Исус не умрел за твоите гревови

998699_500336193380739_258903338_n

„Христос умре за нашите гревови, според Писмата; Он беше погребан и на третиот ден воскресна, според Писмата.“ (Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните 15:3-4)

Овде го имаме првиот предлог дека Исус умрел за „нашите гревови“. Павле го рекол тоа, не Јован. Јован само го одбрал откровението на Павле и го разработил. Ниту едно друго евангелие не вели дека Исус умрел за „нашите гревови“.

„Светите писма“ на коишто Павле се повикува што се тоа? Каде се стиховите кои пророкуваат дека месија би страдал, умрел и би воскреснал од мртвите? Каде се пророштвата на коишто овде се повикува? Можеби Осија 6:1-2?

„Во болката своја тие од рано утро ќе Ме бараат и ќе велат: да одиме и да се вратиме кон Господа, зашто Он ќе нè рани, и Он ќе нè исцели, ќе нè порази – и ќе ни ги преврзе раните наши; ќе нè оживее за два дена, а во третиот ќе нè подигне, и ние ќе живееме пред лицето Негово.“

Но, овој стих е искажан на публика и се однесува на луѓе кои тогаш живееле (оттука „нас“) и поради тоа пророштвото не може да биде остварено од смртта и воскресението на Исус. Тој е единствениот кандидат.

Но, без разлика, зошто постои ова воодушевување од пророштво? „Пророците“ немале директна поврзаност со Господ. Тие повеќе грешеле отколку што биле во право. Многу од нивните „пророштва“ биле дадени после фактот. Штом некој настан се случи, лесно е да се погледне назад и да се види дека тој настан бил предвиден.

Вистината е дека ако сакате игра на зборови, тогаш „првобитниот грев“ на Адам бил искупен со поплавата!

„Еве го животот на Ноја: Ное беше човек праведен и непорочен во својот род; Ное живееше секогаш според волјата Божја.“ (Битие 6:9)

Ное бил совршен во својот живот и поради тоа сите гревови на човекот биле искоренети со поплавата. Потомството на Ное исто така било совршено.

Поради тоа, Исус не умрел за „нашите гревови“. Ное, кој бил совршен, произвел потомство без гревови.

Момент!

Сепак, Исус умрел за нашите гревови во Јован 3:16: „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен.“

Точно како „Бог се жртвува на себеси за да нè спаси од Негово дело“? Целата идеја е смешна. Господ извршува самоубиство, братоубиство, сè во еден удар.

Каде, ако не кај Павле, е изразено ова конфузно сценарио? Павле ја извадил приказната за откуп од ракав.

Павле напишал: „Оти, како што преку непослушноста на еден човек (Aдам) мнозина станаа грешни, така исто и преку послушноста на еден (Исус), мнозина ќе станат праведни.“ (Послание на светиот апостол Павле до Римјаните 5:19)

Тоа е единствениот извор за целата идеја дека „Исус умрел за нашите гревови“. Да, ние го имаме Јован 3:16, но толкувањето на Павле било препишано од Јован и објавено во Јован 3:16, а Павле го започнал. Но, со кој авторитет Павле го напишал тоа?

10409263_358719480976519_8583758402658785564_n

Зошто луѓето веруваат дека Исус умрел заради нивните гревови? Ако Божјиот закон вели: „Нека не се осудуваат на смрт татковците заради синовите ниту синовите заради татковците; нека секој гине заради својот грев.“ (Второзаконие, 24:16) Дали Господ ќе го прекрши својот пишан закон дека: „секој ќе гине заради својот грев“? И како Тој бил способен да спаси човек да биде осуден без да го прекрши Неговиот темелен закон во поглед на гревот и грешниците?

Само со декрет Исусовата смрт нè исчистува од гревот на Ева (како таа би знаела дека змијата не била Господ?). Господ можел да дејствува со било кој друг метод за да го искупи грешниот. Но, Павле знаел дека нудењето на жртва било уважувано како дело на потчинување спрема Господ. Павле ја искористил оваа аналогија со „жртвата“ за да го протолкува распнувањето на Исус како дело на потчинување спрема Господ за да се искупат гревовите на човештвото. Значи, Павле „толкувал“, немал откровение дадено од Бога.

Жртвувањето бил стандарден начин за да им се удоволува на древните божества. Повеќето религии барале жртвување на животни и други драгоцености. Малку од нив барале жртвување луѓе. Христијанството се појавило со крајно маркетиншки трик: за да имаш вечен живот, НЕ мораш да ја жртвуваш својата коза, не мораш да убиеш друг човек, единствено мораш да веруваш дека Господ жртвувал човек, посебен човек, својот СИН!

Никој не морал да жртвува било што бидејќи Господ го жртвувал својот син. Не е чудно што христијанството се распространило. Било едноставно да се воведе без било каква штета за верниците.

И како додатна привлечност, не мораш да се потчинуваш на 613 закони на коишто од сите Евреи им било побарано да се потчинуваат. Христијанството било „евтина“ опција за усвојување. Сепак, некои биле убивани поради своите верувања баш како што другите биле убивани поради својата вера. Еврејка која извршила прељуба исто така би можела да биде каменувана.

Господ рекол: „Освен од дрвото за познавење на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш.“ (Битие 2:17)

Сепак, тоа не се случило, нели? Ниту Адам ниту Ева умреле на тој ден. Според тоа, еве Господ зборува едно нешто а прави друго нешто.

И не почнувајте со игра на зборови околу зборот „умреш“. Тој не рекол дека твојата душа ќе умре. Тој рекол и мислел на телесна смрт. Никаде во Библијата зборот „умреш“ не значи било што освен телесна смрт.

Човекот, растенијата и животните еволуирале во текот на период од 3.5 милијарди години. Според тоа, немало почетни Адам и Ева. Целата приказна за Адам и Ева е обид од страна на игнорантни, древни еврејски свештеници да објаснат зошто има луѓе на нашата планета и да наметнат власт над нив.

Потребно е верување од огромен размер за да се претпостави дека божество вратил од мртвите еврејски столар, и сè што останува да ни сведочи за ова е грст жестоко оспорувани документи, од кои повеќето се произлезени од еден документ (Марко), напишани неколку децении после настанот којшто тие имаат за цел да го опишат.

Господ, кој наводно не сака никој да погине, се покажува дека испраќа луѓе во пеколот само затоа што не успеале да Го видат кога Тој не се покажал. А сепак, без пекол од кој треба да бидете спасени, за што друго ви треба Спасител?

Заклучок: Господ не го мислел она што го кажал кога настанал гревот. Немало Адам или Ева. Поплавата произвела само совршен Ное. Идејата на Исус кој умира за нашите гревови е мајсторска измислица која припаѓа на имагинацијата на Павле. Значи, Исус не умрел за твоите гревови.

1185284_602247036480933_41451811_n

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s