6 марксистички докази против данокот Робин Худ

robin-hood

Единаесет европски земји се согласиле да го спроведат данокот Робин Худ на финансиските трансакции кои наводно ќе создадат милијарди евра секоја година кои би се искористиле за борба против сиромаштијата.

Меѓутоа Маркс-Енгелсовите марксисти како нас не полагаат надеж во прогресивното оданочување од проста причина што тоа не е научно решение и не решава ништо во поглед на прераспределба на богатството во прилог на сиромашните.

Пред сè неправилно е што експлоатираните очекуваат дека со поголемо даночно обременување на привилегираните, ќе остварат некое подобрување на својата положба. За кратко време тоа даночно обременување ќе биде префрлено во цената на производство и низ механизмот на пазарното стопанисување пак пренесено на терет на широките народни маси.

„Повисоките плати“ и „пониските цени“ кои ги бараат сиромашните и нивните популистички политички претставници се инструменти на еден ист механизам – производството за апстрактна вредност (пари). Во ова капиталистичко стопанисување не е државата субјект кој ги регулира економските односи. Приватната сопственост е тој субјект. И затоа залудни се сите очекувања и на поборниците за данок „Робин Худ“ и на поборниците за „окупација на Вол Стрит“.

Докази дека приватната сопственост а не државата ги регулира односите на производство и распределба, односно докази дека загубата на своите профити од данокот Робин Худ капиталистите на крајот ќе ја надоместат на сметка на сиромашните приложил Маркс во третиот том од својот магнум опус Капиталот а тоа се следните:

1.Поинтензивна експлоатација на трудот на работниците. Стапката на вишок вредност капиталистите можат да ја зголемат продолжувајќи го работниот ден за работниците и интензивирајќи го процесот на труд (работниот процес, процесот на производство).

2.Намалување на платите на работниците под нивната вредност. Тоа е еден од најважните фактори во попречувањето на тенденцијата на профитната норма да паѓа.

3.Поевтинување на елементите на постојаниот капитал (машинеријата). Вредноста на постојаниот капитал не се зголемува во истиот сразмер како што се зголемува неговиот материјален обем. „Истиот развој кој ја зголемува масата на постојан капитал во споредба со променливиот капитал ја намалува вредноста на неговите елементи, како резултат на повисоката продуктивност на трудот, и оттука ја спречува вредноста на постојаниот капитал да расте во истиот степен како неговиот материјален обем, односно материјалниот обем на средствата за производство кои се ставени во употреба од истиот износ на работна сила.“ (Маркс)

4.Релативниот вишок на население. „Растот на стапката на вработеност е под влијание на природната стапка на раст на населението, и миграцијата или од други држави или од предкапиталистички сектор на домашната економија. Земји со низок раст на население и политика на ограничена имиграција како Јапонија и Кореја се осудени на многу ниски стапки на профит. Земји како Египет или Јужна Африка со висока стапка на природен раст на населението можат да имаат висока стапка на профит. Земја, на пример САД, која увезува труд во голем размер може да има закрепнување на профитната стапка.“ (Кокшот) При недостиг на релативна пренаселеност, капиталистите се принудени да ги снижуваат наемнините на работниците под нивните вредности како би ја сопреле тенденцијата кон паѓање на профитната норма која е резултат на овој недостиг на релативна пренаселеност. Недостигот на релативна пренаселеност во една држава е сериозен проблем на капиталистите да извлекуваат што повеќе вишок на вредност како би ја сопреле тенденцијата кон паѓање на профитната норма, бидејќи релативната пренаселеност дава маса на евтин труд кој ги одржува индустриите со низок органски состав на капитал и висока стапка на експлоатација и на тој начин ја креваат профитната норма. Тенденцијата кон паѓање на профитната норма поради недостиг на релативна пренаселеност е опасна и поради тоа што капиталистите се принудени да се задолжуваат кај банкарите и со фиктивен капитал да стопанисуваат со средствата за производство.

5.Трговијата со странство. Капиталот инвестиран во трговија со странство може да даде повисока профитна стапка поради следните причини: Прво, бидејќи тој се натпреварува со стоки произведени од држави со помалку развиени производствени капацитети така што тој може да ги продава своите стоки над вредноста и поевтино од своите конкуренти во исто време. Бидејќи стоките се продадени над вредноста, односно трудот кој не е платен како квалитативно повисок е сепак продаден како таков, профитната норма е повисока. Капиталот инвестиран во земјите од Третиот свет може да даде повисоки профитни стапки бидејќи таму поради пониското ниво на капиталистички развој, и профитната стапка и експлоатацијата на трудот се генерално повисоки.

6.Зголемувањето на акционерскиот капитал. Во случајот на многу големите претпријатија со крајно висока претежност на постојан капитал (железниците се класичен пример), капиталот е зголемен преку емитирање на хартии од вредност. Овој капитал дава интерес (дивиденда) после одбивањето на трошоците.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s