Со поголемо зло „левичарското“ „движење“ „Солидарност“ ќе ја руши владата

coup_957189

„Левичарското“ „движење“ „Солидарност“ ги моли геноцидните злосторници од ДУИ за каква виша цел? За да падне владата и биде заменета од иста таква елита од бандити и балисти, но и за да се збогатат печатарските капиталисти, кои ќе го печатат изборниот материјал, за уште 6 нови милиони евра. Ете како се разнишува еден уставен поредок на дефинирана социјална држава.

Ниту една влада нема легитимитет да владее во име на народот зашто ниту една влада нема способност да ги репрезентира интересите на народот. Изборите на наводно народни претставници од предвремено подготвени партиски листи вродуваат со нова аристократија а само случајната селекција меѓу обичните граѓани е природна карактеристика за тоа што може да биде демократија.

Не е можно „враќање на демократијата и социјалната правда“ преку „организирање слободни и демократски избори“, како уверуваат од „Солидарност“. Ги прашувам како електоратот би дознал за доблестите на кандидатите?! Скоро сите информации кои им се на располагање на гласачите се пренесувани преку капиталистичките мас-медиуми или преку изборни кампањи финансирани од капиталистичката олигархија. Сите овие извори се корумпирани! Затоа ви велам, граѓани, не им верувајте, на изборите кои немаат природна тенденција да ги одразуваат вистинските карактеристики на кандидатите за пратеници!

Корупцијата им овозможува огромни можни „награди“ за политичари како Ермира Мехмети кои немаат никакви скрупули. За да се надоместат овие можни „награди“, реизборот би морал да овозможи награди кои се споредливи со тие на подмитувачите. Според тоа, цената на граѓанското општество да овозможи награди кои се доволно големи да ги мотивираат себичните изборни кандидати да избегнуваат мито би била огромна.

На дискусијата „Македонската криза – можни сценарија и насоки за делување“, организирана од ЛД Солидарност, меѓу излагачите бил и Дане Талески. Но, Вие, како опозиција, не се разликувате во ништо од власта, која исто така го сака она што и Вие. Ако никој не брани поинакви ставови од вашите, тогаш што сакате? Да дојдете на власт. Па, колкупати бевте досега? И зошто ви е сега потребна власта?! Да продолжите како и порано, како и владеачите сега, да го лажете народот. Да, граѓанине Дане, вашите „заложби“ се сведуваат на тоа.

Индијанците, кои според малограѓанските и граѓанските мерила, се примитивци и дивјаци, велат: „Зборот е како стрела, кога ќе го пуштиш од уста, тој назад не се врача“. Значи, треба да се внимава што се зборува. А, за пишувањето – и да не зборуваме. „Пишаниот збор убива повеќе отколку оружјето“, велат некои. И тоа е сосема точно. Пред секој општествен конфликт мас-медиумите се тие кои ја „загреваат“ атмосферата до усвитеност. Затоа, пазате граѓанине Талески: Не делете го народот на СДСМ-овци и ВМРО-вци. Не отимајте ја власта зашто тоа е против народот.

И сфатете го ова од Маркс: „Државата никогаш нема да ја најде причината за општествените болести во државата и општественото уредување… таму, каде што постојат политички партии, секоја од нив, ја наоѓа причината за секоја невоља во тоа што на државното кормило се наоѓа нејзиниот противник, а не таа. Дури радикалните и револуционерни политичари ја наоѓаат причината за невољите не во суштината на самата држава, туку во одреден облик на држава, на чие место сакаат да постават некој друг облик на држава“. И власта и опонентите, кажано е напред, заговараат исти цели. Тогаш целото ваше пишување е само фарса на која ‘и е цел смена на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ… И што корист од тоа? Ништо, како и во претходните промени.

