Дали топ корпорациските извршни директори навистина грабеа од платите на работниците?

klimanhogging590

Томас Пикети ја препишува растечката нееднаквост во С.А.Д. првенствено на огромните зголемувања на платите на извршните директори (CEO) и другите врвни директори, но тој погрешно го толкува доказот. Растечките плати на врвните директори всушност многу малку го објаснуваат порастот на нееднаквоста, а тие ги снижиле платите на другите вработени за само занемарлив износ.

Во својата најдобро продавана книга „Капиталот во дваесет и првиот век“, францускиот економист Томас Пикети го поистоветува „порастот на суперуправниците“, односно, „врвните директори на големи фирми кои раководеле за да добијат крајно високи, историски невидени пакети од надоместоци за својот труд“ како „примарната причина за зголемена доходовна нееднаквост во недамнешните децении.“[1]

Водечки економисти побрзаа да го прифатат ова гледиште. Во Њу Јорк Тајмс, колумнистот Пол Кригман тврдеше дека „галопирачката нееднаквост до денес во голема мера беше предизвикувана од трудовиот доход – од „суперуправниците“.“ Уредничкиот автор Џон Кесиди од Њу Јоркер се согласи дека „„суперуправниците“ соодветствуваат на 70 проценти од врвните 0.1 процент од доходовната распределба.“ Добитникот на Нобеловата награда Роберт М. Солоу, почесен професор по економика на MIT, тврдеше дека „многу од зголемената нееднаквост во приход (и богатство) во Соединетите Американски Држави е предизвикана од порастот на суперуправниците“, односно „врвните извршни директори на големите корпорации со многу богати пакети на надоместоци.“

Пикети го засновува своето објаснување со „суперуправниците“ за растечката нееднаквост врз неодамнешна студија за работните места на лица во врвните 0.1 процентни и врвните 1 процентни доходовни групи, но таа студија всушност покажува дека растечките плати на врвните извршни директори биле само минорна причина за растечката доходовна нееднаквост во С.А.Д. Исто така таа сугерира дека степенот до којшто зголемувањата на платите на врвните извршни директори ја снижиле компензацијата на другите вработени лица е само минорна.[2]

Иако Пикети не се занимава директно со вториот проблем, ако огромниот пораст на платите на суперуправниците беше главната причина за растечката нееднаквост, исто така тоа ќе беше главната причина за релативно бавното зголемување на платата на обичниот работник во текот на изминатите неколку децении. Врвните извршни директори ќе зазедоа многу поголем дел од вкупниот износ на пари исплатен како компензација, оставајќи ги другите вработени лица со мал удел. Ова, фактички, е она што критичарите на мојата статија од април го тврдат.

Во таа статија јас покажав дека официјалната владина статистика на С.А.Д. за периодот 1970-2007 покажува дека, како делови од нето домашниот производ (вредност произведена од националните индустрии, после амортизација) на корпорацискиот сектор и поширокиот деловен сектор, компензацијата исплатена на вработените немала надолен тренд, а профитите на бизнисите немале нагорен тренд. Според тоа, компензацијата од час за просечен работник целосно ја следела неговата продуктивност, а тврдењето за јаз меѓу продуктивноста и компензацијата е измамливо. (Тоа тврдење, како што покажав, резултира од недоследното инфлациско прилагодување.)

Сепак, како што критичарите на статијата исправно забележуваат, самите официјални бројки за компензацијата на вработените би можеле да бидат измамливи. Тие бројки ја вклучуваат „компензацијата“ примена од топ платените извршни директори, најголемиот дел од којашто е дискутабилно удел на профити на корпорациите кои ги вработуваат, отколку плати за трудовите услуги кои тие ги даваат. Ако суперуправниците на Пикети стругаа сè поголеми парчиња од вкупната компензација на вработените, би можело да се аргументира дека демонстрираниот неуспех на „профитите“ да пораснат на сметка на „компензацијата“ е статистичка илузија бидејќи, ако ние ги сортиравме преголемите плати исплатени на суперуправниците како профит отколку компензација за вработени лица, ќе откриевме дека уделот на корпорацискиот профит од нето домашниот производ пораснал значително, на сметка на уделот на „реалните“ работници.

