Против експертска влада: во одговор на „левичарското“ „движење“ „Солидарност“

frase-de-que-sirve-la-libertad-politica-para-los-que-no-tienen-pan-solo-tiene-valor-para-los-jean-paul-marat-138396ф

Најоптимистичко сценарио во актуелната ситуација би било создавањето на експертска, односно технократска влада. Не преодна влада, туку експертска влада, која би добила мандат од две до три години за време на кои ќе се создава простор за поставување на темели за градење на демократијата и на правната држава и активно работење во интерес на граѓаните…

…Слушаме различни проектирани сценарија за институционални решенија: интервенција на меѓународната заедница; формирање на ново парламентарно мнозинство меѓу СДСМ-ДУИ; распишување на избори без техничка влада или со помош на техничка влада каде би се одело на се’ или ништо; внатрепартиски пуч во ВМРО-ДПМНЕ итн. Кај сиве овие сценарија постои опасност да го репродуцираат стариот корумпиран менталитет кој ги исклучува  граѓаните како политички субјекти, и ја остава судбината на државата во рацете на политичките елити.

За жал но за волја на вистината, и најоптимистичкото сценарио, според „левичарското“„движење“ „Солидарност“, формирање на технократска влада со мандат да постави темели за демократија и правна држава и држава за граѓаните, на крајот, ќе ги исклучи како активни учесници и ќе го препушти кормилото на државата во рацете на политичката олигархија. При неизменети односно неукинати услови на капиталистичко производство и наемен систем на плаќање, слободата на граѓаните и во правна и во фактичка смисла е непостоечка.

„Фабрикантот е апсолутен законодавец. Тој издава фабрички правила како што му е волја; тој ги изменува и дополнува неговите закони како што си сака, а и ако придаде најлуди работи, тогаш сепак судиите му велат на работникот: Бидејќи доброволно си се подал под овој договор, ти мораш сега него и да го исполнуваш.“ (Енгелс, Положбата на англиската работничка класа)

Мнозинството од македонскиот народ – обични работници, прекаријатот, мајстори, трговци на мало и аргати на земјоделски имоти – присилени поради овој наемен систем на плаќање да работат за да преживеат, не можат активно да учествуваат во слободарската репресија врз институциите на сегашната ниту врз тие на некоја идна евентуална технократска влада да се казнуваат криминалните маневри на непријателите на правната држава и човековите права и слободи.

Во спротивно, идната технократска влада на „Л“„Д“ „Солидарност“ би морала да признае дека демократија би имало само кога граѓаните кои се сиромашни а се во мнозинство ја контролираат владата додека олигархија би се изродила секогаш кога контролата ќе се препушти на богаташката класа а којашто е во малцинство. Идната технократска влада ако ја признава оваа единствено точна дефиниција на демократија, тогаш таа би требало да ги отфрли кандидатурите за нејзини членови кои доаѓаат од граѓани кои од раѓање се богати и имаат завршено образование на странски престижни универзитети зашто тие се дефинитивните белези на олигархијата, а да ги прифаќа во свој состав граѓаните со мали имоти од раѓање, ниски доходи и производствени работни места зашто тие се типичните белези на демократијата.

Изборот на технократска влада е олигархиски чин а само пополнувањето на јавните служби преку случајна селекција меѓу обичните граѓани (би било добро како превентивна мерка да се воведе класна дискриминација на сметка на богаташката класа а во прилог на сиромашните барем додека не се укине наемниот систем на плаќање!) би било демократски чин. Изборите – ма каква и да биде избрана влада, преодна, експертска или политичка – секогаш ќе бидат благонаклонети кон богаташите кои се способни да ги трошат своите пари за да ги корумпираат изборите и веројатно да имаат доволно образование кои би ги оспособило како уверливи јавни оратори. Треба многу пари за да се победи на парламентарни избори и поради тоа кандидатите неминовно стануваат зависни од своите богашки мецени. Мора да ни биде јасно дека во Собранието на РМ парите се тие кои говорат а не избраните „народни“ претставници.

Според тоа, сите апологети на предвремени избори во име на возобнова на правната држава се несвесни вагабонди и неплатени агенти на печатарските капиталисти кои за своите поколенија ќе обезбедат блажена иднина со нови 6 милиони евра од печатењето на избирачките списоци но и 3 милијарди евра во злоупотреба за послеизборната олигархија. Коренот на злото – парите – за‘ртил во нивните срца и не може да ги спасите нивните души а да не им ги откорнете срцата. Тие се ИЗГУБЕН СЛУЧАЈ, МАЛИГЕН ! Не може да се надевате од овие апологети да си ја сакаат татковината ако имаат мртви души зашто тие бладат патетично против олигархијата и богаташите кои ја корумпираат демократијата, додека во исто време им укажуваат почит, ги задоволуваат и како месалини им се умилкуваат без воздржување под изговор да го реформираат и подобрат македонското општество. „За да биде една демократија од каква било корист за работниците, масите мора да бидат суверени, ослободени од државното право, и способни да прогласуваат декрети, коишто ги кршат добровоспоставените сопственички права за земја и капитал“ (Кокшот и Котрел, Кон Нов Социјализам, 1993).

