Дали корпорациите навистина ги лакомат работничките плати?

Ендру Климан е професор по економија на Универзитетот Пејс во Њу Јорк и автор на книгите „Неуспех на капиталистичкото производство: Темелните причини за Големата рецесија“ (2012) и „Враќање на Марксовиот Капитал во неговата оригинална состојба: Побивање на митот за противречност“ (2007).

Ендру Климан е професор по економија на Универзитетот Пејс во Њу Јорк и автор на книгите „Неуспех на капиталистичкото производство: Темелните причини за Големата рецесија“ (2012) и „Враќање на Марксовиот Капитал во неговата оригинална состојба: Побивање на митот за противречност“ (2007).

Што ако некој од најпочитуваните економисти во светот ти кажал дека како работник, твојата плата е 40 проценти пониска отколку што таа би била ако се зголемеше во неодамнешните децении за истата стапка како твојата продуктивност? Ако ти си типичен американски работник, волку се проширил јазот меѓу твојата плата и твојата продуктивност до 2011 година, според Институтот за економска политика (ИЕП), еден од најугледните либерални тинк тенкови во С.А.Д.

Во својата студија од 2012 година, „Состојбата на работничка Америка“, ИЕП извести дека меѓу 1973 и 2011, стоките и услугите произведени по работен час (што економистите го нарекуваат продуктивност) во американското стопанство „силно пораснале, посебно после 1995 година, додека компензацијата за обичниот работник била прилично застојувачка.“ Во меѓувреме, продуктивноста се зголемила до повеќе од 80 проценти, дури после прилагодување на инфлацијата, меѓутоа компензацијата од работен час за оние кои работеле на производствени и ненадзорни работни места се зголемила до помалку од 11 проценти. ИЕП тврдел дека оваа „несогласност на платите и продуктивноста значела дека многу работници не користеле од порастот на продуктивноста – стопанството можело да си дозволи повисоки плати, но не ги исплатило.“

„Јазот меѓу продуктивноста и компензацијата“, како што новинарите и академиците го нарекуваат тоа, стана невралгична точка во дебатата околу доходовната нееднаквост. Наоружени со статистики како оние дадени од ИЕП, синдикалните активисти и членовите на печатот посочуваат на наводниот јаз како доказ дека корпорациските профити пораснале на сметка на компензацијата за работниците – не само после Големата рецесија, туку за време на последните четири децении. (Како пример за едно такво тврдење, види ја статијата напишана од Дог Хенвуд, уредник на Лефт Бизнис Опсервер, на форумските страници на 30 мартовското издание на Њу Јорк Тајмс.)

Ако внимателно се анализира, ќе се обелодени дека пред рецесијата просечната компензација од работен час за работниците сосем ја следела продуктивноста – доколку „компензацијата“ и „продуктивност“ не се измерени на високо збунувачки начин. Следниот графикон, заснован на истата владина статистика за работничката компензација цитирана од Хенвуд и другите, го покажува делот на нето домашниот производ којшто американските работниците го добиле од 1970 година сè до почетокот на Големата рецесија (декември 2007). Во суштина немало нагорен или надолен тренд на нивниот удел, или кај корпорацискиот сектор или кај деловниот сектор како целина. Ова значи дека производството од работен час на работниците се зголемило за всушност истата стапка како нивната компензација од работен час, но не побргу.

klimangraph1xx 

Иако компензацијата за многу работници заостанала зад продуктивноста до одреден степен, се работи за погрешно мерење дека тоа го произвело огромниот јаз од 40 проценти за којшто ИЕП ни кажува дека постоел до 2011 година. Вистината е дека не се работи за тоа дека „стопанството“ можело да си дозволи да го пополни наводниот јаз зголемувајќи ја работничката „компензација“ во тандем со работничката „продуктивност“ како што овие термини се дефинирани од ИЕП. Сè што ние треба да направиме за да го разбереме ова е да ја додадеме наводно недостасувачката компензација и да видиме што се случува.