Линијата на резонирање на критичарите зависи круцијално од тврдењето дека суперуправниците значително лакомеа сè поголеми делови од компензацијата на вработените. Наспроти она што Пикети го пишува, ова тврдење произлегува дека е неосновано.

Колкумина од супербогатите се суперуправници?

Компензацијата на топ платените извршни директори навистина брзо се зголеми. Ова зголемување имаше мало влијание на нееднаквоста и на платите на другите вработени, сепак, бидејќи имаше премалку суперуправници за да нивните зголемувачки плати предизвикаа значајна разлика. Ова изгледа дека е клучниот факт којшто Пикети го сфаќа погрешно.

Во едно круцијално тврдење, Пикети пишува: „Неодамнешно истражување ми дозволува да тврдам дека огромното мнозинство (60 до 70 проценти, во зависност од тоа кои дефиниции некој ги избира) од топ 0.1 процент од доходовната хиерархија во 2000-2010 се содржи од топ управници.“[3] Тој го засновува своето тврдење на неодамнешна студија од Јон Бакија, Адам Кол и Бредли Хајм (BC&H). Оваа студија, првото опсежно испитување на работните места на „1-от %“, е извонредно важна, но Пикети сериозно погрешно ја толкувал.

Спротивно на она што тој го вели, BC&H откриле дека меѓу 2001 и 2005 (последната година којашто тие ја проучувале), само 21 процент од оние во топ 0.1 процентот на даночни плаќачи биле „платени нефинансиски управници“ („извршни директори“, „менаџери“ и „надзорници“). (Овие менаџери биле исто така само 21 процент од „1-от %“.[4]) Ова е далеку од „огромно мнозинство“.

Како тогаш Пикети се појавил со ставот за бројка од 60 проценти? Иако бројката се појавува во студијата на BC&H, таа не се однесува само на платените менаџери. Таа собира на куп три различни работни групи: (1) платени менаџери, (2) сопственички менаџери на близу поседувани некорпорациски бизниси и (3) „финансиски професионалци“. Сопственичките менаџери и огромното мнозинство на финансиски професионалци не се суперменаџери во смислата на Пикети. Заедно, сепак, тие сочинуваат близу две третини од неговото „огромно мнозинство“.[5]

Ајде да ги разгледаме прво сопственичките менаџери. Тие не се суперменаџери бидејќи тие не добиваат, според зборовите на Пикети, „многу високи плати“ или „историски нечуени компензациски паќети за нивниот труд“.[6] Наместо тоа, тие добиваат многу висок „деловен доход“ – доход налик профит којшто нарастува кај сопствениците на некорпорациски бизниси (партнерства и единечни сопствеништва) и S-корпорации. Додека, според BC&H, 94 проценти од комбинираниот трудов и деловен доход на платените менаџери беа трудов доход – надници и плати, вклучително доход од берза – целосните 88 проценти од комбинираниот трудов и деловен доход на сопственичките менаџери беа деловен доход.[7]

Деловниот доход не е составен дел од компензацијата на вработените. Тоа е посебен вид на доход и е пресметуван на тој начин во владините статистики. Овој факт е круцијално важен за да се разбере зошто растечките плати на топ извршните директори имале мало влијание врз платата на обичните работници. Кога деловниот доход на сопственичките менаџери расте (а податоците на BC&H покажуваат дека тој пораснал до огромен степен), делот на компензацијата на регуларните работници не е намален; тој останува непроменет. Сигурно е точно дека кога топ ешалонските сопственички менаџери добиваат поголем дел од доходот создаден од некорпорациски бизниси, нивниот растечки дел мора да доаѓа на сметка на нешто друго. Но, тој дошол на сметка на каматата којашто тие ја платиле на кредиторите и доходите на други деловни сопственици и самовработени луѓе, не на сметка на вработените лица. Всушност, делот на вработените исто така пораснал.[8]

Што со „финансиските професионалци“ на BC&H? Некои од нив одговараат на описот на Пикети на „суперменаџери“ бидејќи тие се исто така платени менаџери (топ менаџери на финансиски фирми или финансиски менаџери во нефинансиски фирми). Сепак, останатите финансиски професионалци имаат малку заедничко со суперменаџери. Некои се сопственички менаџери, како што се менаџери на осигурителни фондови и менаџери на ризичен капитал и други приватни правни фирми, чија претставеност во врвот на доходовната распределба изгледа дека пораснала извонредно бргу. (Во 2005 година, топ 25-те менаџери на осигурителни фондови заработиле колку и топ 500-те корпорациски извршни директори.[9]) Другите не се воопшто менаџери. Тие работат во продажни работни места (како трговци и брокери на хартии од вредност, обврзници и производи, на пример), како инвеститори, во други деловни работни места (како сметкодовители, финансиски советници, итн.), и во пресметковни, инжинерски и други технички работни места.

