Шарлот Кордеј, лажната хероина на Франција

10891934_10204483575947119_5074978594905624227_n

 

Искрено збунет сум во однос на обожавањето на Шарлот Кордеј, која го убила Мара, како херој од луѓе со контрареволуционерни идеи.

Во најдобар случај тоа е лицемерно. Во најлош случај, тоа е нешто што крајно ужаснува.

Шарлот Кордеј нема историска значајност без нејзиниот капацитет како убиец. Поради тоа, оние кои ги воздигаат нејзините доблести, го воздигаат убиството на Мара. Со други зборови: Кордеј е обожувана бидејќи таа убила човек.

Но, не само било кој човек! Ќе аргументираат тие. Таа го убила Жан-Пол Мара! Во ред. Но, зошто Мара заслужил да умре?

Според нив, Мара заслужил да умре бидејќи тој мислел дека имало некои луѓе кои заслужувале да умрат.

Во случај да јас сум премногу суптилен, еве да бидам јасен: Тој кој ја поддржува Шарлот Кордеј мора да верува, според логиката, дека има одредени луѓе кои мора да бидат убиени за да општеството функционира.

Некои можеби биле убедени од настојувањето на Кордеј, за време на нејзиното судење, дека таа убила еден човек за да спаси 100 000 луѓе. Бидејќи извршила насилство за да се избегне поголемо насилство, таа сè уште е помало зло. Сето ова е во ред и можам да се согласам со тоа. Но, ако некој верува дека логиката на Кордеј е веродостојна, тогаш пишувањата на Мара и навистина целиот период на Владеење на теророт мора да бидат превреднувани.

Мара не пишувал распалувачки весник заради забава. Тој не бранел насилство заради насилство. Тој изјавил уште од почеток: барал да се отсечат 1000 глави за да подоцна не мора да погинат стотици илјади други. Мара не верувал во ефектот на своите насилни барања колку што Кордеј верувала, но во суштина, тие двајцата верувале во истиот принцип: убиј неколкумина за да спасиш повеќемина.

Лицемерно е да се возвишува Кордеј и во исто време да се смета Мара за лудак. Едниот беснеел во својот весник за користа од убивање на контрареволуционерите, а другиот тргнал на аџилак низ земјата и се обидел да извлече корист од убивањето на револуционер.

…Искрено, во овој контекст, Мара изгледа поморален од Кордеј. После сè, во однос на тоа дека бил нарекуван „персонификација на убиството“, сепак, тој никогаш физички не повредил никого.

Но, тоа е вишок филозофија. Ние можеме да го аргументираме нашето обвинување против Кордеј врз практична основа. Ние никогаш нема да знаеме дали давајќи му ги на Мара првите илјада глави кои тој ги барал, тоа ќе го спречило периодот на Владеење на теророт, но, сепак, ние знаеме дека ножот на Кордеј имал две острици.

Пред да биде убиен Мара, јакобинците не покажале посебна спремност да ги егзекутираат жирондистите. Жирондистите биле прогонети од нивните делегатски места во Националното собрание, но единствено пострадале во смисла на тоа што биле чувани во куќен притвор и многу кратко време поминале во озлогласениот затвор Консиержи. Познатите политичари како Бертран Барер и Жорж Дантон дури волонтирале да се предадат како заложници на провинциите со цел да животите на паднатите жирондисти бидат осигурени. Потоа со убиството на Мара секоја можност за компромис била уништена. Жирондистите дури чекореле кон гилотината со духовита забелешка: „Кордеј нè уби, но барем нè научи како да умреме!“

Сепак, имало други фактори зад конечната одлука на јакобинската влада да ги осуди жирондистите на смрт. Ројалистичките бунтови сигурно не треба да бидат исклучени како фактор. Но, јас би се обложил дека ќе било далеку полесно да се издејствува компромис и мир ако Мара не бил смртно прободен во гради.

Но, во ред, сепак. Ајде да речеме за момент дека периодот на Владеењето на теророт бил неминовен и дека злобните јакобинци правеле заговор уште од почеток да ги убијат своите жирондински соперници. Во овој случај, убивањето на Мара немало да им помогне на жирондистите, но тоа навистина немало да повреди никој друг освен еден крвожеден радикал без кого светот е подобар, така?

Да се осврнеме на самиот Мара. Главното обвинување со смрт коешто ние би можеле да го изнесеме против овој човек би биле Септемвриските масакри (1792). Но, дали Мара ги иницирал? Често се кажувало, со угледни извори, дека тој ги иницирал, без оглед дали свесно или несвесно со својот насилен весник.