Графиконот долу покажува како доходот создаден во производството од американските бизниси помеѓу 1972 и 2011 бил поделен. Синиот дел е процентот употребен да се платат работниците. (Пред рецесијата од 2008 година овој процент беше видливо стабилен. Самиот овој факт покажува дека, во просек, компензацијата за работниците не опаѓала споредено со нивната продуктивност.) Портокаловиот дел претставува недоходовни такси (како што се даноците за социјално осигурување и здравствено осигурување), даноци на трансфер на богатство (како што се даноците на подароци и недвижнини) и мноштво на акцизи; зелениот дел, камата за банкарите и различни видови на ренти и надоместоци (за користење патент) класифицирани како рентиерски (изнајмувачки) доход. Лилјаковиот дел е наводно недостасувачката компензација на производствените и ненадзорните работници, делот – 40 проценти до 2011 година – што ИЕП тврди ќе им бил исплатен доколку тие ги добиле сите бенефиции од нивната зголемена продуктивност.

 klimangraph2xx

Во 2007, 2008 и 2009, сумата на овие четири типа на доход надминала 100 проценти. Ова значи дека ако компензацијата на работниците ја следела продуктивноста како што овие термини се дефинирани од ИЕП, тогаш ништо – реално помалку од ништо – немало да остане за самите компании. Профитите исплатени на корпорациите и доходот примен од самовработените луѓе и сопственици на неинкорпорирани компании ќе беа негативни. Според тоа, јас не мислам дека може да биде разумно да се каже дека „стопанството“ можело да си ја дозволи наводната недостасувачка компензација.

Покрај тоа, оваа анализа веројатно ги потценува последиците на затворањето на јазот меѓу продуктивноста и компензацијата бидејќи таа ги исклучува земјоделците како и приближно 20 проценти на работници кои не се сметаат како иматели на производствени или ненадзорни работни места.

Друг графикон покажува она што ќе се случеше на профитите направени од корпорациите и доходите на неинкорпорираните сопственици и самовработените лица ако обичните работници ја примаа својата наводно недостасувачка компензација. Профитите и другиот деловен доход беа прилично стабилни за време на последните четири децении, но тие остро ќе опаднеа ако обичните работници ја примаа компензацијата којашто ИЕП ја смета за недостасувачка. До 2001 година, деловниот доход всушност ќе исчезнеше, а помеѓу 2007 и 2009, ќе беше негативен, како што покажува графиконот.

 klimangraphxx3

Каде погрешил ИЕП? Проблемот лежи во необичниот начин на којшто Институтот ги прилагодува податоците за продуктивноста и компензацијата за да одговараат на инфлацијата. Она што резултира е прастариот проблем на споредување јаболка и портокали.

Бројките коишто аналитичарите од ИЕП ги употребиле за да го направат ова прилагодување се наречени „ценовни индекси“. Тие ја претставуваат просечната цена на стоките и услугите во одредени времиња. Ако ИЕП користеше единствен ценовен индекс за да ги прилагоди бројките за продуктивноста и компензацијата, ќе споредуваше јаболка со јаболка – и немаше да добие „јаз меѓу продуктивноста и компензацијата“ којашто била толку голема и толку збунувачка.

Но, ИЕП користел два различни ценовни индекси. Институтот го направил ова за да го одрази фактот дека цените на стоките и услугите кои работниците ги купуваат пораснале значително побргу од цените на стоките и услугите кои компаниите ги произведуваат. (Ова се случило бидејќи цените на „инвестициските стоки“ – постројка, машинерија и друга опрема употребувана во производството – коишто одредени компании ги произведуваат не пораснале толку бргу колку цените на потрошувачките добра.) Многу од она што ИЕП го смета за несогласност меѓу платите и продуктивноста произлегува од побрзиот раст на цените на потрошувачките добра отколку од бавниот раст на платите. За да се надополни посебно брзата инфлација којашто работниците ја доживеале, и со тоа да се отстрани „несогласноста меѓу платите и продуктивноста“, нивната компензација ќе морала да расте побрзо од вкупниот доход. И како што ние само видовме, нивниот дел од доходот на крајот ќе морал да порасне дотаму што ќе го избришал сиот профит и другиот деловен доход.

klimangraphic590

Разумно е да се сака статистика којашто ја одразува посебно брзата инфлација којашто потрошувачите ја искусиле. Сепак, за да се понуди друга аналогија, постапката на ИЕП произведува едностран раст на продуктивноста во однос на компензацијата на многу истиот начин на којшто вие би накривиле кола напумпувајќи ги гумите малку на едната страна и многу на другата. Според тоа, бројките не можат да бидат правилно споредени.