За да го измериме обемот до којшто растечката нееднаквост и потпросечниот раст на платата на обичните работници може да биде припишан на „растот на суперменаџерите“, ние мора според тоа да се фокусираме само на платените менаџери и да ги одвоиме сопственичките менаџери и неменаџерските финансиски професионалци. Податоците во објавената верзија на студијата на BC&H не се добро прикладни за оваа задача бидејќи објавената верзија ги третира сите финансиски професионалци, без оглед на нивното работно место, како една група. Но, еден од авторите, Бакија, љубезно ми даде необјавени податоци од нивната студија, во коишто финансиските професионалци кои се исто така топ платени менаџери се вклучени во втората група. Отстранувајќи го преклопот меѓу платените менаџери, сопственичките менаџери и другите финансиски професионалци, необјавените податоци нè оспособуваат да го кажеме точно колкав процент од „о.1-от%“ и „1-от%“ се содржи од платени менаџери, и да го пресметаме степенот до којшто нивните растечки плати ја снижиле компензацијата на другите вработени лица.[10]

Необјавените податоци откриваат дека, меѓу 2001 и 2005, само околу една шестина од финансиските професионалци во групите на топ доходи биле исто така платени менаџери. Според тоа, кога ние одново ги класифицираме како платени менаџери, претставеноста на суперменаџерите во групите на топ доходи не се зголемува значително. Необјавените податоци на BC&H покажуваат дека само 24 проценти од топ 0.1 процент, и 23 проценти од топ 1 процент, биле финансиски или нефинансиски платени менаџери – ретко повеќе од 21 процент, споменато во претходната секција, кои биле нефинансиски платени менаџери. Покрај тоа, тие биле смалувачки сегмент од супер богатите. Во 1979 година, 39 проценти од оние во топ 0.1 процент биле суперменаџери, но до 2005 година нивниот број драматично се намалил до 22 проценти. Сопственичките менаџери сè повеќе ги заземале нивните места, пораснувајќи од 10 процент на 23 проценти, додека делот на оние кои биле неменаџерски финансиски професионалци пораснал од 9 проценти на 14 проценти.[11] „Порастот на суперменаџерите“ на што Пикети се повикува според тоа изгледа не се случил.

Пораст на компензацијата на суперменаџерите

Но, колку пораснала компензацијата на овие топ платени менаџери? Необјавените податоци на BC&H даваат важен дел од одговорот. Следниот график, заснован на тие податоци, ги покажува работните места на луѓето во „1-от %“ и деловите од вкупниот даночно-повратен приход којшто заминал кај нив. Меѓу 1979 и 2005, зголемувањето на приходот на платените менаџери одговара само на 8 проценти од вкупното зголемување на делот од приходот заземен од „1-от %“.[12] Ова е грубо истото како придонесите на правниците и на докторите и другите здравствени професионалци. Многу повеќе од вкупното зголемување на делот на приходот на „1-от %“ беше поради растечките доходи на сопственичките менаџери и финансиските професионалци.

Income_of_the_1_pct,_by_occ,_f

Необјавените податоци на BC&H ни кажуваат колку се зголемил вкупниот доход на топ платените менаџери. За да пресметаме колку се зголемила нивната работничка компензација, ние исто така треба да знаеме колку од нивниот вкупен доход (освен добивките на вложен капитал) се содржел од компензација и колку се содржел од каматни исплаќања, дивиденди и други видови на доход. Сепак, BC&H не известува за ова, според тоа, бројките мора да бидат пресметани.

