Една година од нападите со хемиско оружје во Сирија: кој и зошто ги изврши

10407637_763673836987451_4978645641164283287_n

На 5 март 2014 година тимот на Обединетите Нации, кој ги истражуваше нападите со хемиско оружје врз предградијата Гоута и Хан Ал-Асал, изјави дека хемиското оружје употребено во двата напади дошло од залихите на сириската војска. Бидејќи режимот не тврдеше дека било што од нејзините залихи на хемиско оружје било украдено или недостасувало, ова откритие исклучува било која можност дека некој друг освен сириската војска е одговорен за нападите со хемиско оружје.

На денешен ден, 21 август 2013, предградието на Дамаск, Гоута – ослободено од опозицијата – било погодено од масовен напад со хемиско оружје. Проценките на конечните бројки на убиени и ранети се протегале од 280 до над 1700 смртни случаи, со уште илјадници повредени.

Обидувајќи се да докаже дека нападот бил „оркестриран“ од бунтовниците (всушност, тврдејќи дека бунтовниците се отруле себе за да предизвикаат воена интервенција предводена од Западот), режимските апологети се потпирале примарно на два извори: 1) „анализата“ на Агнес Мариам, палестинска калуѓерка без обученост или стручност во војување со хемиско оружје, или било какво војување од било кој вид, и 2) статија напишана од американскиот новинар Сејмор Херш, којашто беше објавена во Лондон Ревју оф Букс откако била одбиена од Вашингтон Пост и Њу Јоркер Магазин.

Агнес Мариам, користејќи YouTube видеа за последиците од нападот, тврдела во својот извештај – подоцна искористен од руската влада – дека сите снимки за нападот со хемиско оружје биле лажни. Меѓутоа, во тоа време организацијата „Доктори без граници“ имала тим во Гоута и дала опширен извештај за тоа како нејзините доктори ги лекувале стотици случаи на пациенти со симптоми кои се совпаѓаат со тие на напад со хемиско оружје.

Во декември 2013, новинарот Сејмор Херш напишал статија во којашто тој тврдел дека Џабхат ал-Нусра, воен огранок на Ал-Каеда, го нападнал предградието Гоута со хемиско оружје. Требало помалку од 24 часа за фушерската анализа на Сејмор Херш да биде целосно побиена, а самиот автор изразил посраменост.

Стручнаците за хемиско оружје посочија на присуството на хексамин во употребеното оружје како обвинителен доказ за вината на режимот. Хексаминот не е стандардна хемикалија во производството на сарин, а сепак е познато дека режимот има залихи од масовни количества на овој материјал како дел од неговата програма за хемиско оружје.

000_Par3657212

Нападот со хемиско оружје врз Гоута на 21 август 2013 може само да бил извршен од силите на режимот на Башар Ал-Асад поради следните причини:

  • Оружјето употребено во нападите било од тип којшто без сомневање бил во сопственост на режимот. Неговите сили објавиле видеа како тие товарат и испалуваат типови на оружје кои точно соодветствуваат со тие употребени во нападите. Од друга страна, никој не презентирал било каков доказ којшто би покажал дека бунтовниците имале пристап до такво оружје.
  • Масовниот размер на нападот и количеството на употребени хемиски агенси може само да биле произведени во период од повеќе години, и од странка која поседува софистицирани производствени техники, што е надвор од можностите на сириската опозиција. Јапонската терористичка организација Аум Шинрикјо потроши милиони долари и години на труд за да произведе сарин којшто на крајот успеа да уби само 13 луѓе и тоа во многу ограничен простор, метрото на Токио.
  • На 5 март 2014 година тимот на Обединетите Нации, кој ги истражуваше нападите со хемиско оружје врз предградијата Гоута и Хан Ал-Асал, изјави дека хемиското оружје употребено во двата напади дошло од залихите на сириската војска. Бидејќи режимот не тврдеше дека било што од нејзините залихи на хемиско оружје било украдено или недостасувало, ова откритие исклучува било која можност дека некој друг освен сириската војска е одговорен за нападите со хемиско оружје.
  • Присуството на хексамин во употребеното оружје е по себе доволно да ја докаже вината на режимот. Од страна на стручнаците за хемиско оружје хексаминот бил опишан како „од сличен карактер на случајот кога полицијата наоѓа црвен кармин во ташна на жена што одговара на дамките на јаката врз жртвата на убиството.“
  • „Докторите без граници“ биле присутвни во Гоута за време на нападите и известиле за лекување на стотици пациенти со симптоми кои соодветствувале на тие од напад со хемиско оружје.
  • Ракетите употребени во нападите имале опсег од 2.5 километри, ставајќи ги погодените области мошне во досегот на челните режимски позиции на тој датум, како доказ даден од областа од страна на ANNA News на руски јазик.
  • Џабхат Ал-Нусра, групата за којашто про-режимските апологети тврдат дека ги извршила нападите со хемиско оружје, никогаш не била активна било каде близу предградието Гоута, коешто било под опсада и опколено од страна на режимот во период од над една година.

