Че Гевара тотален неуспех, анти-марксист и анти-револуционер

205887_2233268682090_3105782_n

Освен што може да се натпреварува со убивање и со луѓе чии муцки им се затнати и чии очи им се покриени, Че Гевара неверојатно но докажливо не успевал во се‘ што се обидувал во својот живот. Прво, тој не успеал како аргентински студент на медицина. Макар што во јавноста тој е опишуван како медицински доктор од неговите житиеписци (Кастанеда, Андерсон, Таибо, Калфон) не постои архива за медицинската диплома на Ернесто Гевара. Кога кубанско-американскиот истражувач Енрике Рос го распрашувал ректорот на Универзитетот на Буенос Аирес и шефот на службата за академски работи во врска со копии или доказ за овој документ, на Рос различно му било одговорено односно дека архивата била разместена или можеби украдена. (Само за споредба, масонската диплома на францускиот успешен револуционер Жан-Пол Мара од 15 јули 1774 година кога тој станал член на холандското братство е зачувана, како и дипломата која му ја издал Единбуршкиот Универзитет во 1775 година за виши научен степен – доктор на медицина.)

Во 1960 година Кастро го именувал Че за министер за економија на Куба. Ете го моментот кога Че можел да се докаже како марксистички револуционер! Ете му ја златната шанса! По вооружената победа времето како министер за економија Че морал да го искори за создавање на материјални услови кои ќе го спречат капиталистичкиот начин на производство, а со тоа и политичкото владеење на капиталистичката класа, да му бидат на некого воопшто потребни. А тоа се постигнува само со зголемување на производството до обем на потребите и организација на размената на друг начин – со слободна размена на труд.

Меѓутоа, Че бил малограѓански бунџија а не марксистички педагог, па затоа не сфатил дека самиот терор против капиталистите по себе, со цел уништување на капитализмот, претставува импотентна мерка. Зошто? Маркс како вистински интелектуалец објаснува (но кој од болшевиците и антикомунистичките сикофанти да чита пред едни против други да поитаат да си напишат црни книги на геноцидни идеолошки системи) во својот magnum opus дека капиталистот е само персонификација на капиталот:

„Како капиталист тој е само олицетворен капитал. Неговата душа е душа на капиталот. Капиталот има само еден единствен животен стремеж, стремеж да се оплодува, да создава вишок на вредноста, да исцицува со својот постојан дел, со средствата за производство, колку што се може поголема маса вишок на трудот. Капиталот е мртов труд, што оживува како вампир само со исцицување жив труд, и што колку повеќе живее, толку повеќе ќе исцица од него.“

За неколку месеци после именувањето на Че за економски министер, кубанскиот пезос, којшто како валута бил историски еднаков на американскиот долар и целосно покриен од кубанските златни резерви, станал практично безвреден. Следната година Кастро го именувал Че како министер за индустрија на Куба. За една година народот кој претходно имал повисок доход по глава од Австрија и Јапонија, кој ја имал третата најголема потрошувачка на протеини во хемисферата сега ја рационализирал храната, ги затворал фабриките и стотици илјади најпродуктивни граѓани од секој сектор на кубанското општество биле принудени да ја напуштат земјата само со своите алишта во куфер.

Самиот Че (!) на крајот ги признал своите многубројни економски грешки и неуспеси, иако Кастро наследил развиена слободно пазарна економија во 1959 година, нешто што било единствен случај меѓу квазикомунистичките лидери, бидејќи сите други од Ленин до Мао од Хо Ши Мин до Тито и Ким Ил Сунг презеле водство над примитивни или хаотични стопанства уништени од граѓански или интервенционистички војни. Сите овие „комунисти“ или квазикомунисти по војната во низа земји воспоставија „социјалистичко општествено уредување“, каде што беа апсолутни господари. И за 40, односно за 73 години апсолутно владеење, тие постигнаа да ја исполнат Хитлеровата желба – станаа гробари на марксизмот. Макар што во текот на историјата во Куба биле создадени материјални услови (развиен слободен пазар) кои укинувањето на капиталистичкиот начин на производство, па затоа и дефинитивното соборување на капиталистичката класа, го прават потребно, кубанските „комунисти“ целосно не успеале во тоа.

