Во одговор на Цветин Чилиманов на мојата критика на коментар од Бојан Богевски за ПИОМ

paris-austerity-protest

Драг Јоже, првин благодарам за времето што го вложи да одговориш на тезите кои јас и Бојан од време на време ги нафрламе за пензискиот систем. Не знам кој го одбра (колку што сфатив, освен Јоже Франц пишуваш и како Мара?), бидејќи ме потсетува на една од моите омилени епизоди во историјата. Ако Гровер Норквист сакаше да го удави големо-државниот проект во када, Шарлота Кордеј (француската Мара Бунева) се обиде да го заколе.

Искрено, срце ме боли за пропуштената можност да ја отвориме оваа дискусија кога Драган Тевдовски во име на СДСМ излезе со неговиот предлог за пензиски реформи. ВМРО, се разбира, има право да одбере дали ќе ја прифати дискусијата или едноставно ќе го игнорира СДСМ, и за жал ја одбраа втората опција. Иако, јас барем се потрудив преку постови на социјалните мрежи да им укажам дека СДСМ се наместени на пенал (сопругот на потпретседателката беше посочен како човек кој по се изгледа разработил комплицирана шема да не плати полн придонес на неговата висока менаџерска плата). Тоа што СДСМ решија да го отворат прашањето за придонесите на менаџерските плати кога ВМРО има толку добар come – back е ретко глупо, дури и за нив, но сепак, ВМРО не ја прифатија понудата и не добивме издржана дискусија меѓу двете најголеми партии за иднината на пензискиот систем.

Тоа што мене ме интересираше во целата приказна, е што е можно повеќе пати, на што е можно повеќе медиуми, што е можно повеќе луѓе да го повторуваат фактот дека фондот е банкрот. Лихт розе. Немет. Имет снемано. И тоа не за малку, него за многу.

Проблемот со решението кое го нуди СДСМ и на кое алудираш ти е истиот проблем со честата критика дека пратениците, министрите или директорите на јавните претпријатија земале високи плати. Да, земаат, и тие се 120 (пратеници), неколку десетици министри, неколку стотици функционери во целина. Државата нема да пропадне поради нив (Нено Богдан феноменално пишува на оваа тема во неговата прва книга), туку ќе пропадне поради огромните стотици илјади други кои земаат од државниот буџет. Земаат многу помалку, ама нивното се собира во лавина која ќе не затрупа сите.

Еве, помогни ми, дали СДСМ излезе со бројка колку точно луѓе во Македонија примаат плати кои се 7-8-10 пати повисоки од просечната, и поради тоа се “привилегирани” затоа што лимит на максималната давачка која ќе ја платат месечно? Ако Фондот е 750 милиони евра годишно, а дупката е, што знам, 300 милиони?, дали некој сериозно мисли дека во Македонија има толку многу милионери и милијардери кои ако ги оданочиме со формулата која ја предлага СДСМ тоа ќе помогне да се стабилизира фондот? Каде се тие буржуи за кои зборуваш, колку ги има на број? Користиш ефтин популизам и фрлање пароли место барање на решенија за вистинските проблеми.

Впрочем, тие супер богати луѓе што ги имаме (камо среќа да ги имаме многу повеќе) не станале супер богати затоа што се супер глупави. Ако се воведе мерка да плаќаат 40 проценти од полниот износ на нивната плата како данок, како што предлага СДСМ, без овој менаџерски лимит, тие едноставно ќе смислат (или ќе му платат на некој да смисли) начин како да избегнат да плаќаат данок на целата плата. Ете, некој промуќурен бизнисмен ќе му текне да го искористи своето право да склучува договори во име на својата фирма да си склучи договор сам со себе и да си го изнајми сопствениот стан во име на фирмата за 5.000 евра месечно. И ќе плати 10 посто данок, место 40%. Притоа ќе се пријави на една, еве, две просечни плати и ќе плати давачка на нив. Значи, другарче, со зголемување на давачките расте и исплатливоста на избегнувањето на давачките. Затоа јас би сакал да видам префрлање на дел од давачките за ПИОМ или ФЗО кон ДДВ (да се зголеми ДДВ, а да се намалат давачките за фондовите). Ако го погледнеш ова мое интервју со Тери Милер од Херитиџ, авторот на нивниот извештај за слобода на медиумите (скроз на крај) човекот вели дека и овие 18 проценти се многу.

