Во одговор на Бранимир Јовановиќ: криза на дистрибуција или криза на профитабилност

world_crisis_632549

На кој авторитет да се повикуваме во објаснувањето на економските кризи?

Во споредба со теоријата на Маркс, теориите на Шумпетер, Кејнз и Мински се безначајни за објаснување на светската економска криза што избувна во 2007 година. Идејата на Шумпетер за „креативно уништување“ е преземена од Марксовата идеја за физичко и вредносно уништување на капиталот кое е клучниот механизам што води до следниот економски бум. На пример, ако еден бизнис создава во годината профит од 3 милиони денари, но вредноста на капиталот што е инвестиран во бизнисот е 100 милиони денари, неговата стапка на профит е само 3%. Но, ако уништувањето на вредноста на капиталот ги оспособува новите сопственици да добијат бизнис за само 10 милиони денари наместо за 100 милиони денари, нивната стапка на профит се солидни 30%. Тоа е огромен поттик за нов економски процут.

Што се однесува до теоријата на Кејнз според која кризата е резултат на опаѓање на побарувачката за потрошувачки стоки што пак е предизвикано од долгорочен пад на платите наспроти долгорочниот раст на продуктивноста, Маркс емпириски ја поби оваа теорија во „Капиталот“ истакнувајќи дека пред кризите секогаш има период во којшто платите растат. Опаѓачките плати мора да бидат само последица на кризата, противтежа, свесна политика на капиталот за зголемување на профитабилноста префрлувајќи ги трошоците на кризата врз неговите жртви, работниците. Но, ова е случај кога кризата веќе настанала.

Економистите велат дека главниот проблем на сегашната криза се наоѓа во финансискиот сектор, и дека најдобриот теоретичар на капиталистичкиот финансиски систем е Мински, а не Маркс, и дека сегашната криза е повеќе од видот на Мински што ја анализира отколку од видот на Маркс. Но, стапката на акумулација на капитал не опаднала зашто инвестирањето во хартии од вредност се зголемило на сметка на продуктивното инвестирање туку опаднала зашто стапката на профит опаднала. Значи, кризата не е финансиски феномен, туку системска криза која произлегува од основната тенденција да стапката на профит паѓа, според тоа, реформите на финансискиот сектор, во најдобар случај, ќе ја одложат следната криза.

Криза на дистрибуција или криза на профитабилност?

Причините за Големата рецесија во Соединетите Американски Држави лежат во масивното задолжување за време на последните неколку декади, а должничкото бреме е последица на постојан пад на профитабилноста и овој пад на профитабилноста бил предизвикан од недоволен раст на вработеноста во однос на стапката со којашто капиталот бил акумулиран.

Должничкото бреме не било последица на опаѓачките плати за работниците или опаѓање на нивниот удел во бруто националниот доход што наводно довело до недостиг на лична потрошувачка. Најпоследната криза во САД не може да биде последица на опаѓањето на компензацијата којашто американските работници ја добиле или пад на нивниот удел во бруто националниот доход бидејќи ниту едно овие нешта не опаднале. Објаснувањето на кризата како последица на потплатеност на работничката класа лежи на логичка грешка и е сериозно дефектна врз емпириски основи. Делот од националниот доход добиен од американската работничка класа не опаднал. Тој останал околу истото ниво во текот на 40 години и сега тој дел е многу повисок отколку во 1960 година. Покрај тоа, за време на последните три децении (периодот за којшто постојат веродостојни податоци, 1980-2009), компензацијата на американските работници пораснала за 37 проценти (социјални бенефиции, здравствено и пензиско осигурување). Забавувањето на растот на компензацијата за вработените во американските корпорации исто така не е последица на распределбата, туку последица на забавувањето на растот на вкупниот корпорациски доход. Меѓу 1972 и 2009, платите на производствените работници се зголемиле до 12 проценти. Меѓу 1976 и 2009, нивните плати се зголемиле до 14 проценти, додека платите на сите работници во приватните индустрии се зголемиле до 22 проценти.

Во период од 65 години од 1943 година до 2007 година, реалната лична потрошувачка во Соединетите Американски Држави опаднала само двапати, во 1974 и 1980 година, додека во период од 23 години реалното бруто приватно инвестирање во САД опаѓало. А процентуалниот пад на личната потрошувачка во 1974 и 1980 бил во просек само 7 проценти од процентуалниот пад на инвестициската потрошувачка.

Недоволната инвестициска потрошувачка е она што предизвикува недостаток на побарувачка а ако инвестициската потрошувачка била доволно силна тогаш немало да има недостиг на побарувачка. Проблемите со профитабилноста се оние што ја прават инвестициската потрошувачка недоволна. Штом ова се увиди, јасно е дека Бранислав Јовановиќ ја збунува последицата – недостигот на побарувачка – со причината а причината – недоволната профитабилност во минатото и очекуваната профитабилност во иднина – ја збунува со последицата. Како што марксистичко-хуманистичкиот филозоф Раја Дунаевскаја аргументирала:

„Кризата не е предизвикана од недостиг на ефективна побарувачка. Напротив, кризата предизвикува недостиг на ефективна побарувачка. Неспособноста да се продава се манифестира како таква поради темелниот претходен пад на профитната стапка, којшто нема никаква врска со неспособноста да се продава.“

Три индиректни причини на кои се темели нискиот економски раст

На пример, во 2013 год. се произвело 499 559 милијарди денари вишок вредност од кој вишок мора да се одземат околу 5 милијарди евра долг создаден меѓу самите стопански субјекти и на овие кон банките но и да се одземат вкупно исплатените нето плати за истата година или 253 749 денари х 678 838 вработени значи вкупно 172 254 463 662 денари. И така останува богатство од околу 22 304 536 338 денари. Прашањето е: од каде им се на капиталистите 117 382 милијарди денари инвестирани во основен капитал ако таа сума ја надминува произведената реална вредност? Одговорот е јасен колку и заклучокот дека е идиотски и бесконечно глупо да се бара порамномерна распределба на БДП во услови на презадолженост на стопанството или пола од БДП во долг.

