Нема перманентна револуција во Венецуела: контрареволуцијата на Чавез ја продолжува наследникот Мадуро

1891227_453977231398785_1893592935_n

Za pokojnog Cháveza, koji je više puta legalno bio izabran na izborima, se nerijetko i u našim medijima govorilo da je “diktator”, samo zato što je radio u interesu običnog naroda a protiv kapitala i zapadnog imperijalizma. Ali zato se za saudijskog princa, “jednog od najbogatijih ljudi na svijetu”, koji nigdje nije biran, nego je očito pripadnik diktatorske saudijske oligarhije, to neće spomenuti, nego se slini nad njegovim bogatstvom i uliznički nada da će “nešto možda uložiti u Hrvatsku”.

(Mate Kapović, hrvatski proklamiran radikalen levicar)

Каповиќ не ви кажува дека Чавез бил избиран на избори со тесно мнозинство. Не ви кажува дека во споредба со Аргентина, Бразил, Чиле и Мексико, работниците во Чавезова Венецуела имале најмала куповна моќ. Животниот век на бебиња од женски пол кои се родиле – што треба да ја прикаже општата благосостојба во едно општество – во Венецуела под Чавез бил просечен. Ако некој јужно-американски работник би можел слободно да избира каде да живее за време на овој период, за иронија, слободнопазарна Чиле би била негов јасен избор, бидејќи оваа земја се истакнува како подобра и за куповна моќ и за животен век на женски бебиња од сите други земји. Всушност животниот век за жените во Чиле е подобар отколку тој на САД и спореден со тој на европските земји. Според тоа, критиките кон Чавез кои го прикажувале како демагог (па дури и диктатор) кој ја води Венецуела на погрешен пат изгледа имале одредена основа на факти. Еве десет од нив:

1780718_450571955072646_1749483651_n

1) Стапката на убиства се удвои за време на 14-годишното владеење на Чавез поради евтиниот пристап до оружје и неефикасниот правен систем кои создадоа култура на насилство во ѓета како Петаре чии делови станаа непожелни зони за странци.

2) Со годишна инфлација од 49.4% (според Централната банка на Венецуела за септември 2012-2013), Венецуела ја заврши 2013 година со хиперинфлација од околу 58%.

3) Заминување на капиталот од околу 150 милијарди долари во текот на изминатите девет години.

4) Инфлациската спирала е комбинирана со годишен раст на БДП од 1%, помал од растот на населението.

5) Стапката на недостиг на производи е 21.2%.

6) Придонесот на јавниот сектор опаднал од 34.8% во 1998 на 29.1% во 2008.

7) Во 1998 година трудот изнесуваше 39.7% од новата додадена вредност, над 36.2% од износот на капиталот. Десет години подоцна, неговиот дел опадна на 31.69% додека тој на капиталистите порасна на 49.18%.

8) Како што ми е потврдено и од младиот демократски социјалист Sean F. Monahan: „I have no faith in Chavez. He’s not a real socialist. He busts Venezuela’s unions and represses opposition parties, including opposition socialist parties.“

9) Дури реалноста на улиците во Венецуела за време на владеењето на Чавез го негира оправдувањето дека делото на работничката класа треба да биде спроведувано од политички лидери. Целта на еден работнички марш во Каракас била да осигури дека Националното собрание ќе го одобри новиот закон за труд кој требал да придонесе за достоинствени односи во производството и да го предаде насочувањето на револуционерниот процес во рацете на венецуелските работници. Работничките маси извикувале во ноември 2010 година: „Пратениците ни го киднапираа законот за труд а обединетата работничка класа го сака спроведен.“ Многу синдикалисти биле разочарани и фрустрирани што наводно револуционерните сили во собранието со едно такво големо мнозинство во текот на пет години на владеење на Чавез не мрднале со прст да го изгласаат. Ако во Венецуела имало народна демократија за прашањата околу распределбата на националниот доход наместо работничка револуција предводена од политички лидери тогаш работниците немале да чекаат пет години за да нивните политички лидери гласаат за новиот закон за труд, туку работниците ќе го направеле тоа непосредно за свој интерес.

10) Националната гарда во август 2014 година пукаше во челичарските работници кои протестирале во челичарницата SIDOR во индустриската зона на Киудад Гвајана на југоистокот од Венецуела. Најмалку тројца работници (идентификувани како Вилијам Кастило, Хоан Перез и Хесус Верде) биле ранети од истрелите на националните гардисти во судирот, додека другите работници биле совладани од солзавци кои исто така биле испукани во обид да се загуши нивниот протест против неуспехот на владата на претседателот Николас Мадуро да издејствува работен договор којшто истекол пред повеќе од четири години. Националната гарда уапсила најмалку 14 работници откако ги протерала во фабриката, а безбедносните сили упаднале во домовите на најмалку два синдикални претставници. Како акт на сурово одмаздништво, вооружените трупи исто така влегле во паркинг местото на фабриката и ги смачкале шофершајбните, ги сплеснале гумите или со други зборови ги оштетиле возилата на работниците. Вооружениот судир со челичарските работници од SIDOR (Siderúrgica del Orinoco) го откри реалниот класен карактер на владата на Мадуро и програмата на таканаречениот „социјализам на 21 век“ воведена од неговиот претходник, Уго Чавез. Репресивната акција била подготвувана во текот на неколку недели со официјални навредувања и обвинувања кон работниците. Целта е да се загуши не само овој дел од работничката класа, но да се застрашат сите венецуелски работници во подготовка за воведувањето на реакционерен капиталистички план на „одново прилагодување“ со создавање на попрофитабилни услови, вклучително низ создавање на слободни претприемачки зони во кинески стил. Насилното замолчување на работниците од SIDOR може само да го докажува почетокот на експлозивен судир меѓу владата на Мадуро и венецуелската работничка класа.