Благодарение на сегашниот изборен закон, составот на законодавната власт е целосно контролиран од четирите официјални политички партии СДСМ и ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, и сите тие зависат од финансирањето од страна на индивидуални капиталисти и претпријатија. Како последица на тоа, наводно претставничките институции на нашата република врз статистичка основа се непретставителни на нацијата и во однос на класа, возраст и род. Наводните борци од „Л“„Д“ „Солидарност“ за возобнова на уставно дефинираната социјална држава прво би морале да добијат контрола врз една од четирите официјални политички партии – што е невозможна мисија – или да организираат нова партија, што однапред е осуетено од сегашниот изборен закон. А во случај да технократската влада го измени сегашниот изборен модел, тогаш партијата на „Солидарците“ би морала да добие апсолутно мнозинство во законодавниот дом, но и да кокетира со социјалшовинистичките ДУИ и ДПА – што уште сега не ѝ пречи тоа прифаќајќи ја бескруполозната Ермира Мехмети како премиер на евентуалната експертска влада во име на еден лажен наднационалистички дух – како би можело да ѝ бидат изгласувани предлаганите „радикални“ закони за возобнова на социјалната држава а кои бараат дво-третинско мнозинство, и не само тоа, па тогаш ќе мора да добие контрола и над институцијата Претседател на РМ (кој е и врховен командант на АРМ) за да спречи евентуален воен пуч.

Враќањето на институциите на граѓаните не значи нивна широка мобилизација заради рушење на една капиталистичката влада (дури не се користи оваа придавка од страна на „Солидарци“ и очигледно затоа што класниот карактер на идната влада – политичка, експертска или преодна, сеедно – ним не им е битен) заради формирање на експертска влада „која би добила мандат од две до три години за време на кои ќе се создава простор за поставување на темели за градење на демократијата и на правната држава и активно работење во интерес на граѓаните.“ Ние видовме од горе аргументираното, дека без истовремено укинување на капиталистичкиот фабрички систем, историската улога на една таква експертска влада би била фарса, чиста демагогија и буржоаско-просветителски популизам. Фактичкото враќање на институциите во власт на граѓаните би било нивно учество во едно народно демократско собрание кое ќе ги изгласува сите закони и ќе одлучува за сите прашања од јавен карактер (даночење, склучување политички сојузи со други држави, економски спогодби, итн.). А јавната администрација би била составена од случајно селектирани граѓани, и таа би ја составувала агендата која потоа би била „тестирана“ од страна на народното демократско собрание. И владеењето на правото да биде спроведувано од страна на обичните граѓани. Сите судови да бидат контролирани од големи случајно одбрани пороти. Да се укинат професионалните судии. Итн. Само случајниот урнек од нацијата може да поддржи создавање на вистински претставителна законодавна, извршна и судска власт. Никако поинаку нема да може да се спречи „по Груевски на власт да дојде гарнитура која нема да преземе суштински реформи и ќе продолжи со сличен (веројатно помалку разуздан, но подеднакво неморален) начин на владеење.“

Залудна би била изградбата на поширок фронт на критична маса ако нејзината улога на корективен механизам би се сведувала само на „буден посматрач“ за тоа „дали и како се поставуваат темелите на општествената промена“. Тоа е крајно нечесна и контра-продуктивна идеја којашто може да дојде само од демагози. Обичните граѓани се доволно компетентни во споредба со просечниот политичар на кој му недостига техничко знаење за конкретни прашања. Случајниот урнек од нацијата ги елиминира ваквите просечни политичари. Експертноста во непосредна демократија е работа на пракса. На пример, кинеското крајбрежно предградие Жегуо со популација од 120 000 жители има свое народно демократско собрание кое одлучува за општинскиот буџет. Секоја година, 175 луѓе се случајно селектирани за да ги претставуваат сите жители. Потоа, им се даваат куси упатства за спорните прашања изготвени од експерти со спротивставени гледишта. После тие се состануваат во мали групи и излегуваат со прашања пред експертите за кои бараат детално објаснување. Потоа, тие се состануваат на пленарна седница за да го слушнат одговорот на експертите и имаат воопштена расправа. Процесот на мали состаноци и пленарна седница е повторуван уште еднаш. Се спроведува завршно гласање и буџетските приоритети на собранието се објавени и усвоени од локалната влада. За да се истурка овој процес потребни се три дена. Процесот совршено се развивал макар што учесниците не се многу едуцирани: 60% се земјоделци.

НАРАВОУЧЕНИЕ: Ниту еднаш до денес во историјата не се случило оној кој ги губи своите привилегии да не се обиде на секој можен начин пак да ги воспостави. Затоа секое проповедање демократски форум, во услови кога некој мора да плаќа данок, иако нема доволно за егзистенција, претставува ординирана примена на лукавство за да биде противникот совладан. БОЈКОТИРАЈТЕ ЈА ВЛАДАТА ИСКАЖУВАЈЌИ ГРАЃАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ СО НЕПЛАЌАЊЕ ДАНОЦИ.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s