Офанзивата на голиот Здравко Савески

the_king_is_naked_1480025

Текстот на „д-р“ Здравко Савески „Офанзивата на македонската левица“ произлезе како реплика на текст на Ивица Боцевски „Парастос за македонската левица“ кој е само хронолошки доследен на мојот текст „Некролог за Здравко Савески“. Савески отсекогаш сакал да глуми модерен левичар, кој себе се именува како демократски социјалист, левичар кој не сака диктатура на пролетаријатот, туку како францускиот капиталистички апологет Фредерик Бастиат, сака да ја проповеда својата фатална заблуда за хармонија на класните интереси во капиталистичкото општество. Како таков површен социјалист, не е чудно што Савески е најпопуларен социјалист во кругот на сороспиите, поборниците за буржоаска демократија.

„Конечно дојде времето на левицата во Македонија. Гласно да го артикулира незадоволството на народот и да го предводи отпорот кон ненародната и недемократска власт.“

Ненародна и недемократска власт е отровно заблудувачки плеоназам затоа што секој оксиморон „демократска власт“ се покажува во пракса како алатка за класно угнетување на работниците, и не треба да ве чуди што професионалните левичари чии гради им горат од амбиција да станат професионални политичари толку често го користат овој оксиморон во своите демагошки говори. Аристотел, Русо, Марат, Маркс и Делчев категорично го отфрлаат поистоветувањето на власта со демократијата во што сака да не‘ убеди Савески заради свое лично ухлебување како професионален политичар или „професионален револуционер“.

„Исполнувањето на службените позиции преку ждрепка е демократски, преку избор олигархиски.“ (Aристотел)

„Владите природно тежнеат да се изродат во тиранија.“ (Жан-Жак Русо)

„Вечна вистина е важноста да се убедат луѓето дека најсмртоносниот непријател од којшто тие треба да се плашат е владата. ВЛАДАТА Е НАЈСМРТОНОСНИОТ НЕПРИЈАТЕЛ НА НАРОДОТ.“ (Жан-Пол Мара)

„Владата е алатка на угнетување; тоа се органите на авторитетот; тоа е војската; тоа е полицијата; тоа се службениците, судиите, министерите; тоа се свештениците.“ (Карл Маркс)

„Власта е симбол на измамата, на насилието, на грабежот. Гони ги управниците, мрази ги и востанувај против секој властелин.“ (Гоце Делчев)

„Господинот Ивица Боцевски ги прозва Солидарност и Ленка бидејќи минатиот понеделник, заедно со други синдикати и здруженија, организираа протест против новововеденото плаќање придонеси за хонорарите. Му се чинело дека сме ги избрале Маргарет Тачер и Роналд Реган, за сметка на Карл Маркс и Вили Брант.“

Од претходен одговор „Цела Македонија работи против работниците“ ќе го цитирам следното кога веќе се спомнаа Тачер и Реган, рушителите на „социјалната држава“: На движењата за социјална правда „Ленка“ и „Солидарност“, како и на синдикатите, може отсечно да им се одговори на следниот начин: Тридецениско владеење на лабуристите и огромна преговарачка моќ на работниците наспроти капиталистите и сето тоа пропаѓа преку ноќ штом Тачер доаѓа на власт. Зошто? Затоа што наемниот систем на плаќање на работниците остана функционален. Ако наемниот систем од страна на лабуристите беше укинат, тогаш историјата немаше да има потреба од Тачер бидејќи класата чии интереси таа ги претставуваше немаше да постои. „Повисоки плати, поповолна преговарачка положба“, врескаат до денешен ден заведените работници и нивните лажни пророци – синдикатите.

r_reagan_and_m_thatcher_633969

„Ние немаме некои застарени концепции за работничката класа кои, пропагандно, вие сакате да ни ги протурите. Работник е секој оној што е принуден да го продаде својот труд за да обезбеди парични средства за себе и за своето семејство. Не се работници само физичките работници, туку и интелектуалните.“

Ама Савески, културните/интелектуалните „работници“ си постоеле и во векот на Смит и Маркс, концепцијата за работничката класа дадена од Смит и Маркс значи нема врска со застареност, прашањето е дали трудот на културно-уметничките или интелектуалните работници е продуктивен или не е, дали нивниот труд произведува вишок вредност или не произведува. Твоето сврстување на културно-уметничките работници во работничка класа во политичка-економска смисла не е исправно и произлегува од твоето елементарно непознавање на Марксовиот прв том, глава 4 од „Теориите на вишок на вредност“. Твојата дефиниција дека „работник е секој оној што е принуден да го продава својот труд за да обезбеди парични средства за себе“ е анти-марксистичка, соодветно на ова, и анти-социјалистичка наспроти она што Маркс го пишува:

