Луѓето на опозицијата се непријатели на демократијата

 

1939407_10203460192656350_616259966_n

Новинарката Мими Шушлеска во дневниот весник „Слободен печат“ (24 март 2014) пишува:

„Актуелни општински советници, претседатели на општински организации, луѓе од најразлични профили, но и млади тазе дипломирани кадри од партискиот подмладок, што треба да внесат свежина и да го претстават новото лице на партијата. Таков е составот на пратеничките листи за престојните парламентарни избори на најголемата опозициска партија СДСМ, што веќе се достапни во јавноста.“

Вербата дека едно ново лице на партијата (луѓе од најразлични профили) ќе внесе идеолошка свежина е заблуда, која ја гаел и самиот Ленин: „Воопшто не е можно за пет години да се промени административниот апарат во доволна мера, особено не при услови во кои настана нашата револуција… Мене ми се чини дека неколку десетици работници, кои би влегле во ЦК, би можеле подобро од кој и да е друг да се занимаваат со проверување, усовршување и обновување на нашиот апарат.“

Освен тоа, овие луѓе од најразлични профили не можат да бидат новото лице на партијата и со тоа да внесат идеолошка свежина затоа што истите овие луѓе чии имиња се наоѓаат на пратеничките листи за престојните парламентарни избори се утврдени од врхушката на партијата: „Имам задоволство да споделам со јавноста, дека денеска, после плодна дебата, прво на Централниот одбор, потоа на самиот Конгрес, беше усвоена изборната Програма на Социјалдемократскиот сојуз и беа утврдени Листите на кандидати за пратеници, за претстојните парламентарни избори 2014 година.“ (Заев, 23.03.2014) Според тоа, овие луѓе од најразлични профили се само новото лице на партиската марионета и тие не можат да внесат идеолошка свежина, освен да ја продолжат демагогијата, догматизмот, волунтаризмот и прагматизмот на врхушката.

Внатре во СДСМ очигледно нема демократија, кога навистина би имало „плодна дебата“, како што сака да не‘ увери Заев, тогаш партијата применува компјутерски комуникациски метод според кој секој испраќач на пример Централниот одбор испраќа пораки до сите примачи (сите партиски членови) во партијата. Начинот на кој може да се создаде политика која е најкорисна за партијата е да се овозможи на секој партиски член пристап до сите релевантни информации, да се има отворена дискусија во која секој партиски член ќе може да предложи идеја за агенда и на крајот да се одлучува врз основа на мнозински глас. Ваков демократски форум во СДСМ не постои. Значи, да сумираме:

1) 500-тините делегати на Конгресот на СДСМ можат да гласаат, но само член на партиската елита може да стане кандидат.

2) 500-тините делегати на Конгресот имаат селекција на кандидати од кои тие можат да избираат (навидум) кого сакаат, но членовите на партиската елита може да се натпреварува за гласовите на овие 500-тини делегати.

3) 500-тините делегати можат да речат било што сакаат пред мали групи на слушатели, но само партиската елита може слободно да влијае на јавниот дискурс во партијата.

4) 500-тините делегати имаат селекција на извори од кои можат да примаат информации, но само партиската елита може да креира и да стави на располагање нов извор на информации пред партиското членство.

Итн.

Дури макар што на утврдената листа на кандидати за пратеници се наоѓаат имиња на луѓе од најразлични профили, сепак овие имиња потврдуваат дека социјалдемократите можат дословно да се нарекуваат социјалплутократи. Класниот профил на овие луѓе (или членови на капиталистичката класа или членови на т.н. работничка аристократија) не го претставува ниту мнозинството од членството на партијата ниту мнозинството од популацијата во државата.

На пример, професорката Рената Тренеска-Дескоска која ја предводи листата за првата изборна единица. Дескоска како член на професионалната општествена интелигенција, не е општествен интелектуалец во вистинската смисла на зборот, туку сноб во наемна служба кај државата, се разбира, независно од тоа која партиска гарнитура е на власт во државата. Ништо не го менува фактот дека таа е платен наемен работник кај државата, дури тоа што таа е член на СДСМ и предводник неговата листа за првата изборна единица. Припадниците на „хуманистичката“ интелигенција го претставуваат типичниот среден слој, остро одделен од работничката класа.