Ако ние претпоставиме, нереалистично, дека сиот приход на платените менаџери во топ 0.1 процент бил работничка компензација – односно, дека тие не добиле камата, дивиденди, итн. – тогаш податоците на BC&H имплицираат дека нивниот дел од нето домашниот производ на деловниот сектор пораснал до само 0.4 процентуални точки од 2005 година – фактички, воопшто не пораснал. Соодветната бројка за платените менаџери во топ 1 процентна група е 0.5 процентуални точки.[13]

Сепак, топ платените менаџери мора да добиле одреден приход покрај компензацијата. Според тоа, изгледа пореално да се претпостави дека релативните износи на нивните дивиденди, камати и наемен доход биле еднакви на оние на другите во нивната доходна група,  и дека останатиот дел на нивниот доход (деловен приход, изнајмувачки приход и ненаемна компензација) бил доволно мал за да биде безбедно игнориран. Овие алтернативни претпоставки водат кон резултати кои се разликуваат само незначително од тие горе. Делот на производот заземен од платените менаџери во топ 0.1 процент уште еднаш пораснува до 0.4 процентуални точки од 2005 година. Соодветната бројка за платените менаџери во топ 1 процент сега е 0.6, отколку 0.5, процентуални точки.

Бидејќи овие проценки зависат делумно од претпоставките за делот на работничката компензација на на доходот на суперменаџерите, тие се малку груби. Сепак, широк опсег на други разумни претпоставки – вклучително оние коишто имплицираат дека компензацијата на суперменаџерите пораснала многу побрзо отколку нивниот вкупен приход – водат кон сосема слични резултати.[14] Поради тоа, изгледа крајно неверојатно дека растечката компензација на топ платените менаџери го подигнала нивниот дел од нето домашниот производ на деловниот сектор за дури 1 процентуална точка.

Eфектот на растечката плата на суперменаџерите врз другите вработени лица

Бидејќи делот на нето домашниот производ којшто ја претставува компензацијата на топ платените менаџери се зголемил занемарливо, резултирачкото опаѓање на делот на другите вработени лица беше исто така занемарливо. Графикот долу ја презентира мојата проценка на делот на производот присвоен од страна на другите вработени лица меѓу 1979 и 2005 како и делот којшто тие ќе го добиле ако тој на топ платените менаџери не пораснал на нивна сметка.[15] Разликата меѓу она што тие всушност го добиле и она што тие ќе го добиле е сосема минорна. (Покрај тоа, нивниот реален дел нема надолен тренд до значителен обем. Ова подразбира дека незначителниот пораст на делот на суперменаџерите сериозно не го снижил делот на другите вработени лица.)

Графикот разјаснува дека неуспехот на корпорациските профити да пораснат на сметка на компензацијата за вработените не бил „статистички привид“. Без оглед на тоа дали ние ги користиме дефинициите на владата за „профит“ и „компензација“ (како што јас ги користев во претходната статија), или одново ја класифицираме платата на суперменаџерите како профит и ја сметаме само компензацијата на другите вработени лица како „вистинска“ компензација (како што јас направив во графикот), делот на вработените од нето домашниот производ останал во основа неизменет прекувремено.

klimanemp590

Во долари, моите проценки имплицираат дека ако компензацијата заземена од платените менаџери во топ 0.1 процент не пораснала на нивна сметка, компензацијата на другите вработени лица во 2005 година ќе беше за околу 36 милијарди долари поголема. Ако компензацијата заземена од платените менаџери во сиот топ 1 процент не пораснала на нивна сметка, компензацијата на другите вработени лица ќе беше за околу 50 милијарди долари поголема. Распределени меѓу повеќе од 100 милиони вработени лица, ова не е многу пари. Дополнителна компензација од 36 милијарди долари за секој работник одговараат на 342 долари, или околу 20 центи од час повеќе. Дополнителна компензација од 50 милијарди долари за секој работник одговараат на 480 долари, или околу 28 центи од час повеќе.[16]

Иако просечната (mean) компензација целосно ја следела продуктивноста меѓу 1970 година и Големата рецесија, типичната (median)  компензација на работниците се зголемила донекаде побавно. Сепак, бидејќи растечката компензација на суперменаџерите не ја намалила значително платата на другите вработени лица, таа е одговорна за многу малку од растот на јазот меѓу медијанската и просечната компензација. За да ја пресметаме вкупната големина на овој јаз меѓу медијанската и просечната компензација, ние може да погледнеме во податоците во статија напишана во 2012 година од Лоренс Мишел од Институтот за економска политика и Кар-Фе Ге, сега вработен во канадското министерство за финансии. Нивните проценки имплицираат дека компензацијата од час на обичниот работник, 17.70 долари во 2005 година, ќе беше 21.16 долари ако компензацијата на обичниот работник ја следела компензацијата од час на просечниот вработен од 1979 година па наваму.[17] Ова е разлика од 3.46 долари од час. Смалувањето на платата од 20 или 28 центи од час поради растечката компензација на топ менаџерите е само 6 или 8 проценти од вкупната разлика од 3.46 долари.

