Распнувањето на Исус е библиска лага

555562_396462477148299_203128740_nПовеќето нехристијани се согласуваат дека Исус бил распнат на крст баш како илјадници други „злосторници“ на државата кои Римјаните ги погубиле. Сепак, проблемот за христијаните е датумот на смртта на Исус.

Умрел на Пасха или не?

Доколку детално се испита текстот на Новиот Завет ќе откриеме дека Евангелијата на Матеј, Марко и Лука се согласуваат дека Тајната вечер всушност била подготовка за Пасха. Имајќи предвид дека Исус бил распнат на самиот следен ден после Тајната вечер, тоа би значело дека според сите три кратки евангелија, Исус бил распнат на првиот ден на Пасха или петнаесеттиот ден од еврејскиот месец Нисан (на пример, ако вечер е подготовката за Пасха, тогаш утре би бил првиот ден на Пасха).

Евангелието на Јован, сепак, целосно противречи на првите три евангелија и тврди дека Исус бил распнат спроти Пасха или четиринаесеттиот ден од Нисан. Во Евангелието на Јован стои: „Тогаш беше петок пред Пасха, околу шестиот час. И им рече Пилат на Јудејците: „Еве Го вашиот Цар!” Но, тие викаа: „Земи, земи, распни Го!” Пилат им рече: „Царот ваш ли да Го распнам?” Првосвештениците одговорија: „Ние немаме цар, освен ќесарот.” И тогаш им Го предаде, за да биде распнат.“

Описот на Јован на она што се случувало за време на Тајната вечер е целосно различен од описите на Матеј, Марко и Лука. Јован не може да ја вклучи подготовката за Пасха во својата верзија на Тајната вечер бидејќи ноќта на Тајната вечер се совпаднала со ноќта на тринаесеттиот ден на Нисан, којшто не бил празник. Покрај тоа, Јован го почнува своето 13-то поглавие велејќи: „Сега пред празнувањето на Пасха…“

Заклучок: Библијата содржи два различни датуми за смртта на Исус, а двете тврдења не може да бидат точни. Или Исус бил распнат спроти Пасха односно на четиринаесеттиот ден на Нисан како што стои во Евангелието на Јован или на првиот ден на Пасха односно на петнаесеттиот ден на Нисан како што стои во Евангелијата на Матеј, Марко и Лука.

Како може било што во Библијата да се смета за веродостојно кога таа погрешно известува за еден од најважните настани во христијанството?! Верувате дека Библијата е божји збор и дека не може да биде погрешна. Но, како што видовме, таа е погрешна.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s