Каква влада им треба на Македонците?

frase-de-que-sirve-la-libertad-politica-para-los-que-no-tienen-pan-solo-tiene-valor-para-los-jean-paul-marat-138396d184

„Difficile est satiram non scribere“ (Juvenal)

Мас-медиумите јавуваат дека Владата на Р.Македонија „заборавила“ да ја плати членарината во ООН поради што на Р.Македонија ‘и е укинато правото на глас во истата организација додека не ја изврши својата обврска. Од друга страна „наместо 80 (идиотскиот проект на владата – н.заб.) Скопје 2014 проголта 580 милиони евра“. А за злоупотребите на политичарите на моторни возила, патни и дневни трошкови и друго со што се остваруваат и по 500 дневници за една година и да не пишуваме.

Да бевме професионални писатели или новинари ќе напишевме духовита сатира или новински напис за незајажливите апетити на политичарите кои покажуваат Минхаузеновски способности во изнаоѓањето начини да стават што повеќе пари во џеб. После тоа ќе следуваа, како вообичаено, санкции против авторите и редакцијата која тоа ќе го публикуваше напишаното а ние ќе се жалевме до Брисел или Стразбург за кршење на човековите права и слободи, за гушењето на слободата на печатот и за други човекови права и слободи кои се илузорни во услови на парично стопанисување. Меѓутоа бидејќи не сме ни едно ни друго а од друга страна – за наша несреќа – имаме знаења од марксизмот, ние мора да се позанимаваме со погрозната страна на проблемот.

Имено, за човек кој ја познава суштината на парите и стоковно-паричното стопанисување е сосема јасно дека сето тоа што се случува не би се случувало да владеачите и владеаните имаат барем малку знаења од марксизмот. Вака тој недостаток, на наведените знаења, на владеачите им оди во прилог а на владеаните на штета. Виновници за тоа се „научниците“ од економијата, политиката, правото, филозофијата итн., одн. општествените интелектуалци.кои наместо да го проучуваа „социјализмот“ додека постоеше и од него да ги елиминираа грешките кои ги предизвика ленинизмот, тие го прогласуваа ленинизмот за „примена на марксизмот во пракса“ и го прилепуваа до марксизмот стварајќи невозможен поим во науката „марксизам-ленинизам“.

Работниците, и покрај тоа што најдобрите работници се испраќаа во марксистички школи и на исти такви курсеви, не знаеја марксизам. Да знаеја, тие ќе го спроведеа укинувањето на старата општествена поделба на труд и денес немаше да се наоѓаат во положбата во која се. Тие и денес, кога би знаеле марксизам, бидејќи се средствата за производство нивни – тие работат со нив, а не „газдите“ – би го спровеле истото. Но, како можеш да направиш нешто, ако не знаеш дека тоа може да се направи. Работниците се хипнотизирани од „приватната“ сопственост. Тие не знаат дека приватна сопственост може и мора да постои само над средствата за живот – до обемот на потребите – но само под услов да истите ги произведе оној кој ги троши со личен труд на средствата за производство во општествена сопственост.

Средства за производство во приватна сопственост – тоа е невозможна глупост. Таа има „оправдување“ само во тоа што ќе ги држи во ропска потчинетост вработените со нив. Инаку приватната сопственост е противречна на библиските начела, на сите постоечки факти и на сета исправна научна логика. По Библијата земјата е божја а луѓето се гости кај него – бог. Меѓутоа кој му мисли на тоа. Ете, се испотепаа муслимани меѓу себе, христијани исто, и на крајот сите тие меѓу себе заради еден бог кој иако рекол „Не убивај!“- никој не го почитува тоа.

Понатаму, секој домаќин кој има средства за производство во своја сопственост и произведува за свои потреби, производството го организира на начин да ги вработи сите во фамилијата „спрема способностите“ и потрошувачката ја спроведува „спрема потребите“ на секој член од фамилијата. Тој факт е присутен во цел свет, но никој не сака да го види. Ако во фамилијата работењето се организира на нестоковни принципи и тоа се покажало со милениуми како отпорно на стоковно-паричното работење, тогаш неразбирливо е понатамошното задржување на стоковното производство. Тоа е „разбирливо“ само во рамките на незнаењето на владеачите и владеаните за што е пишувано напред. А ние марксистите се држиме за Спинозиното „Ignorantia non est argumentum“. Незнаењето нека го задржат за себе оние кои го имаат и нека не го пљачкаат народот со него. А ваму настојуваат божем учениците и студентите да ги присилат со разни „екстерни испити“ да стекнуваат што повеќе знаења. Празни се нивните знаења како и тие самите екстерни испитувачи.

