Украина и Русија две братски нации?

1622329_617238375036273_922864473_o

Сè до раните 1700-те години, на повеќето мапи, владини документи и сите други записи низ територијата на денешна Русија стоело запишано „Московија“. Сиот народ се сметал за Московити. Но, обидувајќи се да ја воведе својата земја во тогашна Европа, Петар Велики барал поимпозантно потекло бидејќи зборот „Москва“ значи „мочуришни или темни води“ на древниот угро-фински јазик.

„Третиот Рим“ бил неуспешен обид да се поврзе руската кралска генеалогија преку Византија со древен Рим (титулата „цар“ произлегла од „цезар“).Биле земени предвид и други подметнати „предци“. На крајот, Петар го свртел своето внимание кон својата соседна земја Украина, директните потомци на Империјата Рус со своја славна историја. Петар ја украл титулата која со право требала да му припаѓа на Киев и против тврдоглавите приговори на своите поданици ја преименувал својата земја во „Русија“. Во 1721 година, „Царството Московија“ станало официјално „Империјата Русија“.

Мапа од 1570 година која ја покажува Империјата Рус и Московија.

Мапа од 1570 година која ја покажува Империјата Рус и Московија.

Малкумина знаат за величествената Империја Рус заснована во Киев, најголемата земја во Европа и која датира од 10-ти век. Кралевите на Рус во Киев веќе воспоставиле кодекс на закони којшто се применувал на сите сталежи, а нивните принцези се мажеле за кралеви во Франција, Шведска и други нации. Принцезата Ана од Киев можела да чита и пишува пет јазици во време кога сиот француски дворец бил неписмен, а нејзиниот сопруг Анри I ги потпишувал сите документи со „х“. После смртта на Анри во 1060 година, Ана станала првата француска кралица која служела како регент. Оваа Империја Рус (со едно „с“) е директен предок на денешните Украинци.

Во исто време, областа која подоцна била наречена Москва била незначајна позиција за тргување на границите на Рус. Домородните угро-фински племиња биле пагани и живееле во примитивни подземни домови слични на тие на Ескимите. Киев испратил свештеници, работници и доселеници во обид да го цивилизира народот кој живеел таму. Во тогашните истории напишани од писари, оваа област била наречена само „земјата зад шумите“. Денешните „Руси“ (со две „с“) всушност се поранешни Московити кои се разможувале со колонијалисти испратени таму од Киев, а подоцна биле владеани во текот на 250 години од страна на Монголи.

Руските генетски истражувања покажаа многу блиски врски на северната руска ДНК со угро-финските племиња и со Монголите. Едно истражување од 2013 година поддржано со грантови од Руската академија на науките (А.В.Крунин и др.) откриле „нов пол на генетски диверзитет“ во северна Европа, потврдувајќи дека северните Руси покажуваат значително присуство на угро-фински генотипи.

IMG_3964

Почнувајќи во средниот 13-ти век Московија се потчинила на монголско владеење во следните триста години. Од 1350 година татарскиот јазик станал модерен во дворецот на Големиот московски кнез. Погледнете ги имињата на градовите и реките во поголемиот дел на денешна Русија и вие едвај ќе препознаете било какви словенски корени, туку повеќе мешавина на угро-фински и монголски имиња.

Петар Велики водел многу војни за да добие „прозорец кон Европа“ после векови на отсеченост од Европа за време на подреденоста на Златната орда. Штом Украина била окупирана од Русија во 17-ти век, Европјаните станале посекојдневни во Петерсбург. Украинската Киев-Могила академија, една од источно-европските истакнати академии, каде што им се предавало на студенти од Полска, Белорусија, Молдавија, Бугарија и Грција, сега почнало овде да им се предава на Руси во текот на повеќе од еден век.

Во Украина, стопанскиот живот и трговијата, универзитетите, науката, уметноста и културниот живот напредувале од вкрстување со европските земји. Странските дипломати и дописници како Гијом де Боплан, Јоханес Корб и многу други оставиле мемоари, истакнувајќи ги разликите кога поминувале преку границата од Русија за да наидат на културата, пријателството и великодушноста, љубовта кон својата земја, гордоста и жестоката независност кај Украинците.