Според тоа, повеќе од 90 проценти од јазот после 1979 година меѓу медијанската компензација на работниците и просечната компензација на другите вработени останува необјаснети. Дури ако ние претпоставиме дека делот на нето домашниот производ на деловниот сектор – добиен како компензација на вработени од страна на платени менаџери во топ 1 процент – пораснал за цела процентуална точка (којашто, повторно, изгледа крајно неверојатно), ова би ги објаснило само 14-те проценти од растот после 1979 година во јазот меѓу медијанската компензација на обичниот работник и просечната компензација на другите вработени.

Наводниот „пораст на суперменаџерите“ поради тоа изгледа не објаснува многу од растот на нееднаквоста во доходите во С.А.Д. Се разбира, тоа не е примарната причина за растечкиот дел на доходот заземен од „1-от %“ и „0.1-от %“. Ниту тоа е главен двигател на нескладноста меѓу медијанската компензација на една страна и просечната компензација и продуктивноста на друга страна. Следи дека овој последен тренд мора да биде, убедливо, поради растечката нееднаквост меѓу остатокот на работната сила – односно, во рамките на џиновскиот базен од вработени лица кои не се суперменаџери. Според тоа, ако сакаме да разбереме зошто платата на обичниот работник се зголемила релативно скромно, ние мора да ги оставиме настрана митовите дека растечките профити и вртоглаво растечките плати на извршните директори биле главните виновници и да се фокусираме на изворите на растечката нееднаквост меѓу работниците, како што ќе покажам во некоја идна статија.

Извор

Автор: Ендру Климан е почесен професор по економија на Универзитетот Пејс во Њу Јорк и автор на „Неуспех на капиталистичкото производство: Темелни причини за Големата рецесија“ (Pluto Books, 2012) и „Враќање на Марксовиот Капитал во неговата првобитна состојба: Побивање на митот за противречност“ (Lexington Books, 2007).

[1] Thomas Piketty, Capital in the Twenty-First Century, p. 302, p. 315.

[2] Јас ќе ги користам прилично стилските термини „вработено лице“ и „компензација“ отколку „работник“ и „наемнини“, делумно за да избегнам да влезам во контроверзија околу тоа дали сите вработени лица се „реални“ работници, и делумно да истакнам дека се повикувам на наемнини и бенефиции отколку само на наемнини.

[3] Thomas Piketty, Capital in the Twenty-First Century, p. 302.

[4] Овие проценти се однесуваат на доходот вклучително добивки од вложен капитал. Процентите за доход минус добивките од вложен капитал беа многу слични.

[5] Бројката од 70 проценти на Пикети изгледа дека е само грешка. Тој може да се повикува на друга статистика кај BC&H, којашто се однесува на комбинираниот придонес на овие три групи за порастот на делот на доходот заземен од „0.1%“.

[6] Thomas Piketty, Capital in the Twenty-First Century, p. 302.

[7] Покрај тоа, оваа бројка од 88 проценти го потценува деловниот доход на сопственичките менаџери, бидејќи нешто од преостанатите 12 проценти се содржи од трудов доход којшто нивните сопружници и издржувани го добиле. Да земеме предвид, на пример, сопственички менаџер кој носи дома 730 000 долари како деловен доход и има жена која работи како сметководител, доктор или правник и добива плата од 100 000 долари. Иако 12 проценти од овој комбиниран доход е трудов доход, сопственичкиот менаџер е сосема различен од суперменаџерот на Пикети, бидејќи тој себе воопшто не си исплаќа плата.

