Моралниот профил на Владимир Илич Улјанов – Ленин

20249_1112846040723_1814076568_216553_739035_n

Роден е во градот Симбирск на Волга во семејство на училиштен инспектор кој бил човек со конзервативни погледи и посветен верник на православната црква. Бидејќи се издигнал до овој висок ранг во хиерархијата на државата, неговиот татко стекнал можност да се зачлени и себе и своето потомство во наследното благородништво.

Во 1887 година постариот брат на Ленин, Александар, осуден е на смрт и обесен поради тоа што бил вмешан во заговор за убиство на царот Александар III. Ленин, меѓутоа, не покажувал никакво интересирање за политика, бил најдобар ученик, учел и добивал златни медали за одлично учење и совладување.

Неговите неволји започнале во 1887 година, откако се запишал на Казанскиот универзитет. Тука се затекнал во еден помал студентски неред насочен против факултетските прописи. Ова било доволно да го привлече на себе вниманието на полицијата. Бидејќи разбрале дека тој е брат на еден терорист над кој е извршена смртна казна, го протерале од универзитетот.

Лениновите сексуални односи со проститутки започнале за време на неговите студентски денови во Казан. Веројатно Париз е местото каде што Ленин закачил сифилис кој го убил, уште во 1902-1903 година, кога тој имал неколку патувања заради предавања од Лондон. На професорот Роналд Чаплејн од Универзитетот Оксфорд, кој бил заменик директор на првата болница за канцерогени болести на професор Манфред фон Арден во Берлин во 1970-тите години, му било кажано од страна на врвните медицински советници на советското водство дека Ленин умрел од сифилис.

Следните три години Ленин принудно безделничел а во него растело огорченост против режимот којшто така сурово го казнил и засекогаш му ја упропастил кариерата само поради едно мало кршење на факултетските прописи. Неговата лутина не била насочена само против царизмот, туку и на „буржоазијата“ којашто поради неговиот брат вршела прогонство на целото семејство. Ова од Ленин направил фанатичен „револуционер“ решен да го сосече во корен постоечкиот општествен и политички поредок. Според тоа, Лениновата политичка страст не била поради некои негови симпатии кон сиромашните.

Напротив, кога во зимата 1891-1892 година масовна глад го зафатила регионот Волга, единствено тој, меѓу својата локална интелигенција, бил против собирање хуманитарна помош за селаните кои умирале од глад. Лениновиот „аргумент“ се состоел во тоа дека масовната глад е прогресивна појава бидејќи ја уништува старата селанска економија и го поплочува патот кон социјализам.

Неговиот револуционерен жар не бил инспириран со некоја визија за поправедна иднна. Тоа било револуционерност поради гнев, гонење на желба за одмазда. Струве, кој со него соработувал за време на 1890-тите години, многу години подоцна напишал дека основната црта на Лениновата личност била омразата.

Во 1891 година конечно се смилувале и му дозволиле на Ленин како вонреден студент да ги положи сите испити и да стекне диплома од Правниот факултет. Ги положил сите со леснотија. После тоа, се преселил во Санкт Петерсбург. Овде почнал да се занимава со адвокатура, но само по малку, тоа било само маска за да може незабележително да се посвети на револуционерни активности.

Локалните социјалдемократи увиделе дека им се придружил човек кој не е толку марксист колку што е ученик на Народната волја: секогаш се изјаснувал за терор, горел од нестрпливост да покрене револуција, немал ниту најмала намера да чека прво да созрее капитализмот макар што подоцна ќе се покае: „Ние направивме грешка што решивме да преминеме непосредно на комунистичко производство и распределба.“ (стр. 62) Контактите со теориски подобро подготвените социјалисти го увериле да ја прифати барем привремено доктрината за двоетапна револуција.

Ленин е уапсен во 1896 година поради тоа што ги повикувал работниците на штрајк. Прогонет е во Сибир. Таму поминал три години живеејќи во релативна удобност со својата невеста Надежда Крупскаја. Се допишувал со своите пријатели, пишувал и преведувал. За време на ова негово прогонство (1897-1900), ревизионистичкото движење се проширило низ Германија а оттаму преминало во Русија. Неговата програма го ужаснила Ленин којашто значела предавство токму на она поради што тој му пристапил на социјализмот.

Штом го пуштиле од прогонство во внатрешноста, Ленин заминал во Германија, каде што, во соработка со Мартов, го основал весникот „Искра“, да би промовирал ортодоксен, антиревизионистички марксизам. Меѓутоа, и неговите сопствени погледи на марксизам не биле многу неортодоксни.

