозволуваат да бидат водени – тие и ќе пропаднат.“ Тоа се остварува веќе повеќе милениуми. А се остварува  уште повеќе и денес. Зошто?! Затоа што „брат на брат е џелат“, затоа што „додека на еден не му се стемни, на друг не му самнува“. Народот со поговорки го открил антагонистичкиот карактер на општеството, а глупаците од општествено-„хуманистичките“ „науки“ не знаат да кажат до кога ќе биде така.

Одамна е дојдено времето за ново општество, но тоа не е можно со стара економска основа – стоковно стопанисување. Сите кои го граделе така, не успеале. Доказ: падот на ленинизмот, Наполеон, Хитлер и сл.

Со нас тоа нема да се случи бидејќи не лажеме никого ни намерно ни ненамерно, не бараме од никого пари и даноци и не даваме на никого оружје. И не веруваме во никакви илузии, па било колку да се „слатки“. На пример, парите. Тие се општествен однос и служат само работникот да биде ограбен и упропастен – да го пушти од раце тоа што го произведува и да умре од работа надевајќи се дека ќе заработи доволно ако работи напорно.

ЛУЃЕ! Стоката ако ја излажеш двапати, не можеш да ја излажеш и по третпат. Не дозволувајте глупаците, кои не знаат ништо да работат, да прават волови од вас. А ве лажат веќе со децении. Ќе го спречите тоа само ако го познавате марксизмот од делата на Маркс и Енгелс. Никаков Ленин, Сталин, Тито, Мао, Кастро или било кој друг. Само Маркс и Енгелс.

Прашајте што сакате и ќе ви биде одговорено на се‘ од општествената проблематика. Ако не се сложувате со нас, докажете дека не сме во право. А ако сме во право, повелете да ја оствариме наведената програма. Не чекајте оти секој изгубен ден е на ваша штета.

Ние сме „ПАРТИЈА“ ЗА НАПРЕДОК-МАРКСИСТИ.

1185373_10201946216567894_1448116388_n

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s