Наполеоновиот маршал Жоашен Мира за Жан-Пол Маратовата смрт

Joachim_Murat_general_uniform

Наполеоновиот маршал Жоашен Мира (1767-1815) бил син на десетар во поранешната гарда на Париз, наречена Guet и во 1790 година бил војник во пешадискиот полк на Flanders, од којшто тој дезертирал, а во 1792 година, откако помогнал во нападот на 10-ти август против тврдината Тиљери, и на 2, 3 и 4 септември ги предводел трупите во масакрот на затворените аристократи и свештеници во Abbey, La Force и другите затвори каде што била масакрирана и принцезата Ламбаљ, тој бил, по препорака на Мара, промовиран за полковник, и како таков, во 1793 година бил примен во револуционерната војска. После револуцијата од 31 мај која ги донела јакобинците на власт, Мира бил унапреден во генерал на бригада.

После смртта на Мара, настанал натпревар меѓу сите санкилотски патриоти во тие денови кој ќе додели најголема пофалба за овој вреден апостол на францускиот републиканизам. Биле направени најекстравагантни иницијативи од страна на јакобинците; биле објавени најнасилните говори и биле циркулирани најстрашните обраќања ширум Франција. По убиството на неговиот заштитник Мара, Мира испратил до јакобинскиот клуб на улица St. Honore во Париз писмо кое било отпечатено во Le Journal des Jacobins на 28 јули 1793, страница 6. За да го овековечи името на тој апостол на француската слобода, еднаквост и хуманост (Во 1788 година, Мара, додека страдал од хајката од страна на научниците, напишал: „Никој не му доликува да биде Апостол на слободата, доколку нема храброст да биде нејзин мартир.“), Мира предложил во јакобинскиот клуб да му го променат името во Мара.

„Браќа и сестри,

случајноста го направила моето име скоро исто со вечно жалениот мартир на еднаквоста, Мара (Marat). Блиските чувства ме направија негов љубител, пред убедувањето да ме направи негов обожувач, или патриотизмот негов следбеник, бранител и оплакувач. Едни понудија парфеми на олтарот на овој татковински бог на слободата; други составија химни за славата на овој најдобар и прв од француските републиканци; трети, пак, ја поставија неговата биста покрај вечните: браќата Грах, Публикола и Брутус!

Војник кој поседува ништо освен својата љубов за слободата, и своето јунаштво, својот ентузијазам, санкилотизам, и својот меч, не може ниту да гради олтари, ниту да издлаби статуи, ниту да пее апотеози, ниту да пишува егзалтации, но тој може да направи повеќе: тој може да се жртвува. Ако се нареди голема жртва од труповите на Маратовите пријатели, уште сега моето тело може да се положи. Тоа не значи амбиција да се истакнам со позајмени примери, ниту вообразеност да мислам дека милиони санкилоти не се добри патриоти колку мене. Тоа не значи прекор кон млакиот жар на другите, ниту пофалба на тој елан, којшто скоро ме испива и ме присилува да посакувам да го овековечам името на Мара. Не! Јас стојам многу повисоко од тие ситни и себични сфаќања. Јас сум санкилот од раѓање како и Мара; мојот татко умре како жртва на тиранијата на кралевите, како што Мара погина поради предавството на аристократијата на кралот. Јас сум оженет за санкилотска жена, сега во можност да дадам граѓани за Републиката. Нека моето потомство го овековечи сеќавањето за Мара, така што ќе ми дозволите да изменам само една буква во моето име. Ви ветувам, браќа и другари, врз верата на еден јакобински монтањар, дека, ако забележам било каква аристократска склоност кај моите деца, јас – друг Брутус – ќе им биде егзекуторот! Значи, прифатете ја оваа патриотска понуда од ваш посветен другар санкилот. Да живеат јакобинците! Да живее Монтањата! Да живее гилотината! Поздрав и братство.

(Потпишан) Маrat поранешниот Murat.“

Сепак, оваа понуда била одбиена после заклучокот на граѓанинот Феликс Пелетје де Сен Форжо, дека „ако на секој санкилотски патриот му беше овозможено да го следи својот наклон, дваесет милиони Марати веќе ќе беа регистрирани во општините на Француската Република. Покрај тоа, уставната еднаквост на францускиот комонвелт, никогаш не би дозволила било каква разлика која би поставила еден граѓанин над друг; а лицето кое сега би требало да страда за да се нарече Мара, би било над другите граѓани во очите на јавноста колку што беше Луј Капе, од имбецилноста или слабоста на неговите поданици, гледано пред десет години.“ Овој санкилот, Де Сен Фержо, бил брат на убиениот кралоубиец, според Мара „…ужасен напад врз еден делегат на нацијата, поради тоа што гласал за смртта на тиранинот. Убиецот е тој Пари кој последната година навредуваше патриоти во кафеани, и кој имаше некоја афера со Бојер од која тој имаше лош резултат. Минатата недела тој беше со пет разбојници во домот на еден дистрибутер во палатата на Филип д‘Егалите, каде Пелетје обично доручкуваше. Излегувајќи од соседната просторија во моментот кога Пелетје си ја плаќал сметката, Пари го прашал дали тој гласал за смрт против кралот. Штом слушнал потврден одговор, тој ја зарил својата сабја во стомакот на Пелетје, рана од која доблесниот делегат умре во текот на ноќта.“ (Јеan-Paul Marat, Journal de la République Française, бр. 105, 23 јануари 1793)

117[amolenuvolette.it]1793 07 13 marat assassiné détail du tableau de david

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s