Покрај тоа, растечкиот јаз меѓу продуктивноста и компензацијата произведен на овој начин не ни кажува ништо околу распределбата на доходот меѓу работничката компензација и корпорациските профити. Ако компензацијата растела побавно од продуктивноста, тогаш корпорациските профити мора да растеле побрзо – барем тоа мора да биде така ако аналитичарот користел единствен ценовен индекс за да го направи прилагодувањето на инфлација. Но, аналитичар кој користел два ценовни индекси би можел сосема да добие резултат дека и компензацијата и профитите растеле побавно од продуктивноста за време на последните три децении.

Па, кога се користат два ценовни индекси, проширувачкиот јаз помеѓу продуктивноста и компензацијата на работниците не значи дека профитите растеле побрзо од продуктивноста или дека профитниот дел од нето домашниот производ (годишната мерка на бруто домашниот производ минус амортизација) се зголемил на сметка на делот на компензацијата. Како што е покажано горе, неодамнешното тврдење на Хенвуд во Њу Јорк Тајмс дека „корпорациските профити достигнаа плафон“ бидејќи „продуктивноста порасна 93 проценти меѓу 1980 и 2013, додека платите пораснале 38 проценти“, едноставно е неточно. „Необично накосениот“ раст којшто тој го дава е произведен од погрешното прилагодување на инфлација. Како што ние видовме, јазот помеѓу „продуктивноста“ и просечната „компензација“ од час се проширувал сè повеќе, но делот на компензацијата за работниците од нето домашниот производ не опаднал. Следи дека останатиот дел, профитите кои останале за корпорациите и другите бизниси, не пораснал.

Според тоа, иако делот на обичниот работник опаднал до одреден степен, она што всушност се зголемило на негова сметка било делот на доходот распределен до повисоко платените работници. Порастот на платите од 38 проценти којшто Хенвуд го цитира е просечниот раст на сите работници, од вратари до извршни директори. Но, платата на професионалците, менаџерите и многу работници од финансискиот сектор пораснала многу побрзо од платата на оние на дното. Растечката нееднаквост на компензацијата меѓу работниците е значителна но потценет дел од развивачката слика на нееднаквост, а за којашто јас ќе дискутирам во некоја идна статија.

Забелешки:

1.Податоците за нето домашниот производ на корпорациите (нето додадена вредност) и компензацијата се дадени во Билансот на националниот доход и производ (NIPA) Табела 1.14, редови 3 и 4, соодветно. Нето аутпутот на деловниот сектор е даден во NIPA Табела 1.9.5, ред 2, додека вкупната компензација на деловниот сектор е сумата од редовите 3 и 11 на NIPA Табела 1.13. Нето домашниот производ е придонесот на секторот за бруто домашниот производ минус амортизација.

2.Податоците во графикот за Делови на националниот доход, приватниот бизнис и непрофитните сектори, С.А.Д., 1972-2011, и графикот за Корпорацискиот профит и сопственичкиот доход, С.А.Д., 1972-2011, се однесуваат на секторите од стопанството во коишто производствените и ненадзорните работници се пресметани, плус фармерите. Повеќето од податоците доаѓаат од Билансот на националниот доход и производ, Табела 1.13. Национален доход: сума од редовите 3, 19, 28 и 49; компензација: сума од редовите 4, 20, 29 и 50; даночни и трансакциони плаќања: сума од редовите 9, 27, 35 и 55; камата и изнајмувачки доход: сума од редовите 8, 26, 33, 34, 53 и 54; корпорациски профит и сопственички доход: сума од редовите 7, 23 и 32. „Недостасувачката“ компензација на производствените и ненадзорните работници беше пресметана како што следи. Реалната просечна компензација од час во отсуство на јаз меѓу продуктивноста и компензацијата е производот на низата на продуктивност дадена од ИЕП и односот на вредностите од 1972 година за неговата реална просечна компензација од час и бројките на продуктивноста (и обете дадени во табеларната пресметка „4U“ од неговата датотека со податоци за „Плати“). За да се добијат номинални бројки, оваа хипотетичка низа и низата за просечната компензација од час беа множени по ценовниот индекс CPI-U-RS (на располагање овде) којшто ИЕП го користел за да ги добие своите реални бројки. Разликата помеѓу хипотетичките и тековните номинални бројки е „недостасувачката“ компензација од час. Вкупната „недостасувачка“ компензација е бројката од час множена по вкупните часови одработени од производствените и ненадзорните работници, којашто е 52 по производот на бројката на вработени работници и нивните просечни неделни часови (дадени во Тековната статистика за вработеноста, Табели В-6 и В-7, соодветно).

Advertisements

One thought on “Дали корпорациите навистина ги лакомат работничките плати?

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s