Најпознатата книга на Че е насловена „Герилска војна“. Неговата позната слика е насловена „херојски герилец“. А сепак неговиот најгласен неуспех е токму како герилски војник. Не постои записник дека тој победил во било која чесна битка. Неговиот најславен воен подвиг била „Битката кај Санта Клара“ во декември 1958 година. Загубата на оваа „битка“ од страна на силите на Батиста на крајот го принудила да побегне од Куба. За да ја комеморира оваа историска воена битка, Кастро го изградил музејот Че Гевара во Санта Клара.

Всушност, битката кај Санта Клара била детска закачка. Личниот дневник на Че Гевара споменува дека неговата колона изгубила точно еден војник познат како Ел Вакерито во оваа „сурова битка“. Други извори зборуваат за вкупна негова загуба од три до четири војника. Повеќето од војниците на Батиста немале мотив да се борат за нечесен, непопуларен режим којшто јасно бил осуден на пропаст. Поради тоа тие не пукале дури оние војници на познатиот „оклопен воз“ којшто Гевара наводно го нападнал и заробил.

Денес тој оклопен воз служи како главна туристичка атракција во Санта Клара. Возот, наполнет со 373 војници и муниција вредна 4 милиони американски долари, бил испратен од Хавана до Санта Клара кон крајот на декември 1958 година од врховната команда на Батиста како последен обид да се запрат бунтовниците на Че Гевара кои во Санта Клара ги уништиле железничките колосеци и возот излетал од шини точно пред градот. Потоа неколку бунтовници пукале во него и неколку војници возвратиле, меѓутоа никој не бил повреден. Наскоро некои од бунтовниците се приближиле мавтајќи бело знаме и еден од офицерите Енрике Гомез изглегол од возот за да се сретне со нив. Гомез бил донесен да се запознае со „командантот“ Гевара кој извикал „Што се случува овде?! Ова не е она што за што се договаравме!“ Гомез бил збунет. „Каков договор?“, прашал тој. Возот и целата негова воена опрема била продадена на Гевара од страна на неговиот полковник Флорентино Росел кој веќе избегал во Мајами. Цената била или 350 000 или 1 000 000 американски долари во зависност од изворот.

Еве уште еден извор од очевидец на познатата „инвазија“ на Че врз провинцијата Лас Вилас кратко пред познатата „битка“ кај Санта Клара: „Колоната на Гевара се вовлече право во американската земјоделска експериментална станица во Камагвеј. Гевара му побарал на управникот Џо МекГир човек кој ќе однесе еден пакет до командирот на Батиста во градот. Пакетот бил со 100 000 американски долари и една забелешка. Луѓето на Гевара поминале низ провинцијата во очи на незаинтересираните трупи на Батиста.“

Сепак, веднаш после поткупот и детската закачка кај Санта Клара, Че наредил 27 војници на Батиста да бидат егзекутирани како „воени злосторници“. Во личниот дневник на Че Гевара има податок за вкупна загуба на неговите сили за време на двегодишната долга „граѓанска војна“ во Куба од 20 луѓе што е еднакво на просечниот број на погинати за време на карневалот во Рио Де Жанеиро секоја година.

Дури уште повознемирувачки пример бил откриен во една биографија на Че Гевара. Че испратил група борци под водство на интелектуалец по име Масети да започнат револуционерна ќелија во Аргентина. Дури пред воопшто да започнат, додека тренирале во Алжир тие егзекутирале еден другар осомничен дека сакал да дезертира. Штом десетина од нив на крајот успеале да се прикрадат во џунглата на Аргентина, тие започнале да егзекутираат еден осомничен дезертер по друг дури пред да се случи било какво соочување со непријателот. Другарите пред да бидат егзекутирани само побарале да го напуштат движењето кога тие откриле дека веројатно нема да можат да ја преживеат суровоста на животот во џунгла. Ова било случај на ладнокрвно убиство извршено во името на лажна револуција.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s