Во 1902 година ја објавил книгата „Што да се прави?“ во која ја формулирал основната доктрина која подоцна ќе го добие името болшевизам. Ленин ја отфрлил тезата којашто во марксизмот е централна, а тоа е дека работничката класа кога-тогаш сигурно ќе се крене на бунт, според него, таа никогаш нема да отиде подалеку од синдикализмот.

Револуционерниот жар мора да му се внесе на работништвото однадвор, тоа мора да го направи партија сочинета од цврсто организирани професионални револуционери. Иако Ленин не го искажал тој заклучок, само по себе било јасно дека тие револуционери морале да бидат интелектуалци, бидејќи работниците немале ниту време и ниту доволно теориска подготвеност за таква задача. Всушност само еден единствен работник некогаш седел во извршниот одбор на Лениновата партија а и за тој еден подоцна се открило дека бил полициски шпион.

Непосредните цели на Ленин и Охрана се совпаѓале во толку што и на Ленин и на Охрана целта им била да го разбијат кревкото единство на Социјалдемократската партија. Во тоа Ленин несвесно станал соучесник на царистичката полиција. Познатиот агент на Охрана, Роман Малиновски, член на болшевичкиот Централен комитет и Ленинов главен претставник во Русија, како водач на болшевичките депутанти во Четвртата државна Дума, го саботирал сојузот на болшевиците со меншевиците во Думата и така истовремено ги исполнил барањата и на Ленин и на сопствените господари во Охрана. Во разни прилики Охрана му го чистела патот и му одела од рака на Ленин, апсејќи меншевички водачи или незгодни болшевички „помирувачи“. Кога во 1912 година болшевиците во Санкт Петерсбург легално почнале да го објавуваат весникот „Правда“, Охрана дала свој придонес ставајќи ги на располагање услугите на двајца свои агенти, од кои првиот ја вршел должноста на уредник (Малиновски), а другиот на благајник (Мирон Черномазов). Врвот на фарсата е достигнат во 1908-09 година, кога четворица од петте членови на Санктпетербуршкиот комитет на болшевичката партија биле агенти на Охрана.

Февруарската револуција го изненадила Ленин. Обраќајќи се на една група од млади швајцарски работници во Цирих на 22 јануари 1917 година, тој пророчки изјавил: „Не треба да нè измами денешната гробна тишина во Европа. Европа е бремена со револуција.“ Но, тој негов говор содржал и одреден тон на лична резигнација: „Ние, постарите“ (Ленин тогаш немал ни 47 години) „можеби нема да ги доживееме оние одлучувачки битки на претстојувачката револуција.“ Најмалку Ленин очекувал скорешна револуција во Русија. Неколку недели подоцна, режимот на Романови се срушил без борба.

Февруарската револуција била непланирана, анонимна манифестација во која професионалните револуционери немале никаков удел. Тоа било спонтан бунт на народ исцрпен од војната кој се кренал на нозе против очигледно лошото владеење на еден слаб и збунет режим. Искрата којашто го запалила бунтот била протестот на изгладнетите домаќинки кои во Петроград чекале во редови за леб, а потоа проследил масовен штрајк на индустриските работници чиј вкупен број во градот и околната област изнесувал 400 000 луѓе. Не постоело никаков политички заговор – истакнати револуционери на било која партија не се затекнале во поголем број во престолнината во тој критичен момент.

„Само по себе е јасно дека овие конспиратори не се ограничуваат едноставно на задачата на организирање на пролетаријатот; никако. Нивната задача се состои токму во тоа да го преземат развојот на револуционерниот процес, вештачки да го доведат до криза, да создадат револуција ex nihilo, да изведат револуција без услови за револуција. За нив единствен неопходен услов за револуција е адекватна организација за нивните заговори. Тие се алхемичари на револуција.“ (Карл Маркс, 1850)

Парадоксално е, но Лениновите изгледи да дојде на власт, кога се земе сè во обѕир, никогаш не биле помали отколку наспроти февруарската револуција. Ленин доминирал со болшевичката партија која ја конципирал како цврста, крајно дисциплинирана организација на посветени револуционери, којашто нејзината врхушка строго ја контролирала во склад со неговата теорија за демократски централизам. Меѓутоа, цената со којашто е платена потчинетоста на партијата на неговата волја била нејзината постепена изолација и опаѓање на бројот на членови. Во 1906 година обединетата Руска социјалдемократска работничка партија (РСДРП) имала во својот состав 70 000 членови, а во јануари 1917 година, тогаш веќе независна болшевичка партија, официјално изјавила дека нејзиното членство опаднало на 23 600. Една реалистична проценка говори дека бројот на нејзините припадници се сведил на околу 10 000 па и помалку.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s