Кон Соопштението на ЛД Солидарност по повод изборната победа на СИРИЗА

ciprinjo

Водството на Ципрас промовира пасивна и социјалдемократска политика (види во текстот „Вулгарниот социјализам на СИРИЗА“, прв дел и втор дел). СИРИЗА е целосно неспособна да организира и активно да ги мобилизира работниците кои гласаа за неа.

Неодамнешен пример фрла светло на овој неуспех кога имало незначителна излезеност на јавниот партиски собир, со Ципрас како главен говорник на плоштадот Синтагма, за време на деновите на масовното движење против затворањето на државата телевизија. Водството успеало да собере околу 15 000 луѓе што е незначителна бројка споредено со партиските членови во Атина. Членството на СИРИЗА сега е 40 000 членови, од коишто 25 000 живеат во Атина!

Основачкиот конгрес на СИРИЗА не ја изменил рамнотежата на силите меѓу десничарската тенденција на Ципрас и „левичарската“ тенденција на Лафацанис (Левичарската платформа), макар што редовите на партијата даваат отпор на социјалдемократското пренасочување на водечката група на Ципрас. Друг важен елемент на конгресот бил самото ниско ниво на учество во предконгресните собранија, што го одразува отсуството на ентузијазам за политиките на СИРИЗА меѓу обичните работници.

Политичкиот карактер на тенденцијата на Ципрас е таа на реформизам. Очигледно е барем во оваа фаза дека тој се движи кон десницата, бранејќи ја фаталната заблуда на грчки капитализам без штедење и кратења внатре во еврозоната, се разбира, под притисок на капиталистичката класа.

Од друга страна, Левичарската платформа, е составена од сојуз на меки патриотски сталинисти (!) – старата левичарска струја на партијата Синаспизмос – и други мали левичарски групи. Меѓутоа, Левичарската платформа е класична левичарска реформистичка тенденција, којашто е заснована на слоганите „излегување од еврозоната“ и национализација на банките. Но, во стварноста, тоа не е Левичарска платформа туку левичарски амандман кон политиката на Ципрас.

А еве ја и работничката крв на рацете на ревизионистот Ципрас:

(1) во ноември 2012, под притисок на 48 часовен генерален штрајк, АРИЕРгардата на СИРИЗА зборувала за „демократско соборување“ на капиталистичката влада. Но, револуционерните работници не ја слушале ариергардата или пак гледале било што во оваа насока и затоа си заминале дома разочарани.

(2) Во мај 2013, илјадници просветни работници одговориле на референдумот со 90-процентен глас за „целосен штрајк“ против обидот на капиталистичката влада да ја забрани нивната борба, меѓутоа синдикалистите на реакционерната СИРИЗА одлучиле да го отфрлат решението на просветарите.

(3) Истата година во масовното движење против затворањето на државната телевизија ERT, сите 12 федерации одлучиле да поддржат политички „целосен генерален штрајк“, но ариергардата на СИРИЗА одбила да ја поддржи оваа одлука.

СОЛИДАРНОСТ нема за своја основна цел: остварување на суштински општествени промени, како што милува да декларира. Меѓутоа од 10-те политички точки кои Здравко Савески ги објави на Левичарски блог никаде нема за последица укинување на капиталистичката поделба на трудот.

„Демократските социјалисти“ и нивниот фирер Здравко Савески тврдат дека државата ќе стане организатор на просветата, на општото образование, на институциите за социјална заштита, здравствените служби, сообраќајот, на заштитата на човековата средина итн. Но, да го разгледаме поконкретно и становиштето на Савески, то ест основните поставки на политиката што тој под итно – како што вели самиот – би ги презел:

1) Запирање на разградувањето на социјалната држава
2) Префрлање на парите од ставките репрезентација и воени издатоци на ставката социјални програми
3) Напуштање на ригидната монатерна политика
4) Преземање на јавни инвестициски зафати наместо чекање инвестиции само од надворешни извори
5) Повлекување на нашите војници од Ирак
6) Повлекување на кандидатурата за членство во НАТО
7) Поддршка за зачленувањето во ЕУ
8) Испитување на можноста за соработка во надворешната политика не исклучиво со САД, туку и со останатите фактори: Русија, Кина, земјите од Третиот свет и во прв ред Венецуела
9) Проучување на моделот на демократски социјализам во Венецуела и преземање на позитивните искуства
10) Градење на активистичко цивилно општество способно за спротивставување на неолибералистичката офанзива.

