Славниот говор на украинската притворена патриотка Надја Савченко среде Москва

Nadia_Savchenko_cartaz_UA2

Говор на Надја Савченко во судот во Москва (10.02.2015):

[Толпата: Слава на јунаците! Слава на Украина! Слава на јунаците!]

„Лани за половина година јас научив да зборувам руски макар што никогаш порано не го зборував. Јас немам национална омраза кон рускиот народ, наспроти она за што ме обвинуваат руските судски власти. Јас не ги убив руските новинари, и се разбира, не заради мотиви од национална омраза. Обајцата беа родени во Украина. Открив дека јас имам многу пријатели во Русија. Ова е моја прва посета на Русија и досега јас го поминав целото време овде во затвор. Не сум зборувала со толку многу Руси претходно. Ги добивам вашите писма. Вие имате свои размислувања, имате широки умови, и вие може да направите разлика меѓу лага и вистина, во вашите глави и вашите срца. Вие не не‘ сметате нас Украинците за ваши непријатели, и ниту јас не верувам дека вие сте мои непријатели. Јас никогаш нема да кажам дека Русите се лоши, освен за лажливите и корумпирани истражители и судии. НО, ВИЕ МОРА ДА РАЗБЕРЕТЕ: НЕ ПОСТОЈАТ ЛОШИ НАЦИИ, САМО ЛОШИ ПОЕДИНЦИ. Јас нема да кажам дека овие поединци, еднаш штом ги замразам и никогаш повеќе нема да ги почитувам, се добри луѓе. Но, јас ги почитувам, ги ценам и навистина ги сакам Русите. Ви благодарам за вашата поддршка.

[Чуварот: Барам секој да ја напушти судницата.]

Јас давам изјава. Нема да се подместам оттука, оти јас верувам дека стражата што ме следи претставува опасност за мојот живот. Тие низа пати го навредуваа моето национално и лично достоинство, го исмеваа украинскиот јазик, и се однесуваа безобразно. Стражарите и полициските шефови исто така грубо се однесуваа кон мајка ми, 77 годишна жена. Тие употребија брутална сила против неа. Исто така сакам да додадам: Јас ќе бидам пријателка со секој Русин кој ќе одбие да земе оружје и да замине во Украина да ги убива моите сонародници. Ви благодарам.“

Марија Савченко, мајка на Надја Савченко:

„Тие ‘и ставија црна ќеса преку нејзината глава и ја транспортирале до Русија во шест различни коли. Таа ги знае моделите и боите на сите тие коли. Им поставила прашања, па ‘и ги покриле очите, и ја однеле до руската граница и ја предале на КГБ. Тоа е се‘. Таа треба да јаде и да се бори. Штрајкот со глад само ќе ги направи непријателите среќни. Силна е се‘ уште, но вели дека нема да го прекине својот штрајк со гладување. Тоа беа нејзините зборови. Не можам да ја предомислам. Таа е борец, таа е војник. Воено лице. Кога отидов да ја видам таа изгледаше толку слаба како да е мумија. Тие го претворија моето дете во мумија. Почнав да плачам штом ја видов. А таа ми нареди: немој да плачеш, мамо, немој никако да плачеш.“

Судот во Москва го продолжи притворот на украинскиот воен службеник Надја Савченко до 13-ти мај 2015. Според адвокатите, ако Савченко остане во притвор, таа нема да преживее до 13-ти мај бидејќи нејзиниот штрајк со глад како начин да искаже протест против монтираниот судски процес трае веќе два месеци.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s