1044747_494781100602915_54741190_n

Неколку месеци пред нападите со хемиско оружје режимот бил под зголемен притисок во главниот град бидејќи не успеал да преземе назад клучни предградија со големо присуство на Слободната сириска армија. Во март 2013 режимот започнал офанзива подрачјето на Дамаск со цел да ги врати тие предградија. Режимот успеал да ги прекине снабдувањата за Слободната сириска армија во источна Гоута и во јули 2013 режимските сили успеале да преземат делови од предградието Ал Кабоун. Но, до крајот на јули, сепак, Слободната сириска армија успеала да го заземе предградието Џобар од каде што таа почнала да врши напади против позициите на режимот во Дамаск. Во деновите до нападот на 21 август 2013, силите на Слободната сириска армија отпочнале низа напади врз позициите на режимот во Абасиен, Дамаск. Понеделникот и вторникот снимени се бунтовниците од групата Лива Фустат ал-Муслиман како ја таргетира цивилната одбранбена канцеларија на режимот во Абасиен со хрватско анти-тенковско оружје M79-Osa. Режимот не бил под зголемен притисок само во Дамаск. Секаде низ Сирија, режимот се соочил со успеси за Слободната сириска армија во клучни области како офанзива на нејзините сили во Латакија (од каде што потекнува Башар Ал-Асад), во јужниот дел на Дараа и во Деир Ез Зор кои го зазеле. Како реакција на овие успеси на опозициските сили, режимот започнал контра-офанзива со авионски напади и артилериско бомбардирање. Сепак, овие контра-офанзиви, заедно со борбата која се водела во Хомс каде што режимот вложил огромна огнена моќ во обид одново да преземе контрола, ги разретчиле силите на Асад. Силите на Слободната сириска армија позиционирани во Џобар – едно од предградијата на Дамаск погодени во нападите во средата и подложено на последователна офанзива од Дамаск – отпочнале напад со хрватски анти-тенковски проектили врз режимски позиции во Дамаск. Се‘ повеќе под растечки притисок и соочувајќи се со зголемени напади врз своите позиции во Дамаск и ширум Сирија, режимот на Асад одлучил да ризикува интервенција од меѓународната заедница за да ја врати контролата во предградијата во Дамаск со надеж дека хемискиот напад би му купил доволно време и би ги ослабил предградијата на Дамаск дотолку што неговите сили би можеле да спроведат сурова и брза офанзива кон мноштво цели. Хемискиот напад од средата може да се разбере како испад на една друга тактика која Асад ја применува против ослободените територии – таа на терор со бомбардирање т.е. со употреба на сурови мошне деструктивни напади против цивилно население за да предизвика чувства на терор и страв, во надеж дека ова ќе ја ослаби поддршката за Слободната сириска армија кај народот.

article-0-1B0BB5B5000005DC-245_964x652

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s