http://dnevnik.mk/?ItemID=B5611BF9E231EB449502094862A3DE1A

Можеме да го зголемиме ДДВ на 25% на пример, и притоа им дадеме очајно потребно даночно намалување на тие што се регуларно, редовно вработени и плаќаат фул давачки. Еве да речеме здравствениот систем од утре да решиме да го финансираме со вакво енормно зголемување на ДДВ, но да ги избришеме тие 7 проценти кои се плаќаат од плата. Товарот ќе биде распределен пофер и порамномерно, бидејќи сите ние ќе плаќаме за здравството, а не само несреќните будали кои се вработени. Но, ако стапката е 25%, тогаш користа од неплаќање веќе станува многу висока, станува мнгоу поисплатливо да потплатиш инспектор на УЈП, или да прогласиш забранета зона за полиција, или некако да се снајдеш да не го платиш данокот. Така да, рефлексното решение на СДСМ, на левицата, да ги одданочиме богатите не функционира ни кај нив дома, а не пак во реалноста. Идеално е да имаме повеќе извори на приходи кои се рамни и ниски, да не се исплати затајување, и да се кратат државните расходи кои сега, на краток рок, веќе денес, се голем товар за државата, се сосем неодржливи на среден рок, а водат кон Mad Max Thunderdome на долг рок.

Не одговараш ништо за наталитетот, само констатираш ситуација. Јас велам дека е неодржлива. Дополнително, велам дека е неодржлива бидејќи пензискиот систем стимулира нераѓање деца. Бојан нема деца, ја имам едно, а еве, Јанко Илковски (нека ми прости што го спомнувам без дозвола) има три. Заедно ние тројца, со нашите три сопруги/девојки, имаме 4 деца. 6 возрасни, 4 деца. Утре кога ќе се пензионираме, ако состојбата остане ваква каква што е, моето едно и трите деца на Јанко ќе плаќаат за нас шестмината. Тоа е фер? Тоа е праведно? Зошто некој да се фрла во ненормален трошок во време и пари да прави, расте, чува и гледа деца, ако на крајот кога доаѓа време да има спокојна старост опкружен од своето големо семејство, децата (како што спомна и ти) се на работа до 18-19 часот за да произведат и заработат доволно за државата да има од кого да наплати за пензискиот фонд? И тие пари, наместо да ги добие родителот кој ги изгледал децата, да ги делиме сите еднакво меѓу нас!? Па треба да си морон да имаш деца во ваква ситуација. Пред воведувањето на пензискиот систем (да ги тргнеме настрана културолошките моменти, да гледаме чисто економски) децата ти биле полиса за осигурување при старост. Сега, државата ти вика дека ти не мора да ја извадиш таа полиса, не мора да платиш ништо за неа, некој друг ќе има деца, а ние ќе ги одданочиме и за тебе.

Извини, ама не можеш сериозно да разговараш за пензискиот систем без сериозна дискусија за натамалитетот, и за влијанието на државниот пензиски систем врз наталитетот. Мораме под итно да добиеме или драстично намалување на ПИОМ давачките за родители со деца, или драстично зголемување на пензиите на родители со деца, а намалување за тие без деца. Или, мојата омилена опција, да се распушти целиот фонд уште утре, да се раскине тој облигаторен однос во кој сите сме влегле без никој да не праша, принудно (тука е единствената разлика со Понзи шемата, Бојан, Понзи не ги принудувал луѓето да влезат во неговиот систем туку ги мамел, државата те принудува со пиштол во глава да влезеш во шемата). Дај што поскоро да го растуриме пензискиот систем. Тоа неминовно ќе се случи, тој и вака и така ќе колабира, само прашање е да го направиме што е можно поскоро, и да се обидеме да го изменаџираме што е можно побезболно.

со почит

Цветин Чилиманов

The protest in Paris. Banner: "Capitalists cost too much, let's

Јоже Франц:

Да почитувани, потребна е храброст за тоа што го пишуваш. Знам и сигурен сум дека ти не припаѓаш на браншата која ја застапуваш, за жал, пред браншата на која се свиткуваш, што би рекол Bertolt Brecht, во ’’Пет тешкотии за пишување на вистината’’. Но, тоа изгледа ни е судбата, нам политколозите, едноставно да бидеме подлизурковци, кој поголем, кој помал. Едни подлизурковци во насока на левиот популизам, други во насока на десниот, во тоа е всушност и разликата, а нормално би било да има разлика, а ја има.

Разликата почитувани, е во тоа што некој му се подлизуркува на буржујот, додека оние според нив, ’’олошите’’,  се подлизурковци на оние на кои им се користи туѓиот труд. Се чудам и на оние кои се декларираат како посебни етноси од македонскиот ни Ерусалим (станува збор за поединци со извитоперени погледи), доколку ова погоре наведено не можат да го препознаат, тогаш имаат проблем со диоптријата, а не со далтонизмот. Нормално и ова е добронамерно, со диоптријата нема играње, таквите мора да посетат офталмолог. Сигурно во сето ова писание гледате цинизам, но има една поговорка; ’’што си посеал тоа ќе жнееш’’.