Постои и еден друг факт за кој исто така никој не води сметка иако е присутен насекаде. „Секој човек е способен да произведе повеќе отколку што му треба“, констатирал некој француски мислител. Тоа е присутно во секое селско семејство.Таму и десетгодишо дете со трактор може да изоре повеќе отколку што е потребно за цело село да се прехрани. Зошто владеачите не мислат за тоа! Да, тие мислат како да ги присилат владеаните како да се „научат“ да го прикажуваат на власта секој денар што го добиле за да можат овие да ги оданочат. Наместо да го организираат производството да се вработат и деца и старци и инвалиди и возрасни „спрема способностите“ – власта измислува милиони начини како да ги присили луѓето да плаќаат паркинг, дa ja плаќаат секоја капка вода, секој стоти дел од киловатот струја, секоја песна што ќе ја запеат, на секое денарче што ќе го заработат да плаќаат 18% данок.

Во право бил Гоце Делчев кога напишал во писмото до Никола Малешевски од 4. мај 1897: „Гони ги управниците, мрази ги и востанувај против секој владетел“. Тоа подразбира да немаш „свој“ владетел за да не „востануваш“ против него. Тоа го подразбира и Библијата кога вели дека власта е дадена од бога, но само како казна додека луѓето не се освестат и да се организираат „бог да им кралува“ во кој случај нема да плаќаат никакви даноци, царини, патарини, такси и други глупости на кои не им се знае бројот. Тоа го подразбира и марксизмот кога заговара укинување на приватната сопственост над средствата за производство, пак во кој случај отпаѓа плаќањето на наведените глупости.

И што да се каже за сите овие властодршци кои забораваат што кажал апостолот на Македонската нација, кои се декларираат за верници но не почитуваат никаква одредба од Библијата која е „божје слово“, не сакаат да читаат марксизам, па дури и го исфрлаат од системот на науки. И на крајот забораваат да платат и членарина во ООН, иако се раздраа повикувајќи во ООН Грција да не’ признае под уставно име. Навистина нивниот памет не е ни за пазар оти кој ќе го купи има лошо да помине. Да, со нивната памет не вредат ни колку персискиот цар кој не вредел ни колку едно магаре. Што да прави НАРОДОТ со таа влада!

Онаа што го велат Гоце Делчев, Библијата и Маркс – не плаќајте повеќе никакви даноци од кои живее истата. Ете, таа влада убаво знае да донесе градежен план за кој наводно требаат 80 милиони евра а потоа да потроши уште 500, и за тоа време да „заборави“ да плати членарина.

Таа „заборавеност“ на владата, покрај уште многу други проблеми кои може да ги решава а не сака (вработување на сите „спрема способностите“, стварање здрава нација во која ќе нема болни по дефиницијата на А.Штампар прифатена и од СЗО, укинување на старата општествена поделба на труд која се одржува насила и против волјата на мнозинството и др.) се очигледен доказ дека ТАКВА ВЛАДА НЕ МУ ТРЕБА НА НАРОДОТ.

Каква влада му е потребна? Таква која ќе ја „оре земјата заедно со селаните“, таква која што ќе работи како апостол Павле „за да не му паѓа на терет на народот“, таква која научно ќе го организира и „раководи“ општеството како што учи марксизмот. Нема друг начин за остварување на таква влада освен укинувањето на даноците бидејќи секоја власт живее од она што ќе го опљачка од народот.

Не верувајте на „патриотските“ фрази на власта, оти не се поголеми патриоти од Гоце Делчев!

Не гласајте за никаква власт на идните избори, оти сите власти се исти!

Избирајте на „власт“ луѓе кои се веќе вработени во производство и ќе останат пак во него!

Проучувајте го марксизмот оти тој е единствена исправна наука за општеството!

Не мислете дека општествената интелигенција е попаметна од работниците и селаните. Тие се „учени глупаци и најголема опасност за општеството“ како вели Карел Чапек.

Скопје-Штип-Дојран, 31 јануари 2015.

ПРИЈАТЕЛИТЕ НА НАРОДОТ

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s