[8] Како дел од националниот доход на некорпорацискиот деловен сектор, компензацијата на вработените порасна од 33.9% во 1979 до 37.2% во 2005, додека деловниот доход („доходот н сопствениците“) опадна од 45.6% до 44.3% и нето каматните исплаќања опаднаа од 11.2% до 8.1%. Податоците се објавени во Билансот на националниот доход и производ (NIPA) Табела 1.13, редови 10, 11, 14 и 16.

[9] Види Steven N. Kaplan and Joshua Rauh, “Wall Street and Main Street: What Contributes to the Rise in the Highest Incomes?,” 2009, p. 28.

[10] Моите повикувања на податоците на BC&H горе се засноваат на објавената верзија; оттогаш јас исклучиво се повикувам на нивните необјавени податоци.

[11] Многу од добивката во делот на сопственичките менаџери на сметка на делот на платените менаџери е последица на законот од 1986 година којшто ја намали максималната даночна стапка на персоналниот доход под максималната стапка за корпорацискиот доход. Оваа промена ја елиминира стимулацијата на сопственичките менаџери да ги здружуваат своите бизниси и да го рапортираат својот приход како компензација на вработени наместо како деловен доход.

[12] Соодветната бројка за доходната група топ 0.1% е 12 проценти.

[13] Нето домашниот производ на деловниот сектор е рапортиран во NIPA Табела 1.9.5 (ред 2). Доходите на платените менаџери во топ 0.1 и топ 1% се нивните делови од доходот (како што е рапортиран во необјавените податоци на BC&H по вкупниот даночно-повратен доход, рапортиран во Табел А0, колона 4 од обновената табеларна датотека кај статијата „Доходовна нееднаквост во Соединетите Американски Држави, 1913-1998“ од Томас Пикети и Емануел Сае. Мојата втора (пореална) група на пресметки користи податоци во Табела А7 од датотеката на Пикети и Сае за да ги пресметам деловите на доход од надници/плата, дивиденди и камати кај доходните групи топ 0.1% и топ 1%. Мојата пресметка на компензацијата на вработени за платените суперменаџери е производ на овој дел на надници и плати и нивниот вкупен доход.

[14] За целата група топ 1%, надниците и платите, како дел од надници и плати плус дивиденди плус камата, биле 74.2% во 1979 и 82.3% во 2005. Ако ние претпоставиме дека соодветните делови за платените менаџери во топ 1% биле 66.6% во 1979 и 89.9% во 2005, порастот на нивниот дел на нето домашниот производ на деловниот сектор сè уште ќе заостануваше за една процентуална точка. Овие последни проценти имплицираат дека, како делови на нето домашниот производ на деловниот сектор, компензацијата на платените суперменаџери во „1%“ пораснала за двапати побрзо (101%) од нивниот вкупен доход (49%).

[15] Графикот е заснован на моја втора (пореална) пресметка на компензацијата на топ платените менаџери дискутирана горе. Мојата пресметка на компензацијата на другите вработени лица е вкупната компензација на вработените од деловниот сектор, рапортирана во NIPA Табела 1.13 (сума на редовите 4 и 11) минус пресметаната компензација на платените менаџери во „1-от %“. Јас ја поделив разликата со нето домашниот производ на деловниот сектор, рапортиран во NIPA Табела 1.9.5 (ред 2) за да го добијам делот на производот на другите вработени. (BC&H известуваат околу доходните делови само за 1979, 1993, 1997, 1999, и 2001–5; линерна интерполација беше искористена за да се пресметат доходните делови на платените менаџери во изминатите години.)

[16] Овие бројки се засновани на моите пресметки на бројот на вработени лица во деловниот сектор (103.9 милиони) и просечниот број на часови коишто тие ги одработиле во 2005 година (1711.2). Пресметките се засновни на податоците на NIPA за вработеноста и часовите во приватните индустрии и владините претпријатија, и врз пресметка на вработеноста во непрофитниот сектор рапортирана во Табела 2 од студијата на Конгресната истражувачка служба. Вработеноста во деловниот сектор е вработеност во приватната индустрија плус вработеноста во владините претпријатија минус вработеноста во непрофитниот сектор.

[17] За да ги добијам номиналните бројки, јас ги помножив бројките на реалната медијанска и просечна компензација од час рапортирани кај Додатната табела А1 (колони 2 и 3, соодветно) на Мишел и Ге, со имплицитниот ценовен индекс рапортиран во колона 9 од нивната Додатна табела А3.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s