Последниот пат кога Мара алудирал на насилство во својот весник било цели две седмици пред да се случат масакрите. И тој не бил точно конкретен да бара да секој упадне во затворите и да ги извлече наводните контрареволуционери на улица и да ги масакрира. Не, не, сè што тој рекол било „побунете се и нека крвта на предавниците пак тече слободно. Тоа е единствениот начин да се спаси татковината!“ Безмилосно, но да бидеме чесни: ова е всушност релативно умерен Мара. Неговото перо било распламтувачко и претходно – и далеку повеќе – и никој не бил повреден. Овојпат, многу луѓе биле повредени, но зошто ние мислиме дека пишувањата на Мара изненадно добиле капацитет да инспирираат масакр, кога претходно тие не постигнале ништо освен да му предизвикаат неволја на нивниот автор?

Мислам дека да се обвинува некого врз основа на „пишувања“ е тешка задача, но ако ние сакаме да обвинуваме новинари во врска со Септемвриските масакри, Мара навистина не ги задоволува критериумите. Како што кажав, Мара барал некоја нејасна крвава оргија две седмици пред масакрот, па според тоа, не е веројатно дека санкилотите ја прочитале реченицата, грабнале копја и заминале да убиваат ројалисти. А други новинари, како што е пријателот на Дантон, Фрерон, буквално напишале во својот весник дека според нив луѓето треба да ги масакрираат затворениците.

Зошто фокусот на Мара?

Однесувањето на Мара во Париската комуна за време на Септемвриските масакри се разбира е помалку од примерно поради тоа што тој презел малку мерки да стави крај на масакрите, но во ова тој не бил полош од било кое друго владино лице – вклучително саканите жирондисти на Кордеј. Всушност, бидејќи Мара заминал до еден од затворите и спасил еден или два животи, „персонификацијата на убиство“ би можела да има право на повеќе олеснителни околности отколку повеќето негови современици!

После ова, поради што Мара заслужил да биде прободен до смрт?

Бидејќи тој имал политички мислења кои се различни од тие на Кордеј? Тоа е чудовишно, да убиеш новинар за такво нешто!

Ах, можеби, Мара имал некои големи крвави планови за во иднина! Можеби тој ќе испратил многу луѓе на гилотина, ќе протуркал крваво законодавство, ќе зборувал во име на радикалите!

О, боже мој, не. Пред да биде убиен, Мара бил премногу болен да присуствува на седниците на Националното собрание. Тој им ги пишувал неговите мислења, но тие никогаш не ги читале на глас. Се држел до своето убедување, за добро или лошо, и најверојатно просто ќе бил заборавен. Немало корист да биде убиен.

Но, можеби имало корист да биде поштеден. Претпоставувајќи дека Мара макар болен ќе можел да го продолжи издавањето на својот весник, тој можеби ќе бил најдобриот пријател на умерените! Ако вие ги читате написите на Мара непосредно пред неговата смрт, ќе видите дека крвожедниот анархист почнал да проповеда умереност. (Релативна умереност, се разбира.) Но, радикалната партија на ебертистите почнала да станува популарна и Мара се борел против нив. Мара ги нарекол крвожедници, ги нарекол лудаци и советувал да никој не им посветува внимание.

Моќта на ебертистичката партија почнала да слабее меѓу народот. Без народот, ебертистичката партија ќе била распуштена. И ако имало некој што можел да ги држи ебертистите настрана од санкилотите, тој човек бил Мара. Ако Мара можел да го продолжи својот наводен монопол над толпата, крвавиот радикализам ќе бил засечен во корен.

Но, тогаш Мара бил убиен и одеднаш неговите читатели станале читатели на Ебер. Потоа, само неколку месеци подоцна, овие нови читатели формирале движење и не само што тие го наметнале Законот на сомнителните (односно: Законот на теророт) во Националното собрание, но исто така тие успеале да го наговорат Комитетот за јавен спас да прифати уште два члена – Биљо-Варен и Коло Дербоа.

Спореден со овие двајца, Жан-Пол Мара бил ангел на ројалистичка милост.

Шарлот Кордеј, во името на умереноста, го убила тој што станал најдобрата надеж за умереноста! Таа го убила најголемиот непријател на радикализмот за да го порази радикализмот! Идеолошките наследници на Ебер треба да го слават името на жената која му овозможила на нивниот херој да игра голема улога во политиката!

Па, да сумираме:

Макар што Шарлот Кордеј се обидела да го спречи Владеењето на теророт, таа делувала според менталитетот којшто го мотивирал Теророт. И овој менталитет ја мотивирал или да убие човек кој не можел да повреди или да убие човек кој можел да спречи големо зло.

Шарлот Кордеј, на некој начин, ја убила поспособната верзија на себе.

Јас не гледам ништо што би требало да се велича во врска со неа.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s