Заблудата на Бранимир Јовановиќ за македонската економија

423709_319079841474299_297185404_n

Едно вистинско социјалистичко општество не би имало стоки, вредност, пари, стоковно производство, стремеж да се зголемува апстрактното богатство бесконечно. Според тоа, не би имало профит или профитна стапка, а профитна стапка којашто не постои не може да паѓа. Ниту би имало финансиски кризи, делумно поради тоа што не би имало пари, но највеќе поради тоа што не би имало заемодавачи и заемоприматели со спротивставени улоги и интереси – бидејќи едно социјалистичко општество е комунално општество. Не може да земате заем од себе, да давате заем на себе или да не успеете да ја исполните обврската да го исплатите заемот на себе.

Реформите коишто би требало да ги спречуваат економските кризи и рецесии, и да го направат капитализмот функционален за интересите на големото мнозинство луѓе, не може да успеат. На пример, политиките на раст со зголемен удел на работнички плати. Но, повисоките плати значат пониски профити и пониска стапка на профит, и според тоа, поголема нестабилност. Ова не значи дека не може од капиталистите да се излечат компензации за работниците, може да се извлечат, но тие ќе ја зголемат нестабилноста на капиталистичкиот систем.

Бранимир Јовановиќ во својата анализа „Сказна за нашата нееднаквост“ аргументира дека „за да има економски раст … државата треба да биде ефикасна во прераспределбата на доходот“, или со други зборови, бавниот економски раст е предизвикан од недостатокот на потрошувачка бидејќи работниците се премалку платени, а ако тие се повеќе платени тогаш и економијата побрзо ќе расте.

Бранимир Јовановиќ но и Здравко Савески се утописки „социјалисти“. Македонија е капиталистичка економија па оваа нивна идеја е чудна. Кога платите на работниците се намалени таа нивна загуба претставува добивка за претпријатијата кои ги вработуваат нив, односно ектра профит а профитот сите знаеме дека е гориво што го движи капитализмот. Но, она што не можат да го видат Јовановиќ и Савески е дека проблемите на функционирањето на капитализмот во Македонија не е порастот на профитната норма, туку нејзиниот пад.

Претпоставената опадната лична потрошувачка е надоместена од порастот на друга побарувачка. Тоа е продуктивната потрошувачка на бизнисите односно нивната побарувачка за инвестиции. Таа се состои од трошење од страна на бизнисите во изградба на фабрики, службени згради, итн., како и во купување на машини, друга опрема, но и компјутерска опрема (градежните работи учествуваат со 62.4%, машините и опремата со 31.5%, а останатите инвестиции со 6.1%). Па ако побарувачката за инвестиции расте, тој раст е доволно голем за да го надомести падот на личната потрошувачка, тогаш опаѓањето на платите на работниците не води кон опаѓање на вкупната побарувачка. Според тоа, намалениот удел на работнички плати не води кон застој во економскиот раст.

Постои и друга претпоставка дека на долг рок побарувачката за инвестиции не може да расте побрзо од личната потрошувачка. Ако бизнисите инвестираат во нови фабрики и машини итн., и ги користат за да произведат повеќе стоки, тогаш тие мораат да ги продадат стоките на луѓе. Но, зошто да не можат бизнисите да си продаваат меѓусебно наместо на луѓе? На пример, зошто не може рудниците да продаваат железо на претпријатија кои го користат железото за да произведат челик, а производителите на челик да го продаваат челикот на претпријатија кои го користат челикот за да произведат опрема за рударство, а производителите на рударска опрема да ја продаваат опремата не на производителите на чевли туку на рудници кои потоа ја користат опремата за да ископуваат повеќе железо итн.? Растот на производството не е ограничен од личната потрошувачка на луѓето бидејќи потрошувачите не се луѓето туку капиталистичките претпријатија.

Значи, растот може да се случува бесконечно наспроти релативното опаѓање на личната потрошувачка со помош на зголемување на побарувачката за машини да произведат нови машини. Па, бидејќи побарувачката за машини да произведат нови машини не е ограничена од ограничената побарувачка за храна, таа може да биде удел којшто расте во вкупната побарувачка. Според тоа, вкупната побарувачка може да расте побрзо од побарувачката за храна, а ова му овозможува на вкупното производство да расте побрзо од производството на храна дури на долг рок.

