Како најефикасно да се собори Никола Груевски од власт?

070406_NoTaxes_hmed_12p.grid-6x2

Текстот што следи беше првично објавен на блогот на 31 Август 2009, и истиот поднесен како втора по ред колумна за дневниот весник „Време“, но бидејќи во тоа време Рамковски и Груевски „се сакаа“ зашто немаа судир на лични интереси, редакцијата не само што одби да го објави текстот, но и ми го раскина договорот за објавување колумни за весникот, кога Барбаровски дрско ми сугерираше: „Захов, за тебе подобро е да пишуваш поезија.“ 

Кој претерано молзе, измолзува крв. (Италијанска пословица)

„Крез прв од варварите присилил еден дел од Елините во Азија да му плаќаат данок“, вели Херодот. Понатаму: „Скитите ги присилувале луѓето да плаќаат данок кој го одредувале произволно према својот ќеф“,  стои во Херодотовата историја. И двата исказа имплицираат заклучок дека данок плаќаат само поробените народи.

Плаќањето данок не е никакво задоволство штом произлегува од насилство. Заради тоа Хорацие вели: „Jаден народ кој мора да плаќа данок“. Меѓутоа, додека постојат народи кои може да се поробуваат – се наметнуваат и даноци. Но, времето на „мирот“ наметнува данок и на „своите“. Тоа произлегува од антагонистичкиот карактер на општеството.  Владеечката класа регулира: „Сите се должни  да плаќаат данок  за издржување на владата“, вели Адам Смит.

Во историјата постоеле и време и простори кога не се плаќале даноци. Прв кој завел плаќање даноци од страна на сите, бил Дарие, заради што  од народот бил наречен „ситен трговец“. Камбис го нарекувале „господин“, а Кир „татко“, бидејки во време на нивното владеење не се плаќале даноци. „Владата“ се издржувала „само од подароци“, вели Херодот. Но и во тоа време постојат привелегирани класи кои не плаќаат даноци. „Во Египет свештениците и воините уживаат дарови во земја од 12 дена орање (69.055 м2) ослободена од плаќање данок“. Но и во понова историја има случаи кога не се плаќале даноци. Тоа е случај со САД, кога во добата на класичниот либерален капитализам, општеството се развива без државен апарат. Исто се случува и во време на општествена нестабилност, кога разни антагонистички групи за соборување на системот, кој е спротивен на нивните интереси, организираат и спроведуваат неплаќање даноци за соборување на системот. Тоа е случај со Германија во револуционерната 1848 година. Или со многу европски држави во XX век.

Во бескласно или научно организирано општество, даноци не се плаќаат. Тоа произлегува од самата суштина на истото, бидејки не постојат антагонистички класи и нема потреба од сила која би држела во покорност одредени класи. Во контекст на реченото, декларираните „социјалистички“ држави воопшто не беа социјалистички, бидејки и во нив се плаќаше данок како и во секоја капиталистичка. И истите не беа во ништо организирани марксистички.

paying-taxes-to-a-corrupt-government-is-not-patriotic-it-is-slaveryФактот дека владеечките класи и групи не сакаат општеството научно да го организираат, морално ги ослободува подјармените класи од секаква обврска кон владечките класи или водачите на државата. Не треба да се заборава фактот дека е поминато секое време на владеачи и владеени. Неизбежен императив е дека општеството треба научно да се организира. Стоковното стопанисување ни најмалку не е соодветна материјална основа, која обезбедува нормален развој на секој член на општеството. Додуша владеачите и водачите настојуваат да ги убедат плаќачите на данок дека во антагонистичкото општество сè е во најдобар ред, но таквите го забораваат библиското: „Кои го водат овој народ – го заведуваат, а кои дозволуваат да бидат водени – тие ќе пропаднат“. Значи, уште пред повеќе милениуми, демагошките намери на водачите биле разоткриени и нема основа тие да го лажат народот со нивните идеологии како политика, право, филозофија, економија (пазарна) и други нонсенси, кои им обезбедуваат само нивно понатамошно паразитирање и заострување на општествените антагонизми. Во разгледуваниот случај се наметнува само обврска на плаќачите на данок да превземат организирани мерки на самозаштита како би се обезбедиле од секакво насрнување на владеачите на нивниот имот, слободи и права. Ниту еднаш до денес во историјата не се случило оној кој ги губи своите  привилегии да не се обиде на секој можен начин пак да ги воспостави. Затоа секое проповедање демократски форум, во услови кога некој мора да плаќа данок, иако нема доволно за егзистенција, претставува ординирана примена на лукавство за да биде противникот совладан. Денес додуша плаќачите на данок зборуваат ист јазик како и владеачите, но тоа ни најмалку не ги ублажува постоечките антагонизми. И најголемиот санкилот (читај: безгаќаш), ако му кажете дека не треба да се плаќа данок, ќе ве убедува дека тоа мора да се прави „бидејки државата ќе нема од што да живее“. Како да тој видел некое фајде од државата, освен тоа што останал без гаќи. А ако продолжи и понатаму така, сосема е сигурно дека ќе остане и без глава. Тоа ленинизмот го потврди – на просторите на секоја „социјалистичка“ држава многу луѓе останаа без глава, затоа што премногу им веруваа на своите „водачи“.

Untitledfregfлккн

Сите кои заговараат плаќање данок или се неспособни за научно разгледување на работите или  пак сосема отворено ги сметаат другите за необразовани и во тој случај своите малограѓански илузии им ги наметнуваат на луѓето за практична политика. Не кажал Енгелс залудно: „Сè додека постојат експлоататорски  и владеечки народи и класи на една страна, и експлоатирани и подјармени на друга страна, дотогаш примената на лукавството, покрај примената на сила, ќе биде и на двете страни нужност против која остануваат немоќни сите морални проповеди“. До денес подјармената класа (работници, занаетчии, просветари, медицинари, техноинтелигенција) не покажува никаква снаодливост во примена на лукавството. Но тоа им е и непотребно, имајќи ја во раце науката за општеството – марксизмот. Тие бегаат од него, бидејки се убедени дека тој е погрешен. Но, во склад со народната „Не зборувај лошо за коњот кој не си го јавал“ ќе им кажеме да не им веруваат на капиталистите и нејзините идеолози додека не го проучат марксизмот. Кога ќе  го направат тоа, ќе увидат колку многу грешиле што им верувале на „комунистите“ кои не знаат марксизам, но и на бранителите на капитализмот, кои не се ништо подобри од таквите „комунисти“.

Advertisements

One thought on “Како најефикасно да се собори Никола Груевски од власт?

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s