Во 1481 година, Јуриј Дрогобич од западна Украина бил избран за првиот ректор на Универзитетот Болоња во Италија. Украинскиот гроф Андриј Разумовски финансирал циклус прекрасни гудачки квартети од Бетовен. Првата печатарска машина била направена во Лвив, Украина, во 1573 година од Иван Федоров, но само откако тој бил прогонет од Москва откако неговата книжарница и книги биле запалени од Русите кои ги сметале за дело на ѓаволот.

Митот за трите братски нации: на местото на денешна Москва живееле несловенски племиња додека територијата на Украина и Белорусија е населена од словенски народи.

Митот за трите братски нации: на местото на денешна Москва живееле несловенски племиња додека територијата на Украина и Белорусија е населена од словенски народи.

Киевските колонизатори и свештеници го вовеле словенскиот јазик кај угро-финските жители на Московија. Со векови долгиот период на монголското ропство (Борис Годунов бил со азиско татарски потекло) оставил значаен белег врз јазикот на Московитите. Поради нивната изолација, Русите задржале бројни архаични структури од стариот црквен словенски јазик, подоцна додавајќи германска глаголска структура и многу германски зборови и фрази.

За споредба, Украинците многу бргу ги отфрлиле сите архаизми и во нивната слободна и отворена европска атмосфера имале неспоредлив развој. Денес, на пример, вие може лесно да слушнете многу фонетика, граматика и падежи коишто се заеднички со италијанскиот јазик. Всушност, многу странци го сметаат украинскиот јазик и песни како соперник на италијанскиот јазик. Лингвистички, украинскиот јазик е многу посроден со македонскиот, полскиот и словачкиот отколку со рускиот јазик.

Руската историја открива систематска маргинализација и обиди за елиминација на украинскиот јазик и култура. Декретот на рускиот императорски министер за внатрешни работи Петар Валуев од 1863 година и Емскиот декрет од 1876 година изјавиле дека „никогаш немало, нема и ниту ќе има украински јазик“ и ги забраниле украинските книги. Советскиот Сојуз ја востановил примарноста на рускиот јазик и декретирал многу вештачки лингвистички промени во обид да ги зголеми „сличностите меѓу двата братски јазици“.

Спротивно на тврдењата за „угнетување на рускиот јазик и култура“ во Украина, огромното мнозинство на книги, весници, списанија и телевизиски програми се на руски. Ширум Украина официјално делуваат 1700 руски школи, вклучително многу во западните делови на земјата. Украинскиот устав посебно го издвојува рускиот јазик за негов „слободен развој, употреба и заштита“ и во областите како Крим, рускиот јазик, култура, цркви и школи (целосно финансирани од државата) скоро целосно преовладуваат.

За споредба, постојат само дузина школи со украински јазик како опциски јазик за наставна програма ширум сите региони на Русија каде што живеат над три милиони Украинци. Петициите до властите остануваат неодговорени. Во цела Руска Федерација на украински јазик нема ниту весници ниту радио ниту телевизиски канали.

BvSIwtxIcAA3_Uq.jpg large  512×200

Советскиот Сојуз се обидел да го воспостави митот за две „братски нации“. Но, Путиновата инвазија врз Крим во 2014 година е само најпоследната епизода во вековните напори од Русија да ги потчини или елиминира Украинците како нација и како култура. Во 1169 година, принцот Андреј Богољубски од Суздал (Московија) брутално го нападнал и ограбил Киев, подготвувајќи го патот за неговото уништување во 1240 година од страна на Монголите.

Во добите на руските цареви и советскиот режим, милиони Украинци биле или егзекутирани или присилно преселувани до сите краеви на Русија, а на нивно место биле населувани Руси. Во Крим, Сталин исто така ги отселил сите Татари и ги заменил со етнички Руси. Најнеодамна, на 3 март 2014 година, рускиот министер за развој на далечниот исток, Александар Галушка, откри вознемирувачка иницијатива да ги пресели жителите на Украина на рускиот далечен исток како принуден труд.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s