Бранимир Јовановиќ зборува за бајката – да, буквално тврдам дека е бајка – на економски раст во Македонија ако и само ако има рамномерна распределба на остварениот доход. Но, практично пола од тој доход е долг кон банките и на стопанските чинители меѓу нив самите што си должат. И не се работи за наводна доминација на сопствениците на капиталот врз работниците како тврди Бранимир Јовановиќ. Неговото објаснување не го објаснува долгот од 5 милијарди евра. Мое лично објаснување за долгот е следното: нашите капиталисти акумулирале инвестиран капитал повеќе од што бил реалниот раст на вработеност (29% невработеност) што пак тежнеело да ја снижи профитната стапка и затоа наместо од остварениот вишок вредност извлечен од варијабилниот капитал (вредност на плати за работниците) нашите капиталисти биле принудени да инвестираат со кредитен капитал позајмен од банките или од други стопански чинители. Втора причина за долгот не е толку очигледна па како последица на воведување нови технологии во производството, процентот на вложен капитал искористен да се вработат работници има тенденција да паѓа а соодветно на тоа да опаѓа и профитната стапка. Трета и последна што ми е позната, причина за долгот е ниската стапка на наталитет во нашата земја и под овој услов општата профитна стапка тежнее да паѓа дури ако половина од профитот е акумулиран во основен капитал што на долг рок е нереално висок процент. Не без право Адам Смит изјавил дека само државите со големи популации имаат сразмерно големи изледи за просперитет.

Значи прашањето до Бранимир Јовановиќ е: Останува богатство од околу 22 304 536 338 денари тогаш од каде им се на капиталистите 117 382 милијарди денари инвестирани во основен капитал ако таа сума ја надминува произведената реална вредност? 

Ако на пример богатството од 22 милијарди и 300 милиони денари се подели меѓу работниците и капиталисти како сугерира Јовановиќ, тоа нема ништо да промени во однос на здрава стапка на акумулација на капитал, напротив, ќе ја зголеми разликата меѓу расположивиот вишок на вредност за нови инвестиции и потребниот одн. дефицитните 95 077 463 662 денари за инвестиции во основен капитал ќе станат 106 229 731 831 денари затоа што половина од богатството од 22 304 милијарди ќе замине на пример како компензација за работниците. И останува прашањето неодговорено: од каде нашите капиталисти ќе најдат над 106 милијарди денари за инвестиции во основен капитал освен поново да се задолжуваат?

Нискиот наталитет: рак-рана на македонската економија

Со стапка од отприлика 30% на абортирани од вкушниот број зачнати бебиња, редно е да се прашаме: кој ќе ги полни фондовите во наредните децении? Пензиите, здравственото осигурување, даноците се всушност финансии извлечени од реалната економија и прераспределени на категориите граѓани и институции неопходни за функционирање на државата. Спиралата на смртта, започнува со абортусот а потоа тоа е веќе незапирлив процес. Намалениот наталитет значи слаба економија, која пак генерира уште помала стапка на наталитет – кој значи уште послаба економија. Тоа води до заклучокот дека „Правото на абортус“ значи смрт на нацијата! Нацијата која ги абортира своите чеда ја абортира сопствената иднина. Најголемото богатство на нацијата не се природните богатства кои ги поседува, туку човекот!

Карл Маркс во третиот том на „Капиталот“ аргументира дека при недостиг на релативна пренаселеност, капиталистите се принудени да ги снижуваат наемнините на работниците под нивните вредности како би ја сопреле тенденцијата кон паѓање на профитната норма која е резултат на овој недостиг на релативна пренаселеност. Недостигот на релативна пренаселеност во нашата држава е сериозен проблем на капиталистите да извлекуваат што повеќе вишок на вредност како би ја сопреле тенденцијата кон паѓање на профитната норма, бидејќи релативната пренаселеност дава маса на евтин труд кој ги одржува индустриите со низок органски состав на капитал и висока стапка на експлоатација и на тој начин ја креваат профитната норма. Тенденцијата кон паѓање на профитната норма поради недостиг на релативна пренаселеност е опасна и поради тоа што капиталистите се принудени да се задолжуваат кај банкарите и со фиктивен капитал да стопанисуваат со средствата за производство.

Работните места се топат поради пад на стапката на раст на БДП, а ова поради пад на стапката на акумулација на капитал, а ова поради пад на стапката на профит, а ова поради судир меѓу тенденцијата за ширење на физичкото производство и оплодување на вредноста, а овој судир поради процесите на техничка иновација и стареењето на европското население. Вработувањето на имигрантите, според тоа, ја спасуваат економијата на Европа и САД, или во најмала рака, ја намалуваат тенденцијата на профитната стапка да опаѓа. Дека стапката на профит опаѓа секогаш кога вработувањето не е во чекор со акумулацијата на капитал постојат и емпириски докази, но за тоа во некој следен текст.

Advertisements

One thought on “Во одговор на Бранимир Јовановиќ: криза на дистрибуција или криза на профитабилност

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s