1457586_646716128714392_704853625_n

Спротивно на „работливиот“ но неефективен „социјалист“ Чавез, саудискиот крал Абдулах „докажува“ дека социјализмот функционира сосема добро. Овој „припадник на диктаторската саудиска олигархија“ (Каповиќ) покажал колку може да биде ефективен социјализмот и тоа чисто од добрината на неговото кралско срце (читај: од страв дека под влијание на Арапската пролет населението би можело да стане нервозно и да го симне од тронот) почна да се раздава со поклони за секој Саудиец во вкупна вредност од 100 милијарди долари. Вработените во јавниот сектор ќе добијат бонус вреден плата за два месеци. Студентите ќе добиваат вишок двомесечен џепарлак. Воените и безбедносните сили ќе добијат 60 000 повеќе работни места (?!). Невработените (над 10% и 30% меѓу младите од 20 до 29 години!) ќе добијат бенефиции за невработени. Пола милион нови куќи ќе бидат изградени. На приватниот сектор (90% во сопственост на странци) ќе му биде наредено да создава повеќе работни места (во Саудиска Арабија не постои слободен пазар туку командна економија). Ако странскиот капитал си замине поради некоја причина, ќе нема кој да ја реализира дистрибуцијата на поклоните на кралот до неговите поданици. И не само тоа, бенефициите ќе исчезнат и ќе бидат однесени како пустински песок. Но, се‘ додека цените на саудиската нафта котираат добро и саудискиот „социјализам“ ќе функционира. Таков е и „социјализмот“ на Чавез којшто го наследи Мадуро. Петролеум социјализам.

10268574_10204473807956099_6896259081970920962_n

1932480_10205219561199464_5110569488479373719_n

…Војската и полицијата наместо кокарди носи црвени петокраки и наместо „за царот и татковината“ готови се да се борат „за татковината“ која, сепак, е буржоаска творба, бидејќи „пролетерите немаат татковина“. Ова не е софизам. Ако пролетаријатот во секоја држава извојува победа и потоа пак остане таа „пролетерска држава“ со сиот апарат, зошто тогаш тој пролетаријат војувал револуција?! (Лазар Гогов)

Венецуелските левичари никогаш не биле приврзани за овој црн исцедок и биле особено совесни околу општествено-еколошките последици на стопанство засновано на извоз на нафта, но лицемерно престанеле да ги искажуваат овие грижи откако Чавез ја презел власта. Документарниот филм за нафтената индустрија од италијанскиот режисер Габриел Муцио иако финансиран од владини агенции бил забранет кога „демократската влада“ на Чавез дознала дека Муцио се фокусирал на овие општествено-еколошки проблеми. Освен нафта и гас, владата на Чавез и сега таа на Мадуро планира проширување на ископ на јаглен во федералната држава Зулиа. Но пред да ги реализира овие свои планови сепак венецуелската влада ќе мора да го скрши крутиот отпор од еколошките организации и локалните домородни заедници кои ќе се обидат да ги одбранат своите живеалишта од парниот ваљак на бескрајната акумулација на капитал.

10561831_10204473814356259_5813841910278927274_n

Кoи се тие револуционерни мерки што ги препорачував уште од декември 2007 година за да го укинат лажниот социјализам на Чавез и Мадуро и да го трасираат развојот на општеството кон изградба на научниот социјализам на Маркс и Енгелс?

  1. Да ја укинат државната администрација;
  2. Да ги поопштестват индустриските и земјоделските зони и да ги предадат во непосредно управување на природно-математичката интелигенција и работничката класа;
  3. Да го ликвидираат технократот Мадуро (во 2007 стоеше името на Чавез, но за среќа канцерот го ликвидира) и сите нему слични неранимајковци со лептер машни;
  4. Да го отфрлат непроизводниот труд како постоечки (полицијата, судството, одбраната, логиката, филозофијата, правото, претставничката демократија, економијата, уметноста итн.) и истиот непроизводствен труд го социјализираат со производствениот (природно-математичката интелигенција и работничката класа) во производство;
  5. Да ги развијат инвентивните потенции на производниот труд (природно-математичката интелигенција и работничката класа);
  6. И што е најважно за процветување на социјалистичкото друштво, да го укинат парично-стоковото стопанисување и да воведат слободна размена на труд со висок квантум во рамките на заедницата;
  7. Сиот финансиски капитал да го трансакцираат во кореспондентските банки преку кои ќе тргуваат со капиталистичките земји.
Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s