„Од најстарите корени на државата, владетелите, барајќи го зајакнувањето на своето владеење, секогаш се врзувале со општествената класа на интелектуалците. Толпата не ги создава сопствените апстрактни идеи, ниту пак ги промислува самостојно. Таа пасивно ги следи идеите кои се прифатени и промовирани од страна на интелектуалците кои станале обликувачи на мислењето во општеството. А со оглед на тоа дека на државата и е неопходно некој да го обликува мислењето на јавноста во нејзиното име, добиваме цврста база за формирањето на прастариот сојуз на државата и интелектуалците.“ (Мјуреј Ротбард)

Софија Куновска како актуелен советник во Град Скопје и истовремено носител на листата за првата изборна единица е типичен пример за политички аристократ. И Стефан Богоев, макар што е претседател на подмладокот на СДСМ, нема поразличен профил. Ист случај со Солза Грчева, Лидија Димова, Кире Наумов, Нано Ружин. Оттука ние имаме автократија – владеење од страна на еден човек: Зоран Заев – и аристократија – владеење од страна на аристите, најдобрите луѓе, елитата.

Со реден број 3 на оваа листа следи бизнисменот Љубомир Јосифовски, уште еден претставник на експлоатациска класа. Социјалдемократите наумиле дека само што ќе додадат уште еден бизнисмен ќе внесат идеолошка свежина и ќе го презентираат новото лице на партијата. Бизарно „чудна“ одлука од страна на Централниот одбор на партијата што се должи на фактот дека богатите се секаде малку, а сиромашните многубројни. 300 000 невработени лица од кои голем дел сигурно се членови на партијата не се доволни да го задоволат профилот на раководството за да некој од нив се најде на листата. А сепак ова раководство не се срами да се прокламира како социјалдемократи. Листата за втората изборна единица ја предводи партискиот портпарол Петре Шилегов, кој воедно е и познат скопски адвокат, како што наведува новинарката Шушлеска. Не само што Шилегов е професионален политичар, одн. партиски аристократ, туку и „познат скопски адвокат“.

„Буржоазијата го симна светечкиот ореол од сите дотогаш достоинствени професии, на кои се гледаше со страхопочит. Таа ги претвори во свои платени наемни работници лекарот, правникот, свештеникот, поетот и научник.“ (Маркс & Енгелс)

Предводникот на листата за четвртата изборна единица Хари Локвенец вели:„Најважно е да имаме чиста кампања и фер избирачки процес за да може да дојде до израз вистинското расположение на граѓаните.“

Дури избирачкиот процес да биде фер тоа не значи дека ќе се реализира ситуација во која граѓаните имаат еднаква политичка власт, односно имаат еднакво влијание врз јавната политика. Избирачкиот процес не може да обезбеди ситуација во која интересите на сите граѓани се еднакво претставени во јавното донесување на политички одлуки. Тоа не е можно бидејќи јавните служби не се распределени по случајна селекција, туку олигархиски, исполнети преку избори на кандидати на листи за изборни единици поднесени од врхушката на партијата.

Како електоратот на СДСМ би дознал за доблестите на неговите кандидати? Доверлив изборен кандидат мора да биде познат на голема група на луѓе. Скоро сите информации кои се на располагање за скоро сиот електорат се пренесувани преку мас-медиуми (во случајот на СДСМ, од „Слободен Печат“ или од про-опозициските електронски портали), или како кампањско рекламирање, или како теми во вести на ТВ или во весници. И обата овие извори се пристрастни. Тие немаат природно тежнеење да ги одразуваат вистинските карактеристики на кандидатите.

Заклучок: Клучното прашање не е што некои поединци со прилично скромно потекло се регрутирани на изборните листи на СДСМ како кандидати за јавна служба, туку кој ја држи власта. Сè останато е илузорно.

„Државата никогаш нема да ја најде причината за општествените болести во државата и општественото уредување… таму, каде што постојат политички партии, секоја од нив, ја наоѓа причината за секоја невоља во тоа што на државното кормило се наоѓа нејзиниот противник, а не таа. Дури радикалните и револуционерни политичари ја наоѓаат причината за невољите не во суштината на самата држава, туку во одреден облик на држава, на чие место сакаат да постават некој друг облик на држава“. (Маркс)

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s