Што ако Мара не бил убиен? Што ако тој се вратеше денес?

Што ако Мара не бил убиен? Дали Револуцијата ќе имала различен исход? Што ако тој живеел за да го види Владеењето на Теророт? Дали тој ќе го поддржел?

Првиот од овие претпоставени проблеми нуди само едно реално решение: Не, буквално е незамисливо дека продолжениот живот на Мара можел значително да го измени текот на Револуцијата. Дури ако неговата слабеечка болест чудесно престанала да го погодува, плимата на контрареволуцијата во 1794 година била премногу силна за било кој поединечен лидер, без оглед на капацитетот на неговиот талент да се спротивстави. Најмногу тој можеби ќе помогнал да се одржи коалицијата меѓу јакобинците и санкилотите малку подолго што веројатно ќе ја одложело победата на реакцијата за еден месец.

Од друга страна, исто така лесно е да се замисли Мара гилотиниран со Ебер и другите бранители на санкилотите во март 1794 година, или да ја избегне таа судбина така што уште еднаш ќе исчезнал во подземјето. Жално за Мара, видот на општествената револуција која тој ја барал – отстранување на неизмерниот јаз меѓу богатите и сиромашните – бил невозможен сон во доцниот осумнаесетти век. Падот на Робеспјер, неуспехот на „Заговорот на еднаквите“ на Бабеф, издигнувањето на Бонапарта и Бурбонската реставрација, сите овие настани сведочат за тоа. После востанието од 31 мај – 2 јуни 1793, немало понатамошна улога за Мара која требало да ја одигра. Шарлот Кордеј без да биде свесна му помогнала да ја напушти политичката сцена во најдобар тајминг за којшто тој можел да се надева.

Што се однесува до тоа како Мара ќе реагирал на Владеењето на Теророт, традиционалното гледиште претпоставува дека тој ентузијалистички ќе го поддржал, но тоа е засновано на лажноста на црната легенда. Мара доследно бранел привремена револуционерна диктатура од видот отелотворен во Комитетот за јавен спас, и може да има мало сомневање дека тој ќе го одобрел Робеспјер да го предводи, но повеќе од оваа претстава е далеку помалку јасно за потезите на Мара. Сигурно е да претпоставиме дека тој ќе се придружил во борбата против умерените (старите кордељери), но не дека ќе се согласил со гилотинирањето на Дантон и Демулен. Скоро е незамисливо дека тој ќе ја поддржел ликвидацијата на водачите на ебертистите и кордељерите кои биле неговите најблиски соработници. Точно како Мара ќе реагирал на овие настани и како тие ќе влијаеле врз неговата лична судбина, се разбира, е непознато.

И на крајот, што ако Мара се вратеше денес? Што ќе помислеше тој за состојбата на нашата планета во втората декада на дваесет и првиот век? Тој би можел да прочита во историските книги дека Големата Француска Револуција – неговата Револуција – е признаена како пресвртен настан во создавањето на современиот свет.

„Но, што таа исполни?“, би можел да праша тој.

„Револуцијата ја исчисти Франција од паразитска класа чие право да владее беше засновано на аристократско право стекнато со раѓање и традиционална привилегија.“

„Дали тоа е сè?“

„Таа воспостави законска и политичка еднаквост, која потоа се прошири ширум поголемиот дел од Европа и светот.“

„Законска и политичка еднаквост? Што со економската и општествената еднаквост?“

„Не, ситуацијата во тој поглед е дури полоша отколку што се сеќаваш на неа. Денес, наспроти два века на вртоглав технолошки напредок, грст милијардери контролираат најголем дел од ресурсите на планетата додека милијарди луѓе остануваат во калта на гладот, болеста, угнетувањето и измачувачката сиромаштија.“

Мара, се разбира, би бил шокиран и збунет ако дознае дека после повеќе од 200 години неговата борба за социјална револуција не изгубила воопшто од својата важност и итност. Каде е Пријателот на Народот сега, кога ни треба?

Извор: Clifford D. Conner, Jean Paul Marat Tribune of the French Revolution, 2012.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s