Авторот на „Демократија: модели и дилеми“ не знае што е демократија?

frase-de-que-sirve-la-libertad-politica-para-los-que-no-tienen-pan-solo-tiene-valor-para-los-jean-paul-marat-138396ф

Здравко Савески, автор на книгата Демократија Модели и Дилеми – која искрено не сум ја прочитал но утре кога веќе одам за Скопје ќе ја купам – за 24 Вести изјави: „Ако власта ги слуша своите граѓани, тоа е дефиниција за демократија. Ако не ги слуша, ако е глува на нивните барања, тогаш таа власт не може да се нарекува демократска.“ Одеднаш апологетот на партиципативната демократија станува бранител на граѓанската буржоаска посредничка „демократија“. Ова може да значи две нешта. Дека Савески никогаш правилно не ја толкувал демократијата или пак дека се надева на смена на власта со друга (читај: СДСМ) која наводно ќе биде транспарентна и широкограда власт која ќе ги слуша и исполнува барањата на граѓаните.

„Демократијата“ на Савески е сонце кое е светилка над темниот пат што го води народот кон гробот.

Со последното зголемување на дневниците на пратениците кои ќе патуваат во странство едногласно од страна на сите 120 пратеници во парламентот и со фактот дека пратениците од опозицијата без совест продолжуваат да примаат плата, граѓаните треба да бидат будали за да поверуваат дека некоја следна власт, а најмалку од СДСМ, ќе ги слуша и ќе исполнува нивните барања. И јас сум за да се врати опозицијата во парламентот, но само за да биде затворена таму со власта каде ќе им бидат пуштени златни змии (Bothrops insularis) чиј отров е толку силен што може да пржи човечко месо.

Граѓани, информатичката наука и техника е на ваша страна на начин што ги прави авторитетите на власта и опозицијата излишни. Измислен е гласачки систем со анонимна текстуална порака на ист начин како што телекомуникациските капиталисти ве тераат да гласате за шоуа како Big Brother. Неважечките гласачки ливчиња ќе станат минато еднаш засекогаш. И не само тоа, 6-те милиони евра кои се трошат од власта на секој изборен циклус за печатење на проклетите безвредни гласачки ливчиња ќе бидат заштедени од челуста на печатарската капиталистичка класа.

Секој кој ви зборува за добра власт и дека треба да постои власт е ваш душман, тој или е платеник на оние на власт или е платеник на тие кои имаат амбиција да владеат со буџетот од 3 милијарди евра исцицани од вашите крпени џебови со разни казнени политики и бесмислени даноци. Слободните граѓани не плаќаат даноци.

За крај, што е демократија? Дали навистина демократија е власт која ги слуша своите граѓани? Никако! Демократија по дефиниција е пополнување на јавните позиции преку случајна селекција, а изборот на претставници од однапред составени партиски списоци произведува олигархија.

Владите од професионални политичари секогаш имаат тенденција да се изопачат во тиранија. Во демократијата со гласање од народот доколку постои сомневање за некој јавен службеник дека ја злоупотребува својата позиција истиот се прогонува привремено или засекогаш од државата.

Савески ве убедува дека не оваа власт на ДПМНЕ туку следната, а која ако не таа на СДСМ, ќе биде добра влада која нема да биде арогантна кон барањата на граѓаните и дури ќе ги исполнува. Но, францускиот буржоаски револуционер Жан-Пол Мара ве опоменил уште во 1789 година: „Вечна вистина е важноста да се убедат луѓето дека најсмртоносниот непријател од којшто тие треба да се плашат е владата. ВЛАДАТА Е НАЈСМРТОНОСНИОТ НЕПРИЈАТЕЛ НА НАРОДОТ.“

Савески сака да се прикажува како демократски социјалист, но, абдалу, самиот апологет на диктатурата на пролетаријатот и тврдокорен комунист Карл Маркс те подучува во демократско-социјалистички дух: „Владата е алатка на угнетување; тоа се органите на авторитетот; тоа е војската; тоа е полицијата; тоа се службениците, судиите, министерите; тоа се свештениците.“

Но, суштинското прашање е дали ние денес имаме криза на претставничката демократија или криза на системот на класи?! Општествената интелигенција – најсмртоносниот непријател на работничката класа – налик Гордана Силјановска денес ви зборува пола вистина колку ни е во криза парламентарната демократија и колку тоа ни е насушна директна демократија, но никој не ви кажува дека старата атинска директна демократија пропадна бидејќи никогаш не била завршена со економско ослободување на безимотните кои биле и се мнозинство.

Дури да биде воспоставена директна демократија како алтернатива на претставничката (парламентарна) демократија, ако таа не е довршена со укинување на наемното ропство/капитал-односот, тогаш ќе продолжи тоа да го помага препроизводството на олигархијата, а не на непосредното владеење на мнозинството од безимотни. Па, бидејќи богаташите, капиталистите, банкарите, земјопоседниците, и др., вработуваат повеќе работници за да работат за нив, тие имаат повеќе слободно време за должности од јавен интерес, споредено со класата на наемни работници кои обично не поседуваат никаков капитал освен својата работна сила која поради тој факт на немаштија се присилени да ја продаваат за да ја препроизведат таа сила во процесот на труд.

Затоа кога општествената интелигенција налик Гордана Силјановска ви зборува за криза на претставничката демократија, реплицирајте ‘и дека нејзините усни проповедаат демагошко фарисејство, дека директната демократија заснована на наемно плаќање на работничката класа е конфликтен концепт и со тоа е само уште палијатив за благородното евтанизирање на олигархијата која го корумпира нормалното функционирање на општеството.

frase-de-que-sirve-la-libertad-politica-para-los-que-no-tienen-pan-solo-tiene-valor-para-los-jean-paul-marat-138396ф

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s