„Производствениот труд, во смисла на капиталистичко производство, е наемен труд којшто во размена за променливиот дел од капиталот (делот од капиталот којшто е потрошен за плати), го препроизведува не само овој дел од капиталот (или вредноста на својата лична работна сила), но покрај тоа, произведува вишок вредност за капиталистот. Само на тој начин стоката или парите се претвораат во капитал, се произведени како капитал. Производствен е само оној наемен труд којшто произведува капитал. (А тоа значи дека тој труд препроизведува поголема сума на вредност отколку што е за него потрошено, или дека дава повеќе труд отколку што прима во облик на наемнина. Значи, производствена е само онаа работна сила којашто создава вредност поголема од нејзината сопствена вредност.)“

„Сите членови на општеството, кои не фигурираат непосредно во препроизводството, со труд или без него, можат својот дел од годишното стоковно производство – значи нивните средства за потрошувачка – во прва рака да ги добијат само од рацете на класите, на кои производот им иде од прва рака – од производните работници, индустриските капиталисти и земјосопствениците. До колку се нивните доходи материјално изведени од наемнината (на производните работници), од профитот и земјишната рента, и поради тоа се појавуваат спроти оние оригиналните како изведени. Сепак, од друга страна, оние што ги примаат овие доходи изведени во оваа смисла, ги примаат со својата општествена функција како крал, поп, професор, проститутка, наемен војник итн., и тие можат, значи, своите функции да ги сметаат како оригинален извор на своите доходи… Овие момци се појавуваат како купувачи спроти индустрискиот капиталист, и до толку како посребрувачи на неговата стока; и тие во соодветен размер ги фрлаат ,,парите“ во циркулацијата, а индустрискиот капиталист ги добива од нив. При што постојано се заборава, од кој извор тие првобитно ги добиле и постојано пак сè одново ги добиваат.“ (Капиталот, том 2, 1885 год.)

Трудот на интелектуалните работници не може да биде продуктивен затоа што не додава никаква вредност на предметот на којшто интелектуалниот работник работи, вредноста за свое лично издржување и за профитот на неговиот газда. Значи, трудот на интелектуалните работници не е продуктивен затоа што не е вработуван од капитал и соодветно не произведува профит. Дефиницијата за продуктивен труд што ја дава Адам Смит е слична на Марксовата и дава одредени примери за непродуктивни работници:

„На пример, владетелот со сите судски и воени службеници… и целокупната војска и морнарица… нивната служба, колку и да е чесна, колку и да е корисна, колку и да била потребна, не произведува ништо… Во ист ред се распоредуваат и свештениците, правниците, лекарите, луѓето од перо од кој било вид, комедијанти, музичари, оперски пејачи, играчи итн.“

Ако „здравјето е состојба на потполна психичка, физичка и социјална благосостојба“ (Андреј Штампар), тогаш не е можно здравството да се сврсти во категоријата на производствен труд којшто произведува вишок вредност односно профит. Но, здравствената политика во капитализмот е колку повеќе болни, толку повеќе пари има. Во услови на социјализам, здравството ја извршува својата превентивна функција, да ги лечи болните, да ги спречува болестите, и автоматски, другиот дел од здравството, оперативниот, се смалува, се намалуваат средствата потребни за тој процес, а со тоа и пациентите. Меѓутоа, по бесмислената логика на Савески, ние треба да ги сврстиме и здравствените односно интелектуалните работници во категоријата на продуктивни работници.

За да бидат парадоксот и во исто време лицемерието уште поголеми околу Синдикалната повелба за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права, дел од нејзините потписници се во суштина тие кои им ги одземаат работничките права, поточно барајќи минимална плата за своите членови тие го кратат најсветото работничко право – правото на целата додадена вредност на работниците во материјалното производство! Тоа се Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС) и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ).

„Вие сакате да видите левица која е заглибена во минатото, која единствено знае да ги цитира Маркс, Енгелс и Ленин и која, по можност, го боготвори ликот и делото на Маршалот.“

Олош еден гаден кој ја боготвориш ГЛУПОСТА!  Прво, Ленин не го поредувај до Маркс и Енгелс затоа што квази-третиот класик на марксизмот ги навредувал Маркс и Енгелс на Единаесеттиот конгрес на РКП(б), нарекувајќи ги „никаков Маркс и никакви марксисти“, „Германци“, нивните дела – „старите книги“, ги обвинува дека „Маркс не пишувал за Русија, туку за сиот капитализам во целина“ и сл.

Второ! За нас Маркс е секогаш во право додека не се појави друг мислител кој ќе даде ставови и погледи кои ќе доведат побргу до укинување на класните антагонизми и стварање на бескласно општество.

Трето! Немаш елементарно познавање од Марксовата критика на политичката економија а овде ја понижуваш мислата и делото на човекот кој е прогласен за мислител на милениумот во 1999 година, светски најголем филозоф во 2005 година и светски најдобар научник во 2013 година.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s