Но, проблемот не е во економијата, проблемот е во филозофијата (Милутиновиќ Владимир-филозоф), проблем е тоа што буржуаските подлизурковци не ја гледаат и не ја препознаваат филозофијата, туку само алчноста. Тие едноставно не го познаваат и препознаваат Марксизмот, а овој вид на филозофија произведува промени во реалноста. (Бата Стојковиќ-филозоф)

Во ред би било да не се препознава Марксизмот како филозофија, но не би било во ред да не се препознае Русовиот ’’Општествен договор’’, во кој вели секому според вредноста. Во ред би било да се плаши неолибералот од Маркс, но се прашувам зошто да се плаши од Русо?

А, да, тој предвидува оданочување според вредноста на имотот, тука боли, бидејќи во овој случај давателите на труд, немаат што многу да им се оданочи, но кај оние кои експлоатираат труд и те како има.

Сепак да се навратиме на современиците. Милутинувиќ ќе рече; ’да би можеле неолибералите да ја сфатат филозофијата, а не алчноста, мора како прво да сфатат дека постојат две врсти на ствари-заеднички и приватни’. Концептот на тој вид креирани политики не е во насока да заедничките и приватните ствари бидат сразмерно поделени, тику во насока на целосна приватизација, ним ги интересира како да се задржи профитот, а не поделба на истиот со оној кој нудел труд. Нормално, никој не го оспорува и фактот на расходи, но тие можат да се остават како резерва за наредната тековна година, со цел да не настанат загуби.

Шемата е превземена од Милутиновиќ Владимир

Шемата е превземена од Милутиновиќ Владимир

Што всушност претставува шемата. Тоа ни ја дава економската состојба каде приватно би било се, додека заедничко ништо, заедничкото не е од економски побуди, туку т.н. заедничка сопственост би биле државните апарати, кои спроведуваат ред и преку кои ќе им се заштитува олигархиската моќ.

Почитувани микро стопанственици, кои вршите дејност со сопствен труд, притоа не користите туѓ, немојте да бидете изманиплирани, С.М. Липсет ќе рече дека манипулацијата е само предвесник на моќта во вид на сила. Неолибералот не ја поттикнува совршената конкуренција, туку преку слободата на пазарот, сака да го уништи малиот, а со тоа повторно да има монопол, но во овој случај олигархиски, буржоаски. Затоа кога би бирал монопол, би го одбрал државниот.

Верувајте, неолиберализмот се потпира на моќта во вид манипулација, кој кога ќе ја добие битката, моќта во вид на сила е неминовна. Неолибералите иако ја критикуваат анархијата, тие толку многу ја посакуваат, но во вид на анaрхокапитализам.

И на крај

Овој вид на концепт кој се потпира на алчноста заговара зголемување на ДДВто. А кој го плаќа? Последниот корисник. А, кој е последниот корисник, одговорот според нив би бил па сите ние.
Дај те молам немој да не правите морони, ДДВто нели беше повратно кон понудувачот на услугата? И сега кој е во корист, граѓанинот како последен корисник или олигархот како последен понудувач на услугата?

Алчноста и неолиберализмот е со еднакво равенство.

Сигурно ги имате изучувано тавтологиите и контрадикциите, проверете се.

Advertisements

One thought on “Во одговор на Цветин Чилиманов на мојата критика на коментар од Бојан Богевски за ПИОМ

  1. Целиот текст на Јоже Франц е во прилог на моето сознание, за кое веќе подолго зборувам и имам напишано книга. Цитирањето на Милутиновик, еве дел од него ” ним ги интересира како да се задржи профитот, а не поделбата на истиот со оној кој нудел труд. Нормално, никој не го оспорува и фактот на расходи, но тие можат да се оставаат како резерва за наредната тековна година, со цел да не настанат загуби.” Оваа уверување на Милутиновик сеуште е во форма на осознавање на грешката на системот, а не и конечно дефинирање на новата идеологија, што треба да биде сретство за борба за промена на, поточно во системот. Јас сум отиден многу понапрет, и направив сосема разјаснета идеологија, како треба да биде изграден новиот систем, поточно дограден стариот, од кој ќе произлегува развој и благосостојба на сите луге. Навлегов во длабочината на нештата и ја осознав реалната конструкција на системот, така да преостанува малку поголема почит, не кон мене, колку кон онаа што сум го веќе утврдил, како би се тоа сватило и прифатило, од кое произлегува оружје за борба, што е сигурен носител на победата.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s