Убиецот Владимир Путин: Досие на убиени новинари и политичари

downloadАтентатот врз рускиот гласен опозиционер Борис Немцов се случи само еден ден пред почетокот на митингот на опозицијата „Весна“ („Пролет“), закажан за 1 март во Москва.

Борис Немцов бил убиен 2 недели откако тој изјавил за руски весник дека, како и неговата мајка, тој исто така се плашел дека Путин би го убил. Тој не се плашел да зборува против режимот на Путин и дури да направи филм во врска со војната којашто Путин ја иницирал против Украина.

Путин ака Путлер – лицемерот (сите диктатори се лицемери и сите форми на влада се засноваат на пропаганда) во стилот на Сталин по однос на смртта на Сергеј Киров, „насетува“ дека Немцов е жртва на заговор однадвор за провокација на немири во Русија против неговиот режим. Сочувството на Путлер до семејството на Немцов е политичко лицемерство од прв степен. Како е можно поранешен шпион за КГБ искрено да поддржува и промовира консолидирана опозиција и независни и слободни мас-медиуми?

Меѓу многуте новинари убиени и чии убијци никогаш не биле најдени и судени откако Путлер станал претседател на Русија биле: Игор Домников, Сергеј Новиков, Искандар Хатлони, Сергеј Иванов и Адам Тепсургајев. Сите овие новинари биле убиени не од непријателски оган во Чеченија туку во нарачени атентати дома во Русија само поради тоа што тие се дрзнале да известуваат за она што се случило во Чеченија.

Во јули 1998 год., Јелцин го именува Путин шеф на Федералната служба за безбедност, а веќе во ноември 1998 год. опозицискиот делегат Галина Старовојтова – најистакнатиот продемократски критичар на Кремлин – е убиена во нејзиниот стан во Санкт Петерсбург.

Во март 2000 год. Путин е избран за претседател на Русија.

Во април 2003 год., Сергеј Јушенков, копретседател на либералната руска политичка партија е застрелан на влезот од својот стан во Москва. Јушенков служел како вицепретседател на групата позната како Комисија Ковалев којашто била формирана за да неформално ги испита обвинувањата дека КГБ на Путин поставила бомби во московските соседства Печатники и Каширскоје (над 200 цивили погинале) за да се поттикне поддршка за војната на Путин во Чеченија откако формално законско испитување произлегло дека не било можно (нешто налик на 9/11).

Во јули 2003 год., друг член на комисијата, Јури Шчекочихин погинал од труење со талиум (отров типично користен од КГБ), третиот член бил сериозно претепан од разбојници а два други членови ги загубиле своите места во Думата. Правникот на комисијата, Михаил Трепашкин бил затворен откако бил тајно суден за шпионажа.

Во јуни 2004 год., Николај Гиренко, истакнат бранител на човековите права, професор по етнологија и експерт за расизам и дискриминација во Руската Федерација, бил убиен во неговиот дом во Санкт Петерсбург.

Во јули 2004 год., Пол Клебников, уредник на руското издание на магазинот Форбс, бил застрелан во Москва. Се верува дека Клебников бил убиен поради неговото истражување во врска со сложена мрежа на перење на пари со чеченски фонд за реконструкција, каде биле вмешани центри на моќ во Кремлин и елементи на организиран криминал и Федералната служба за безбедност.

Во септември 2004 год., Виктор Јушченко, антируски кандидат за претседател на Украина, бил отруен со диоксин. Шефот на штабот на Јушченко, Олех Рибачук, верува дека употребениот отров бил микотоксин наречен T-2 и исто така познат како „Жолт Дожд“, супстанција од советско време, којашто се верува дека се користела и во Авганистан како хемиско оружје. За чудо, Јушченко го преживува труењето.

Во септември 2006 год., Андреј Козлов, шефот на руската централна банка, кој тежнеел да го искорени перењето на пари (во основа делувајќи врз анализи како тие на репортерот Клебников), највисоко рангираниот реформатор во Русија, бил застрелан во Москва.

Во октомври 2006 год., Ана Политковскаја, авторка на безбројни книги и статии коишто ги изложуваат кршењата на човековите права во Чеченија од руските власти и коишто го напаѓаат Владимир Путин како диктатор, била застрелана во нејзиниот дом во Москва.

Во ноември 2006 год., Александар Литвиненко, кој ја напуштил КГБ и е автор на книгата „Разнесувајќи ја Русија“, во којашто Кремлин се обвинува за планирање и спроведување на бомбардирањата на московските соседства Печатники и Каширскоје за да се обвинат чеченските терористи и да се предизвика поддршка за инвазија во Чеченија којашто кратко после бомбардирањата проследила, бил смртоносно отруен од радиоактивен полониум добиен од руски извори.

Во јануари 2009 год., рускиот активист за човекови права Станслав Маркелов бил застрелан во тилот со придушувач кога тој ја напуштил пресконференцијата на којашто објавил за својата намера да ја тужи руската влада за нејзиното рано ослободување на полковникот Јури Буданов кој го убил својот 18 годишен клиент во Чеченија во 2004 год. Исто така била застрелана Анастазија Барбурова, млад студен на новинарство која работела за Новаја Газета и која студирала кај Ана Политковскаја, каде известувала за судењето на Буданов.

Во јули 2009 год., водечкиот руски новинар за човекови права и активист Наталија Естемирова, самохрана мајка на тинејџерка, била грабната пред нејзиниот дом во Грозни, Чеченија, криумчарена преку граница во Ингушетија, каде што била застрелана и фрлена во ендек. Естемирова била безрезервен бранител на човековите права во Чеченија, известувајќи за варварските практики на владата кога ги спалувала до темел домовите на бунтовниците, често заедно со жените и децата заклучени внатре.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s