Историската важност на Жан-Пол Мара

UntitledМногу историчари ги одбиле Маратовите придонеси за Француската револуција како суштински неважни. Неговата слава, според нивното толкување, била повеќе работа на имиџ отколку суштина. Напротив, тој бил ефективен политички водач чии акции ја унапредиле Револуцијата.

Неговата прва и најдоследна улога била таа на новинар. Производите на неговото перо не го одразувале само моменталното расположение на масите. Неговите политички позиции секогаш биле пред неговите читатели, и тој бил приморан постојано да се изборува за своите мислења во секоја фаза на револуционерниот процес. Иако промените во политичката свест на народот ретко се случувале со брзина доволна да го задоволи Мара, неговите главни слушатели, париските санкилоти, на крајот го следиле неговото водство низ неговата кариера.

Како политички стратег и тактичар, Мара се покажал како еднаков на било кој најефективен револуционерен водач од историјата. Тој постојано и исправно ги идентификувал централните спорни прашања во даден момент, како и главната линија на развој на Револуцијата, и неуморно ги внесувал во свеста на своите читатели. Неговото рано препознавање на реакционерната суштина на повикот на жирондистите за меѓународна тотална војна е одличен пример. Маратовиот најзначаен стратешки чекор бил „новиот курс“ што тој го отпочнал после востанието од 10-ти август 1792, којшто имал за цел да изгради сојуз меѓу јакобинците и санкилотите. Таа коалиција била суштинска за процесот на соединување на придобивките од Револуцијата, и никој не бил поважен во нејзиното спроведување од Мара.

Маратовата тактичка остроумност – неговото чувство за она што треба да се направи следно во секој момент за време на пресвртите на револуционерна ситуација – била повеќепати демонстрирана од неговата необјаснива способност да ги предизвикува властите притоа одбегнувајќи апсење. Тоа што тој бил способен да биде еден чекор пред полицијата на следните режими во текот на неколку години значи дека неговиот успех не може да биде препишан на среќна околност. А кога дошло времето кога тој повеќе не морал да ги одбегнува властите, неговото тактичко мајсторство останало очигледно во неговата способност постојано да го присилува Собранието врз основа на неговата агенда.

Маратовото тактичко ремек-дело било преобратувањето на неговото лично судење во одлучна победа на своите жирондиски тужители. Неговата одлука да избегне апсење сè додека не се покренало формално обвинение против него била од круцијална важност. Ако тој допуштил да биде затворен при првобитниот нејасен обвинителен декрет, жирондистите можеле да одолговлечкуваат и да го оставиле да гние во затвор. Ако успеале во тоа, тие можеле да повторно да се стекнат со политички момент којшто им требал за да го блокираат консолидирањето на Јакобинската Република.

Најефектниот пример на Маратовата тактичка генијалност, сепак, била неговата интервенција во настаните кои резултирале со востанието од 31 мај – 2 јуни кога јакобинците дошле на власт. Во почетокот на април тој ги предупредил преревносните санкилоти против прерано кревање бунт. На крајот од мај, кога почувствувал дека дошло времето да се делува, тој предизвикал виор од агитациска активност – во Hȏtel de Ville, во Собранието, и на улиците – внесувајќи елемент на јасност во збунетото народно движење.

Билансот на Маратовото политичко лидерство, сепак, имал една значајна содржина на дефицит. Тој не ги организирал своите следбеници во политичка партија. И Робеспјер и Брисо, за споредба, создале цврсти, верни, организирани движења на кои тие можеле да сметаат дека ќе го следеле нивниот авторитет во ситуации од суштинска важност. Мара покажал дека тој ја препознал потребата за кадровски политички формации, но самиот тој не создал една таква. Иако поздравуван како „татко на братски друштва“, тоа било строго почесна титула; реално никој не очекувал водство директно од него. Разликата меѓу Мара и Робеспјер во овој поглед е најдобро илустрирана од фактот што Мара можеби нема да бил воопшто избран во Собранието ако Робеспјер не им наложил на јакобинците да гласаат за Пријателот на Народот.

Неуспехот на Мара да формира партија се должело на неговото убедување дека ако тој бил на чело на една партија тоа би ја компромитирала неговата политичка независност. Кога жирондистите ги обвиниле јакобинците дека биле контролирани од „маратистичка партија“, Мара гневно изјавил дека таква партија никогаш не постоела. Неговата единствена „партија“, изјавил тој, била „народот“ (Journal de la République Française, броеви 39 и 40, 7 и 8 ноември, 1792). Тој одлучил да се потчини на Монтањата, сепак, имало голема веројатност да зажали за отсуството на маратистичка партија, но било предоцна – партиите на Револуцијата веќе биле формирани.

Дека Маратовата улога во Револуцијата не била централна колку што била таа на Робеспјер е докажано од фактот што Револуцијата продолжила да се продлабочува веднаш по убиството на Мара, додека поразот и егзекуцијата на Робеспјер веднаш резултирале со дефинитивна промена во спротивен правец.

Користена литература:

Clifford D. Conner, Jean Paul Marat Tribune of the French Revolution, објавена во 2012 година.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s