Моралното чудовиште Исус од Назарет

960241_623106211150685_5163018342671402547_n

 

1. Исус бил расист: „А тој ‘и рече: „Прво ја треба да ги нахранам децата – моето семејство, Евреите, зашто не е добро да им се земе лебот на дечињата и да се фрли на кученцата.“ (Евангелие според Марко, 7:27)

2. Исус бил убиец на деца: „И ќе ‘и ги погубам децата…“ (Откровение на Јован, 2:23)

3. Исус ги убивал своите непријатели: „А оние мои непријатели, кои не сакаа да царувам над нив, доведете ги тука и исечете ги пред мене!“ (Евангелие според Лука, 19:27)

4. Исус наредил убивање на oдметниците: „Јас Сум лозата, а вие сте прачките. Кој останува во Мене, и Јас во него, тој дава многу плод; зашто без Мене не можете да направите ништо. Ако некој не остане во Мене, тој ќе биде исфрлен надвор како прачката, која е исушена, – ги собираат, ги фрлаат во оган и ги горат.“ (Евангелие според Јован, 15:5-6)

5. Исус користел навредливи прекари: „Безумни и слепи!…“ (Евангелие според Матеј, 23:17) и „Неразумници!…“ (Евангелие според Лука, 11:40)

6. Исус бил грешник кој се каел: „Тогаш Исус дојде од Галилеја до Јордан при Јована, за да се крсти од него.“ (Евангелие според Матеј, 3:13) и „Се јави Јован, крштевајќи во пустината и проповедајќи покајно крштавање за проштавање на гревовите.“ (Евангелие според Марко, 1:4)

7. Исус игнорирал љубезна жена: „Но Тој не ‘и одговори ни збор. И приближувајќи Му се, Неговите ученици Го молеа, велејќи: „Отпушти ја, зашто вика по нас.“ Но Тој одговори и рече: „Јас не Сум испратен, освен при загубените овци на домот Израелев.“ Таа дојде пак и Му се поклонуваше, велејќи: „Господи, помогни ми!“ (Евангелие според Матеј, 15:23-25)

8. Исус бил ционист: „А Исус им рече: „Вистина ви велам дека вие – кои тргнавте по мене, во преродбата – кога човечкиот Син ќе седне на престолот на својата слава, и сами ќе седнете на дванаесет престоли и ќе им судите на дванаесетте Израелеви племиња.“ (Матеј 19:28) и „Вие не знаете на што му се поклонувате; ние знаеме на што му се поклонуваме, зашто спасението доаѓа од Јудејците.“ (Јован 4:22) и „Исус ги испрати тие дванаесетмина и им нареди, говорејќи: „Не одете по пат кај неевреите, и не влегувајте во град на Самарјаните; туку одете подобро кај изгубените овци на Израелевиот дом. И одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно. Исцелувајте ги болните, воскреснувајте ги мртвите, очистете ги лепрозните, изгонувајте демони; бесплатно добивте, бесплатно давајте. И така не грижете се, велејќи: Што ќе јадеме? или Што ќе пиеме? или Што ќе облечеме? Зашто сето тоа го бараат неевреите, зашто вашиот небесен Татко знае дека ви е потребно сето ова.“ (Матеј 6:31-32)

9. На Исус не му било грижа за класните разлики: „Некој од народот Му рече: „Учителе, кажи му на мојот брат да го раздели со мене наследството!”А Он му рече: „Човеку, кој Ме постави да ви судам или да ве делам?” (Евангелието според Лука, 12:13-14)

10. Исус не ги сакал сиромашните: „А кога беше Исус во Витанија, во куќата на Симона Прокажениот, се приближи до Него една жена, која носеше шише со скапоцено миро, и го изли врз главата  Негова, кога Он седеше на трпезата. И штом го видоа тоа учениците Негови, се расрдија и рекоа: Какво е тоа растурање? Оти тоа миро можеше да се продаде многу скапо и парите да се разделат на сиромаси.” Но Исус, разбирајќи го тоа, им рече: Зошто ја буните жената? Таа направи добро дело за Мене; оти сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш.“ (Матеј 26:6-1)

11. Исус не ги сакал робовите а најмалку бунтовните робови: „А оној слуга, кој ја знае волјата на својот господар и не се приготвил и не постапил според волјата негова, ќе биде многу биен.“ (Лука 12:47) и „Затоа царството небесно прилега на цар, кој побарал да ја расчисти сметката со своите слуги. Кога почна да ја расчистува сметката, доведоа при него еден што му должеше десет илјади таланти; па, бидејќи немаше со што да плати, господарот негов нареди да го продадат него, и жена му, и децата негови, и сè што имаше, за да наплати.“ (Матеј 18:23-25)

12. Исус не ги разбирал сиромашните како ќе му платат данок на царот: „Вратете му го на Цезар она што е Цезарево, а на Господ она што е Господово“. (Матеј 22:15-22)

13. Исус го одобрил ропството и не ги сакал бунтовните робови: „Робовите, кои се подјармени, да ги сметаат своите господари достојни за секаква почест, за да не се хули Божјото име и науката. А оние кои имаат верни господари, да не ги презираат, затоа што се браќа, туку да им служат подобро, зашто оние кои се ползуваат од нивните услуги се верни и возљубени браќа! Така поучувај и проповедај! Ако некој поучува поинаку, тој е надуен и не знае ништо, туку боледува од желба за распрашувања и препирки од кои произлегуваат: зависта, расправиите, хулењата, лукавите сомневања, празни препирки меѓу луѓето со изопачен ум…“ (Прво послание до Тимотеј, 6:1:2:3:4:5)

14. Исус барал послушници/полтрони на власта бидејќи секоја власт е дадена од Господ: „Секоја душа нека им се покорува на претпоставените власти, зашто нема власт, а да не е од Бога, а оние кои се поставени, од Бог се поставени. Затоа, оној кој ‘и се противставува на власта, ‘и се противставува на Божјата уредба; а оние што се противставуваат, ќе ја примат својата осуда. Власта е во служба на Бог за твое добро.“ (Посланието на Павле до Римјаните, 13-то поглавје)

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s