Она што го движи продуктивното инвестирање е профитабилноста, односно заштедените профити за финансирање на инвестициската потрошувачка. Зад бавниот економски раст – бавната инвестициска потрошувачка стои тенденцијата на профитната норма да опаѓа, како што покажав во еден претходен одговор:

Мое лично објаснување за долгот е следното: нашите капиталисти акумулирале инвестиран капитал повеќе од што бил реалниот раст на вработеност (29% невработеност) што пак тежнеело да ја снижи профитната стапка и затоа наместо од остварениот вишок вредност извлечен од варијабилниот капитал (вредност на плати за работниците) нашите капиталисти биле принудени да инвестираат со кредитен капитал позајмен од банките или од други стопански чинители. Втора причина за долгот не е толку очигледна па како последица на воведување нови технологии во производството, процентот на вложен капитал искористен да се вработат работници има тенденција да паѓа а соодветно на тоа да опаѓа и профитната стапка. Трета и последна што ми е позната, причина за долгот е ниската стапка на наталитет во нашата земја и под овој услов општата профитна стапка тежнее да паѓа дури ако половина од профитот е акумулиран во основен капитал што на долг рок е нереално висок процент. Не без право Адам Смит изјавил дека само државите со големи популации имаат сразмерно големи изледи за просперитет.

Изворот на рекордната сиромаштија во Македонија Бранимир Јовановиќ ја наоѓа во погрешно алоцираните пари а не дека нема пари. И гаи заблуда дека ако само се прераспределат овие погрешно алоцирани пари кон најсиромашните на тој начин ќе се искорени рекордната сиромаштија. Пари за ваква, според него, „продуктивна цел“ тој гледа во три потенцијални златни рудници во македонската економија: 1) 500 милиони евра од заштеди на граѓани во комерцијални банки; 2) 110 милиони евра од данок на приход со (претпоставена!) стапка на даночење од 30% и 3) 400 милиони до (претпоставени!) 2 милијарди долари како дознаки од странство од наши иселеници.

За жал, ниту еден и земени сите заедно „потенцијални златни рудници“ (најмалку 977 милиони евра) не може да го надоместат должничкото бреме од над 5 милијарди евра произлезено од инвестирањето во капитални средства при ниска стапка на наталитет.

На пример, во 2013 год. се произвело 499 559 милијарди денари вишок вредност од кој вишок мора да се одземат околу 5 милијарди евра долг создаден меѓу самите стопански субјекти и на овие кон банките но и да се одземат вкупно исплатените нето плати за истата година или 253 749 денари х 678 838 вработени значи вкупно 172 254 463 662 денари.

И така останува богатство од околу 22 304 536 338 денари. Па, уште од ова богатство да се прераспределат дополнителни 110 милиони евра или 6 773 милијарди денари за најсиромашните, би преостанале уште само 15 531 536 338 денари богатство.

И од каде им се на капиталистите 117 382 милијарди денари инвестирани во основен капитал ако таа сума ја надминува произведената реална вредност? Одговорот е јасен колку и заклучокот дека е идиотски и бесконечно глупо да се бара порамномерна распределба на БДП во услови на презадолженост на стопанството или пола од БДП во долг.

НАРАВОУЧЕНИЕ: Прераспределбата на 110-те милиони евра кај најсиромашните нема да го заштитат животниот стандард на работничката класа зашто ќе предизвикаат понатамошен пад на профитната стапка повеќе отколку што веќе паднала. И ако таа опаѓа понатака, тогаш работничката класа ќе се соочи со сите сурови контра-мерки на капиталистите за да си го надоместат загубениот профит: поинтензивна експлоатација со продолжување на работниот ден, зголемување на нормата од парче, кратење на дневницата, и во најлош случај селење на капиталот и соодветно на тоа отпуштања.

Кога платите на работниците се намалени таа нивна загуба претставува добивка за претпријатијата кои ги вработуваат нив, односно ектра профит а профитот сите знаеме дека е гориво што го движи капитализмот. Затоа единствениот начин да се излезе од оваа противречност – подобрувањето на животниот стандард на работничката класа на сметка на капиталот и соодветно негова бесна и цврста реакција – е да се замени капитализмот во кој се произведува за вредност со социјализам во кој се произведува за потребите на заедницата.

Advertisements

One thought on “Заблудата на Бранимир Јовановиќ за македонската економија

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s