Меѓутоа боливарците од Каракас – урнекот на Савески за идеална политеја – не гледаат друг пат кон „демократскиот социјализам“ освен проширување на државната сопственост, натамошна национализација, но под раководство на државата, таква каква што е, то ест со нејзината парламентарна претставничка демократија и сите принципи на истата. Тоа е чиста опортунистичка шпекулација, и несомнено е дека „демократските социјалисти“ се апологети на државата и нејзините граѓанско-општествени механизми, тие ја прикриваат вистинската класна суштина на државата и се обидуваат да го сокријат основното на новите општествени состојби и процеси: економското то ест општественото ослободување на трудот, колку и да завиваат како гладни волци по социјална правда со тоа дека имаат волја и срце да градат социјализам.

Маркс убаво и доста интелигентно рекол: „Политичкото владеење на производителите не може да постои паралелно со овековечувањето на неговото социјално робување“. Така што во венецуелските околности, не се доволни демократски форми на политичка организација, општи избори, формалното право на партиципативните претставнички тела со кои работничката класа ќе ја утврдува политиката и ќе ја контролираат владата на Чавез, зашто мистичната сила на државниот капитализам или парично-стоковното стопанисување несомнено е дека ќе го учинува „демократскиот социјализам“ на венецуелскиот работник свој заложник а него – свој наемен роб. Затоа ниедна самодекларирана „социјалистичка“ власт не може да го има за себе демократскиот карактер без да биде во функција на општественото ослободување на трудот со укинување на парично-стоковното стопанисување, разликата меѓу производствениот и непроизводствениот труд, државната администрација, парламентарната претставничка демократија итн.

Според тоа, ниту генералните партиски програми на „демократските социјалисти“, ниту основните поставки на политиката што Савески од Левичарскиот блог а денес од редовите на Солидарност под итно би ги презел, не даваат гаранција за превласт на работничката класа и нејзиниот труд. Левичарскиот блог а денес Солидарност манипулира безобѕирно!

Верувајте ми, мои драги друшки, „демократските социјалисти“ се еднакви вампири со оние во бел сатен – буржуите. Савески со ниедна од своите десет поставки на политиката не нѝ нуди економско ослободување на трудот. Тие се само соломонови решенија од типот на Вантозовските декрети на јакобинецот Сен-Жист, со конфискувања на имотите на социјалните непријатели и делење на тие имоти на сиромасите, и кои решенија не се воопшто долгорочни. Зошто? – Па затоа што во принцип Десетте поставки на политиката на Савески го поддржуваат паричното-стоковно производство. Не се воопшто флексибилни за процут на социјалистичката размена на слободен труд затоа што никаде не спомнува укинување на даноците.

Никаде, во ниеден пасус од тие поставки, не нѝ најавува укинување на старата општествена поделба на трудот а без аболиција на непроизводствениот труд (претставничката демократија и нејзината администрација, правото, економијата, филозофијата, логиката, уметноста…) не знам како би се извеле „материјални услови“ кои ќе спречат да буржуаскиот начин на производство а со тоа и политичкото владеење на буржуазијата му бидат на некого воопшто потребни. А тоа, „другар“ Савески, се постигнува само со зголемување на производството до обемот на потребите на организацијата на размена на слободен труд.

Со својата „демократско-социјалистичка“ декаденција на умот на промислувањето, Савески и Солидарност уште долго ќе блудничат со вистината на решението за општествената состојба во светот, уште долго време ќе ја пијат крвта на македонскиот работник, затоа што тие се соучесници на злосторничката акумулација на капиталот штом за истата не нудат револуционерна вистина што би ја поништила. Секоја им чест!

Но, време е да „демократско-социјалистичката“ интелигенција почне навистина интелигентно да се однесува и да почне на македонскиот народ да му ги открива највисоките достигања на напредната човечка мисла а не да истура сол на земја, разни лакрдии и ревизии на марксизмот и лелекање заради прострелни рани од надворешните политики на неолибералистите…

Време е да сфатат шарлатаните од Солидарност дека она што го зборуваат мора да биде логички исправно, аргументирано и применливо на подолго време. Со параметрите на пазарната економија не се гради куќата на социјализмот „другар“ Савески… Вистината и кога не знае да се брани, таа стои исправена. А кога народот ќе стане свесен за тоа, тогаш тешко на сите оние кои го лажеле… И МАНИПУЛИРАЛЕ СО НЕГО!

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s