„Два радикално спротивни системи на вредности и верувања“ меѓу СДСМ и ДПМНЕ е мит. И „безбедносните“ сили на СДСМ додека била на власт и тие на денешните властодршци ги надгледуваат, шпионираат, затвораат, контролираат и ги цензурираат граѓаните. Зоран Заев објави снимка како тоа Јанкуловска и Котевски кроеле план да го затскријат убиениот Нешковски но злонамерно заборави да ја потсети јавноста кој ги создал овие полициски единици. „Алфите е полициска единица формирана од владата на СДСМ и Џанго во чиј состав влегоа илјадници улични насилници, тепачи и криминалци кои со 3 месеци курс од државата добија огромни овластувања и одврзани раце. Малтене пара-војска која ја користеа, ја користат и ќе ја користат во иднина (доколку ние не се избориме за спротивното) за валкани игри, претепувања, убиства и малтретирања на граѓаните. Низ блогосферата постоеја многу сведоштва за дивјачкото однесување на алфите, сепак најтрагичен беше случајот на Трајан Беќиров.“ (Ирена Цветковиќ) Државата отсекогаш била отуѓено тело од општеството кое ги регулира општествените работи според интересите на посебната, економски најсилната, владеачка класа, а нејзините функционери, професионалните политичари, како сила над општеството. Ниту социо-економските вредности и уверувања радикално им се разликуваат. Ако мајка ми некогаш земала плата од 13 000 денари во ЕСМ а денес зема плата од 7000 денари во приватниот сектор тоа е обострана последица на историската одговорност (која се казнува со смрт!) на идеолошкиот промотор на приватизацијата на ЕСМ Радмила Шеќеринска и на владата на ДПМНЕ-в‘ците кои на терен не праќаат трудови инспектори да го увидат ускратувањето на нејзиното право на минимум плата од 8000 денари. Каде тука се релативизира злото на владата на Груевски?!

А.Вангели: „Опозицијата треба да има предвид дека тоа е процес од јавен, а не партиски интерес. Главниот збор им останува граѓаните.“

Изборите не се јавен процес и не може да бидат јавен процес затоа што вродуваат со аристократија, само случајната селекција може да биде јавен процес. Правото да се гласа не е исто што и правото да се практикува власта. На пример, македонските политичари, заеднички и многупати досега, одлучиле да ги зголемат своите плати, платени од граѓаните, па кој ги спречи? Граѓаните имаат ретко, ако не и воопшто, збор во одлуките на политичарите, коишто влијаат на нив и животите на нивните семејства. Главните спорни прашања како оданочување се решаваат без да се повикува на јавното мислење. „Левичарското“ „движење“ „Солидарност“ прифаќа одговорност на премиер на идната техничка влада од бескруполозната Ермира Мехмети која доаѓа од геноцидно-злосторничко-балистичката ДУИ, само за да се промовира како демократско-социјалистичко и наднационалистичко „движење“ макар преку труповите на паднатите и инвалидизирани македонски борци и кренатите во воздух мавровски работници и во исто време превидувајќи го – свесно или несвесно – ужасниот факт дека нашиот парламент не ја претставува нацијата во однос на возраст, пол и КЛАСА! Секој кој покажува ваква безидејна дрскост да со поголемо зло руши македонска влада недвосмислено треба да биде опсипан со молотови коктели! Зарем тие глупаци од ЛД Солидарност мислат дека со тоа излегување на ДУИ од владина коалиција нема сразмерно на таа цена на излегување да им се зголемат социјал-шовинистичките апетити на докажани ѕверки?

Изборите не може да бидат јавен процес бидејќи граѓаните само гласаат за изборни претставници додека само од елитата некој може да стане кандидат за пратеник. Слободни и фер избори е мит на сите заговорници против демократијата. Само елитата може да се натпреварува за гласови на разумен терен, додека на граѓаните само им останува да избираат предвремено одредени кандидати од партиски списоци. Граѓаните никогаш немале слобода да се изразат уште пред 2006 година бидејќи за разлика од елитата која може слободно да влијае врз јавниот дискурс, граѓаните може да си го кажат мислењето само на мала публика. Јавниот процес е корумпиран oд отсуството на алтернативни извори на информирање. Ако граѓаните имаат одреден број на извори на информирање, само елитата може да креира нов извор на информации и да го направи достапен за граѓаните. Граѓаните никогаш не уживале автономија на здружување бидејќи им преостанува само да се придружат на одредена политичка организација, додека елитата може да создава и контролира нови политички организации.

Масовната политика која сака да ја промовира СДСМ може да се дефинира само во однос на формална еднаквост на нејзините учесници, а ако навистина имавме јавен процес одн. демократија тогаш таа би била дефинирана во однос на еднаквост на реалните политички овластувања. Дури и да расте оваа група околу СДСМ, ќе има малку можности за просечниот член на групата да биде информиран и најважно ќе станува потешко да тој искомуницира со група од голем размер. Малата подгрупа (ЦК на СДСМ) која може да комуницира со голема подгрупа од севкупната група произлегува како политичка елита. Оваа група ја контролира агендата и го корумпира јавното мислење за интересите на групата.

НАРАВОУЧЕНИЕ: Не постои добра причина да претпоставиме дека изборите одат во полза на гарантирање добро владеење, напротив, постои добра причина да кажеме дека изборниот систем би произвел лоша власт.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s